Гоце Делчев (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гоце Делчев
Tabla Goce Delčev.JPG

Табла на влезот во селото

Гоце Делчев is located in Македонија
Гоце Делчев
Местоположба на Гоце Делчев во Македонија
Координати 41°58′12″N 21°33′0″E / 41.97000° СГШ; 21.55000° ИГД / 41.97000; 21.55000Координати: 41°58′12″N 21°33′0″E / 41.97000° СГШ; 21.55000° ИГД / 41.97000; 21.55000
Регион Скопско Поле
Општина Гази Баба
Население 1405 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1047
Повик. бр. 02
Шифра на КО
Надм. вис. 227 м
Гоце Делчев на општинската карта
Гоце Делчев во Општина Гази Баба.svg

Атарот на Гоце Делчев во рамките на општината


Гоце Делчев — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Скопската Котлина, на 10 километри источно од центарот на Скопје. Лежи долж регионалниот пат Скопје - Велес (Р1102), на левиот брег на Вардар. Лежи помеѓу селата Трубарево и Јурумлери, но практично сите три се споени во една последователна целина.

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата е официјално прогласена за одделно населено место некаде кон крајот на XX или почетокот на XXI век, бидејќи за првпат е попишана во 2002 г.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.405 жители, од кои 1.291 Македонец, 8 Турци, 14 Роми, 62 Албанци, 3 Власи, 20 Срби и само 7 останати. Следува табела на националната структура на населението[1]

Националност Вкупно
Македонци 1 291
Турци 8
Роми 14
Албанци 62
Власи 3
Срби 20
Бошњаци 0
останати 7

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]