Кримски Татари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кримски Татари
Qırımtatarlar

Знаме на Кримските Татари

Tuhaj Bej.jpg
Тугај-бег
IGasprinskiy.jpg
И. Гаспрински
Mustafa Dzhemilev1.jpg
М. Џемилев
Aziz nesin.jpg
2013 Nebelhorn Trophy Ilhan MANSIZ IMG 5900.JPG
Вкупен број
500.000 - 6.500.000
Подрачја со значајно население
 Украина 300.000[1]
 Узбекистан 188.772[2]
 Турција 150.000 - 6.000.000[3]
 Романија 24.137[4]
 Русија 2.449[5]
 Бугарија 1.803[6]
 Казахстан 1.532[7]
Јазици
кримскотатарски, руски, турски, украински
Вероисповед
ислам (сунити)

Кримски Татари (кримскотатарски: Qırımtatarlar, украински: Кримськi татари, руски: Крымские татары) — турски народ кој претежно живее во Украина (264.000), Узбекистан (235.000), Романија (22.000), Таџикистан (9.200), Бугарија (5.800), Русија (3.900) и тн. Говорат кримскотатарски јазик од групата на турските јазици. Во XIII век ја примиле исламската вера, за подоцна Крим да стане еден од најважните исламски центри во светот. Во време на Втората светска војна, Сталин ги раселил по светот.

Прогон[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Прогон на Кримските Татари.

Прогонот на Кримските Татари (sürgünlik) е организирана насилна депортација на Кримските Татари од страна на државата во 1944 г. Советските власти организирано ги раселувале Кримските Татари во Узбекистан и останатите делови на државата. Симбол на оваа депортација е парната машина.

Обиди да иселување на Кримските Татари од Крим се појавиле на неколку наврати, дури и пред Крим да биде припоен кон Русија во 1783 година, но сепак тие обиди не биле успешни.[8] Во 1944 г. со лажен текст каде се тврдело дека Кримските Татари масовно соработувале со Германците, советските власти одлучиле да ги иселат Кримските Татари од Крим по наредба на Сталин и Лаврентиј Берија.

Во 2012 г. во Украина постоеле 500.000 муслимани, од кои 300.000 се Кримски Татари.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]