ФК Вотфорд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Англија Вотфорд
Watford.png
Целосно име Фудбалски клуб Вотфорд
Прекар(и) стршлени
Основан 1881
Терен Викариџ Роуд[1]
Вотфорд, Англија
(Капацитет: 21,438 [2])
Сопственик Италија Џино Поцо[3]
Претседател Скот Дагзбери [4]
Менаџер Португалија Марко Силва [5]
Лига Premier League Logo.png Премиер лига
2016–17 Премиер лига, 17-ти
Мреж. место Официјално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

ФК Вотфорд е професионален фудбалски клуб од Вотфорд, грофовијата Хартфордшир, Англија. Моментално се натпреварува во Чемпионшип, втората лига по ранг на англискиот фудбал. Прекарот на клубот е Hornets или стршлените.

Клубот е основанво 1881 година под името Вотфорд Роверс. Првиот настап во ФА купот го имале во 1886 година и првобитно се натпреварувале во Јужната лига една декада подоцна. Откако во сезоната 1914-1915 под водство на Хари Кент Вотфорд ја освоил Јужната лига, во 1920 година клубот влегува во Фудбалската лига. Во својата историја клубот променил неколку стадиони пред да дојде на Викариџ Роуд во 1992 година, на кој и денес ги игра својте домашни натпревари.[6] Поголемиот дел од своето постоење Вотфорд го поминал играјќи во пониските лиги, а во Премиер лигата има настапувано само две сезони и тоа за последен пат во сезоната 2006-2007. Исто така во повеќе наврати клубот ги менувал боите и амблемите.[7]

Периодот под водство на Греам Тејлор бил еден од најуспешните периоди во историјата на клубот. Од неговото назначување во 1977 година па до заминувањето во 1987 година, Вотфорд успеал од четвртата дивизија да стигне до првата. Во сезоната 1982–1983, клубот завршил на второ место во Првата дивизија, и така се пласирал за Купот на УЕФА. Во 1984 година Вотфорд играл во финалето на ФА Купот каде бил поразен со 2-0 од Евертон.[8] Од 2011 година, клубот е во сопственост на италијанското семејство Поцо, кое исто така во своја сопственост ги има и екипите на Удинезе од италијанската Серија А и шпанската Гранада.

Историja[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот клуб Вотфорд Роверс е формиран во 1881 година. Својте први натпревари клубот ги играл на "Касиобери Парк", пред да се премести на "Викериџ Мидоу" и нешто подоцна на "Маркет Стрит" во Вотфорд. За прв пат се натпреварувале во ФА Купот во сезоната 1886-1887, а во 1889 година го освоиле Каунти купот. Клубот станал фудбалски дел од Вест Хартфордшир Спортс клуб во 1890 година и последователно се преместиле на стадионот на ул. "Касио Роуд". Клубот бил преименуван во Вест Хартфордшир во 1893 година, приклучувајќи и се на Јужната Фудбалска лига во 1896, а во 1897 играчите на клуба станале професионалци. Во 1898 Вест Хартфордшир се соединил со Вотфорд Сеинт Мери'с и бил создаден нов фудбалски клуб под името ФК Вотфорд.

Вотфорд останал во Јужната лига до 1920 година, додека Јужната лига не била приклучена кон Третата англиска дивизија. Така клубот влегол во Фудбалската лига. Од сезоната 1921-1922, третото ниво на Фудбалската лига содржело два паралелни дела (Север и Југ) од 22 клуба, кој се бореле за промоција во Втората дивизија и за одржување на лигашкиот статус. Според системот последните два клуба од двата дела требале да играат со победниците на Северната и Јужната лига. Вотфорд завършиле на 21-во место во сезоната 1926-1927, но едногласно биле преизбрани со 44 гласа од останатите клубови од Третата дивизија. Играта на клубот пред Втората светска војна се подобрела и тие завршиле во топ 6 пет последователни години во периодот меѓу 1934-1935 и 1938-1939. Во меѓувреме го освоиле Купот на Трета Дивизия "Југ" во 1937 година. По продолжувувањето на лигата после војната Вотфорд останале во истата дивизија. Во сезоната 1950-1951 клубот завршил на 23-тото место, но одново едногласно сите 48 клуба од Третата дивизија гласале за негово останување во дивизијата "Југ".

Клубот останал во Третата дивизија "Југ" до 1958 година, кога првенството се преструктурирало во четири дивизии за сезоната 1958-1959. Токму Вотфорд бил поставен во новата Четврта дивизија. Клубот поминал две сезони таму, пред да избори промоција за Третата дивизија во 1960 година. Рон Барџис, поранешниот играч на Тотенхем бил избран за тренер при крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години на 20 век, но една од причините за освојувањето на промоција бил и најдобриот стрелец за сезоната Клиф Холтон, кој направил клупски рекорд од 42 гола за една сезона. Откако во следната сезона Холтон постигнал уште 34 гола, клубот решил да го продаде на Нортхемптон Таун заедно со уште некои други играчи. Барџис бил наследен од Бил Mекгари, кој купил нови играчи како Чарли Ливси, Рон Сондерс и Џими MакАнирни. Северноирскиот голман Пат Џенингс дошол во Вотфрод во 1963 година од Њури Таун, и покрај тоа што настапувал во Третата дивизија бил повикуван во репрезентативниот соств. Добрите игри му донеле трансфер во Тотенхем за помалку од една година.

Макгари заминал во Ипсвич во 1964 година и бил заменет со Кен Фарфи кој дошол од Воркингтон Таун како играч-тренер. Тој донел некој нови играчи како 22-годишниот Кит Еди и поискусниот и поранешен младинец Денис Бонд, но отккако клубот неуспеал да избори промоција во сезоната 1966-1967, Бонд бил продаден на Тотенхем. Во 1969 година клубот одново створил силна екипа со потпишувањето на Бари Енден. Пристигањето на Енден се поклопува со почетокот на одличната серија натпревари без пораз после Божиќ, и Вотфорд си ја осигурал титулата во април, после натпреварот на домашен терен против Плимут Аргајл. Една година подоцна за прв пат Вотфорд се пласирал во полуфиналето на ФА купот. На патот до таму победиле клубови од Првата дивизија како Стоук Сити и Ливерпул. После добрите игри навивачите започнале да веруваат дека наскоро би можеле да го видат својот клуб во Првата дивизија. Но набргу потоа, Кен Фарфи бил назначен за тренер на Блекбурн Роверс, а на клупата на Вотфорд него го наследил Џорџ Кирби. Попречени од недостатокот на средства тимот на Кирби испаднал во Третата дивизија во 1972 година.[9] Понатаму, Вотфорд не успевал да се врати назад во Втората дивизија, туку напротив - во 1975 година испаднале во Четвртата дивизија. Во тие тешки времиња на помош на тимот се нашол еден познат навивач и приврзаник, пејачот Елтон Џон, кој му се приклучил на Вотфорд во 1973 година како претседател, а во 1976 година станал сопственик на клубот. Пејачот изразил амбиција да го одведе Вотфорд во Првата дивизија,[9] а првиот потег му бил врчувањето отказ на менаџерот Мајк Кин во април 1977.

Во јуни 1977, кога за менаџер бил назначен Греам Тејлор Вотфорд бил обичен клуб од Четвртата дивизија. Тејлор постигнал успех со клубот веќе во својата прва сезона освојувајќи ја титулата во дивизијата, и изборувајќи промоција назад во Третата дивизија. Следната сезона избориле промоција во Втората дивизија, со помош на Рос Џенкинс кој ја завршил сезона како најдобар стрелец во лигата со 29 гола. Во следните две сезони "стршлените" завършиле соодветно на 18-то и 9-то место, а историската промоција во Првата дивизија за први пат во историјата на клубот била обезбедена во сезоната 1981-1982, кога завршиле како втори зад Лутон Таун.[10]

Вотфорд ја започнал својата прва сезона во Првата дивизија со победи над Евертон и Саутхемптон. Со тоа за период од седум години клубот се искачил од дното на најниската дивизија на Фудбалската лига до најгорната позиција во највисоката дивизија. Но и покрај добриот почеток "стршлените" не биле во ситуација да се борат за титулата, но на општо изненадување на крајот на сезоната завршиле како втори зад Ливерпул, со што избориле учество во Купот на УЕФА за следната сезона. Напаѓачот Лутер Блисет ja завршил сезоната како најдобар стрелец во лигата со 27 гола, но по завршувањето на сезоната тој бил продаден на италианскиот Милан за 1 млн. фунти. По освојувањето на второто место, за клубот дошол нов успех - финалето на ФА Купот во 1984, во кое загубиле од Евертон со 2-0.[11] Во своето прво искуство во Евро турнирите, Вотфорд бил елиминиран во третата рунда на Купот на УЕФА од Славија Прага од Чехословачка, откако претходно ги елиминирале екипите на Кајзерслаутерн, Левски Софија. Во лигата клубот завршил на 11. место, благодарение на новото засилување 20-годишниот напаѓач Мо Џонстон од Шкотска, кој постигнал 20 гола во 29 првенствени натпревари.[12] Откако ја завршил сезоната 1986-1987 со Вотфорд на деветото место, Тејлор потпишал за Астон Вила.

По заминувањето на Тејлор, менаџерот на Вимблдон Дејв Басет бил назначен како негов наследник. Меѓутоа, продажбата на Џон Барнс во Ливерпул се одразила многу лошо за "стршлените", и стартот на сезоната 1987-1988 бил ужасен. Басет бил отпуштен во јануари 1988, а клубот испаднал од Првата дивизија на крајот од сезоната. В следната сезона 1988-1989, Вотфорд не успеал да се врати во Првата дивизија бидејќи загубиле во плејофите на Втората дивизија. Сепак сезоната ќе биде запомнета по успехот на младинскиот тим на Вотфорд до 18 години кој го освоиле Младинскиот ФА куп, победувајќи го Манчестер Сити со 2:1 по продолженија, а на голот на Вотфорд во тој натпревар бил идниот англиски репрезентативец Дејвид Џејмс. Во следните неколку сезони со својте резултати Вотфорд не покажал сериозна амбиција за враќање во Првата дивизија. Во 1992 година Втората дивизија на Фудбалската лига на Англија била преименувана во Прва дивизија, по формирањето на Премиер лигата. Во сезоната 1994-1995, младиот играч од средниот ред Крег Рамиџ го инспирира клубот да одигра добра сезона, но на крајот Вотфорд завршиле седми, без шанси да се пласираат во Премиер лигата. Во 1993 поранешниот играч од средниот ред на клубот, Глен Редер, станал нов менаџер но ни тој неуспеал многу да ги подобри работите. И покрај враќањето на најуспешниот нивен менаџер во клупската историја, Греам Тејлор како помошник-тренер во февруари 1996, клубот испаднал во Втората дивизија (третата лига по ранг).

По испаѓањето Тејлор станал спортски директор, а на менаџерската функција дошол Кени Џакет. Откако клубот завршил само во средината на табелата во Втората дивизија во 1996-1997, Џакет бил оставен во клубот но на позицията на помошник менаџер, а Тејлор се вратил на менаџерското место. Тој го одвел Вотфорд до титулата во Втората дивизија во сезоната 1997-1998. Следната сезона следела втора промоција по ред, благодарение на победата во финалето на плејофот со 2-0 над Болтон. Така, Вотфорд се вратил во највисокиот ранг на англискиот фудбал по пауза од 11 години и за прв пат во својата историја се настапил во новоформираната Премиер лига. Сезоната започнала добро за "стршлените" кога тие го победиле Ливерпул, но подоцна резултатите на тимот се влошиле и тие ја завршиле сезоната како последни. Греам Тејлор се повлекол од фудбалот на крајот од сезоната 2000-2001, и бил заменет со италијанската фудбалска легенда, Џанлука Вијали. Вијали потпишал скап договор и сметките и платите во клубот нагло нараснале, бидејќи самиот Вијали заработувал речиси еден милион фунти по сезона. Покрај сето тоа и резултатите на клубот не биле доволно добри откако завршиле на 14-то место во дивизијата и Вијали бил отпуштен, откако одбил да поднесе оставка. Тој бил заменет со Реј Луингтон, кој му се приклучил на клубот од резервниот состав.

Слабата финансиска позиција на Вотфорд се влошила во сезоната 2002-2003 после распаѓањето на ITV Digital. Клубот се соочил со администрација, но споразумниот договор со играчите и персоналот за намалување на 12% од платите му помогнал на клубот да заштеди пари, и тимот стигнал до полуфиналето на ФА Купот во 2003, кој му генерираат приходи од витално значење. Поради финансиските проблеми многу играчи на клубот биле ослободени во текот на летото. Сезоната 2003-2004 започнала добро, но слабата форма на тимот довела до пад дури до зоната на испаѓање. И покрај тоа што стигнале до полуфиналето на Лигата купот, не успеале да ја подобрат формата во шампионатот и Луингтон бил отпуштен во март 2005. Неговиот наследник Ејди Бутројд успеал да го задржи клубот во лигата.

Стадиони[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Викариџ Роуд.

Во доцните години на 19. век, Вотфорд играл на неколку стадиони како "Касиобери Парк", "Викериџ Мидоу" и "Маркет Стрит". Во 1890 година клубот се преселил на Касио Роуд, каде играле 32 години. Во 1922 се преселиле на нивниот денешен стадион Викариџ Роуд, кој се наоѓал во непосредна близина на Касио Роуд.[13]

Ривали[уреди | уреди извор]

Навивачите на Вотфорд имаат долго-годишно ривалство со оние на Лутон. Двата клуба редовно се среќавале во Јужна лига во периодот меѓу 1900 и 1920 година,[14] и го продолжиле своето ривалство и по влезот во фудбалската лига се до 1937 година,[15] кога Лутон избрил промоција од Третата дивизија - Југ. Лутон останал во повисок ранг на натпреварување од Вотфорд се до 1963 година.[16]

Меѓусебен скор на Вотфорд и Лутон Таун во сите досегашни натпревари[15]
Победи на Вотфорд 36
Победи на Лутон 53
Нерешени 29
Вкупно натпревари 118

По натпреварувања[уреди | уреди извор]

Исход на натпревар Фудбалска лига Јужна лига ФА Куп Лига Куп Останати Вкупно
Победи на Лутон Таун 32 13 5 2 1 53
нерешени 19 5 4 0 1 29
Победи на Вотфорд 25 8 2 0 1 36

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Од 10 август 2017 година[17][18]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Бразил ГМ Еурељо Гомеш
2 Холандија ОД Дарил Јанмат
3 Уругвај ОД Мигел Бритос
4 Франција ОД Јунес Кабул
5 Австрија ОД Себастијан Предл
6 Јамајка ОД Едријан Мариапа
7 Мароко СР Нордин Амрабат
8 Англија СР Том Клеверли
9 Англија НП Трој Дини (капитен)
10 Нигерија НП Исак Саксес
11 Бразил НП Ришарлисон
14 Англија СР Натаниел Чалоба
15 Северна Ирска ОД Крег Кеткарт
16 Франција СР Абдулаје Дукуре
17 Англија НП Џером Синклер
Бр. Нац. Позиција Играч
18 Англија НП Андре Греј
19 Англија СР Вил Хјуз
20 Аргентина НП Мауро Зарате
21 Шпанија ОД Кико Феменија
23 Англија СР Бен Вотсон
25 Грција ОД Хосе Холебас
26 Брег на Слоновата Коска ОД Брис Џа Џеџе
27 Белгија ОД Кристијан Кабаселе
29 Франција СР Етјен Капу
30 Романија ГМ Костел Пантилимон
31 Ирска ОД Томи Хобан
33 Италија НП Стефано Окака
35 Австрија ГМ Даниел Бахман
37 Аргентина СР Роберто Переира

Титули и успеси[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. * http://www.stadionwelt.de/sw_stadien/index.php?folder=sites&site=ligen&land=England
  2. „Vicarage Road“ (HTML). Premier League. https://www.premierleague.com/clubs/33/Watford/stadium. конс. 20 септември 2016 г. 
  3. "Udinese's Pozzo family complete Watford takeover". BBC Sport. 29 јуни 2012. Пристапено 25 април 2015.
  4. Smith, Frank (5 July 2012). "Riva is Watford's new chairman". Watford Observer. Пристапено 25 април 2015.
  5. "Silva Named Hornets' Head Coach". watfordfc.com. Retrieved 27 May 2017.
  6. * http://web.archive.org/web/20091005031853/http://www.watfordfc.com/page/History/0,,10400~65929,00.html
  7. * http://www.historicalkits.co.uk/Watford/Watford.htm
  8. * http://www.thefa.com/Competitions/FACompetitions/TheFACup/History/historyofthefacup/1984evertonwatford
  9. 9,0 9,1 Hornet History :A History of Watford FC
  10. [1]
  11. [2]
  12. [3]
  13. Jones 1996, pp. 8–9.
  14. Jones 1998, pp. 27–63.
  15. 15,0 15,1 soccerbase, уред. „Head to head - Watford vs. Luton“. http://www.soccerbase.com/teams/head_to_head.sd?team_id=2741&team2_id=1628. 
  16. Harrison, David (March 2002). "Herts rule Beds". When Saturday Comes. Пристапено 1 мај 2014.
  17. „First-team squad“. Watford F.C.. https://www.watfordfc.com/teams/first-team. конс. 10 август 2017 г. 
  18. „2017/18 squad numbers“. Watford F.C.. 3 август 2017. https://www.watfordfc.com/teams/first-team/confirmed-201718-squad-numbers. конс. 9 август 2017 г.