20 декември
Изглед
Предлошка:Декември 2026 20 декември — 354-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (355-и во престапна година). Остануваат 11 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1582 | По неколку други европски земји, и во Франција е воведен грегоријанскиот календар, со прескокнување на 10 дена, и сметајќи го денот по 9 декември како 20 декември. |
| 1830 | Учесниците на Лондонската конференција, на која беа застапени Британија, Франција, Австрија, Прусија и Русија, се согласија за одделување на Белгија и Холандија, по востанието што го кренаа Белгијците, за да формираат независна држава. |
| 1994 | Непопусливоста во разговорите меѓу руското и чеченското раководство доведе до жестоки борби во главниот град на Чеченија, Грозни и до стотици загинати невини граѓани. |
| 1902 | Француските научници Марија и Пјер Кири лабораториски издвоија нов елемент - радиум што го открија уште во 1898 година. Тие тогаш, само утврдија дека радиумот постои, но беа потребни низа години голема работа, трпеливост и самооткажување додека, Марија Кири успеа лабораториски да ги издвои чистите честички на радиумот. Во 1903 година Марија и Пјер Кири ја добија Нобелова награда за физика. |
Родени:
| 1699 | Кристоф Томас Шефлер — германски фрескописец. |
| 1902 | Васил Иљоски — македонски писател. |
| 1909 | Андон Дуков — македонски партизан во НОБ и сликар. |
| 1908 | Петар Шапкарев — бугарски економист. |
| 1915 | Илија Џувалековски — македонски глумец. |
| 1917 | Дејвид Бом — американски физичар. |
| 1923 | Ацо Шопов — македонски писател и академик. |
| 1925 | Властимир Николовски — македонски композитор. |
| 1928 | Сервет Салиу — македонски политичар. |
| 1956 | Дамир Десница — хрватски и југословенски фудбалер. |
| 1957 | Ана Виси — грчка и кипарска пејачка. |
| 1957 | Били Брег — англиски рок-музичар. |
| 1957 | Мајк Ват — американски рок-музичар. |
| 1969 | Абдилаќим Адеми — македонски политичар. |
| 1979 | Мајкл Роџерс — австралиски велосипедист. |
| 1980 | Ешли Кол — англиски фудбалер. |
| 1980 | Мартин Демикелис — аргентински фудбалер. |
| 1980 | Михаел Албасини — швајцарски велосипедист. |
| 1991 | Жоржињо — бразилско-италијански фудбалер. |
| 1995 | Умут Мераш — турски фудбалер. |
| 1998 | Килијан Мбапе — француски фудбалер. |
Починале:
| 217 | Зефирин — римски папа. |
| 1355 | Стефан Душан — српски цар. |
| 1937 | Ерих Лудендорф — офицер во германската армија. |
| 1982 | Артур Рубинштајн — полско-американски пијанист. |
| 1996 | Карл Сејган — американски астроном. |
| 2021 | Горан Собин — хрватски и југословенски кошаркар. |
| 2025 | Драган Б. Костиќ — македонски музички новинар и радио-водител. |
| 2025 | Лазе Манасковски — македонски глумец. |