BBC News
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Вид | Одделение на Би-Би-Си |
---|---|
Дејност | медијум |
Седиште | , |
Опслужувани подрачја | Посебни услуги за Обединетото Кралство и остатокот од светот |
Клучни личности | Џејмс Хардинг (директор на Вести и Моменталните случувања) |
Услуги | Радио, интернет и телевизиско емитување |
Сопственик | Би-Би-Си |
Вработени | 3.500 (2.000 се новинари) |
Матично претпријатие | Би-Би-Си |
Мреж. место | www.bbc.co.uk/news |
Би-Би-Си Њуз (англиски јазик|BBC News = „Би-Би-Си вести“) е оперативен деловен сектор[1] на BBC одговорeн за собирање и емитување на вести и моменталните случувања. Одделението е светска најголема организација која се занимава со емитување на вести и произвeдува околу 120 часа радио и телевизиски пренос секој ден, а ги покрива вестите и преку интернет.[2][3] Сервисот одржува 44 страни на бироа за вести и има дописници од скоро сите земји. Џејмс Хардинг, некогашен уредник на весникот The Times, е именуван на 16 април 2013 година за директор на Вести и Моменталните случувања.[4]
Годишен буџет на одделението изнесува 350 милиони £; има 3.500 вработени, од кои 2.000 се новинари.[2] Преку каналот BBC Англиски региони, BBC news има регионални центри во цела Англија, како и национални центри за вести во Северна Ирска, Шкотска и Велс. Сите региони и нации произведуваат нивни сопствени програми на локални вести, останати моментални случувања и спортски програми.
Радио и телевизискиот пренос моментално се емитува од ново обновената Куќа за емитување, со сите домашни, светски и онлајн одделенија сместени во најголемата европска просторија за пренос на вести во живо внатре во зградата. Парламентарната покриеност се произведува и емитува од студиото во Милбанк во Лондон.
Во 2004 година, BBC прославил 50 години телевизиски пренос на вести. Новинарите на BBC њуз, камерманите и програмите освоиле награди во текот на годините на известувањето, посебно од Кралското телевизиско друштво. BBC го основал BBC колеџот за журнализам (новинарство) во 2005 година како дел од BBC академијата, пратејќи ги препораките по Хатон извештајот.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Operational Areas of the BBC“. 26 July 2013. BBC. Посетено на 26 јули 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Boaden, Helen (18 ноември 2004). „NewsWatch – About BBC News – This is BBC News“. Посетено на 3 април 2007.
- ↑ „Content“. Архивирано од изворникот на 27 февруари 2007. Посетено на 3 април 2007.
- ↑ Former Times editor James Harding to be news boss at BBC, Gordon MacMillan, MediaWeek, London, 16 April 2013. Retrieved: 16 April 2013.
- ↑ BBC. „What is the college?“. BBC Online. Архивирано од изворникот на 27 јули 2010. Посетено на 28 јули 2010.