Црковнословенски јазик
Црковнословенски јазик | |
---|---|
Црькъвьнословѣньскъ ѩзыкъ | |
![]() Дел од Киевскиот псалтир | |
Застапен во | Источна Европа |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | глаголица, кирилица |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | cu |
ISO 639-2 | chu |
ISO 639-3 | chu |
Црковнословенскиот јазик — богослужбен јазик и неговата најчеста форма денес е руска редакција на старословенскиот јазик. Црковнословенскиот јазик е богослужбен јазик на Македонската православна црква — Охридска архиепископија, Бугарската православна црква, Руската православна црква, Српската православна црква, Рутенската католичка црква и останати словенски цркви.
Податоци
[уреди | уреди извор]Историски, овој јазик е старословенскиот јазик во ограничена употреба. За разлика од старословенскиот, овој јазик има приспособен изговор и правопис, има замена на стари и изолирани зборови и изрази и слични приспособувања. Црковнословенскиот јазик е јазик кој се пишува со кирилица, за разлика од старословенскиот кој може да се пишува или со кирилица или со глаголица.
Црковнословенскиот јазик претставува подоцнежна фаза на старословенскиот јазик и е продолжение на литургиската традиција воведена од двајцата македонски браќа, светите Кирил и Методиј, кон крајот на 9 век во Нитра, главен град и религиозен и научен центар на Велика Моравија (сместена во денешна Словачка). Таму биле направени првите словенски преводи на Светото писмо и литургијата од коине грчки. По христијанизацијата на Бугарија во 864 година, Свети Климент Охридски и Свети Наум биле од големо значење за источната православна вероисповед и старословенската литургија во Првото бугарско царство.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Старословенскиот јазик и македонската редакција на црковнословенскиот јазик Архивирано на 19 јули 2011 г.
- Православни литургиски текстови на црковнословенски
- Библијата на црковнословенски (Викиизвор), (PDF) Архивирано на 16 јули 2019 г., (iPhone), (Android)
- Проблеми со компјутерска имплементација - руски
- Целосен руски црковнословенски речник
- Црковнословенска тастатура Архивирано на 29 јуни 2013 г.
![]() | Оваа статија поврзана со индоевропските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|