Турци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Турци
(Türk Halkı)
Вкупен број на населението 70,000,000
Региони каде што живее етничката група
Јазик турски
Религија Ислам


Турците се народ генерално поврзан со Турција и со турскиот јазик. Турците имаат монголско потекло (турска група на народи), но поради етногенетските процеси на мешање со населението на полуостровите Мала Азија (поранешна Византија, денешна Турција) и Балкан, тие денес немаат карактеристичен лик на луѓе од монголско потекло (жолта раса). Бројноста на Турците е околу 70 милиони луѓе од кои најголемиот дел живее во матичната земја Турција, а големи турски заедници има и во Германија (повеќе од 2 милиони), Бугарија (околу 750 илјади), Кипар (180 илјади или 18,3% од вкупното население, претежно населени во северниот дел), Грција, Белгија, Франција, САД итн. Според пописот од 2002 година, во Република Македонија како Турци се изјасниле 77.959 луѓе. Според верската припадност, мнозинството Турци (околу 98%) му припаѓаат на сунитскиот ислам.

Турците како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]