Староисточнословенски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Староруски јазик
Рус(ь)(с)кыи языкъ
Застапен во Русија, Украина, Белорусија
Подрачје Источна Европа
Изумрен од него се формирале други словенски јазици
Јазично семејство
индоевропско
Писмо кирилица
Јазични кодови
ISO 639-3

Старорускиот, cтароисточнословенскиот или познат уште и како стар источнословенски јазик (украински: давньоруська, руски: древнерусский) бил писмен јазик што се користел од 10 век па сè до 14 век од источните словени во државите од Источна Европа. Јазикот бил горе-долу зборуван на териториите на Русија, Украина и Белорусија па дури и во источните делови на Полска.

Остромирово Евангелие од Новгород (средина на XI век)

Бидејќи јазикот бил зборуван на три различни територии, тој има и уште две различни имиња:

  • Старобелоруски (белоруски: старабеларуская или старажытнабеларуская мова)
  • Староукраински (украински: староукраїнська или давньоукраїнська мова)

Јазикот настанал од старословенскиот јазик и презел поголем број од карактеристиките на старословенскиот јазик. Главна карактеристика е тоа што имал целосна вокализација па така зборот гордъ на старословенски (македонски: град), во старорускиот јазик се среќава како городъ. Постоеле многу различни дијалекти кои се вклучиле во овој јазик и има записи на поголем број од нив. Денес пак, се прави само географска поделба на истите. Понатаму јазикот се развил во повеќе одделни јазици како што се: белорускиот, рускиот, украинскиот и русинскиот јазик.