ФК Ковентри Сити
| Ковентри Сити | ||||
|---|---|---|---|---|
| Целосно име | Фудбал клуб Ковентри Сити | |||
| Држава | ||||
| Прекар | The Sky Blues (небесно-сини) | |||
| Основан | 13 август 1883 | |||
| Локација | Ковентри, Англија | |||
| Бои | небесно-сина и црна | |||
| Стадион | Сент Ендријус | |||
| Капацитет | 29,409 | |||
| Сопственик | Џои Сепала | |||
| Претседател | ||||
| Менаџер | ||||
| Лига | ||||
| 2023–2024 | 9 | |||
| Мреж. место | Службено мрежно место | |||
| ||||
ФК Ковентри Сити — англиски фудбалски клуб со седиште во Ковентри, Западен Мидлендс. Клубот моментално се натпреварува во Чемпионшип лигата, второто ниво на англискиот фудбал, откако избориле промоција во Лига Еден за време на сезоната 2019-2020.
Најголемиот успех во својата клупска историја Ковентри Сити го остварил со освојувањето на ФА Купот во 1987 година, кога во финалето го победиле Тотенхем со 3-2.[1] Клубот, исто така, одиграл 34 сезони во првото ниво на англискиот фудбал во периодот 1967-2001 и биле еден од основачките членовите на Премиер лигата во 1992 година.
Најчесто настапуваат во небесно-сини дресови и шорцеви. Својте домашни натпревари ги играле на Хајфилд Роуд од 1899 до 2005 година, сè до отворањето на Рико Арената во август 2005 која го заменила Хајфилд Роуд како дом на клубот. Сепак, откако клубот не успеал да постигне договор со сопствениците на Рико Арената, рагби клубот Васпс, Ковентри Сити се преселиле на стадионот Сент Ендријус во Бирмингем. Ковентри игра дерби натпревар наречен М69 со локалниот соперник Лестер Сити.
Титули
[уреди | уреди извор]
ФА Куп : 1
- 1986-1987
- 2016-2017
Познати играчи
[уреди | уреди извор]
Филип Клеман
Мухамед Коњиќ
Крег Белами
Џон Хартсон
Дион Даблин
Крис Киркланд
Денис Мортимер
Фил Баб
Гари Брин
Ли Карсли
Роби Кин
Мустафа Хаџи
Јусеф Шипо
Марло Кинг
Гордон Страхан
Кевин Галахер
Гари МакАлистер
Дејвид Спиди
Виктор Ѓекереш
Роланд Нилсон
Магнус Хедман
Арјан де Зеув
Густаво Хамер
Виорел Молдован
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Classic Cup Finals“. The Football Association. Посетено на 8 August 2008.
Ндворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страна
- Ковентри Сити на Soccerbase
- Ковентри Сити на Transfermarkt
- Ковентри Сити на официјалната страна на UEFA
| ||||||||