ФК Партизан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Партизан
Грбот на ФК Партизан
Целосно име Фудбалски клуб Партизан
Основан 1945
Распаднат
Стадион Стадион на Партизан
Капацитет 32.710
Претседател Милорад Вучелиќ
Тренер Александар Станојевиќ
Лига Суперлига Србија
2022-23 4.
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ФК Партизан е фудбалски клуб од Белград. 27 пати ја има освоено шампионската титула (прво на СФРЈ, подоцна на Југославија и на крајот на Србија), а освојувач е и на 15 национални купови. Најголем успех на Партизан на европско тло е финалето во Купот на европските шампиони против мадридски Реал. По распадот на заедничката држава, Партизан е првиот клуб од Србија кој се има пласирано во Лигата на шампионите и кој ја има поминато фазата по групи во Купот на УЕФА, стигнувајќи до осминафиналето.

Историја[уреди | уреди извор]

Партизан е основан на 4 октомври 1945 година, како дел од Југословенското спортско друштво. Клубот сè уште е член на истото друштво, чие име денес е променето во Спортско друштво на Србија и кое брои 25 клубови во различни спортови, но е потполно независно во поглед на организација, управа, финансии, материјални средства и објекти.

На почетокот формиран е под закрила на Југословенската Народна Армија, поради што и самиот стадион на Партизан долго време го носи името Стадион ЈНА. Сепак, на почетокот на 1950-тите станува независен од војската. Првиот меѓународен натпревар, Партизан го одигрува на 6 декември 1946 година против ЦСКА Москва.

Моментално, боите на Партизан се црна и бела, иако првите 13 години дресовите им се во сино-црвена комбинација.

Навивачи[уреди | уреди извор]

Навивачите на Партизан, познати под името Гробари, се организираат кон крајот на 1970-тите. Прекарот го добиваат од навивачите на нивниот најголем соперник – Црвена Ѕвезда - кои на ваков начин алудираат на воглавно црната клупска боја, која е сосема иста како облеката на гробарите.

За време на постоењето на СФРЈ, Гробарите, заедно со уште неколку навивачки групи на територијата на поранешна Југославија, важат за едни од најсложните и најпосветените навивачи; сепак, по распадот на заедничката држава, доаѓа до несогласувања во рамките на навивачката група, па од 1999 година, до денес постојано следат поделби.

Денес постојат три посебни групи: Јужен фронт, Гробари 1970 и Гробари Белград.

Стадион[уреди | уреди извор]

Стадионот на Партизан е објект со најдолга спортска традиција во Југославија. Се наоѓа на местото каде пред почетокот на Втората светска војна, било сместено игралиштето на тогашниот шампион БСКБелградски Спортски Клуб.

Непосредно по завршувањето на војната, започнува изградбата на модерен стадион токму на тоа место. На 9 октомври 1949 година на него е одигран првиот натпревар, и тоа меѓу Југославија и Франција (1:1) во квалификациите за Светското првенство 1950 година.

Од 1950-тите до 1987 година, стадионот се користи како цел на годишниот фестивал наречен „Ден на младоста“. На секој 25 мај, „Штафетата на младоста“ е предавана на Јосип Броз Тито, претседателот на Југославија, токму на Стадионот ЈНА.

Долго време, стадионот на Партизан прима 55.000 навивачи, бројка која многу често е и надминувана за време на поважните натпревари; сепак поради заострените критериуми на Меѓународниот фудбалски сојуз, стадионот е реконструиран во 1998 година, па по оваа интервенција гледалиштето е сведено на 32.710 места.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Во 1966 година, Партизан е вицешампион на Европа, а во 1978 година, победник на Средноевропскиот куп. Момчило Вукотиќ е рекордер по бројот на одиграни натпревари - 752, а рекордер по бројот на постигнати голови за црно-белите е Стјепан Бобек со 403 погодоци. За репрезентацијата на Југославија имаат настапено преку 130 Партизанови фудбалери, а повеќе од педесет натпревари во редовите на СФРЈ имаат одиграно Стјепан Бобек, Бранко Зебец, Златко Чајковски, Фахрудин Јусуфи, Милан Галиќ и Милутин Шошкиќ. За фудбалската репрезентација на Југославија Славиша Јокановиќ и Предраг Мијатовиќ ја имаат надминато таа бројка. Поранешниот играч на Партизан Саво Милошевиќ има одиграно 101 натпревар за репрезентацијата, што пак е апсолутен рекорд.

Пред распадот на Југославија, Партизан има шест пати победено со десет или повеќе дадени голови, а во две првенства има постигнато по повеќе од сто гола; Партизан го држи и рекордот за најмногу постигнати голови во рамките на југословенската прва лига со 107 погодоци во едно првенство. Еден од највозбудливите натпревари, Партизан го има одиграно против Селтик во 1989 година, непосредно пред распадот на СФРЈ. На првиот натпревар, одигран во Мостар, Партизан победува со 2-1. Реваншот се игра во Шкотска, а Селтик победува со 5-4. Партизан постигнува гол во последната минута и на таков начин се квалификува во наредното коло.

Партизан има играно и во финалето на Купот на европските шампиони во 1966 година против Реал Мадрид, откако го исфрла Манчестер Јунајтед во полуфиналето. Партизан поведува со 1-0 во финалето, но на крајот Шпанците сепак победуваат со 2-1.

Партизан на европските натпреварувања[уреди | уреди извор]

Сезона Натпреварување Ранг Земја Клуб Резултат
1955/56 Лига на шампиони осминафинале  Португалија ФК Спортинг Лисабон 3-3, 5-2
четвртфинале Шпанија ФК Реал Мадрид 0-4, 3-0
1956 Митропа куп четвртфинале  Австрија ФК Вакер Виена 1-1, 1-1, 4-0
Полуфинале Унгарија ФК Вашаш 1-0, 1-6
1958 Дунав куп 1 коло  Чешка ФК Татран Прешов 4-2, 1-4
1959 Митропа куп четвртфинале  Чешка ФK Бањик Острава 1-1, 3-2
полуфинале  Унгарија ФК Хонвед 3-3, 2-2
1960 Митропа куп Група  Чешка ФК Слован Братислава 2-1, 1-4
1961/62 Лига на шампиони квалификации  Португалија ФК Спортинг Лисабон 1-1, 2-0
осмина финала  Италија ФК Јувентус 1-2, 0-5
1962 Митропа куп Група  Италија ФК Аталанта Бергамо 3-3, 2-2
Група  Унгарија ФК МТК 2-1, 1-4
Група  Чешка ФК Бањик Острава 2-2, 1-1
1962/63 Лига шампиона квалификации Бугарија ЦСКА Софија 1-2, 1-4
1963/64 Лига шампиона квалификации  Кипар Анортозис Фамагуста 3-0, 3-1
осминафинала  Луксембург Женес д'Еш 1-2, 6-2
четвртфинале  Италија ФК Интер 0-2, 1-2
1965/66 Лига шампиона квалификации  Франција ФК Нант 2-0, 2-2
осмина финала  Германија ФК Вердер Бремен 3-0, 0-1
четвртфинале  Чешка ФК Спарта Прага 1-4, 5-0
полуфинале  Англија Манчестер Јунајтед 2-0, 0-1
финале Шпанија ФК Реал Мадрид 1-2
1967/68 Куп на саемските градови 1 коло Бугарија ФК Локомотива Пловдив 5-1, 1-1
2 коло  Англија ФК Лидс Јунајтед 1-2, 1-1
1969/70 Куп на саемските градови 1 коло  Унгарија ФК Ујпешт 2-1, 0-2
1970/71 Куп на саемските градови 1 коло ДР Германија ФК Динамо Дрезден 0-0, 0-6
1972 Митропа куп Група  Италија ФК Фјорентина 0-3, 2-1
Група  Австрија ФК Виена 3-0, 4-1
1974/75 УЕФА куп 1 коло Полска Полска ФK Гурник 2-2, 3-0
2 коло  Северна Ирска ФК Портдаун 5-0, 1-1
осминафинале  Германија ФК Келн 1-0, 1-5
1976/77 Лига на шампиони 1 коло СССР СССР ФК Динамо Киев 0-3, 0-2
1978 Митропа куп Група  Италија ФК Перуџа 1-2, 4-0
Група  Чешка ФК Збројовка Брно 5-1, 4-1
Победник  Унгарија ФК Хонвед 1-0
1978/79 Лига на шампиони 1 коло ДР Германија ФК Динамо Дрезден 2-0, 0-2 (4-5 пен.)
1983/84 Лига на шампиони 1 коло  Норвешка ФК Викинг Ставангер 5-1, 0-0
осминафинале ДР Германија ФК Динамо Берлин 0-2, 1-0
1984/85 УЕФА куп 1 коло  Малта ФК Рабат Ајакс 2-0, 2-0
2 коло  Англија Квинс Парк Ренџерс 2-6, 4-0
осминафинале  Унгарија ФК Видеотон 0-5, 2-0
1985/86 УЕФА куп 1 коло  Португалија ФК Портимоненсе 0-1, 4-0
2 коло  Франција ФК Нант 1-1, 0-4
1986/87 УЕФА куп 1 коло  Германија Борусија Менхенгладбах 0-1, 1-3
1987/88 УЕФА куп 1 коло Албанија ФК Фљамуртари 0-2, 2-1
1988/89 УЕФА куп 1 коло Бугарија ФК Славија Софија 5-0, 5-0
2 коло  Италија ФК Рома 4-2, 0-2
1989/90 Куп на победниците на куповите 1 коло  Шкотска ФК Селтик 2-1, 4-5
осминафинале  Холандија ФК Гронинген 3-4, 3-1
четвртфинале Романија Романија ФК Динамо Букурешт 1-2, 0-2
1990/91 УЕФА куп 1 коло  Малта ФК Хибернијан 3-0, 2-0
2 коло  Шпанија ФК Реал Сосиедад 0-1, 1-0 (5-4 пен.)
осминафинале  Италија ФК Интер 0-3, 1-1
1991/92 УЕФА куп 1 коло  Шпанија ФК Спортинг Хихон 0-2, 2-0 (2-3 пен.)
1996/97 УЕФА куп 1 коло кв. Израел Израел ФК Макаби Хаифа 1-0, 3-1
2 коло кв. Романија Романија ФК Национал Букурешт 0-0, 0-1
1997/98 Лига на шампиони 1 коло кв.  Хрватска Кроација 1-0, 0-5
1998/99 Куп на победниците на куповите квалификации  Грузија ФК Динамо Батуми 2-0, 0-1
1 коло  Англија ФК Њукасл Јунајтед 1-2, 1-0
осминафинале  Италија ФК Лацио 0-0, 2-3
1999/00 Лига на шампиони 1 коло кв.  Естонија ФК Флора Талин 6-0, 4-1
2 коло кв.  Хрватска ХНК Ријека 3-1, 3-0
3 коло кв.  Русија ФК Спартак Москва 0-2, 1-3
1999/00 УЕФА куп 1 коло  Англија ФК Лидс Јунајтед 1-3, 0-1
2000/01 УЕФА куп квалификации  Малта Слиема Вондерерс 1-2, 4-1
1 коло  Португалија ФК Порто 1-1, 0-1
2001/02 УЕФА куп квалификации  Андора ФК Санта Кулома 7-1, 1-0
1 коло  Австрија ФК Рапид Виена 1-0, 1-5
2002/03 Лига на шампиони 2 коло кв.  Шведска ФК Хамарби 1-1, 4-0
3 коло кв.  Германија Баерн Минхен 0-3, 1-3
2002/03 УЕФА куп 1 коло  Португалија ФК Спортинг Лисабон 3-1, 3-3
2 коло  Чешка ФК Славија Прага 3-1, 1-5
2003/04 Лига на шампиони 2 коло кв.  Шведска ФК Ѓурѓарден 1-1, 2-2
3 коло кв.  Англија ФК Њукасл Јунајтед 0-1, 1-0 (4-3 пен.)
Група  Португалија ФК Порто 1-1, 1-2
Група  Франција ФК Олимпик Марсеј 0-3, 1-1
Група  Шпанија ФК Реал Мадрид 0-1, 0-0
2004/05 УЕФА куп 2 коло кв. Романија Романија ФК Оцелул Галаци 0-0, 1-0
1 коло Романија Романија ФК Динамо Букурешт 0-0, 3-1
Група  Грција ФК Егалео 4-0
Група  Италија ФК Лацио 2-2
Група  Шпанија ФК Виљареал 1-1
Група  Англија ФК Мидлсборо 0-3
3 коло  Украина ФК Днепро Днепропетровск 2-2, 1-0
осминафинале  Русија ФК ЦСКА Москва 1-1, 0-2
2005/06 Лига на шампиони 2 коло кв.  Молдавија ФК Шериф Тираспол 1-0, 1-0
3коло кв.  Словачка ФК Артмедиа Братислава 0-0, 0-0 (3-4 пен.)
2005/06 УЕФА куп 1 коло Израел Израел ФК Макаби Петах Тиква 2-0, 2-5
2006/07 УЕФА куп 2 коло кв.  Словенија НК Марибор 2-1, 1-1
1 коло  Холандија ФК Гронинген 4-2, 0-1
Група  Италија ФК Ливорно 1-1
Група Израел Израел ФК Макаби Хаифа 0-1
Група  Франција ФК Осер 1-4
Група  Шкотска ФК Ренџерс 0-1
2007/08 УЕФА куп 1 коло кв.  Босна и Херцеговина НК Зрињски 6-1, 5-0 *

* Поради нередите предизвикани од Партизановите навивачи во Мостар, со одлука на УЕФА, ФК Партизан е исфрлен од УЕФА купот во сезоната 2007/08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Официјални

Страници на обожаватели