Прејди на содржината

ФК Ипсвич Таун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ипсвич Таун
Целосно имеФудбалски клуб Ипсвич Таун
ДржаваАнглија Англија
ПрекарСините
Трактористите
Основан1878; пред 146 години (1878)
Бои               сина, бела и црвена
СтадионПортман Роуд
Сместивост30.017
СопственикGamechanger 20 Ltd
ПретседателАнглија Марк Аштон
МенаџерСеверна Ирска Киеран Мекена
ЛигаПремиер лига Премиер лига
2023–24Чемпионшип, 2. место (промоција)
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Ипсвич Таунанглиски фудбалски клуб, од градот Ипсвич, Сафолк.[1][2] Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот фудбал.

Клубот бил основан во 1878 година, но не бил професионален се до 1936 година; дури откако станал професионален, се приклучил на фудбалската лига во 1938 година. Најголемиот успех Ипсвич го постигнал во сезоната 1961-1962, кога ја освоил досега својата единствена титула шампион на Англија. Покрај тоа, тој двапати завршувал како втор во врвната англиска дивизија на почетокот на 1980-тите години (1980-1981 и 1981-1982). Друг успех на клубот на домашната сцена е освојувањето на ФА Купот во сезоната 1977-1978, додека најголемиот успех на европските натпреварувања Ипсвич го остварил со освојувањето на Купот на УЕФА во сезоната 1980-1981.

Својте домашни натпревари Ипсвич ги игра на Портман Роуд, кој има капацитет од преку 30.000 седечки места. Најголемиот соперник на клубот е Норич Сити, против кои го играат дербито на Источна Англија.[3] Традиционалната опрема на Ипсвич се состои од сини дресови и бели шорцеви.

Историја

[уреди | уреди извор]

Клубот е основан во 1878 година. До 1888 година бил познат под името АФК Ипсвич. Истата година тој се сооединил со Ипсвич Рагби Клуб, по што новиот клуб бил наречен ФК Ипсвич Таун.[4] Во раните години од своето постоење клубот освоил низа локални натпреварувања како Suffolk Challenge Cup и Suffolk Senior Cup.[4] Во 1907 година клубот станува член на Јужната аматерска лига, која ја освоиле во сезоната 1921-1922. Истиот успех клубот го повторил и во сезоните: 1929-1930, 1932-1933 и 1933-1934. Во 1934 година, Ипсвич станува член на Eastern Counties Football League. Година дена подоцна влегува во Јужната лига, која ја освоиле уште во својата првата сезона.[5]

Ипсвич влегува во Фудбалската лига на 30 мај 1938, и играл во нејзината Трета дивизија Југ се до сезоната 1953-1954, кога ја освоиле титулата и избориле промоција во Втората дивизија.

Бои и симболи

[уреди | уреди извор]

Традиционалните бои на Ипсвич Таун кој ги има на опремата на клубот за домашните натпревари се сини дресови со бели шорцеви и сини чорапи. Еден од прекарите на Ипсвич Таун е „Блуз“ (The Blues, во превод Сините), што произлегува од нивниот традиционален дрес. Првите регистрирани бои на клубот биле сино-бели дресови со риги со црни шорцеви. Целосно сините дресови и белите шорцеви првпат биле носени во сезоната 1936–1937, по влегувањето на клубот во Јужната фудбалска лига откако станале професионални. Оттогаш тие стојат како основни бои на домашните дресови на клубот.[6]

Откако станал професионален клуб, Ипсвич користел голем број на различни гостински бои на дресови, вклучувајќи бели, портокалови, црвени и црни вертикални риги, кларет и зелена, крем и црни вертикални риги и темно сина и кларет.[7] Во 2006 година, клубот донирал 500 портокалови и сино-бели дресови на децата во Ирак.[8]

За целосната историја на дресовите на клубот, видете Historical Football Kits Site
1881/82
1888/1934
1934/64
1964/77
1977/89
Лого
Сафолк Панч

Грбот на фудбалскиот клуб Ипсвич Таун се состои од „штит“ кој содржи бел коњ таканаречен „Сафолк Панч“ (Suffolk Punch), локална раса коњ, и името на клубот. Усвоен е во 1972 година по конкурс и со текот на времето претрпел различни рестилации додека секогаш ја одржувал истата форма на „кренелен штит“ (како средновековните кули) со доминантна нијанса на сина наизменично со златно жолта или црвена боја. Единствената графичка промена била во рендерот на коњот, кој е направен повеќе сличен на Сафолк Панч.

Претходно симболот на клубот од 1933 до 1957 година се состоел од грбот на градот Ипсвич, штит со готски букви во горниот дел и стилизиран сад (Ипсвич е „пристанишен град“) со средновековен шлем во центарот и втор штит поделен композициски на две полиња, половината содржела неконтролиран лав, а другата половина три краја од бродови, и двете страни опкружени со два морски коња. Од 1965 година, централниот дел на логото (лавот и бродовите) бил прикажан на дресовите на клубот се до 1972 година.

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
Бр. Позиција Играч
1 Косово ГМ Аријанет Муриќ
2 Англија ОД Хари Кларк
3 Англија ОД Лиф Дејвис
4 Англија ОД Бен Годфри
5 Египет СР Сам Морси
6 Англија ОД Лук Вулфенден
7 Велс СР Вес Брнс
8 Англија СР Калвин Филипс
10 Англија НП Конор Чаплин
12 Шведска СР Јенс Кажусте
13 Шкотска ГМ Киеран Сликер
14 Ирска СР Џек Тејлор
15 Австралија ОД Камерон Брџис
16 Ирак НП Али Ал-Хамади
Бр. Позиција Играч
18 Англија ОД Бен Џонсон
19 Англија НП Лиам Делап
20 Англија НП Омари Хачинсон
21 Ирска НП Чидози Огбене
22 Англија ОД Конор Таунсенд
23 Ирска НП Сами Шмодич
24 Англија ОД Џејкоб Гривс
25 Австралија СР Масимо Лонго
26 Ирска ОД Дара О'Шеи
27 Англија НП Џорџ Хрст
28 Англија ГМ Кристијан Волтон
33 Велс НП Нејтн Броудхед
40 ДР Конго ОД Аксел Туанзебе
47 Англија НП Џек Кларк

Менаџери

[уреди | уреди извор]
Статуите на Алф Ремзи и Боби Робсон на Портман Роуд.
Менаџери на Ипсвич Таун

Домашни натпреварувања

[уреди | уреди извор]
1961-1962
1960-1961, 1967-1968, 1991-1992
1953-1954, 1956-1957
1936-1937
1977-1978

Меѓународни натпреварувања

[уреди | уреди извор]
1980-1981
1972-1973

Младински натпреварувања

[уреди | уреди извор]
1972-1973, 1974-1975, 2004-2005
2022 (под 18)

Статистика

[уреди | уреди извор]

Учества во првенства

[уреди | уреди извор]

Заклучно со сезоната 2024-2025 клубот се натпреварувал во следниве првенства:

Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно
Прва дивизија 21 1961-1962 1985-1986 27
Премиер лига 6 1992-1993 2024-2025
Втора дивизија 15 1954-1955 1991-1992 37
Прва дивизија 7 1995-1996 2003-2004
Чемпионшип 16 2004-2005 2023-2024
Трета дивизија 11 1938-1939 1956-1957 15
Лига Еден 4 2019-2020 2022-2023
  1. https://www.bbc.co.uk/sport/football/teams/ipswich-town
  2. https://www.itv.com/news/anglia/topic/ipswich-town/
  3. „East Anglian Derby“. Ipswich Town F.C. Архивирано од изворникот на 3 May 2008. Посетено на 16 March 2007.
  4. 4,0 4,1 * http://tmwmtt.com/page.php?page=404 Архивирано на 22. 2. 2021.
  5. * http://www.salarchives.co.uk/clubipswichtown.asp Архивирано на 20 март 2025 г.
  6. „Ipswich Town – Historical Football Kits“. Посетено на 1 April 2019.
  7. „Ipswich Town F.C. kit“. Pride of Anglia. Архивирано од изворникот 27 September 2007. Посетено на 19 March 2007.
  8. „The New Blue Army“. BBC Suffolk. 3 February 2006. Архивирано од изворникот 26 January 2012. Посетено на 19 March 2007.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Останати сајтови

[уреди | уреди извор]