Есперанто
| Есперанто | |
|---|---|
| Esperanto | |
| [[File: | |
| Создаден од | Л. Л. Заменхоф |
| Прилики и употреба | Меѓународен јазик |
| Говорници | (Како мајчин јазик: 200 до 2000 (1996 г.);[1] Луѓе што го зборуваат течно: проценка на околу 100 000 to 2 милиони во 1887 г.) |
| Причина | Меѓународен јазик
|
| Статус | |
| Регулативен орган | Akademio de Esperanto |
| Јазични кодови | |
| ISO 639-1 | eo |
| ISO 639-2 | epo |
| ISO 639-3 | epo |
Есперанто е најмногу зборуваниот вештачки јазик. Името потекнува од псевдонимот Doktoro Esperanto, со кој Л. Л. Заменхоф ја објавил првата негова книга на Есперанто наречена Unua Libro или Првата книга во 1887 година. Зборот есперанто значи тој што се надева. Целта на Заменхоф била да создаде лесен и флексибилен јазик што би служел како универзален втор јазик за подобро разбирање и владеење на мирот.
Есперанто има 28 гласови. Неговата синтакса е словенска, а речникот е главно од романските и германските јазици со додадени суфикси и префикси.
Есперанто во Македонија
[уреди | уреди извор]Прв есперантист во Македонија бил Георги Малински од Куманово (1897). Македонските есперантисти поднеле Предлог-конституција за решавање на македонското прашање до Париската мировна конференција (1919) и за воведување на јазикот есперанто во Македонија како јазик на мирот.
Есперантското движење во Македонија добило особен замав меѓу двете светски војни преку поддршката на комунистите по усвоената Резолуција за есперанто на Вуковарскиот конгрес на КПЈ (1920). Движењето посебно се засилило од 1929 г. Во минатото најактивни биле друштвата од Битола, Кавадарци, Куманово (од 1950), Охрид, Прилеп (од 1939), Скопје (две друштва), Струга, Струмица и Штип.
Најстарото есперантско друштво „Ла прогресо” од Прилеп го објавило и првиот „Есперантско-македонски и Македонско-есперантски речник со кратка граматика” (со по 10.000 зборови) од Методи Галески и Ѓорѓи Поп-Атанасов (Прилеп, 1977). Друштвата организирале и училишта за есперанто, а извесен период јазикот бил изучуван и во голем број секции на основните училишта. Особен успех имал наставникот Илија Поповски во ОУ „Кирил и Методиј” во Битола (1979).
Бил објавен и првиот македонски учебник по есперанто (1981), како и „Македонска антологија на поезија и проза”. Во Македонија бил објавен и „Клуч” за албанските зборови на есперанто. Студентот на шумарскиот факултет во Скопје Стојан Стојановски бил и претседател на Југословенскиот есперантски сојуз (1982). Есперантското друштво „Прогрес” од Скопје било организатор на традиционалните Трети студентски есперантски средби на Југославија (Охрид, 26-28 март 1982).
Во 1991 г. Есперантскиот сојуз на Македонија промовирал повеќе изданија од македонски писатели преведени на есперанто од Вера Чорниј и Невенка Томиќ: „Тиквешка легенда” од Лазо Каровски, „Сеизмограф” од Блаже Конески, „Замокот на розата” од Радован Павловски и „Невидлива река” од Тодор Чаловски.
Македонскиот ликовен уметник Димитар Чудов е автор на јубилејната двојна поштенска марка по повод стогодишнината на меѓународниот јазик есперанто (14. Ⅶ 1988).[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Есперанто“ на Ризницата ? |
- Поранешна веб-страница на Македонската Есперанто Асоцијација
- „Есперанто друштво во Прилеп“
- „Изложба на документи од есперантското движење во Прилеп“ Архивирано на 17 мај 2025 г., „Макфакс“, 7. 12.2015
| ||||||||||||||||||
|
