Прејди на содржината

Киевски Рус

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Киевска Русија)
Киевски Рус
Русь
882–1240
Coat of arms of Рус
Coat of arms
Карта на подоцнежна Киевска Русија (по смртта на Јарослав Први во 1054 година).
Карта на подоцнежна Киевска Русија (по смртта на Јарослав Први во 1054 година).
Главен градКиев
Говорени јазициСтароисточнословенски јазик
Вероисповед
Словенски паганство
Православие
УредувањеМонархија
Историја 
• Основана
882
• Престанала да постои
1240
Претходници
Руски каганат

Киевски Рус, (руски Киевская Русь, украински: Київська Русь) или Киевска Русија, е поим, кој бил воведен во употреба од современи историчари за означување на периодот на древноруската држава во Источна Европа од крајот на 9 век, како резултат на преместување на престолнината од Ладога во Киев и обединувањето на власта на кнезовите од династијата Руриковичи на двата главни центри на источните Словени и Русите — Новгород и Киев. Киевска Русија е една од најголемите држави, која постоела во Средновековието. Како основач на оваа држава се смета кнезот Владимир I Велики. Периодот на владеење на Владимир I Велики (980-1015.) и Јарослав I Мудриот (1019-1054) го претставува периодот на Златното владеење на Киевска Русија.

Создавање на Киевска Русија

[уреди | уреди извор]

Племенското име Рос за првпат го споменува историчарот Јорданес во VI век. Тие во почетокот ја признавале врховната власт на Остроготите. „Во готскиот јазик називот Росоман значи човек од племето Рос“. Племенското име Рос за првпат го споменува историчарот Јорданес во VI век. Тие во почетокот ја признавале врховната власт на Остроготите. Териториите на племето Рос се наоѓала блиску до територијата на Остроготите. Во еден анонимен сириски извор се вели дека племето Рос живеело северно од Сирија. Тие не живееле војнички живот и не јавале на коњи. Територијата на која живеело племето Рос била од езерото Ладога до устието на реката Дњестар и од Карпатите до реката Волга, а во потесна смисла областа околу Киев, подрачјето околу реката Рос западниот дел од Перејеславското кнежевство и југозападниот дел на Черниговското кнежевство до градот Курск на реката Сејм. Во некои извори Русите се нарекуваат и Роди или Родијци според името на богот Род. Внатрешна Русија покрај племето Рос ја сочинувале и племињата Полјани и Северјани. Полјаните ја населувале територијата околу Киев, а северјаните по течението на реките Десна и Сејм. Во VI век било формирано сојуз на овие три племиња којшто траел до 8 век. На чело на сојузот се наоѓал заеднички војсководач или кнез. Во периодот од VII до IX век територијата на државата се проширила кон териториите на племињата Драговичи, Древјани, Полочани и Новгородци. Први познати владетели на Киевска Русија биле кнезовите Дир и Асколд. Тие се сметале за потомци на кнежевскиот род што го основал Киј. Во време на овие кнезови Русите војувале со Византија во 860, 866, 874 година. Нови походи кон Византија биле за време на кнезот Олег 907 г. и кнезот Игор 941 г. Додека Русите војувале со Византија северните руски области биле нападнати од Норманите кои успеале да принудат одредени племиња да им плаќаат данок но набрзо биле протерани во Шведска. Во времето на кнезот Олег се случило повторно обединување на „Внатрешна Русија“.

Киевска Русија во време на Олга

[уреди | уреди извор]

Кнегињата Олга ја преземала власта по смрта на нејзиниот сопруг кнезот Игор. Владеела од 945-964. Таа владеела во име на нејзиниот малолетен син Свјетослав. Таа го задушила востанието на Древјаните и го убила нивниот кнез Мала и некои древјански благородници, го запалила главниот град на Древјаните и други населени места а голем број од населението ги продала како робови. Древјаните биле принудени да им плаќаат данок на Русите. Потоа тргнала во поход кон Дуљебите кои живееле во горниот тек на Западен Буг каде што навлегувале Пољаците. Во 957 година Олга заминала за Цариград. Таму го примила христијанството и го променила своето име во Елена. Исто така го обновила договорот што го склучил кнезот Игор. Ова нејзино покрстување бил нејзин личен чин но сепак ја потикнал мисионерската дејност на византиската црква во Киевска Русија. Меѓутоа меѓу Русија и Византија сè уште владеела недоверба.„Констан Порфирогенит му давал упатство на својот син Роман во кое го советувал да ги одржува добрите односи со Печенезите, степските соседи на Русите, бидејќи само со поддржување на притисокот на Печенезите на Русија може да се спречи тој народ да ги загрози интересите на Цариград“. Од друга страна и Олга сметала дека црковното влијание од Цариград претставува опасност за нејзина та држава и побарала од Отон I да помогне во ширењето на христијанството. Меѓутоа пред да дојдат германските мисионери во Киевска Русија се подобриле односите меѓу Киевска Русија и Византија. Било обновено ширењето на христијанството преку Цариград. Новиот византиски цар Роман I побарал од кнегињата Олга да испрати воена помош во борба со Арапите. Таа му испратила помош а со тоа дошло до подобрување на односите меѓу Византија и Киевска Русија.

Киевска Русија во време на Владимир

[уреди | уреди извор]
Крштение на кнезот Владимир, од Виктор Васнецов.

Во 964 година, синот на Игор и Олга Свјетослав станал полнолетен и ја презел власта, а владеел до 972 година. Тој бил многу воинствен и ги проширил територите на руската држава. Загинал во борба со Печенезите, во 972 година. По неговата смрт дошло до борба за власт меѓу неговите синови Јарополк, Олег и Владимир. На крајот власта ја земал Владимир (980-1015). Владимир I Свјатославич ја продолжил политиката на татко му. Војувал против Полска и успеал да ги обедини сите источни Словени во една држава. Во остварувањето на овие планови му помогнало примањето на христијанството. Христијанството го примил од Византија. Византискиот цар Василиј II побарал помош од Русија за борба против узурпаторите Варда Фока и Варда Скилир. Кнезот Владимир му испратил 6.000 војници. Како награда Василиј II му ја ветил неговата сестра Ана за сопруга но под услов да го прими Христијанството. Тој го прифатил барањето. Била формирана руска црква на чело со руски митрополит кој бил потчинет на рускиот патријарх. Самиот кнез се покрстил во 988 г. и наредил сите поданици во државата да се покрстат. Покрстувањето на Киевска Русија му помогнало на кнезот Владимир да го зацврсти единството во државата. Исто така му помогнало и да ја централизира власта како и во борбата со неговите браќа. Тој во почетокот сакал да создаде единствен пагански пантеон од сите словенски и несловенски племенски божества. Подигнал пагански пантеон во Киев и Перун бил поставен за врховен бог. Меѓутоа и покрај тоа се задржал племенскиот партикуларизам. Но сепак Христијанството со својата црковна хиерархија му овозможило на кнезот Владимир да ги обедини сите поданици во царството. Од друга страна покрстувањето на Киевска Русија било од големо значење на Византија. Со тоа се проширила нејзината сфера на влијание си оглед на тоа дека најголемата источноевропска држава потпаднала под црковно влијание на Византија. Во почетокот со руската црква управувале митрополити испратени од Цариград. Во Киевска Русија започнале да доаѓаат образовани луѓе од Цариград. Започнале да се градат храмови и да се отвораат училишта. Првата митроплија во Киев била формирана во време на кнезот Асколд, а за време на Владимир биле основани епископии во уште осум други градови.Владимир на црквата и доделил една десетина од неговиот имот и од имотот на неговите бојлари. На преминот од XI во XII век била воведена редовна црковна десетина од приходот на целото население. Руската црква имала потреба од црковни книги на словенски јазик.Биле донесени книги од Македонија и Бугарија. Започнала да се развива преведувачка дејност а исто така била создадена и црковна литература на словенски јазик и кирилско писмо. Во време на Владимир државата се проширила на запад до руско-полското етничко подрачје, на исток до несловенските племиња.Зацврстувањето на христијанството придонело во изградување на феудалниот систем во Киевска Русија.Зајакнала центалната власт.Киевскиот кнез ја носел титулата „велики кнез“ а локалните кнезови ја признавале неговата врховна власт.Великиот кнез поседувал многу имоти и собирал данок од потчинетите земји. Во почетокот данокот се плаќал во натура а потоа во пари. Две третини од данокот биле за државата, а една третина му припаѓала лично на кнезот. Населението покрај плаќање на данок имало обврска да служи во војската. Населението имало статус на слободни луѓе, но имало обврска да плаќа данок на државата. Аристократијата се состоела од бојлари, од припадници на кнежевската војна дружина и од управници на градовите, а некогашните народни собранија биле заменети со совети на кнезови. Постоела и соседска општина, која што била управувана од старешини наречени старци. „Општината под управа на своите старешини (Старци) собирала данок од поедини домови и го доставувала во собиралиштата“.

Киевска Русија во време на Јарослав Мудриот

[уреди | уреди извор]

Од 1019 до 1054 година киевски кнез бил Јарослав I Владимирович, познат како Јарослав Мудриот. Тој бил син на големиот киевски кнез Владимир, кој ги покрстил Русите во 988 година, а негов брат бил Мстислав Владимирович Велики (умрел во 1036 г.), кнез тмуторокањски и черниговски. Јарослав бил наречен Стари за да се разликува од другите кнезови кои живееле подоцна (на пример, Јарослав Всеволодович Черниговски). Јарослав Мудриот бил оженет со византиската кнегиња Ана, синот Свјатополк го оженил со ќерката на полскиот крал Болеслав, ќерката Ана ја омажил со францускиот крал Анри I, другата ќерка Елисавета со норвешкиот крал Харалд,[1] сестрата Марија ја омажил за полскиот кнез, а синот Всеволод го оженил со ќерката на византискиот цар Константин IX Мономах. Јарослав бил погребан во киевската црква Св. Софија, во мраморен саркофаг.[2]

Остромирово евангелие (1056/1057)

Во неговото време продолжило издигањето на Киевска Русија која станала една од најнапредните држави во Европа. Тој водел борба против одредени феудалци кои сакале да се осамостојат. Таков бил случај со неговиот брат Свјатополк. Тој исто така се плашел од барањето на Новгород за автономија. Тој постигнал договор со собранието на Новгород со кој тој ја осигурал приврзаноста кон централната власт. Но сепак, со посебна повелба ја гарантирал автономијата на Новгород. „Кнезовите на Новгород при стапувањето на должноста морале да му се заколнат на повелбата на кнезот Јарослав“[3]. Потоа влегол во конфликт со својот внук Брајчаслав. По неуспешниот обид да го порази со оружје тој направил спогодба со него во која тој ја признал врховната власт на Киев но ја сочувал внатрешната самоуправа. Јарослав ја зајакнал позицијата на Руската црква. Во 1037 година, по повод победата над Печенезите, Јарослав Мудриот ја подигнал катедралната црква Св. Софија. Исто така, бил основан и манастир наречен „Киевската лавра“ кој станал културно жариште. Во 1051 година, кнезот Јарослав, без да побара дозвола од цариградскиот патријарх, за митрополит го поставил рускиот свештеник Иларион. Тоа било прв обид за осамостојување на руската црква од врховната власт на Цариградската патријаршија. Со јакнењето на христијанството се зајакнувал и културниот живот на Киевска Русија. Биле преведувани книги донесени Македонија и Бугарија. Биле преведувани книги од грчки на старословенски јазик. Се создала руска црковна книжевност. Се развило и пишување на летописни записи во Киев и Новгород. Се појавиле првите житија како: биографија на убиените Свјатополкови браќа, Борис и Гилеб. Во 1036 година излегол првиот дел од списанието „Руска правда“.

Киевска Русија во време на Владимир Мономах

[уреди | уреди извор]

Во време на кнезот Владимир Мономах (1113-1125) црквата исто така имала голема улога.Важна улога заземале црковните имоти коишто биле во сопственост на манастирите и високото свештенство.Слободните селани биле должни да плаќаат данок, да вршат воена служба и да извршуваат други должности во полза на кнезот и државата.Црквата и свештенството го помогнале зацврстувањето на власта на кнезовите и бојларите а тие за возврат и давале богати подароци кое се состоело претежно во давање земја.

Користена литература

[уреди | уреди извор]

„Povest Rusije u srednjem veku“-M.Brandt

„Историја на Европа во раниот среден век“-Коста Аџиевски и Бобан Петровски

„Историја Рањег средњег века-том I“-Удаљцов и други автори

  1. „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 48-49.
  2. „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 49.
  3. Ова стои во повелбата во која се дефинираат односите меѓу кнезовите на Новгород и кнезот Јаросалав