Славиша Јокановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Славиша Јокановиќ
DK-Maccabi (11).jpg
Јокановиќ како менаџер на Макаби Тел Авив во 2015
Лични податоци
Полно име Славиша Јокановиќ [1]
Роден на 16 август 1968 (1968-08-16) (50 г.)[1]
Роден во Нови Сад, СФР Југославија
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција средишен играч
Клупски податоци
Сегашен клуб Фулам (тренер)
Младинска кариера
1985–1986 Нови Сад
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1986–1988 Нови Сад 35 (5)
1988–1990 Војводина 54 (10)
1990–1993 Партизан 61 (20)
1993–1995 Овиедо 62 (12)
1995–1999 Тенерифе 123 (17)
1999–2000 Депортиво Ла Коруња 23 (2)
2000–2002 Челзи 39 (0)
2003–2004 Мурсија 6 (0)
Вкупно 403 (66)
Репрезентација
1991–2002 Србија 64 (10)
Раководител на екипите
2007–2009 Партизан
2012–2013 Муангтонг Јунајтед
2013 ПФК Левски (Софија)
2014 Херкулес
2014–2015 Вотфорд
2015 Макаби Тел Авив
2015– Фулам
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Славиша Јокановиќ (роден на 16 август 1968 година ) е српски поранешен фудбалер кој настапувал во касните 80- ти години и раните 90-ти години, а моментално е менаџер на англискиот фудбалски клуб Фулам.

Физички спремен играч, со одрдени вештини, но и со одлична способност во воздухот, многу важен играч од средниот ред[2] кој имресивно настапувал за Партизан пред да помине 7 години во шпанската Ла Лига со три различни клубови, настапувајќи на 208 натпревари и постигнувајќи 31 гол, главно за Тенерифе.Тој исто така настапувал две години за Челзи кон крајот на неговата кариера, и ја претставувал репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Светското првенство во Франција 1998 година и Евро 2000, при што забележал 64 настапи со десет постигнати голови.

Јокановиќ својата тренерска кариера ја започнал во 2007 година, како тренер на Партизан со кој ја освоил двојната круна во српското првенство, но не успеал да се квалификува во Лигата на шампионите. Во 2012 година тој ја продолжува тренерската кариера во Таи лигата како тренер на Муангтонг Јунајтед каде што му ја донел третата титула во историјата на клубот без пораз во првенствениот циклус. Во јули 2013 година, Јокановиќ го превземам бугарскиот фудбаски тим Левски Софија.[3]Тој бил ослободен од должностите во октомври, поради лошите резултати, но клупските поддржувачи тврделе дека треба да му се даде време за да се променат работите.[4]

На 5 Мај 2014 година, шпанскиот фудбалски клуб ФК Херкулес потврдил дека Јокановиќ ќе го предводи клубот до крајот на сезоната, заменувајќи го Кике Хернандес кој добил отказ после завршувањето на последната позиција во шпанската Сегунда во тој дел од сезоната.[5] Тој само еднаш успеал да дојде до победа во петте натпревари во сезоната 2013–14 година.[6]

На 7 октомври 2014 година, Јокановиќ бил именуван за тренер на Вотфорд кој тогаш настапувал во англискиот Чемпионшип како четврти тренер од почетокот на сезоната. Тој добил краток договор да ја води екипата до крајот на сезоната.[7] Под негово водство, Вотфорд бил промовиран во Премиер лига со една одлична игра со скор од 15 победи на 20 натпревари;[8][9] На 5 јуни 2015 година, откако не успеал да се согласи на нов договор со управата, тој ја напуштил клупата и бил заменет од страна на Кике Санчез Флорес.[10]

На 14 јуни 2015 година, Јокановиќ бил назначен за тренер на Макаби Тел Авив. На 25 август, тој во третото коло од квалификациите на Лигата на Шампионите успеал да го внесе клубот во групната фаза во Лигата на Шампионите за прв пат по 11 години, по елиминацијата на Базел.[11]

Улогата на Јокановиќ траела повеќе од шест месеци кога тој избрал да се врати во англискиот Чемпионшип, приклучувајќи се Фулам на 27 декември 2015 година.[12] По обезбедувањето на опстанок во сезоната 2015-16, во новата сезона тој ја постави целта на тимот да биде на првите шест места во лигата како би обезбедиле повраток во Премиер лигата или најмалку квалификации за неа.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Slavisa Jokanovic“. Barry Hugman's Footballers. http://hugmansfootballers.com/player/10328. посет. 31 март 2017 г. 
  2. Euro 2000 profile; BBC Sport
  3. Йоканович е новият треньор на "Левски" (Jokanović announced as the new manager of "Levski" Sofia); Topsport, 16 July 2013 (бугарски)
  4. Bulgaria's Levski set to fire coach Jokanovic; Novinite, 8 October 2013
  5. Jokanovic, nuevo entrenador del Hércules“, Marca, 5 мај 2014 (посет. 8 април 2015 г). (на Spanish)
  6. Hércules desciende a Segunda B por tercera vez en su historia“, Mundo Deportivo, 31 мај 2014 (посет. 20 мај 2015 г). (на Spanish)
  7. Watford: Slavisa Jokanovic replaces Billy McKinlay as boss“, BBC Sport, 7 октомври 2014 (посет. 16 октомври 2014 г).
  8. „Watford seal Premier League return as Brighton are put to the sword“. The Guardian. 25 април 2015. https://www.theguardian.com/football/2015/apr/25/brighton-watford-championship-match-report. посет. 1 мај 2015 г. 
  9. Watford 1–1 Sheff Wed“, BBC Sport, 2 мај 2015 (посет. 6 мај 2015 г).
  10. Watford: Quique Sanchez Flores replaces Slavisa Jokanovic“, BBC Sport, 5 јуни 2015 (посет. 22 јануари 2016 г).
  11. Zahavi strike ensures Maccabi edge out Basel“, UEFA.com, 25 август 2015 (посет. 31 август 2015 г).
  12. „Jokanović appointed“. Fulham F.C. 27 декември 2015. http://www.fulhamfc.com/news/2015/december/27/jokanovic-appointed. посет. 27 декември 2015 г. 
  13. Fulham boss targets top six next season“, West London Sport, 7 мај 2016 (посет. 10 мај 2016 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]