Лингва франка нова („Елефен“) — јазик што е осмислен да биде едноставен, доследен и лесен за учење заради употреба во меѓународното општење. Јазикот има повеќе предности:
Фонетски се срича. Ниедно дете нема да треба да помине години за да ги изучи отстапувањата од правилата.
Граматиката во целост се заснова на правила, што е слично со креолските јазици.
Има ограничен број на афикси што служат за изведување зборови според одредени правила.
Има добро определени правила за редоследот на зборовите, што е својство на многу од големите јазици.
Неговиот речник во голема мера се заснова на современите романски јазици. Овие јазици се широко распространети и влијателни, а исто така имаат голем придонес кон англискиот речник.
Осмислен е природно да ги прифаќа латинските и грчки технички неологизми, што всушност е „светски стандард“.
Осмислен е за да изгледа релативно „природно“ за оние што се запознаени со романските јазици без да им биде потежок за учење на останатите.