Апсолутна монархија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Апсолутизам)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Државни уредувања

Дел од серијалот Политика

Непосредна демократија
Репрезентативна демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика · уреди

Апсолутната монархија или апсолутизам е монархичка форма на управување, при што целата власт во земјата (законодавна, извршна, судска, a понекогаш и духовната власт), de facto и de jure, е фокусирана во рацете на монархот. Во апсолутната монархија, монархот ја спроведува извршната власт заедно со влада, а законодавната - со користење на различни законодавни органи (изборни или назначени). Во Апсолутна монархија нема ограничувања на власта на монархот. Според официјалната доктрина на апсолутната монархија власта на монархот има божествено потекло [1] и во некои земји, монархот не само световното туку весрко лице. Такви држави се нарекуваат теократски монархии - на пример, Ватикан и Саудиска Арабија.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Bouwsma, William J., in Kimmel, Michael S. Absolutism and Its Discontents: State and Society in Seventeenth-Century France and England. New Brunswick, NJ: Transaction Books, 1988, 15