Тоталитаризам

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тоталитаризамопштествено уредување при кој државата ги регулира речиси сите области на јавниот и приватниот живот.

Тоталитарните режими се стремат да извршат преуредување на општествениот, политичкиот и економскиот поредок во согласност со политичката или религиозната идеологија што ја застапуваат, при што настојуваат да го мобилизираат целото население во тој потфат и покажуваат исклучителна нетолеранција кон секого што не се согласува со целите и средствата преку кои режимот се стреми да ги оствари своите цели. Тоталитарните системи ја одржуваат својата власт преку еднопартиско владеење, политичка полиција, преку пропаганда што ја шират преку медиумите под контрола на државата и преку акти на терор (насочени кон политичките неистомисленици и/или кон одредени категории на луѓе). Тоталитаризмот е најважната демократија со која треба да владее една власт.

Според нивото на репресија, тоталитарните режими спаѓаат помеѓу најрепресивните општествени уредувања. Сепак, тоталитарните режими, за разлика од авторитарните, не се потпираат само врз репресијата и врз зацврстувањето на својата власт во голема мера се потпираат и врз пропагандата. Поради тоа, иако во принцип тоталитарните режими се порепресивни од авторитарните, постојат одредени авторитарни режими кои се порепресивни од одредени тоталитарни режими.

Класични примери на тоталитарни режими се: италијанскиот фашизам, германскиот нацизам и комунистичките режими воспоставени ширум светот. Според нивото на репресија тоталитарните режими можат да се поделат на режими со „тврд“ тоталитаризам и режими со „мек“ тоталитаризам. Режими со „тврд“ тоталитаризам се оние тоталитарни режими каде што теророт е на исклучително високо ниво. Тука спаѓаат Сталиновата Русија и Хитлеровата Германија. Режимите со „мек“ тоталитаризам, од друга страна, не исклучувајќи го теророт, него го сведуваат на релативно помала мерка и главно се потпираат врз моќта на пропагандата. Примери за режими со „мек“ тоталитаризам се: Лениновата Русија, Италија на Мусолини, комунистичка Југославија, Куба и други.

Најпознати аналитичари што се занимавале со проблематиката на тоталитаризмот се: Карл Попер, Карл Фридрих, Хана Арент и Збигњев Бжежински.