Хана Арент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хана Арент
Hannah Arendt

'
2014-08 Graffiti Patrik Wolters alias BeneR1 im Team mit Kevin Lasner alias koarts, Hannah Arendt Niemand hat das Recht zu gehorchen, Geburtshaus Lindener Marktplatz 2 Ecke Falkenstraße in Hannover-Linden-Mitte.jpg
Фреска од Хана Арент во Хановер, од графити артистите BeneR1 и koarts, базирана на фотографија од Кате Фурст
Изворно име '
Роден(а) 14 октомври 1906(1906-10-14)
Хановер, Германија
Починал(а) 4 декември 1975(1975-12-04) (воз. 69 г.)
Њујорк, САД
Националност Германка
Подрачје Западна филозофија
Школа Континентална философија, егзистенцијална феноменологија, филозофија на живот и републиканизам
Претежна дејност
Политичка теорија, модернизам, филозофија на историја

Хана Арент (германски: Hannah Arendt; Хановер, 14 октомври 1906Њујорк, 4 декември 1975) — германска политичка теоритичарка и еврејски филозоф. Таа ја напуштила Еворпа за време на холокаусот и станала американски државјанин. Нејзините дела се соочуваат со природата на моќта и субјектите на политиката, директната демократија, власта и тоталитаринизмот. Наградата "Хана Арент" е именувана во нејзина чест.

Биографија[уреди | уреди извор]

Растела во еврејско семејство кое припаѓало во средната класа. Растела во Кенигсберг и Берлин. Студирала филозофија на универзитетот во Марбург заедно со Мартин Хајдегер и Хасо Јонас. Со Хајдегер започнала долга и страсна романтична врска поради која подоцна била критикувана поради поддршката на Хајдер за нацистичките покрети за време на неговиот рекордски мандат на универзитетот во Фрајбург.

За време на првото раскинување на Хајдегер таа се сели во Хајделберг каде што ја пишува својата десертација, под менторство на Јаспер, во концепт на љубовта. Подоцна, во 1929 година се омажила за германскиот евреј Гантер Штерн подоцна познат како Гантер Андерс. Се развеле во 1937 година. Нејзината десертација била објавена истата година но таа не добила квалификација за неопходна работа на германскиот универзитет. Некое време се занимавала со истражување на антисерти но била испратна во Париз. Таму го запознала книжевниот критичар и филозоф, Волтер Бењамин. Во Франција работи на помагање на еврејските бегалци за што била затворена во логорот „Гурс“ но успеала да побегне после неколку недели. Подоцна се омажила за Хајнрих Блихер и со него побегнала во САД. Во Америка активно се занимавала со помагање на еврејските заедници. Пишувала во колумнот за „Ауфбау“, еврејски весник на германски јазик. Станува близок пријател со Јаспер и неговата сопруга.

Во 1950 година, Арент станува неутрализиран државјанин на САД. Работи на различни универзитети во САД како што се Беркли и Прстон. Била првата жена професор на америчкиот универзитет. Умрела во 1975 година во 69-тата година од животот.