Ешли Кол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Англија Ешли Кол
ACole.JPG
Лични податоци
Полно име Ешли Кол
Роден на 20 декември 1980 (1980-12-20) (воз. 36 г.)
Роден во Стипнеј, Лондон, Англија
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Лос Анџелес Галакси Лос Анџелес Галакси
Број 3
Младинска кариера
1997–1998 Арсенал Арсенал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–2006 Арсенал Арсенал 156 (8)
1999–2000 Кристал Палас Кристал Палас 14 (1)
2006–2014 Челси Челси 229 (7)
2014–2016 Рома Рома 11 (0)
2016- Лос Анџелес Галакси Лос Анџелес Галакси 26 (1)
Репрезентација
1999 Англија Англија 20 2 (0)
2002 Англија Англија 21 5 (1)
2001–2014 Англија Англија 107 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17
22, 16 May 2012 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 18:43, 24 June 2012 (UTC)

Ешли Кол (роден на 20 декември 1980) е англиски фудбалер, играч од одбраната на Лос Анџелес Галакси и поранешен репрезентативец на Англија.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Игра на позицијата лев бек. Арсен Венгер, го опишал Кол како „дефанзивец кој едноставно сака да напаѓа“.

Биографија и кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Ешли Кол во дресот на Челси во 2013.

Ешли Кол е роден во Стипнеј, Лондон. Кол неговата младинска кариера ја започнал во Арсенал и го потпишал целосниот договор во ноември, 1999, каде што се појавил на 227 натпревари и постигнал 9 голови. Со Арсенал тој освоил две титули од ФА Премиер Лигата, три од ФА Купот, и бил интегрален член на „The Invincibles“ (мак. "Непобедливите") во сезоната 2003-2004. Во август 2006, по долготрајна трансфер сага, Кол се префрлил во Челзи со кој освоил една титула од ФА Премиер Лигата - сезона 2009-2010, четири од ФА Купот, една Лига куп и една титула од Лигата на шампионите.

На 7 јули 2014, Кол потпишал двегодишен договор со италијанскиот клуб Рома.[1][2][3] Своето официјално деби за италијанскиот клуб го имал на 30 август во нивниот прв натпревар од Серија А за сезоната 2014-2015, играјќи ги сите 90 минути во победата со 2–0 над Фјорентина на Олимпико.[4] На 19 јануари 2016, Кол го раскинал неговиот договор со Рома на половина година пред истекот на самиот тој.[5]

На 27 јануари 2016, Кол потпишал за Лос Анџелес Галакси.[6]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Кол станал англиски интернационалец во 2001 и играл на светските првенства во 2002, 2006, 2010 година, и на европските првенства во 2004 и 2012. Тој бил изгласан за Англиски играч на годината во 2010 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ashley Cole: Roma sign former Chelsea defender on two-year deal“, 7 јули 2014.
  2. Ashley Cole signs two-year contract to join Roma“, 7 јули 2014.
  3. Ashley Cole signs a two-year deal with Italian club Roma“, 7 јули 2014.
  4. Roma 2–0 Fiorentina“, „BBC Sport“, 30 август 2014 (конс. 31 август 2014 г).
  5. „Ashley Cole leaves Roma“. AS Roma. 19 јануари 2016. http://www.asroma.com/en/news/2016/1/ashley-cole-leaves-roma. конс. 19 јануари 2016 г. 
  6. „LA Galaxy acquire defender Ashley Cole“. LA Galaxy. 27 јануари 2016. http://www.lagalaxy.com/post/2016/01/27/la-galaxy-acquire-defender-ashley-cole. конс. 27 јануари 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]