Јуруци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јуруци
Вкупен број
n/a
Јазици
Турски
Вероисповед
Ислам
Сродни народи
Турци и другите турски народи

Јуруците се турска етничка група чии припадници живеат претежно во Турција, односно во Анадолија. Во време на Отоманската империја, Јуруците најмногу биле населени во Македонија и Тракија, и тоа сè до 14 век. Денес, делови од оваа етничка група живеат и на Балканскиот Полуостров, а најмногу во Албанија, Македонија и Грција. Зборот „јурук“ значи номад. Јуруците потекнуваат од областа Коња во Турција.[1]

Јуруците во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија, Јуруците се населиле во 14 век, за време на освојувањата од страна на Османлиите. Тогаш, Јуруците имале статус на „евлади фатихан“, што значело „деца на освојувачот“, т.е. тие се движеле заедно со османлиската војска. Најголем број од Јуруците во Македонија живеат во селата што се наоѓаат на планината Плачковица, како: Коџалија, Прналија, Али Коч и др. Исто така, тие живеат и во селата во близината Дојран, Штип и Струмица. По вероисповед, Јуруците се муслимани, а зборуваат на дијалект на турскиот јазик. За нив е карактеристична живописната носија која ја носат жените, а во која доминираат силни бои, најчесто црвена, сина, зелена и жолта.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Марија Тасев, „Направија свадба за четиригодишно девојче, но без зет“, Публика - неделен политички прилог, број 202, сабота, 1 ноември 2014, стр. 4-5.
  2. Марија Тасев, „Направија свадба за четиригодишно девојче, но без зет“, Публика - неделен политички прилог, број 202, сабота, 1 ноември 2014, стр. 4-5.