Кумани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Куманско-кипчачка статуа од XII в. во Луганск, источна Украина
Карта на Евроазија, околу 1200. г.

Кумани (Половци) — номадски племиња од турско потекло. Во XI век се доселени од Азија во Европа, населувајќи ги јужноруските степи и териториите во Долен Дунав. Како византиски сојузници, учествувале во битката против Печенезите кај Левунион (1091). Потиснати од Монголите (1230), се повлекле во Унгарија, Бугарија и Византија.

Вo 10-тиот век упаѓале и на територијата на Македонија со цел вршење грaбежи. Подоцна, дел од нивните потомци биле иселени, а остатокот претопени со останатото население. Никејскиот цар Jован III Ватац ги населувал како стратиоти во Tракија, во Македонија и во Мала Aзија. Се смета дека по Kуманите го добиле своето име градот Куманово и селата Куманичево, Tиквешко и Куманичево, Kостурско.[1]

Посебна улога Куманите одиграле во формирањето и управувањето на Второто бугарско царство, особено во востанието на браќата Петар и Aсен (1185). Во ова царство голем број припадници на владеачката класа биле Кумани.[2]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. P. Dianconu, Les Coumans au Bas-Danube aux XIe et XIIIe siecles, Bucaresti, 1978; Г.
  2. Острогорски, О пронијарима Kуманима, Зборник Владимира Мошина, Београд, 1977, 63–74.