Мршевци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мршевци
Mrshevci-od-patot.JPG

Поглед на селото Мршевци

Мршевци is located in Македонија
Мршевци
Местоположба на Мршевци во Македонија
Координати 42°2′20″N 21°38′58″E / 42.03889° СГШ; 21.64944° ИГД / 42.03889; 21.64944Координати: 42°2′20″N 21°38′58″E / 42.03889° СГШ; 21.64944° ИГД / 42.03889; 21.64944
Општина Општина Илинден
Население 651 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 330 м
Мршевци на општинската карта
Мршевци во Општина Илинден.svg

Атарот на Мршевци во рамките на општината
Commons-logo.svg Мршевци на Ризницата


Мршевци — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото Мршевци од возвишението кај селската црква „Св. Спас“

Мршевци се наоѓа во источниот дел на Скопската Котлина на територијата на Општина Илинден, на 27 километри одалеченост од градот Скопје[1]. Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 330 метри[2] во долниот широк дел на Никуштанската речица[3]. Има исклучителна полјоделска функција. Мршевци се наоѓа во подножјето на возвишението Ајватовски Рид, веднаш зад рафинеријата „ОКТА“. Изгледот на Мршевци се разликува од останатите села, бидејќи во него плански биле доселувани српски колонисти во периодот на српската окупација (Кралство СХС) пред втората светска војна. Селото се состои од четири долги улици во правец север - југ и три пократки кои се протегаат во правец исток - запад[4]. Атарот на селото зафаќа површина од 7,9 км² на кој доминира обработливото земјиште со 618 ха[5].

Историja[уреди | уреди извор]

Големата мајка, жртвеник од средниот неолит пронајден во Мршевци

До 1908 година Мршевци било чисто македонско село населено со Македонци и броело 3 куќи од родовите: Крстевци, Серафиновци и Лазеви[6]. Македонците од Мршевци работеле на чифлизите на Нури и Асан-Бег од Скопје, се до 1908 година кога турската државна власт ги откупила чифлиците, ги раселила Македонците (Крстевци и Серафиновци отишле во Скопје, а Лазеви во Агино Село), а на нивно место населила околу 100 „бошњачки“ муслимански домаќинства[7]. Муслиманите се задржале во Мршевци до крајот на турското владеење во 1912 година, кога се повлекле со турската војска, плашејќи се од одмазда, бидејќи често им напакостувале и ги ограбувале селаните од околните села или патниците кои минувале низ селото одејќи за Скопје или Куманово[8]. Од 1912 до 1921 година, Мршевци било пусто селиште, разрушените куќи станале змијарници, а целиот атар бил обраснат со коров и трња. Во март 1921 година во селото започнале да се доселуваат српски колонисти од јужна Србија, Далмација и Босна, а српската окупаторска власт дури им доделувала (подарила) потетези (Курилово, Рамниште, Два Брата, Голем Рид) со плодно земјиште и пасишта, кој неправедно ги одземала од соседните чисти македонски села Бучинци и Бујковци. Во јуни 1941 година бугарските фашистички окупаторски власти ги иселиле речиси сите српски доселенички семејства, освен 2 семејства кои биле по потекло од Македонија, а на нивно место доселила семејства од околината на Крива Паланка и Куманово[9]. По втората светска војна еден дел од српските колонисти успеал да се врати назад во селото, a во поголем дел почнале да се доселуваат Македонци од североисточна Македонија.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поглед на Мршевци од ридовите над селото

Селското население во најголем дел се занимава со земјоделие и сточарство, особено со одгледување на житни култури, посебно пченица, 'рж и јачмен и тоа на големи посеви. Исто така се одгледуваат и спанаќ, морков, зелка и градинрско производство на зеленчук под пластеник, највеќе пиперки, марули, домати, кромид. Од сточарството најзастапено е краварството. Во помал дел е застапено и лозарството. Поради непосредната близина на рафинеријата за нафта „ОКТА“ еден дел од населението е вработено во неа, а некои од жителите работат и во индустриските хали и погони во економската зона „Бунарџик“ и индустриската зона „Илинден“. Слабата развиеност и опаѓање на сточарството се должи зафаќањето на сите пасишта за одгледување на жита од земјоделскиот комбинат „Скопско Поле“ во шеесетите години на ХХ век[10]. Поради послабите услови за индивидуално земјоделство и сточарство, во времето на социјализмот, младото население на селото се посветувало повеќе на други стопански занимања, Македонците претежно работеле како градежни работници поради тоа што тоа занимање им било познато уште во крајот од каде што им била старината, додека Србите оделе на изучување занаети во Скопје, по што станувале бравари, возачи итн[11].

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Мршевци живееле 30 жители, сите Македонци.[12]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мршевци имало 40 Македонци, егзархисти.[13]

Според послениот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 651 жители. Следува табела на националната структура на населението:[14]

Националност Вкупно
Македонци 403
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 242
Бошњаци 0
Други 6

Според пописот од 1961 година во селото Мршевци броело 666 жители од кои 388 Македонци, 260 Срби и 18 неопределени, додека во 1994 година, во селото Мршевци живееле 650 жители од кои 385 Македонци, 255 Срби и 10 попишани како други[15].

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[16]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 526
1953 293 1 250 ... 2 546
1961 388 ... ... 260 ... 18 666
1971 360 2 ... 263 ... 17 642
1981 401 244 ... 11 656
1991 394 252 10 656
1994 385 255 10 650
2002 403 242 6 651

Родови:[уреди | уреди извор]

Мршевци е македонско-српско село.

Според истражувањата од 1963 година, родови во Мршевци се:

  • Српски родови: Радуловиќи (3 к.) и Николиќи (2 к.) најстари селски родови, доселени се на почетокот од 1921 година од селото Кијевац кај Сурдулица; Сврабиќи (2 к.) доселени се во 1921 година одма после првите родови, доселени се од местото Суње во Хрватска; Медаревиќи (2 к.) и Стојановиќи (1 к.) доселени се од околината на Дрвар во Босна и Херцеговина; Милковиќи (1 к.) доселени се во 1922 година од околината на Крушевац во Србија; Вучиќеви (2 к.) доселени се во 1922 година од околината на Чачак во Србија; Јерац (1 к.) доселени се од околината на Трстеник во Србија; Пешиќи (4 к.) доселени се во 1922 година од селото Рупља кај Грделичка Клисура; Крстиќи (5 к.), Стојановиќи (4 к.), Станојевиќи (2 к.), Цветковиќи (1 к.), Момчиловиќи (1 к.), Данковиќи (2 к.) и Илиќи (1 к.) доселени се во 1922 и 1923 година од селото Предајане кај Грделичка Клисура во Србија; Јовиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од Врањска Бања во Србија.
  • Македонски родови: Богдановци (1 к.) и Стојчевци (1 к.) првите се доселени од кривопаланечко, а вторите од областа Козјачија. Во текот на Втората светска војна во куќите на иселените србски колонисти од страна на бугарските се населени (50 к.) од кривопаланечко и кумановско. Некои од поголемите родови доселени се викаат Томевци, Ангеловци, Димитријевци, Трајановци, итд.[17]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Спас“

Цркви[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Селска слава на селото Мршевци е Спасовден, што е воедно и патронен празник на селската црква.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Клубот ФК Мршевци е основан во 1970 година и се натпреварува во четвртата лига.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселеници од Мршевци има во околните села Бујковци, Текија, Дељадровци и градовите Скопје и Куманово. Најголем дел од колонизираните Срби од страна на окупаторската власт на Кралство СХС биле протерани и иселени во Србија од страна на бугарската фашистичка окупаторска власт за време на Втората светска војна.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.38
  2. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.203
  3. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год. стр.38
  4. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год. стр.38
  5. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.203
  6. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год. стр.38
  7. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год. стр.38
  8. Исто
  9. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год. стр.39
  10. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год. стр.40
  11. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год. стр.40
  12. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
  13. D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.114-115.
  14. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  15. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.203
  16. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  17. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.