Украински јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Украински јазик
українська мова
Изговорукраји́нска мо́ва
Застапен воУкраина, Русија, Романија, Казахстан, Бразил, Канада, САД, Молдавија, Унгарија, Белгија, Полска, Португалија, Италија, Аргентина, Парагвај
Говорници39,4 милиони  
Јазично семејство
Писмоукраинска азбука
Статус
Службен воУкраина Украина
Приднестровие (Молдавија)
Flag of Crimea.svg Република Крим
Регулативен органНаціональна академія наук України (Национална академија на науките на Украина)
Јазични кодови
ISO 639-1uk
ISO 639-2ukr
ISO 639-3ukr
{{{mapalt}}}
Подрачјата кадешто се зборува украински

Украинскиот јазик (украї́нська мо́ва) е јазик од источнословенската подгрупа на словенските јазици. Украинскиот е службен и национален јазик на Украина. Украинскиот јазик ја користи кириличната азбука. Тој има некои сличности во однос на зборовниот фонд и граматиката на јазиците од соседните словенски нации, најмногу со белорускиот, полскиот, рускиот и словачкиот јазик. Во групата на индоевропски јазици исто така спаѓаат и романските јазици, германските јазици, келтските јазици, грчкиот јазик, албанскиот јазик и балтичките јазици.[1]

Украински јазик

Бројот на говорители на јазикот е приближно 45 милиони, а најголемиот дел од нив живеат во Украина. Јазикот исто така се говори во Белорусија[2], Молдавија[3][4], Полска[5], Русија[6][7], Романија[8], Словачка[9], Казахстан[10], Аргентина, Бразил, Велика Британија[11], Канада[12], САД[13] како и во други држави кадешто живеат Украинци. Украинскиот јазик во светот го користат приближно од 40 до 45 милиони личносто; по бројот на говорители е вториот или третиот словенски јазик во однос на бројот на говорители (после рускиот или можеби и, полскиот) а воедно е и третиот во списокот на десетте најзборувани јазици во светот.[1]

Украинскиот јазик го проучува украинистиката. Постојат неколку хипотези околу појавата и формацијата на украинскиот јазик[14] — прасловенска[15][16][17], староруска[18][19], јужно руска од X-XI век[20][21] и други. Во денешно време, теориите за заедничкото потекло на јазикот со рускиот јазик се побиени.[1]

Според неодамнешно објавената хипотеза на Тишенко Костантин Миколајович, украинскиот јазик го претставува формирањето на Украинците како етнос, кој се случил помеѓу VI-XVI век поради спојувањето на трите дијалекти на словенските племиња — Полјани, Древљани и Северани за учество на групите на иранското и туркиското стрепно население.[22]. Украинскиот јазик потекнува од стариот источнословенски јазик од старата држава Киевска Русија. Јазикот опстојал и покрај двете забрани за негова употреба од Царска Русија и политичките притисоци за време на доцниот 19 и раниот 20 век; во овие притисоци исто така влијание имала и полската влада. Преживувањето на украинскиот јазик од овие препреки главно се должи на неговата широка употреба од Украинците, како и поради работата на поетите како Тарас Шевченко и Лесја Украинка.

Правилата на украинскиот јазик се воспоставени во украински речници како и украинскиот правопис[23], кои се прифатени од Министерството за образование и наука на Украина. Тие правила се одредени од украински научни лингвистички институции на Националнита академија за науки на Украина, интернационални научни организации, високообразовни институции.[24] Научните институции на националната академија на науки на Украина, се: Институтот на украинскиот јазик НАН Украина (историја, граматика, лексикологија, терминологија, ономастика, стилитика на културата на јазикот, дијалектологија, социолингвистика), Украинскиот јазично-информатички фонд НАН на Украина (компјутерска лингвистика, речници), Институт за лингвистика ОО Потебин НАН Украина (поврзаност на украинскиот јазик со други јазици).

Централниот орган на власта, кој е задолжен за развојот и имплементацијата на државната јазична полиса еминистерството за култура на Украина. Секоја година на 9 ноември во Украина се слави денот на украинската литература и јазик. Овој ден исто така е годишен флешмоб во кој Украинското радио го одржува сеукраинскиот диктат на национално единство кој ги обединува Украинците низ целиот свет околу украинскиот јазик.

Потекло[уреди | уреди извор]

Украински јазик
Українська мова
„Тарас Шевченско“

Потеклото на украинскиот јазик може да се проследи преку припадништво на следните лингвистички групи: праиндоевропски јазик, балтословенски јазици, прасловенски јазици, староруски јазик, староукраински јазик и украински јазик.

Класификација[уреди | уреди извор]

Модерните словенски јазици претставени според нивните споредби со другите прасловенски јазици.[25]

За генеолошката класификација, украинскиот јазик припаѓа на источнословенската подгрупа на словенски јазици кои од друга страна припаѓаат на индоевропската јазична група, кои некои академици ја спојуваат со фамилијата на бореалнта суперфамилија. Ностратичната хипотеза не е широко прифатена меѓу лингвистите.[26][27][28]

Генеолошки најблизок јазик до украинскиот е белорускиот.[29][30][31] Почнувајќи од IX сѐ до XI век, двата јазика биле базирани на заедничка дијалектна база, главно северната дијалектна група на украинскиот јазик, играла улога во образувањето на говорниот белоруски јазик и двата народи до XVI век имале заеднички писмен книжевен украинско-белоруски јазик.[32][33][34]

Според типолошката класификација на украинскиот јазик, тој припаѓа на флексивните јазици од синтетичкиот тип.[35] Константин Тишченко, доктор по филолошки науки, верува дека украинскиот јазик во има повеќе граматички и фонетски сличности со горнолужичкиот и белорускиот јазик (29 сличности), долнолижичкиот јазик (27 сличности), чешкиот и словачкиот јазик (23 сличности), полскиот јазик (22 сличности), хрватскиот и бугарскиот јазик (21 сличности), српскиот и македонскиот јазик (20 сличности), мртвиот полабиски јазик (19 сличности), словенечки јазик (18 сличности), отколку со рускиот (само 11 сличности).[25]

Разлика со другите словенски јазици[уреди | уреди извор]

Украинскиот јазик, има карактеристики што го зближуваат или оддалечуваат од соседните словенски јазици — како што се полскиот, белорускиот, рускиот, бугарскиот и словачкиот.

На лексички план, најблизок до украинскиот е белорускиот јазик (84% слична лексика), потоа полскиот (70% слична лексика), словачкиот (68% слична лексика) и рускиот јазик (62% слична лексика).[36][37] На пример, споредбено, англискиот јазик е околу 37% сличен со холандскиот јазик, а шведскиот е околу 16% сличен со норвешкиот.

Според Сводешовиот список на словенските јазици, украинскиот е најблизок до белорускиот (190 заеднички елементи од 207), на второ место е рускиот (172 заеднички елементи од 207), и на крај полскиот (169 сличности од 207).

Јазикот има сопствени карактеристики кои се забележуваат во зборообразувачките модели и се најдобро претставени во лексиката преку таканаречените лексични украинизми.[38]

На фонетски степен украинскиот јазик разликува:[38]

  • најголем број фонеми од сите словенски јазици — 48;
  • најголема фоничност — „чистост“, милозвучност;[39]
  • најголема корелација помеѓу паровите меки и тврди согласки;
  • чиста разлика помеѓу гласовите [ɪ] (кое се пројавува во неговата писмена форма како и) и [i] (кое се пројавува во неговата писмена форма како і) на фонемски степен.

На морфолошки степен во украинскиот јазик:[38]

  • постои постојано зачувана инфлексија на вокативот (за разлика од другите источнословенски јазици);[40]
  • постои истовремента употреба на флексиската варијанта на дативот на именките кои означуваат лица (на пример: директор-у, директор-ові);
  • постојат неколку методи за формирање на формите во идно време: синтетичка (ходитиму) и аналитичка (буду ходити).

Влијание на странски јазици[уреди | уреди извор]

Украинскиот јазик имал влијание на соседните странски словенски јазици: на полската, руската и белоруската литературна форма. Во многу јазици на светот се користат украинските зборови „гопак“, „козак“, „степ“, „бандура“, „борщ“ (во полскиот се позајмени неколку украински зборови како што се „hreczka“ — гречка, „chory“ — хворий; во рускиот се позајмени „вареники“ — вареники; „пасека“ — пасіка; „бублик“— бублик, „подполковник“ — підполковник, во романскиот „ştiucă“ — щука, „holub“ — голуб; во белорускиот „вагітная“ — вагітна).[41][42]

Исто така украинскиот јазик влијаел на дијалектите на соседните јазици како што се гуторскиот дијалект на донските казаци („злыдарить“ — злидарювати, „кидаться“ — скидатися, „вон зарас гутарить“ — він зараз говорить).[43][44]

Именување[уреди | уреди извор]

Употребувањето на терминот „украински јазик“ почнал да се користи на почетокот на XVI век, за да го прикаже јазикот на украинските територии на Полско-литванската Државна Заедница. Сепак, до средината на XIX век, главното име кое се користело на јазикот кој што денеска се нарекува украински бил „руська мова“ (мак: руски јазик). Ова започнало да предизвикува збунетост откако Украина се соединила со Царството Русија а подоцна и Руската империја, поради тоа што Русите во XVIII век почнале да го именуваат својот јазик со терминот „русскій языкъ“.

По одреден период на премислување, за време на кој обиди биле направени за да се оддели јазикот кој го користеле Украинците од тој од Русите, терминот „українська мова“ (мак: украински јазик) бил распространет низ украинските територии.

Освен тоа, за време на одреден период се користеле и следните називи:

Историја[уреди | уреди извор]

Почетни фази: Формација и воспоставување на јазикот[уреди | уреди извор]

Историјата на украинскиот јазик почнува од прасловенскиот јазик, кој се оформува на почетокот на VI век.[47][48][49]

Некои знаци кои се користат во азбуката на украинскиот јазик потекнуваат од бронзеното доба, а влијание врз украинскиот јазик исто така имале и Старите Грци.[50] Во однос на јазикот, може да се забележат влијанија од различни народи вклучувајќи ги и тие помеѓу Скандинавија и Средна Азија што е карактеристика за сите словенски народи. Примери како што се зборовите „говорити“ (да зборува), „шолом“ (кацига), „меч“ (меч), или „кнез“ (кнез), потекнуваат од Гота од античкиот период кои на просторот на Украина имале повеќевековна доминација, често и во сојузност со останатите словенски племиња. Зборови како „балакати“ (муабетење), „базікати“ (лупетање) или „мова“ (јазик) доаѓаат од Скита.[51]

Опресија на јазикот[уреди | уреди извор]

Денешниот краински јазик е резултат на колоквијални старословенски јазици кои се говорело во средновековниот Киев и во блиската околина на просторот на Украина од 10 до 13 век. Во периодот на првата украинска државност, украинскиот јазик бил нарекован како староруски, руски, или според латинскиот назив, рутенски/русински јазик, па уште од тој период имал специфичен развој сврзан за украинското поднебје. Поедноставено, Украинците (Русичи-Русини) во средниот век го говореле украинскиот јазик кој често се именува како „староукраински јазик“. Овие проблеми околу именувањето на украинскиот јазик се појавиле како резултат на сложената историја на Украина, во која Украинците, поради долгогодишната окупација на нивната земја, културни вредности и идентитет, своеволно во 20-от век повремено го прифатиле алтернативното име односно етноним.[52]

Јазикот успеал да се зачува покрај големиот број макотрпности низ кои што поминал поради неговото забранување од страна на полските и руските власти. За време на власта на советскиот Сојуз, бил изложен кон силна русификација, па на пример, во другите јазици (како што е хрватскиот), украинските сопствени имиња биле транскрибирани користејќи ја руската скрипција. За време на Руското Царство, украинскиот јазик претставувал политичка закани па на тој начин покрај забраната се користел и терминот „дијалект на рускиот јазик“. Сепак, разликите помеѓу рускиот и украинскиот јазик се доволно големи за да се спречи чиста и течна комуникација помеѓу народите.

На светско ниво, јазикот е признат од страна на стручните лица.[53] Во рамките на Соевтскиот Сојуз, била широко застапена полисата на русификација со што украинскиот јазик бил нарекуван „архаичен“ и во пракса се сметал за „помалку вреден“.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Географска распространетост[уреди | уреди извор]

Украинскиот јазик во светот. Црвенa: број во милиони. Розева: број во илјади.
Украинскиот јазик како мајчин според пописот во 2001.
Украинскиот јазик како мајчин во украински области според пописот во 2001.

Во Република Украина, околу 77,8% од народот се Украинци, што во бројки претставува 37,5 милиони луѓе според пописот во 2001 година. Како мајчин јазик, украинскиот го користеле 67,5%, што претставува 32,6 милиони луѓе од населението на Украина. Надвор од областа на Украина живеат околу 7 милиони члена, од кои 3 милиони го користат украинскиот јазик: во Русија (1,8 милино луѓе говореле на украински јазик од вкупниот број на 2,9 милиони Украинци, според пописот во 2002), во Белоруссија (25 илјади од 237 илјади, 1999), во Молдавија (372 илјади од 600 илјади, 1989), во Казахстан (околу 200 илјади од 547 илјади, 1999), во останатите држави на СССР (околу 70 илјади од 270 илјади).[54]

На американскиот континент, од 2 милиони Украинци, околу пола милион го користат украинскиот јазик, исто така има и околѕ 50 илјади во Полска, 57 илјади во Романија, 8 илјади во Словачка, во Чешка и Унгарија околу 4,5 илјади. Во некои држави. Според руските автрори Жовтоброх и Молдован, вкупно во светот украинскиот јазик го говорат околу 36 милиони луѓе.[55] Според пописот од 2001 година, 87.8% од населението на Украина зборува на украински.[56]

Употреба во општеството[уреди | уреди извор]

Напис во киевското метро

Денес украинскиот се користи сè повеќе и неговата употреба се зголемила по долг период на слаба употреба. Иако во светот има околу 50 милиони Украинци, вклучувајќи ги и тие 37,5 милиони во Украина, украинскиот јазик се задржал да се зборува само во западна и централна Украина. Денес во Киев се зборуваат и руски и украински, а во минатото градот бил доминантно руски. Промената на јазикот, од руски на украински, се верува дека е поради миграцијата но и трендот да се користи украинскиот надвор од дома, т.е. за секојдневна употреба. Во јужна и источна Украина рускиот е подоминантен јазик во урбаните центри.

Украински јазик на интернет[уреди | уреди извор]

Според податоците на мрежата за пребарување наречена Yandex, во есента во 2010 година најголема стапка на пораки во целиот систем била во Тернополската Област — 33%, додека најмалата од само 3,7% била во Крим. Во ова истражување, пораките кои биле напишани на руски и на украински јазик биле сметани за руски.[57]

Во 2010 година бројот на блогери кои пишувале на украински јазик изнесувал 8% (во 2009 година — 7%). Украинскиот јазик го користеле 23 илјади микроблогинг корисници (29% од целиот број, на почетокот на 2010 бројот на украински корисници на платформата Твитер бил 27%), комуницираат исклучиво на украински јазик на Твитер (12,5%, во 2009, 7%).[58]

Постојат неколку пребарувачки мрежи кои имаат украински интерфејс: Google[59], Yandex[60], Bing[61] (од Microsoft), META.[62] и Uaport.net.[63] На 20 март 2012 корисниците на сервисот Twitter станала достапна на бета верзијата на украинскиот интерфејс.[64] Според податоците на ресурсот w3techs.com, од 5 април 2021, украинскиот јазик се напол на 16-то место во светот и покажува брз раст на популарноста.[65][66][67]

Азбука[уреди | уреди извор]

Официјално украинскиот јазик се пишува само со кирилица, ама во денешно време украинската латиница е многу популарна посебно во содржините на украински достапни на интернет мрежата. Лавовскиот часопис "Ї" има некои делови напишани на латиница.

Видете и: Македонска транскрипција на украинскиот јазик.
Кирилица
А а Б б В в Г г Ґ ґ Д д Е е Є є Ж ж З з И и
І і Ї ї Й й К к Л л М м Н н О о П п Р р С с
Т т У у Ф ф Х х Ц ц Ч ч Ш ш Щ щ Ь ь Я я Ю ю
Латиница (Українська Латинка)
A a B b C c Ć ć Č č D d Ď ď E e F f G g H h I i
J j K k L l Ľ ľ M m N n Ń ń O o P p R r Ŕ ŕ S s
Ś ś Š š T t Ť ť U u V v Y y X x Z z Ź ź Ž ž

Дијалекти[уреди | уреди извор]

Во украинскиот јазик постојат неколку дијалекти, како што се:[68][69]

Граматика[уреди | уреди извор]

Украинската граматика е поим со кој се опфаќаат правописните, морфолошките, синтаксните и семантичките правила и прописи на украинскиот јазик. Украинскиот јазик е синтетички јазик, и граматиката на украинскиот јазик е слична со граматиките на останатите словенски јазици. Украинските именки, како и придавките, имаат род, број и 7 падежи. Украинските глаголи имаат два глаголски вида, 3 времиња и два залога.

Некои украински изрази[уреди | уреди извор]

Украински јазик
Писмо кирилица
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Всі люди народжуються вільними і рівними у своїй гідності та правах. Вони наділені розумом і совістю і повинні діяти у відношенні один до одного в дусі братерства.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици
  • Приві́т [Прɪвит] - Здраво
  • До́брого ра́нку [Доброɦо Ранку] - Добро утро
  • До́брого дня [Доброɦо дња] - Добар ден
  • До́брий день[Добрɪј дењ] - Добар ден
  • До́брий ве́чір [Добрɪј Вечир]- Добро вечер
  • Добра́ніч — [Добранич] Добра ноќ
  • До поба́чення [До побачењња]— Довидување
  • Бува́й (неофицијално) [Бувај] - Пријатно
  • Як ся ма́єш? [Јак сиа мајеш] - Како си?
  • Як у те́бе спра́ви - [Јак у тебе справɪ] - Како си?
  • Як ви? [Јак вɪ] - Како сте?
  • Як у вас спра́ви [Јак у вас справɪ] - Како сте?
  • Що ро́биш? [Шчо робɪш] - Што правиш? Како си?
  • Що ро́бите? [Шчо робɪте] - Што правите? Како сте?
  • У(В) ме́не все́(усе́) до́бре [У(В) мене wсе добре] - Добар сум
  • Всього́ найкра́щого [Всиоɦо најкрашчоɦо] - Сѐ најдобро
  • З днем наро́дження! [З днем нароџењња] - Среќен роденден!
  • Дя́кую [Диакују] - Фала
  • Будь ла́ска [Буд ласка] - Молам
  • Ви́бачте! Даруйте! [Вɪбачте, дарујте] - Извинете!
  • Ви́бач! [Вɪбач] - Извини.
  • Ко́тра́ годи́на? [Котра ɦодɪна] - Колку е часот?
  • Ви розмовля́єте? [Ви розмоwљајете] - Дали зборувате ...?
...англі́йською [анɦлијскоју] - англиски
...македо́нською [македонскоју] - македонски
...се́рбською [сербскоју] - српски
...болга́рською [болгарскоју] - бугарски
...гре́цькою [ɦрецкоју] - грчки
...францу́зькою [французкоју] - француски
...німе́цькою [њимецкоју] - германски
...італі́йською [итаљијскоју] - италијански
...іспа́нською [испањскоју] - шпански
  • Так - Да
  • Ні [Њи] - Не
  • Можли́во [Можлɪво] - Можеби
  • Ско́ро поба́чимося [Скоро побачɪмосиа] - Ќе се видиме наскоро
  • Поба́чимося за́втра [Побачɪмосиа заwтра] - Ќе се видиме утре

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Мозер Міхаель. Українська мова // Енциклопедія історії України: Україна—Українці. Кн. 2 / Редкол.: В. А. Смолій (голова) та ін. НАН України. Інститут історії України. — Предлошка:К.: В-во «Наукова думка», 2019. — С. 596—601. — 842 с. — ISBN 978-966-00-1740-5.
  2. О. I. Скопненко. Українська мова в Білорусі // Украински јазик: енциклопедија / НАН на Украина, Институт на лингвистика О. О. Потебни, Институт на украинскиот јазик; редкол.: В. М. Русанивски (копретседавач), О. О. Тараненко (копретседавач), М. П. Зјаблук — второ издание во — Киев: „Украинска енциклопедија“ М. П. Бажана, 2004. — 824 с. : ил. — ISBN 966-7492-19-2.
  3. Н. П. Прилито. Українська мова в Молдові // Украински јазик: енциклопедија / НАН на Украина, Институт на лингвистика О. О. Потебни, Институт на украинскиот јазик; редкол.: В. М. Русанивски (копретседавач), О. О. Тараненко (копретседавач), М. П. Зјаблук — второ издание во — Киев: „Украинска енциклопедија“ М. П. Бажана, 2004. — 824 с. : ил. — ISBN 966-7492-19-2.
  4. Убийвовк H. Українська мова в Придністров'ї: минуле і перспективи // «Мовознавство. Доповіді та повідомлення на IV Міжнар. конгресі україністів». К., 2002
  5. Й. O. Дзендзелівський. Українська мова в Польщі // Украински јазик: енциклопедија / НАН на Украина, Институт на лингвистика О. О. Потебни, Институт на украинскиот јазик; редкол.: В. М. Русанивски (копретседавач), О. О. Тараненко (копретседавач), М. П. Зјаблук — второ издание во — Киев: „Украинска енциклопедија“ М. П. Бажана, 2004. — 824 с. : ил. — ISBN 966-7492-19-2.
  6. Н. П. Прилито. Українська мова в європейській частині Росії // Украински јазик: енциклопедија / НАН на Украина, Институт на лингвистика О. О. Потебни, Институт на украинскиот јазик; редкол.: В. М. Русанивски (копретседавач), О. О. Тараненко (копретседавач), М. П. Зјаблук — второ издание во — Киев: „Украинска енциклопедија“ М. П. Бажана, 2004. — 824 с. : ил. — ISBN 966-7492-19-2.
  7. Н. П. Прилито. Українська мова в Сибіру та на Далекому Сході // Украински јазик: енциклопедија / НАН на Украина, Институт на лингвистика О. О. Потебни, Институт на украинскиот јазик; редкол.: В. М. Русанивски (копретседавач), О. О. Тараненко (копретседавач), М. П. Зјаблук — второ издание во — Киев: „Украинска енциклопедија“ М. П. Бажана, 2004. — 824 с. : ил. — ISBN 966-7492-19-2.
  8. C. В. Семчинський. Українська мова в Румунії // Украински јазик: енциклопедија / НАН на Украина, Институт на лингвистика О. О. Потебни, Институт на украинскиот јазик; редкол.: В. М. Русанивски (копретседавач), О. О. Тараненко (копретседавач), М. П. Зјаблук — второ издание во — Киев: „Украинска енциклопедија“ М. П. Бажана, 2004. — 824 с. : ил. — ISBN 966-7492-19-2.
  9. Й. О. Дзендзелівський. Українська мова у Словаччині // Украински јазик: енциклопедија / НАН на Украина, Институт на лингвистика О. О. Потебни, Институт на украинскиот јазик; редкол.: В. М. Русанивски (копретседавач), О. О. Тараненко (копретседавач), М. П. Зјаблук — второ издание во — Киев: „Украинска енциклопедија“ М. П. Бажана, 2004. — 824 с. : ил. — ISBN 966-7492-19-2.
  10. С. Ф. Клименко, В. В. Степаненко. Українська мова в Казахстані // Украински јазик: енциклопедија / НАН на Украина, Институт на лингвистика О. О. Потебни, Институт на украинскиот јазик; редкол.: В. М. Русанивски (копретседавач), О. О. Тараненко (копретседавач), М. П. Зјаблук — второ издание во — Киев: „Украинска енциклопедија“ М. П. Бажана, 2004. — 824 с. : ил. — ISBN 966-7492-19-2.
  11. P. П. Зорівчак. Українська мова у Великій Британії // Украински јазик: енциклопедија / НАН на Украина, Институт на лингвистика О. О. Потебни, Институт на украинскиот јазик; редкол.: В. М. Русанивски (копретседавач), О. О. Тараненко (копретседавач), М. П. Зјаблук — второ издание во — Киев: „Украинска енциклопедија“ М. П. Бажана, 2004. — 824 с. : ил. — ISBN 966-7492-19-2.
  12. Р. П. Зорівчак. Українська мова в Канаді // Украински јазик: енциклопедија / НАН на Украина, Институт на лингвистика О. О. Потебни, Институт на украинскиот јазик; редкол.: В. М. Русанивски (копретседавач), О. О. Тараненко (копретседавач), М. П. Зјаблук — второ издание во — Киев: „Украинска енциклопедија“ М. П. Бажана, 2004. — 824 с. : ил. — ISBN 966-7492-19-2.
  13. Р. П. Зорівчак. Українська мова у США // Украински јазик: енциклопедија / НАН на Украина, Институт на лингвистика О. О. Потебни, Институт на украинскиот јазик; редкол.: В. М. Русанивски (копретседавач), О. О. Тараненко (копретседавач), М. П. Зјаблук — второ издание во — Киев: „Украинска енциклопедија“ М. П. Бажана, 2004. — 824 с. : ил. — ISBN 966-7492-19-2.
  14. Онуфрієнко Г. С., Хваткова С. О. Проблема походження й періодизації української мови в концепціях і гіпотезах XX століття: Зб. наук. пр. VI Всеукр. наук.-практ. конф. «Державна етнонаціональна політика: правовий та культурологічний аспекти в умовах Півдня України» / Під заг. ред. М. В. Дєдкова. — Запоріжжя: Облдержадміністрація, ЗНТУ, 2005.
  15. Півторак Г. П. Українці — звідки ми і наша мова. — К., 1993.
  16. Німчук В. В. Аспекти дослідження етноглотогенезу українців // Пам'ятки писемності східнослов'янськими мовами XI—XVIII ст. — К., 1995
  17. Півторак Г. П. Хронологічні межі формування української мови як мовної системи // Пам'ятки писемності східнослов'янськими мовами XI—XVIII ст. — К., 1995.
  18. Шахматов А. А. Очерк древнейшего периода истории русского языка;
  19. Шахматов О. О., Кримський А. Нариси з історії української мови та хрестоматія з пам'ятників письменської староукраїнщини XI-XVIII вв. // Короткий нарис історії української мови. — К., 1924.
  20. Житецький П. Г. Очерк звуковой истории малоруського наречия. — К., 1876.
  21. Потебня А. А. К истории звуков руського язика. — Воронеж, 1876.
  22. Правда про походження української мови. Предлошка:Ref-uk
  23. Частина 4 статті 6 „Закону України «Про засади державної мовної політики» від 03.07.2012 №5029-VI“. Голос України (№146). 10.08.2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  24. „Порядок затвердження словників української мови і довідників з українського правопису як загальнообов'язкових довідкових посібників при використанні української мови та офіційного видання таких довідників, затверджений постановою Кабінету Міністрів України від 22 квітня 2013 р. № 298“. Урядовий Кур’єр (№81). 30.04.2013. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  25. 25,0 25,1 Українська володіє древніми рисами, неповторними в інших слов'янських мовах | Новини на Gazeta.ua
  26. C. В. Семчинський. Генеалогічні класифікація мов // Украински јазик: енциклопедија / НАН на Украина, Институт на лингвистика О. О. Потебни, Институт на украинскиот јазик; редкол.: В. М. Русанивски (копретседавач), О. О. Тараненко (копретседавач), М. П. Зјаблук — второ издание во — Киев: „Украинска енциклопедија“ М. П. Бажана, 2004. — 824 с. : ил. — ISBN 966-7492-19-2. — С. 94.
  27. Сучасна українська мова: Підручник / Пономарів О. Д., Різун В. В., Шевченко Л. Ю. та ін.; за ред. Пономарева О. Д. — вид. 2-ге. — Предлошка:К.: Либідь, 2001. — 400 с. — ISBN 966-06-0173-5. — стор. 5
  28. Васенко Л. А., Дубічинський В. В., Кримець О. М. Фахова українська мова. Центр учбової літератури — Предлошка:К., 2007. — стор. 7
  29. Беларуска-украінскіе ізалексы. — Мінск, 1971. — 125 с.
  30. Сцяцко П. У. Словаутваральныя регіяналізмы беларускай мовы, агульные з украінскай мовай // Проблеми дослідження діалектної лексики і фразеології української мови. Тези доповідей. — Ужгород, 1978. — С. 66-67.
  31. Янкова Т. С. Із спостережень над перехідними говірками між українською та білоруською мовами (за матеріалами фразеології) // Праці XII Республіканської діалектологічної наради. — К.: Наук. думка, 1971. — С. 382—388.
  32. Бузук П. Взаємовідносини між українською та білоруською мовами // Записки історично-філологічного відділу ВУАН. Кн. VII—VIII / Українська академія наук. — Предлошка:К.: Друкарня УАН, 1926. — С. 421—426.
  33. Гумецька Л. Л. Уваги до українсько-білоруських мовних зв'язків періоду XIV—XVII ст. // Дослідження з української та російської мов. — Предлошка:К.: Вид-во АН УРСР, 1964. — 164 с.
  34. Анічэнка У. В. Беларус.-укр. пісьмовамоуныя сувязі. Мінск, 1969
  35. С. В. Семчинський Типологічна класифікація мов // Предлошка:УМ-2000
  36. Півторак Г. П. Мова українська // Предлошка:ЕСУ
  37. Мови Європи: відстані між мовами за словниковим складом. Предлошка:Ref-uk
  38. 38,0 38,1 38,2 Українська мова серед інших слов'янських: етнологічні та граматичні параметри: Монографія / О. Царук. — Дніпропетровськ: Наука і освіта, 1998. — 324 с.
  39. Тимошенко П. Д. Засоби милозвучності (евфонії) української мови // Українська мова в школі, 1952, № 4
  40. Тимченко Є. Вокатив і інструменталь в українській мові. — К.:ДУАН, 1926.
  41. Харченко І. До проблеми польсько-українських мовних зв'язків
  42. З енциклопедії «Українська мова»
  43. Короткий словник мови донських козаків Архивирано на 22 мај 2011 г.. (руски)
  44. Про гутор донських козаків у статті «Мовний фактор балачки». (руски)
  45. Передмова до читальника // Величко С. В. Літопис. Т. 1. / Пер. з книжної української мови, вст. стаття, комент. В. О. Шевчука; Відп. ред. О. В. Мишанич. — К.: Дніпро, 1991.
  46. „Національна свідомість закарпатських українців у ХХ столітті. Павло Чучка“. Архивирано од изворникот на 2010-01-01. Посетено на 2022-03-05.
  47. „1. ВСТУПНІ ЗАВВАГИ. Юрій Шевельов. Історична фонологія української мови“. litopys.org.ua (украински). Посетено на 2018-08-13.
  48. „I. ПОСТАННЯ УКРАЇНСЬКОЇ МОВИ. Іван Огієнко. Історія української літературної мови“. litopys.org.ua. Посетено на 2018-08-13.
  49. „Найдавніші риси української мови. Григорій Півторак. Походження українців, росіян, білорусів та їхніх мов“. litopys.org.ua. Посетено на 2018-08-13.
  50. „Study Russian language: Ukrainian language“. ECHO Eastern Europe. Архивирано од изворникот на 1 март 2009. Посетено на 6 март 2022. Наводот journal бара |journal= (help)
  51. „Хто навчив українців говорити, писати й займатися сексом“ (украински). Unian. 5 февруари 2012. Посетено на 6 март 2022.
  52. Видмаровиќ, Ѓуро (1 февруари 2010). „Nepoznata Ukrajina“ (хрватски). Matica hrvatska. Посетено на 6 март 2022.
  53. „It's third fine language all over the world (after French and Italian)“. Passivhaus. Архивирано од изворникот на 4 ноември 2011. Посетено на 6 март 2022. Наводот journal бара |journal= (help)
  54. Жовтобрюх, Молдован 2005, стр. 513.
  55. Жовтобрюх, Молдован 2005, стр. 514.
  56. „D-M.com.ua“. Архивирано од изворникот на 2009-03-02. Посетено на 2012-07-25.
  57. „Українська інтернет-статистика“. Архивирано од изворникот на 22 мај 2011.
  58. „Статистика української блогосфери 2010 та про що вона свідчить“. Архивирано од изворникот на 2011-05-22. Посетено на 2022-03-07.
  59. «Google.com.ua»
  60. „«Яндекс.ua»“. Архивирано од изворникот на 2022-03-01. Посетено на 2022-03-07.
  61. „«Bing»“.
  62. „«Мета»“.
  63. „«Uaport.net»“.
  64. „Українізація Твіттера“.
  65. „Usage Statistics and Market Share of Content Languages for Websites, April 2021“. w3techs.com. Посетено на 2021-04-05.
  66. „Historical yearly trends in the usage statistics of content languages for websites, April 2021“. w3techs.com. Посетено на 2021-04-05.
  67. „Usage Statistics and Market Share of Ukrainian for Websites, April 2021“. w3techs.com. Посетено на 2021-04-05.
  68. Діалект. Діалектизм. Українська мова. Енциклопедія
  69. Інтерактивна мапа говорів. Українська мова. Енциклопедія
  70. Північне наріччя. Українська мова. Енциклопедія
  71. http://litopys.org.ua/ukrmova/um155.ht
  72. Середньополіський говір. Українська мова. Енциклопедія
  73. Maps of Belarus: Dialects on Belarusian territory
  74. Південно-східне наріччя. Українська мова. Енциклопедія
  75. Слобожанський говір. Українська мова. Енциклопедія
  76. Степовий говір. Українська мова. Енциклопедія
  77. Viktor Zakharchenko, Folk songs of the Kuban, 1997 Retrieved 7 ноември 2007]
  78. Південно-західне наріччя. Українська мова. Енциклопедія
  79. Подільський говір. Українська мова. Енциклопедія
  80. Короткий словник львівської ґвари

Користена литература[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Portal/images/f' not found

Надворешни врски[уреди | уреди извор]