Словио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Словио е пишан и усен вештачки јазик што го создал јазичарот Марк Хучко. Словио е меѓународен помошен јазик сè со цел за подобра комуникација и разбирање на словенските јазици меѓусебно. Граматичките правила на словио се слични со оние на есперанто со унифицирани именки, придавки и глаголи. Меѓутоа, зборовниот фонд на јазикот е создаден од зборови што се заеднички за сите словенски јазици. Името му доаѓа од зборот слово од старословенски јазик и значи збор. До 2005 година зборовниот фонд на словио се движел околу 30.000 зборови.

Азбука[уреди | уреди извор]

Јазикот може да се пишува и на латиница и на кирилица:

латиница кирилица мак. кирилица
A a А а А а
B b Б б Б б
C c Ц ц Ц ц
Cx cx Ч ч Ч ч
D d Д д Д д
E e Е е Е е
F f Ф ф Ф ф
G g Г г Г г
Gx gx Дж дж Џ џ
H h Х х Х х
I i И и И и
J j Й й Ј ј
K k К к К к
L l Л л Л л
M m М м М м
N n Н н Н н
O o О о О о
P p П п П п
R r Р р Р р
S s С с С с
Sx sx Ш ш Ш ш
T t Т т Т т
U u У у У у
V v В в В в
X x Кс кс Кс кс
Wx wx Щ щ Шч шч
Z z З з З з
Zx zx Ж ж Ж ж

Примери[уреди | уреди извор]

Slovio es novju mezxunarodju jazika ktor razumijut cxtirsto milion ludis na celoju zemla. Ucxijte Slovio tper!
Словио ес новйу межународйу йазика ктор разумийут чтирсто милион лудис на целойу земла. Учийте Словио тпер!
Словио е нов меѓународен јазик што го разбираат четиристотини милиони луѓе на целата земја. Учете го словио сега!

Надворешни линии[уреди | уреди извор]