Вучитрн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вучитрн
Општина и град
Vushtrria
Vushtrri
Поглед на градот
Поглед на градот
Локација во Косово
Локација во Косово
Координати: 42°49′N 20°58′E / 42.817° СГШ; 20.967° ИГД / 42.817; 20.967Координати: 42°49′N 20°58′E / 42.817° СГШ; 20.967° ИГД / 42.817; 20.967
ДржаваРепублика Косово
ОкругМитровица
Управа
 • ГрадоначалникБајрам Мулаку
Површина
 • Општина и град345 км2 (133 ми2)
Надм. вис.&10000000000000944000000944 м
Најг. вис.&100000000000013800000001.380 м
Најм. вис.&10000000000000508000000508 м
Население (2011)
 • Густина202/км2 (520/ми2)
 • Градскo26,964
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број42000
Повик. бр.+381 28
Таблици02
Мреж. местоMunicipality of Vučitrn

Вучитрн (албански: Vushtrri) — град кој се наоѓа во северниот дел на Република Косово. Со вкупно население од 69.870 општината Вучитрн е деветта најголема општина во Косово според бројот на населението. Таа има вкупна површина од 345 км2, а густината на населението е 202/km2. Оваа област покрива околу 3,2% од вкупната територија на Косово. Вучитрн е опкружен со: Косовска Митровица на север, Подуево во источниот дел, Обилиќ во јужниот дел, Глоговац на југозапад, и со Србица во западниот дел. Во општина Вучитрн има 67 села.

Вучитрн е античко наоѓалиште кое датира уште од времето на кралството Илирија, односно Кралството Дарданија, кои живееле на територијата на Косово во 4 век пред нашата ера. Илирското името на Вучитрн беше Viciana што значи "земја на телињата". Кога Римското Царство го освои Кралството Дарданија во 1 век п.н.е., Римјаните додале го латинската наставка "um" на името на Viciana, а со тоа стана Vicianum. Во српскиот јазик, Вучитрн е името на растението Ononis Spinosa, кој е во изобилство во регионот. Во документите на Отоманското Царство, која ја освоил област во 14 век, се именува како Viҫitrine, кој има значење на "Ограда на телињата".

Културно-историските споменици оставени во наследство на градот, се главна одлика. Замокот, камениот мост, јавната бања и чешмата биле изградени пред многу векови и се најголемите атракции на градот. Вучитрн е важен економски центар, најмногу познат како најголем производител на компир во Косово.

Центарот на градот

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на XVIII век, Вучитрн почна да ја губи својата важност, поради Австроунгарската војна, миграцијата, внатрешната економска криза и развојот на други регионални центри. Од 1877 до 1913 година, Вучитрн беше дел од Косовскиот вилает на Отоманското Царство. Вучитрн даде голем придонес во општите бунтови 1910-1912. Хасан Приштина е најголем интелектуалец од тоа време, со чија патриотска активност беше создаден клучот за развој на образованието и економијата во албанските територии. Во 1912 година, српската војска изврши инвазија на Вучитрн и е сторено голем криминал. На 10 август 1913 година, со Договорот од Букурешт Вучитрн станува дел од Кралството Србија. 1920 година се одликува со бунтовничка активност. Азем Бејта и Шоте Галица биле главните активисти од времето. Од 1929 до 1941 година, Вучитрн беше дел од Моравска бановина на Кралството Југославија.

Во текот на 1998-1999 година, Ослободителната војска на Косово започна да се организира во војна против силите на Сојузна Република Југославија. Мобилизирањето започна во неколку села. Во текот на борбата против српската војска, многу војници на ОВК беа убиени, исто и голем број на цивили. Србите направија голем масакр во општината Вучитрн: Масакрот во Резник - 6 април 1999 година, масакрот во Мартирак - 2 мај 1999 година, кога речиси 116 луѓе беа убиени. Масакрот во градот Вучитрн - 24 мај 1999. Повеќе од 500 луѓе беа убиени за време на војната во Вучитрн, а повеќе од 108 лица исчезнале без трага. Силите на НАТО влегоа во Вучитрн во 16 јуни 1999 година, датум кој е означен како ден на ослободување на Вучитрн.

Географија[уреди | уреди извор]

Вучитрн се наоѓа во североисточниот дел на Косово. Со вкупна површина од 345 км2, неговата максимална должина е 34 километри во правец север-југ и максимална ширина околу 23 км во правец исток-запад. Граничната линија на општината изнесува 104,5 км. Вучитрн е опкружен со градот Митровица на север, Подуево во источниот дел, Обилиќ во јужниот дел, Дренаш во југозапад, и со Србица во западниот дел. Во општина Вучитрн има 67 села. Оваа област зазема околу 3.2% од вкупната територија на Република Косово. Вучитрн има многу поволна географска положба бидејќи лежи во северниот дел на Косовската Котлина (една од двете големи рамнини во Косово), каде антиката и средновековието се спојувале во едно, што имаше важна улога во создавање и развој на градот и регионот. Двата најважни антички патишта во Косово беа: североисток кон југозапад, односно патот Ниш-Леска; и северозапад кон југоисток, патот кој ги поврзува Босна и Македонија. Се вели дека овие патишта кои поминуваат низ Вучитрн, имаа многу големо влијание во развојот на регионот на Митровица. Денес, автопатот Приштина-Митровица поминува низ Вучитрн, и ги поврзува Северно Косово со источниот и централниот дел на земјата.

Клима[уреди | уреди извор]

Врз основа на географската положба, Косово има средоземна и континентална клима. Вучитрн се одликува со студени зими и топли лета. Градот нема никакви метеоролошка станица со целосни податоци и набљудувања на временските услови, па главните информации доаѓаат од најблиските станици, Митровица и Приштина. Вучитрн има речиси 2.140 часа на сончеви денови текот на годината. Според месечниот просек на температурата, најжешко е во месеците јули и август (20˚C), додека најниските температури се во јануари (-1˚C). Годишниот просек температура е околу 10.1˚C. Просечна годишна стапка на влажноста на воздухот е 77.2%. Атмосферските врнежи годишно изнесуваат околу 646 мм.

Население[уреди | уреди извор]

Според Пописот 2011 година, општина Вучитрн брои 69.870 жители, од кои 26.964 живеат во градот. Етничкиот состав е следен:

Образование[уреди | уреди извор]

Првото албанско училиште во Вучитрн беше отворено во есента 1915 година. Клубот "Besa Kombetare", предводена од Хасан Приштина и Бајрам Цури, го испраќа Абдула Хадри од Ѓаковица да го отвори првото албанско училиште во Вучитрн. Абдула Хадри бил познат интелектуален човек, кој стана главен на албанското училиште во Вучитрн. Во почетокот, само машки часови беа вклучени во училиштето. Биле регистрирани повеќе од 260 момчиња. Со големиот придонес на Хасан Приштина на училиштето, отворени се вратите за образование на девојчињата, 25 девојки беа првите кои биле дел од наставата. Емин Ефенди Хоти стана првиот учител на училиштето. Висока школа за економија е отворена во 1961, да ги задоволи потребите на професионалниот кадар на финансиски и сметководствени работи. Гимназијата во Вучитрн е отворена во 1963/1964. Во 1983 година, беше основана првата детска градинка во градот. Во оваа институција се вклучени деца од 1 до 6 години. Прв директор беше Фериде Хисени. Вкупниот број на отруени ученици во основните и средните училишта од Вучитрн, од страна на српските власти во 1991 година, беше 353. Косовската војна од 1999 година направи огромна материјална штета, како и многу жртви во образовниот сектор. Од 20 основни училишта во општината, 10 се целосно изгорени и уништени, а другите имале огромни штети.

Поврзано[уреди | уреди извор]