ФА Куп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ФА Куп
Thefacup-logo.png
Земја Англија Англија
Основана 1871
Број на клубови 736 (2015-2016)
Актуелен шампион Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед (12-та титула)
(2015-2016)
Најмногу титули Арсенал Арсенал,
Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
(12. титули)
Вебсајт ФА Куп
Трофеј FA Cup.png
ФА Куп 2015-2016


ФА куп (ЕФ-ЕЈ кап) или Куп на Фудбалската Асоцијација, е најстарото натпреварување во светот и за првпат е одиграно 1871 година. Таа година настапиле 15 клубови, а првиот натпревар е одигран на 11 ноември помеѓу Аптон Парк и Клафам Роверс и завршил со резултат 0-3. Првиот погодок во историјата на натпреварувањето го постигнал Џервис Кенрик.

Што се однесува до бројот на освоени купови најуспешни екипи се Арсенал и Манчестер Јунајтед со по 12 титули. Единствениот тим којшто не е од Англија, а успеал да го освои ФА купот е велшкиот Кардиф Сити (во 1927).

До сега само еден клуб го освоил ФА Купот, а да немал ни прволигашки ни второлигашки статус. Во 1901 година тоа била екипата на Тотенхем, кој тогаш бил член на тогашната Јужна лига, односно трета лига по ранг во тој момент. Досега најголем број на финалиња се одиграни на Вембли стадионот (од 1923 до 2000), а вкупно финалињата се играни на 10 стадиони, почнувајќи од Кенингтон Овала 1872 до новиот Вембли каде се играат финалињата од 2007 година.

Најуспешен стрелец во историјата на купот е Хенри Кашам од Нотс Каунти, кој во периодот од 1877 до 1888 година постигнал 49 голови.

Победници и финалисти[уреди | уреди извор]

Клуб Титули Последна титула Финалисти Пос. изгубено финале
1. Манчестер Јунајтед 12 2016 7 2007
2. Арсенал 12 2015 7 2001
3. Тотенхем Хотспар 8 1991 1 1987.
4. Ливерпул 7 2006 6 1996
Астон Вила 7 1957 4 2015
Челси 7 2012 4 2002
7. Њукасл Јунајтед 6 1955. 7 1999.
Блекбурн Роверс 6 1928. 2 1960.
9. Евертон 5 1995. 7 1989.
Вест Бромвич Албион 5 1968. 5 1935.
Манчестер Сити 5 2011. 4 1981.
Вондерерс 5 1878. 0
12. Вулверхемптон Вондерерс 4 1960. 4 1939.
Болтон Вондерерс 4 1958. 3 1953.
Шефилд Јунајтед 4 1925. 2 1936.
15. Шефилд Вендздеј 3 1935. 3 1993.
Вест Хем Јунајтед 3 1980. 2 2006.
17. Престон 2 1938. 4 1964.
Олд Етонианс 2 1882. 3 1883.
Сандерленд 2 1973. 3 1992.
Портсмут 2 2008. 2 1934.
Нотингем Форест 2 1959. 1 1991.
Бери 2 1903. 0
23. Хадерсфилд Таун 1 1922. 4 1938.
Ројал Инжинерс 1 1875. 3 1878.
Дерби Каунти 1 1946. 3 1903.
Лидс Јунајтед 1 1972 3 1973
Саутхемптон 1 1976 3 2003
Оксфорд Јуневрзити 1 1874. 3 1880.
Барнли 1 1914 2 1962
Блекпул 1 1953 2 1951
Кардиф Сити 1 1927 2 2008
Клафам Роверс 1 1880 1 1879
Нотс Каунти 1 1894 1 1891
Барнсли 1 1912 1 1910
Чарлтон 1 1947 1 1946
Олд Кархузианс 1 1881 0
Блекбурн Олимпик 1 1883 0
Брадфорд Сити 1 1911 0
Ипсвич Таун 1 1978 0
Ковентри Сити 1 1987 0
Вимблдон 1 1988 0
Виган Атлетик 1 2013 0
42 Лестер Сити 0 4 1969.
Бирмингем Сити 0 2 1956
Квинс Парк 0 2 1885
Кристал Палас 0 2 2016
Бристол Сити 0 1 1909
Лутон Таун 0 1 1959
Фулам 0 1 1975
Квинс Парк Ренџерс 0 1 1982
Брајтон 0 1 1983
Ватфорд 0 1 1984
Мидлзборо 0 1 1997
Милвол 0 1 2004
Стоук Сити 0 1 2011
Хал Сити 0 1 2014

* Клубовите во италик не постојат повеќе