4 декември
Изглед
Предлошка:Декември 2025 4 декември — 338-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (339-и во престапна година). Остануваат 27 денови до крајот на годината.
Настани:
1993 | На изборниот Архиепископско-црковен народен собир на МПЦ, што се одржа во катедралниот храм на охридските архиепископи „Св. Софија“, во Охрид, Митрополитот Повардарски Господин Михаил, е избран за поглавар на Македонската православна црква, станувајќи Господин Господин Михаил. |
1993 | Сооронбај Жеенбеков станува престедател на Киргистан. |
Родени:
1735 | Јосиф Николај Лауренти — австриски природонаучник. |
1795 | Томас Карлајл — шкотски сатиричар, есеист и историчар. |
1875 | Рајнер Марија Рилке — германски поет. |
1893 | Аугуст Цесарец — хрватски револуционер и писател. |
1930 | Џим Хол — американски џез-музичар. |
1953 | Жан-Мари Пфаф — белгиски фудбалски голман. |
1955 | Касандра Вилсон — американска џез-музичарка и пејачка. |
1956 | Бернард Кинг — американски кошаркар. |
1962 | Александар Литвиненко — агент во КГБ и ФСБ. |
1963 | Сергеј Бубка — украински и советски атлетичар. |
1964 | Мариса Томеи — американска глумица. |
1972 | Хауард Ајсли — американски кошаркар. |
1982 | Сергеј Горбок — руски ракометар. |
1996 | Диого Жота — португалски фудбалер. |
Починале:
1334 | Јован XXII — римски папа. |
1547 | Ернан Кортес — шпански конквистадор. |
1642 | Арман Жан ди Плеси Ришелје — француски државник, кардинал и Прв министер на кралот Луј XIII. |
1679 | Томас Хобс — англиски филозоф, претставник на класичниот англиски емпиризам. |
1798 | Лујџи Галвани — италијански физичар. |
1932 | Густав Мајринк — австриски писател. |
1945 | Томас Хант Морган — американски биолог, основач на генетиката. |
1976 | Бенџамин Бритен — англиски композитор и пијанист. |
1993 | Френк Запа — американски рок-музичар. |
1995 | Петар Глигоровски — македонски сликар. |
2011 | Сократес — бразилски фудбалер. |