Прејди на содржината

Крушевац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Kruševac
Крушевац
Град
Плоштад „Косовски херои“
Плоштад „Косовски херои“
Знаме на KruševacГрб на Kruševac
Локација во Србија
Локација во Србија
Координати: 43°35′N 21°19′E / 43.583°N 21.317°E / 43.583; 21.317
Држава Србија
ОкругРасински
Населени места101
Управа
 • ГрадоначалникБратислав Гашиќ
Површина
 • Општина854 км2 (330 ми2)
Население (2011)
 • Град58.745
 • Општина128.752
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број37000
Повикувачки број+381 37
ТаблициKŠ
Мреж. местоkrusevac.rs

Крушевац е град којшто се наоѓа во јужниот дел на Србија. Овој град денес има над 73.000 жители на територијата на градот и околу 131.000 жители на територијата на општината. Општината Крушевац има 101 населби. Крушевац зафаќа површина од 845 км2 и е центар на Расинскиот округ. Името на градот можеби потекнува од реката Крушица, крушките или од каменот „крушец“ користен за утврдувањето.

Историја

[уреди | уреди извор]
Црквата Лазарица

Градот е основан во 14 век, станал престолнина на српската држава за време на кнез Лазар Хребељановиќ (1371–1389), кој изградил двор и црквата Лазарица, пример на моравската школа со орнаменти и фрески. По Косовската битка (1389) и Лазаревата смрт, градот ја губи улогата на престолнина.

Споменикот на косовските јунаци

Во османлискиот период, откако е освоен во 1454 година, Крушевац станува административен центар на Крушевачкиот санџак и трговски центар. Ослободен е од Османлиите во 1833 за време на кнез Милош Обреновиќ, а во 19 век се развива како трговски и административен центар на Кнежевството и Кралството Србија.

Куќата на семејството Симиќ (19 век)

Во 20 век, особено во социјалистичка Југославија, Крушевац станува индустриски центар со фабрики како „14 октомври“ и „Трајал“. Во Втората светска војна бил окупиран од Германците, а ослободен во 1944 од партизаните и Црвената армија.

Култура и знаменитости

[уреди | уреди извор]
Градскиот музеј (старата гимназија)

Денес, Крушевац е познат по културното наследство, вклучувајќи ја Лазарица, остатоците од средновековниот град и споменикот на Косовските јунаци, како и по манифестации како Видовданските свечености.

Театарот во Крушевац
Градската куќа

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Хотелот „Рубин“

Градот е економски и административен центар на Расинскиот округ, со развиена земјоделство, индустрија и туризам, благодарение на историското значење и блиската планина Јастребац.