ФК Јувентус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јувентус
Целосно имеФудбалски клуб Јувентус С.п.А.
ДржаваИталија Италија
ПрекарСтарата дама[1],
Бјанконери (Црно-бели),
Зебрата
Основан1 ноември 1897; пред 123 години
(како Спортски клуб „Јувентус“)
ЛокацијаТорино, Италија
Бои          црна и бела
СтадионАлијанц стедиум
Капацитет41,000
СопственикСемејството Ањели
(преку Exor S.p.A)
ПретседателИталија Андреја Ањели
ТренерИталија Масимилијано Алегри
ЛигаСерија А Серија А
2020–21Серија А, 4-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Титули
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Јувентус (од латински: Juventus, „младост“), познат под прекарот Јувеиталијански фудбалски клуб од градот Торино, Пиемонт. Јувентус е трет најстар фудбалски клуб во земјата и со исклучок на една сезона, ја има поминато целата своја историја во првата италијанска лига (позната и како Серија А од 1929 година).

Клубот бил основан во 1897 година како Спортски клуб „Јувентус“ од страна на група на млади студенти од Торино, а меѓу нив, и човекот кој бил нивниот прв претседател, Еугенио Канфари како и неговиот брат Енрико. Тие се автори на оваа компанија за историско паметење и биле управувани од страна на индустриското семејство Ањели уште од 1923 година, што претставува најстаро спортско партнерство во Италија. Со тоа Јувентус бил првиот професионален клуб во земјата. Со текот на времето, клубот станал симбол на нацијата што се должело на нивната долга традиција на успех. Во текот на 1930-тите, период во кој Јувентус освоил рекордни пет последователни титули во првенството, клубот доживеал огромен прогрес во поглед на бројот на неговите навивачи, со што станала првата екипа во Италија која имала децентрализирани навивачи. Исто така, клубот во тоа време бил идентификуван од страна на италијанскиот народ како „екипа која го претставува целото население“ или „Екипата на Италија“ како го нарекувале во втората половина на 1920-тите. Ова се рефлектирало, меѓу другото, и на придонесите на клубот во италијанската фудбалска репрезентација, каде непрекинато од втората половина на 1920-тите години е признаен како една од највлијателните екипи во репрезентативниот фудбал, екипа која дава играчи кој ја вршеле одлучувачката улога во репрезентациите кој триумфирале на светските првенства во 1934, 1982 и 2006 година. Навивачите на клубот се во поголем број од било кој друг фудбалски клуб во Италија и во тој поглед е еден од најголемите клубови во целиот свет. Поддршката за Јувентус е широко распространета низ целата земја, но и во странство, главно во земјите со значајно присуство на италијанска дијаспора.[2]

Јувентус се историски најуспешниот клуб во италијанскиот фудбал. Генерално, тие имаат освоено 67 официјални титули на националната и меѓународната сцена, повеќе од било кој друг италијански клуб, а тие се: 34 првенствени титули (што претставува рекорд), тринаесет Купа на Италија (исто така рекорд) и осум национални суперкупа како и, единаесет наслови во конфедерациски и интер-конфедерациски натпреварувања (два Интерконтинентални купа, двапати Европски првак, еден Куп на победниците на куповите, рекордни три наслови во Купот на УЕФА, еден Интертото куп и уште два Суперкупа на Европа). Клубот во моментов е рангиран на четвртото место во Европа и седми во светот на списокот на клубови со најмногу освоени трофеи. Во 1985 година, кога на клупата бил Џовани Трапатони, тој ја предводел торинската екипа до тринаесет официјални трофеи во десет години до 1996 година, вклучувајќи шест лигашки и пет меѓународни титули; Јувентус станал првиот клуб во историјата на европскиот фудбал кој успеал да ги освои сите три главни натпреварувања организирани од страна на УЕФА: Куп на шампиони (сега веќе непостоечки), Купот на победниците на куповите и Купот на УЕФА (првиот италијански и јужно-европски клуб кој успеал да победи во Купот на УЕФА). По нивниот триумф во Интерконтиненталниот куп истата година, клубот станал, исто така, прв во фудбалската историја и останал единствен во моментов кој ги има освоено сите можни конфедерациски турнири и клупската светска титула.

Според пласманот на сите времиња објавени во 2009 година од страна на IFFHS, организација призната од страна на ФИФА, врз основа на перформансите на клубовите и меѓународните натпревари, Јувентус е најдобар клуб во Италија и втор во Европа за XX век.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Основање[уреди | уреди извор]

Првата фотографија на Јувентус

Клубот бил основан на 1 ноември 1897 година, од група на студенти по книжевност на факултетот во Торино - "Масимимо Д'Азелјо". Сите основачи биле на возраст од четеринаесет до седумнаесет години и биле вљубеници во спортот, а како што се вели во легендата до идејата да основаат екипа дошле додека седеле на клупа во паркот "Corso Re Umberto".

Постојат многу малку сознанија за самото раѓање на клубот затоа што во тоа време весниците не му посветувале многу внимание на спортот во државата. Еден од основачите Енрико Канфари, во 1914 година во еден документ ја објаснил целата ситуација околу настанувањето на клубот. Групата не можела на крајот да се договори околу името на клубот па така биле изложени три предлози за гласање: Società Via Fori, Società Sportiva Massimo D'Azeglio и Sport Club Juventus. Како најдобар бил избран третиот предлог, односно Спортски клуб „Јувентус“. Можеби и затоа што е симболично, т.е. зборот Јувентус, означува „младост“ според латинската транскрипција.

Прв претседател на клубот бил Еугенио Канфари (братот на Енрико). Тие двајцата заедно играле претходно и за друга екипа од Торино, Пјаца Д'Арми. Јувентус го променил своето име во 1899 година (претходно се викал Augusta Tourinorum) и првите дресови им биле во розова и црна боја, која во Италија е позната како Росанеро.

Јувентус е третиот најстар италијански фудбалски клуб, после Џенова (основан во 1893) и Удинезе (во 1896), иако во Џенова фудбалот започнал да се игра исто кога и во Торино во 1897 година.

Првото Скудето[уреди | уреди извор]

Промената на дресовите во црно-бели им донело среќа на Јувентус веќе две години подоцна кога во 1905 година, Јуве ја освојува првата шампионска титула во домашното првенство, по финалните двобои со Џенова и Милан. Меѓутоа после оваа радост Јувентус не успеал да го повтори овој успех сè до 1926 година, а во тој период во Италија доминирале екипите на Про Верчели, Милан Интер и Казале.

Почетокот на ерата на Ањели[уреди | уреди извор]

Едоардо Ањели, претседател на Јувентус од 1923 до 1935

Едоардо Ањели од семејството Ањели, сопственикот на компанијата Фиат ја презема контролата над екипата на Јувентус во своја сопственост на 24 јули 1923 година. Тие веќе имале свој приватен стадион во Вилар Пероси, кој се наоѓал југозападно од Торино и него само додатно го преуредиле. Ова претставува одлично решение затоа што во сезоната 1925-1926 Јувентус го освојува своето второ скудето, откако во финалето ја победиле екипата на Алба од Рим со вкупен резултат 12-1.

Од сезоната 1930-1931 па сè до 1934-1935 клубот успеал да освои рекордни 5 титули по ред, од кој четири со тренерот Карло Каркано. Во оваа трофејна екипа на Јувентус имало голем број на славни играчи како: Раимундо Орси, Лујџи Бертолини, Џовани Ферари, Луис Монти и други. Тие успеале да стигнат и до полуфиналето на Митропа купот (Во тоа време еден од главните европски турнири. Во превод овој куп го носи името Куп на Средноевропските земји и на него учествувале само клубови од тој дел на континентот) каде биле поразени од подоцнежниот првак, екипата на Славија од Прага.

Во текот на 1933 година Јувентус се преселил на нивниот прв вистински стадион - Стадион Бенито Мусолини. Овој стадион бил изграден истата година за потребите на Светското првенство 1934 година и имал капацитет од 65.000 седишта. Името го добива по Бенито Мусолини, (впрочем, како и сите други стадиони низ Италија во тоа време) тогашниот водич на фашистичка Италија. На 14 јуни 1935 починал Едоардо Ањели, што многу влијаело врз резултатите на клубот, па дури и многу играчи го напуштиле Јувентус во тој период. По смртта на Едоардо, на чело на екипата застанал Џани Ањели, а во 1953 година тој ја напуштил функцијата претседател на Јувентус па на неговото место дошол неговиот брат Умберто.

Во моментов на чело на Јувентус се наследниците на семејството Ањели (синовите од сестрите на Умберто и Џани), Андреја Ањели кој е мометален сопственик и претседател и неговиот прв братучед Џон Елкан. Така, семејството Ањели го води овој клуб до ден-денес.

Период на лигашка доминација[уреди | уреди извор]

Убиствената напаѓачка тројка: Омар Сивори, Џон Чарлс и Џампјеро Бониперти.

Јувентус никако неуспевал да го пронајде рецептот за освојување на титули во доцните 1930-ти и воените 1940-ти години (сè додека првенството не било прекинато за три години 1943-1946), па во тој период најдобар резултат им бил само едно второ место завршувајќи зад Амброзијана-Интер во 1937-1938. По завршувањето на Втората светска војна клубот го променил името на стадионот во Олимпико кога на позицијата претседател дошол Џани Ањели.

Јувентус освоил две скудета во сезоните 1949-1950 и 1951-1952 од кој првата под водство на англичанецот Џеси Карвер додека втората шампионска сезона тој ја започнал, но потоа го напуштил клубот.

Откако уследил нов период на сушни сезони, во 1957 година клубот ги довел велшанецот Џон Чарлс и италијанецот со аргентинско потекло Омар Сивори како помош за Џампјеро Бониперти кој бил тука уште од 1946 година. Овој потег на клубот се испоставил како одличен затоа што токму оваа напаѓачка тројка, позната како трио маџико, ќе стане една од најубиствените во историјата на клубот. Со нив Јувентус дошол до уште две титули во Серија А и тоа во сезоните 1957-1958 и 1959-1960. Интересно е тоа што и во двете сезони Фјорентина завршувала како втора. Во сезоната 1959-1960, Јувентус за првпат во својата историја ја освоил двојната круна после освојувањето и на италијанскиот куп. Следната титула која дошла на Олимпико во 1958 била десетта во историјата на клубот па така ‘’Старата Дама’’ станува првиот клуб во Италија со 10 титули во државното првенство. Како награда клубот добива златна ѕвезда (Stella d'Oro al Merito Sportivo) за спортски достигнувања на својот дрес. Омар Сивори истата година ја добил наградата за Европски фудбалер на годината, со што станал првиот играч на Јувентус кој ја добил оваа престижна награда.[4]

Во текот на 70-тите години на 20 век Јувентус станал вистинска велесила во Серија А која ги меле противниците. Клубот го освоил скудетото во пет сезони во текот на оваа декада, a до првите две титули во сезоните 1971-1972, 1972-1973 ги водел чехот Честмир Вицпалек, кои и самиот играл една сезона за Јувентус на позицијата десно крило (1946-1947). Била створена силна екипа со легендарниот капитен Гаетано Ширеја, потоа Роберто Бетега, Фабио Капело и бразилецот Жозе Алфантини, кој моментално е трет стрелец во историјата на Серија А. Исто така од тоа време многу популарен играч бил и Франко Каузио, а популарноста му била толкава што клубот за првпат дозволил некој играч да настапува со долга коса. На играчите им била осигурена официјална облека (кроена кај најпознатиот кројач во државата) и биле натерани да ги завршат започнатите студии. Поголемиот дел од тие играчи останале со Јувентус до крајот на играчката кариера и по завршувањето на истата имале осигурено добро работно место во клубот или во Фиат. Со доаѓањето на Џовани Трапатони (најуспешниот тренер во историјата на клубот) на тренерската функција во 1976 година, клубот освоил две скудета кон крајот на 70-тите во сезоните 1976-1977 и 1977-1978 и уште 4 во текот на 1980-тите во сезоните 1980-1981, 1981-1982, 1983-1984 и 1985-1986.

И покрај големите успеси во Италија, својата прва титула во меѓународните турнири Јувентус ја освоил во сезоната 1976-1977 кога во финалето на Купот на УЕФА го победиле шпанскиот Атлетик Билбао со головите на Тардели и Бетега.

Успесите на европската сцена[уреди | уреди извор]

Мишел Платини во дресот на Јувентус со Златната топка.

Во ерата на Трапатони клубот ги достигнува најголемите успеси во 1980-тите, кога тие одлично ја започнале декадата со освојувањето на лигашката титула на трипати до 1984 година. Ова значеше дека Јувентус ја освоил својата 20-та титула во италијанската лига, и им било дозволено да додадат втора златна ѕвезда на нивните дресови, со што станаа единствениот италијански клуб со овакво достигнување. Паоло Роси бил именуван за Европски фудбалер на годината по историскиот придонес за Италија во освојувањето на титулата на Светското првенство 1982, каде што тој исто така бил именуван и за најдобар играч на турнирот.

Французинот Мишел Платини исто така бил награден со признанието за Европски фудбалер на годината, и тоа трипати по ред, во 1983, 1984 и 1985 година, што претставува рекорд.[4] Така Јувентус е единствениот клуб кој може да се пофали со тоа што негови играчи ја освојувале наградата за најдобри во Европа во четири последователни години едноподруго.[4] Платини го постигнал победоносниот гол во финалето на Европскиот куп 1985 против Ливерпул, но ова било нарушено со трагедијата која го променила европскиот фудбал. Таа година, Јувентус станал првиот клуб во историјата на европскиот фудбал кој успеал да ги обедини сите три главни Европски титули. По триумфот на Интерконтиненталниот куп, клубот, стана првиот во историјата, но и остана единствениот во светот во моментов, кој ги има освоено сите можни конфедерациски титули.

Со исклучок на титулата освоена во италијанското првенство во сезоната 1985-1986, остатокот од 1980-тите не биле многу успешни за клубот. Тие требало да се соочат со одличниот Наполи на Диего Марадона (кој во тоа време бил еден од најдобрите клубови во Италија) и двата милански клубови, Милан и Интер, во борбата за првенството. Во 1990 година, Јувентус се преселил во својот нов дом, Стадионот Деле Алпи, кој бил изграден за потребите на Светското првенство 1990.

Ерата на Липи и успесите во 1990-тите[уреди | уреди извор]

Во 1994 година за нов тренер на Јувентус бил назначен Марчело Липи. Уште во неговата прва сезона со Јувентус, тој им донел голема радост на навивачите враќајќи го насловот во Серија А во Торино после 9 цели сезони. Меѓу играчите кој имале најголем придонес за освојување на трофејот биле: новото засилување од Наполи, Чиро Ферара, потоа напаѓачите Роберто Баџо и Џанлука Вијали како и младиот Алесандро Дел Пјеро, кој со игрите во оваа сезона им дал право на навивачите да веруваат дека тој ќе биде наследникот на Баџо во годините што доаѓааат.

Во следната сезона, Јувентус завршил втор во првенството, но затоа пак играл во финалето на Лигата на Шампионите (кое тогаш се одиграло во Рим), каде ја поразиле екипата на Ајакс од Холандија и ја освоил својата втора титула првак на Европа во историјата на клубот. Победникот бил решен на пенали откако по 120 минути игра резултат бил нерешен 1-1. Фабрицио Раванели го донел Јувентус во водство во 12-тата минута од натпреварот, за потоа најдобриот стрелец за таа кампања во натпреварувањето Јари Литманен да израмни на 1-1, па пеналите го одлучиле натпреварот. Во четвртата серија во рулетот Владимир Југовиќ постигнал гол и така Јувентус на крајот славел со 4-2 на пенали.[5] Наредната сезона Јувентус како првак на Европа настапил на Интерконтиненталниот куп против аргентинската Ривер Плата. Натпреварот завршил со резултат 1-0 за Јувентус, а стрелец на единствениот гол бил Алесандро Дел Пјеро.[6]

Алесандро Дел Пјеро, најдобриот стрелец на Јувентус на сите времиња

По освојувањето на Лигата на Шампионите и Интерконтиненталниот куп во Јувентус пристигнале нови познати и квалитетни фудбалери како: Кристијан Виери, Зинедин Зидан, Филипо Инзаги и Едгар Давидс. Јувентус и во следните две сезони стигнал до финалето во Лигата на Шампионите и бил најблиску до одбраната на титулата која никој не ја одбранил (откако натпреварувањето се вика под ова име). Во тие финалиња биле поразени од Борусија Дортмунд со 3-1,[7] а потоа и од Реал Мадрид со 1-0.

Доцните 90-ти години ги одбележиле големите соперништва на клубот со Интер и Рома. Тогашниот тренер на Рома, Зденек Земан во јавноста изнел приказна дека докторите на Јувентус во периодот од 1993 до 1998 им давале недозволени супстанци т.н. допинг на играчите. Сепак, после големата прашина која се кренала и две судења, Јувентус испаднал невин и чист во сите парници пред Меѓународниот суд во Лозана. Ниту една илегална супстанца не била пронајдена во телото на играчите на Јувентус. На крајот испаднало дека Земан кој е познат по тоа дека е во лоши односи кон Јувентус, сам ја измислил приказната во немоќ неговата екипа да направи позначаен успех покрај Бјанконерите. Меѓу навивачите на Јувентус, Зденек Земан е еден од најомразените луѓе на светот по бројните неосновани напади и тврдења против нивниот клуб, а исто така страшно многу го навлекол нивниот гнев кога во една спортска емисија изјавил дека Јувентус според него треба да има некаде околу 20-тина наслови.

Едгар Давидс во двобој со Џенаро Гатузо во финалето на Лигата на шампионите 2003

Липи го напуштил клубот во 1999 година и отишол во лутиот соперник Интер, а нов тренер на Јувентус станал Карло Анчелоти. во сезоната 1999-2000 Јувентус го загубил насловот во Серија А во последното коло од Лацио, откако биле поразени со 1-0 од Перуџа во натпревар кој бил одигран во многу тешки услови бидејќи целиот терен бил натопен со вода, но главниот судија на натпреварот Пјерлуиџи Колина сепак одлучил натпреварот да биде одигран иако неговиот почеток доцнел еден час. После две разочарувачки за Јувентус втори места во Серија А, Анчелоти го напуштил клубот и на тренерското место по една година пауза се вратил Липи. Во 2001 година од клубот си заминал еден од најдобрите фудбалери во овој период французинот Зинедин Зидан кој бил продеден на Реал Мадрид за тогаш рекордни во светскиот фудбал 73,5 милиони евра, а исто така клубот го напуштил и Филипо Инзаги. Третото големо име кое заминало од Торино бил голманот Едвин ван дер Сар, но Липи успеал да се справи со загубите и да донесе адекватни замени во играчи кој подоцна и самите ќе станат легенди на клубот. Џанлуиџи Буфон, Давид Трезеге, Павел Недвед (кој требало да биде замена за Зидан) и Лилијан Тирам биле новите играчи на кој се потпира Липи во сезоните од првата деценија на 21-иот век. Со нив Јувентус освојува две врзани скудета едноподруго во сезоните 2001-02 и 2002-03, а посебно за паметење е првата поради неверојатниот пресврт во последното коло. Исто така напаѓачот на екипата Давид Трезеге во сезоната 2001-02 бил најдобар стрелец во Серија А со постигнати 24 гола.

Во 2003 Јувентус ја одбранил титулата во првенството на Италија и бил во ново финале на Лигата на шампионите каде овојпат бил поразен од Милан во се итлијанското финале, прво такво во историјата. Финалето се одиграло на Олд Трафорд и решено на пенали откако натпреварот завршил без голови 0-0. Најдобрата шанса за Јувентус ја имал сегашниот тренер на екипата Антонио Конте кога во второто продолжение ја погодил пречката од голот. Во пенал рулетот дури тројца играчи на Јувентус промашиле: Трезеге, Паоло Монтеро и Марсело Залајета (додека Алесандро Бириндели и Алесандро Дел Пјеро реализирале) и Милан победил со 3-2. Сепак, таа 2003 година за Јувентус завршила позитивно, откако нивното лево крило Павел Недвед бил избран за најдобар фудбалер на годината и станал добитник на легендарната Балон д'Ор награда. Претходно пак, во летото Липи го напуштил Јувентус и го презел кормилото на италијанската репрезентација.

Скандалот Калчополи[уреди | уреди извор]

Дидје Дешан, човекот кој го врати Јувентус во Серија А по само една сезона отсуство.

Во 2004 година на тренерската функција во клубот доаѓа Фабио Капело, некогашниот фудбалер на Јувентус и поранешен тренер на Реал Мадрид, Милан и Рома. Капело го предводи Јувентус до уште две скудета во сезоните 2004-05 и 2005-06. Во пролетта 2006 година започнат е процес за истражување на наместени натпревари во Италија-т.н. калчополи, во кој за главен виновник бил прогласен дотогашниот директор на Јувентус Лучано Моџи (на кој му била дадена доживотна забрана за каква било работа во фудбалот), поради што Јувентус бил исфрлен во понизок ранг на натпреварување, втората италијанска лига Серија Б. Интересно е тоа што покрај Јувентус, пронајдена е вклученост за наместени натпревари уште кај неколку клубови, но тие за разлика од Старата Дама добиле многу поблага казна во вид на минус бодови пред почетокот на сезоната. Други екипи кои бил вклучени во овој скандал биле Милан (-8 бодови во сезоната 2007-08), Фјорентина (-15), Лацио (-3) и Реџина (-11). Така титулата за сезоната 2005-06 ја добил Интер кој завршил дури како трет зад Јувентус и Милан. Скудетото од сезоната 2004-05 било поништено.

Откако Јувентус беше исфрлен во Серија Б, за нов директор на клубот бил избран Џовани Коболи Џили, а тренерската функција за привремен период ја презел Дидје Дешан. Овој период бил многу тежок за клубот, бидејќи го напуштиле најголемиот број на ѕвезди, играчи како: Златан Ибрахимовиќ, Лилијан Тирам, Фабио Канаваро, Емерсон Фереира, Патрик Виера и др. Но сепак, од друга страна имало и такви кој решиле да останат верни и лојални на клубот и воедно тие биле клучните играчи кој го понеле товарот во оваа сезона. Капитенот Алесандро Дел Пјеро, Павел Недвед, Мауро Каморанези, Давид Трезеге, Џанлуиџи Буфон и Џорџо Кјелини како и младите таленти од Примавера, Себастијан Џовинко и Клаудио Маркизио придонесоа во сезоната 2006-07, очекувано, Јувентус да заврши на првото место во втората италијанска лига (и покрај тоа што започнале со минус 9 бодови), и веднаш да се врати во Серија А по само една сезона изостанување.

Тие ја прославиле својата промоција во Серија А, по натпреварот од 40-тото коло во кој Јувентус ја победил Мантова со 2-0 во Торино. Во сенка на ова, останало она што се случило после натпреварот кога само ден подоцна Дешан ја напуштил тренерската функција заради несогласувања со тогашниот директор Алесио Секо. На неговото место во последните две кола од првенството клубот го водел Џанкарло Корадини.

Враќање во Серија А (2007-2011)[уреди | уреди извор]

На 3 јули 2007 Јувентус за свој нов тренер го назначил Клаудио Раниери, кој имал добра претходна сезона со Парма во Серија А. Тој дошол на чело на Парма во февруари и во 16 натпревари имал 7 победи 6 нерешени и 3 порази за да од екипа која се борела за опстанок да го одведе на високото 12. место. Во текот на летото тој во Јувентус довел неколку засилувања меѓу кој биле Винченцо Јаквинта, Тиаго Мендес и Хасан Салихамиџиќ, а во зимскиот преоден рок во клубот дошол и малиецот, Мохамед Сисоко од Ливерпул.

Изненавувачки клубот стартувал многу добро во својата повратничка сезона во елитата и во натпреварот од првото коло го прегазиле Ливорно со високи 5-1 во Торино. По завршувањето на сезоната Јувентус успеал да се пласира во Лигата на шампионите со освоеното трето место во првенството зад Интер и Рома. Оваа сезона Алесандро Дел Пјеро станал најдобар стрелец на лигата за првпат во неговата кариера. Дел Пјеро постигнал 21 гол, додека неговиот партнер од нападот Давид Трезеге имал само еден помалку.

Следната сезона по две години пауза Јувентус повторно настапува во Лигата на шампионите и во групната фаза на натпреварувањето завршува како прв испред Реал Мадрид, Зенит и Бате Борисов. Посебно за паметење се двете победи над Реал Мадрид, со 2-1 во Торино и 2-0 во Мадрид, каде Алесандро Дел Пјеро постигнал два фантастични гола. Во осмина финалето клубот бил поразен со вкупен резултат 3-2 од Челзи. Во домашното првенство Јуве игра многу добро и завршува на второто место, но и покрај тоа Клаудио Раниери добил отказ по неколку нерешени резултати кон крајот на сезоната. Раниери бил заменет со Чиро Ферара, но Ферара не оставил добар впечаток во клубот во кој бил играчка легенда.

Во леторо 2010 дошло до поголем број на промени во Јувентус меѓу кој и на тренерската позиција каде функцијата ја презел Лујџи Дел Нери. До поволвина на сезоната Јувентус го држел доброто 2. место во Серија А, но потоа во првиот натпревар по паузата во првенството заради божиќните празници, екипата загубила од Парма со високи 4-1 на свој терен. Фелипе Мело заработил црвен картон на самиот почеток од натпреварот, а најдобриот клупски стрелец до тој момент Фабио Кваљарела сериозно се повредил поради што морал да отсуствува до крајот на сезоната и во тој момент све за клубот се тргнало во надолна линија. На крајот Јувентус доживува втора разочарувачка сезона едно-подруго, откако повторно завршиле на седмото место и со 15 порази во сезоната го собориле неславниот рекорд стар преку 50 години.

Рекордните девет скудета по ред (2011-денес)[уреди | уреди извор]

Како дел од постепената промена на курсот на корпоративниот план, во 2010 година претседателството на Јувентус од Блан го презема Андреја Ањели, четвртиот член на познатото торинско семејство сопственици на клубот.[8] Ањели морал да се сноси со повеќе проблеми бидејќи го дочекала екипа која веќе неколку години била во дефицит и во спортот и во финансискиот буџет,[9] а меѓу првите чекори на новата управа, од една страна, била консолидацијата на клупската каса[10] и постепеното отворање на нови можности за приходи[11] а од друга страна обновувањето на играчкиот кадар со назначувањето на Џузепе Марота и Фабио Паратичи, соодветно, како генерален директор и спортски директор на клубот[12] заедно со враќањето во клубот, на поранешните играчки легенди на бјанконерите Павел Недвед и Давид Трезеге меѓутоа овој пат како извршни директори.[13]

Исто така, во овоj период дошло до реализација на планот за изградба на сопствен стадионот на клубот од Торино, со што тие станале првата екипа во Серија А која успеала да го заврши овој тип на трансакција на недвижен имот. На 8 септември 2011 година бил свечено отворен Стадионот Јувентус (на англ. Juventus Stadium), официјално осмиот дом на екипата во историјата.[14] Изграден на местото на Деле Алпи кој бил срушен до темел, новиот стадион на клубот бил изградена по британски модел, што им овозможува на навивачите по трибините да бидат во непосредна близина на теренот. На 16 мај 2012, бил отворен J-Музејот, посветен на историјата на Јувентус и нејзината поврзаност со настаните на земјата.[15] Направен во склоп на стадионот, музејот вкчучува трофеи, сувенири, историски дресови, историски фотографии и скулптури поврзани со Јувентус, со интеракција на медиуми и аудио-визуелни технологии.[16]

Ерата на Конте (2011-2014); три последователни скудета

Антонио Конте, освоил 5 титули во лигата како играч и три како тренер со Јувентус.

Сезоната 2011-2012 во Јувентус ја одбележува доаѓањето на клупата на Антонио Конте, поранешниот капитен на клубот од 1990-тите години, сега станува тренер, со што се отворил патот за враќање на екипата во врвот. Покрај новиот тренер во летниот трансферен прозорец клубот го засилиле и неколку искусни и квалитетни играчи како Андреја Пирло, Артуро Видал, Стефан Лихтштајнер и Мирко Вучиниќ. Во лигата Јувентус се наоѓал на врвот на табелата од првите кола, позиција која ќе ја загубат на неколкупати во текот на турнирот: меѓутоа по одличната серија на резултати во завршницата од сезоната успеваат да завршат пред единствениот конкурент Милан, за да на 6 мај 2012 Јувентус биде крунисан за шампион на Италија - нешто што се не беше случило уште од сезоната 2002-2003, несметајќи ги одземените титули поради калчополи - нивно дваесет и осмо скудето;[17] успехот дошол на едно коло пред крајот на првенството, и бил остварен без ниту еден пораз во 38-те кола, изедначувајќи го рекордот претходно во историјата поставен само од страна на Перуџа во сезоната 1978-1979 и Милан во 1991-1992; меѓутоа бјанконерите се првиот клуб кои одиграле сезона без пораз откако лигата брои 20 екипи, со што поставиле нов рекорд за сезона без пораз во лигата.[18]

Непоразеноста на Јувентус завршила во последниот натпревар за сезоната, финалето на Купот на Италија каде што биле победени од Неапол со 2-0; овој пораз, исто така ставил крај на апсолутната непобедливост на клубот, од вкупно 43 последователни натпревари без пораз во лигата и купот (исто така, национален рекорд).[19] Оваа сезона била последна во црно-белиот дрес за клупската легенда Алесандро Дел Пјеро, по деветнаесет години поминати во Јувентус.

Сезоната 2012-2013 Јувентус ја започнал со освојување на Суперкупот на Италија на 11 август против Наполи, во натпревар одигран на Националниот стадион во Пекинг, со победа од 4-2 по продолженија. Трофејот бил петти Суперкуп за Јувентус во нивната историја и прв по 2003 година.

Андреја Пирло, еден од главните архитекти за враќањето на Јувентус во врвот на италијанскиот фудбал.

Во лигата, Јувентус го зазел првото место уште од самиот старт на првенството и го доживеал првиот пораз дури на 3 ноември, во Торино кога загубиле со 1-3 од Интер, ставајќи крај на низата од 49 натпревари без пораз општо и 25 натпревари на домашен терен (што е рекорд откако во првенството се натпреваруваат 20 екипи);[20] на 25-ти истиот месец клубот, исто така, го доживеал својот прв пораз на гостувањата (по 25 натпревари, уште еден рекорд), откако со 0-1 загубиле на во Сан Сиро од Милан.[21] На крајот од јануари, клубот бил елиминиран во полуфиналето на Купот на Италија, од Лацио. Во Лигата на шампионите, конкуренцијата во која што Јувентус се вратил по две години отсуство, успеале да стигнат до четврт-финалето, пред да бидат елиминирани од подоцнежниот шампион Бајерн Минхен. На 5 мај 2013 клубот го освојува своето дваесет и деветто скудето, второ едноподруго, на три кола пред крајот.[22][23]

Во летото 2013 во Јувентус пристигнува аргентинската ѕвезда Карлос Тевес од Манчестер Сити и веќе во својата прва сезона бил најдобар клупски стрелец со вкупно 21 гол во сите натпреварувања. Новата сезона клубот ја отворил на 18 август 2013 со втората последователна титула во Суперкупот на Италија: овој пат, за разлика од она што се случи пред дванаесет месеци, освојувањето на трофејот било далеку полесно за Јувентус, откако со убедливи 4-0 го совладале Лацио на Олимпико во Рим.[24] Помалку среќно искуство имале во Лигата на шампионите каде Јувентус бил елиминиран уште во фазата по групи, но изборувајќи учество во Лига Европа во исто време.[25] Во второто по квалитет континентално натпреварување торинскиот куб покажал подобра игра, но сепак, застанале на последниот чекор пред финалето, каде биле елиминирани од страна на Бенфика.[26] Тоа било прво полуфинале во европските натпреварувања за Јувентус по пауза од единаесет години.

Во Серија А Јуве го повторил успехот од претходните сезони. Иако во првите десеттина кола од сезоната ја бркале екипата на Рома, Јувентус го презеле водството на табелата кон крајот на ноември и го одржиле до крајот: кога на 4 мај 2014 биле крунисани како шампиони на Италија за сезоната 2013-2014 на два круга до крајот на првенството. Со трета титула во низа во ерата на Конте, клубот ја преминува линијата на триесеттата официјална титула во својата историја како првиот италијанскиот тим кој успеал да го стори тоа.[27] Екипата на Конте поставила неколку нови рекорди во оваа сезона како остварување на 12 победи во низа со што го надминале нивниот претходен рекорд,[28] победиле во сите 19 натпревари на домашен терен[29] и го надминале рекордот за најмногу освоени бодови: затворајќи ја сезоната со 102 бода, што е нов рекорд на Италија и за пет бода повеќе од претходниот рекорд кој го поставил Интер[29][30] - четврти на европско ниво[31] - за време на една фудбалска сезона.

Ерата на Алегри (2014-); четири последователни двојни круни

Прославата на екипата по освојувањето на Купот на Италија 2014-2015, десетти во историјата

Сезоната 2014-2015 за навивачите на Јувентус започнала неочекувано откако во средината на јули на тренерската клупа дошол Масимилијано Алегри за да го замени Конте, кој поднел оставка и набргу потоа ја презел селекторската функција во италијанската репрезентација. На 22 декември во Доха, Катар, тимот го загубил Суперкупот на Италија од Наполи по изведување на пенали,[32] иако поразот не влијаел многу на начинот на кој бјанконерите се претставиле во другите натпреварувања, завршувајќи ја сезоната, со третата национална двојна круна во историјата на клубот, по 1960 и 1995. На 2 мај 2015 година, со победата со 1-0 над Сампдорија, клубот од Торино ја освоил својата триесет и прва титула во лигата и четврта во низа, нагласувајќи ја понатму својата хегемонија на италијанскиот фудбал во првата половина на 2010-тите.[33]

На 20-ти истиот месец дошол десеттиот наслов во италијанскиот куп, со победата со 2-1 по продолженијата против Лацио во финалето играно на Олимпико во Рим, уште еднаш, пиемонтезите се првиот клуб во Италија кој успеал да ја постигне оваа симболична бројка.[34] Во последниот натпревар од сезоната не успеале да го освојот Европскиот трофеј во Лигата на шампионите каде што Јувентус сепак изодел долг пат од аутсајдер до повратник во финалето во елитната конкуренција на европски клубови, на "Олимпија стадионот" во Берлин биле поразени со 1-3 од Барселона.[35]

Сезоната 2015-2016 Јувентус ја започнал со големи промени во составот, без некои од протагонистите за успесите од претходните четири години (пред сите Пирло, Видал и Тевес).[36] Дебито за сезоната било успешно, откако на Стадионот Шангај го победиле со Лацио со 2-0 во Суперкупот на Италија.[37] Сепак, почетокот на сезоната бил тежок за Јувентус, кој во првите неколку месеци од сезоната заостанал многу далеку од првите позиции (нула бодови на табелата по првите две кола, никогаш претходно не се случило некој да ја освои титулата откако се игра во една група/лига),[38] плаќајќи висока цена во потрагата за најдобриот баланс во новата група играчи[39] од кој посебно се истакнал младиот аргентинец Пауло Дибала кој наскоро почнал со својте голови да му носи на клубот важни победи.[40][41][42]

И покрај предвидувањата и негативните статистики, Јувентус сепак бил творец на неочекувано враќање, почнувајќи од 11-тото коло забележале 25 победи во следните 26 натпревари, клубот стигнал до својата петта титула "Шампион на Италија" по ред.[43][44] Исто така Јувентус го освоил и Купот на Италија со победата над Милан во финалето во Рим,[45] освојувајќи ја својата прва домашна тројна круна во историјата на клубот.[46]

Хронологија[уреди | уреди извор]

Хронологија на Јувентус
  • 1897 • 1 ноември, основање на Спортски клуб „Јувентус“. Играат во розови дресови со црни гаќици
  • 1898 • Не учествуваат во домашното првенство.
  • 1899 • Променето името на клубот во Фудбалски клуб Јувентус.
    не учествуваат во домашното првенство.
  • 1900 • 3. по ред Италијанско федерално првенство и прво учество за Јувентус. Не ја проминуваат регионалната лига Пиемонт.

  • 1901 • Полуфинале на федералното првенство.
  • 1902 • Испаѓаат во плеј-офот на регионалната лига Пиемонт.
  • 1903 • Нова боја на дресови црно-бела.
    Финалисти на федералното првенство.
  • 1904 • Финалисти на федералното првенство.
  • 1905 • Скудето Шампиони на Италија (1. титула).
  • 1906 • распаѓање на клубот и создавање на Foot-Ball Club Torina.
    2. во завршната група на првенството
  • 1907 • 2. место во регионалната група Пиемонт.
  • 1908 • Освојувачи на федералното првенство FIF-a
    2. место во доигувањето за екипите од регионот Пиемонт
  • 1909 • Освојувачи на федералното првенство FIF-a (2. титула).
    3. место во регионот Пиемонт.
  • 1909-10 • 3. место на крајот на првенството .


  • 1920-21 • 4. место во елиминаторната група на регионот Пиемонт.
  • 1921-22 • 6. место во групата А во Првата дивизија
  • 1922-23 • 5. место во групата B во Првата дивизија.
  • 1923 • 23 јули. Влегување на семејството Ањели во клубот.
  • 1923-24 • 5. место во групата А во Првата дивизија.
  • 1924-25 • 3. место во групата B во Првата дивизија.
  • 1925-26 •  Шампиони на Италија (2. титула).
  • 1926-27 • 3. место во завршната група на Националната дивизија.
      Елеминирани во 4. круг во Купот на Италија(Купот тогаш е прекинат поради не постигнување на договор за одигрување на повеќето натпревари).
  • 1927-28 • 3. место во завршната група на Националната дивизија.
  • 1928-29 • 2. место во група B на Националната дивизија.
  • 1929 • Основање на единствено првенство, Серија А.
  • 1929-30 • 3. место на крајот од сезоната.

  • 1930-31 • Скудето Шампиони на Италија (3. титула)
    Четвртфинале - Митропа Куп.
  • 1931-32 • Скудето Шампиони на Италија (4. титула).
  • 1932-33 • Скудето Шампиони на Италија (5. титула).
    Полуфинале - Митропа Куп.
  • 1933-34 • Скудето Шампиони на Италија (6. титула).
    Полуфинале - Митропа Куп.
  • 1934-35 • Скудето Шампиони на Италија (7. титула).
    Полуфинале - Митропа Куп.
  • 1935-36 • 5. место во Серија А.
    Четвртфинале Куп на Италија.
  • 1936 • Италијанизацијата на тогашниот фашистички режим условува да од името на клубот да се исфрли Foot-Ball Club.


  • 1950-51 • 3. место во Серија А.
    Финалисти на Копа Рија.
  • 1951-52 • Скудето Шампиони на Италија (9. титула).
    3. место на Латинскиот куп 1952.
  • 1952-53 • 2. место во Серија А.
  • 1953-54 • 2. место во Серија А.
  • 1954-55 • 7. место во Серија А.
  • 1955-56 • 12. место во Серија А.
  • 1956-57 • 9. место во Серија А.
  • 1957-58 •  Скудето Шампиони на Италија (10. титула).
    Полуфинале Куп на Италија.
  • 1958-59 • 3. место во Серија А.
     Освојувачи на купот на Италија (3. титула).
    Шестнаесттина финале Куп на шампиони.
  • 1959-60 • Скудето Шампиони на Италија (11. титула).
     Освојувачи на Италијанскиот куп (4.титула).






Бои и Дресови[уреди | уреди извор]

Официјалните бои на клубот се црна и бела (), оттаму произлегува и прекарот бјанконери (во превод бело-црни).

Во првите години од формирањето на клубот, фудбалерите носеле дресови со бела боја и црни шорцеви, а во 1900 година белиот дрес бил заменет со розов.

Дресовите од тоа време не биле квалитетни, па во 1903 година, еден трговец со текстил од Торино се решил на клубот да му подари нови дресови. Тој дизајнирал дресови со розова основа и црни линии и го испратил дизајнот во Англија во фабриката за текстил каде по грешка им биле направени бело-црни дресови. Сите навивачи и членови од Јувентус биле разочарани кога дресовите пристигнале но со текот на времето таа комбинација станала општоприфатена во клубот и од страна на навивачите. Црно-белиот дрес е и денес фундаментална комбинација на клубот.

Еволуција на дресовите[уреди | уреди извор]

Прв дрес[уреди | уреди извор]

1897-1899
1899-1903
1903-1915
1915-1920
1920-1922
1922-1926
1926-1927
1927-1929
1929-1931
1931-1936
1936-1942
1942-1943
1943-1950
1950-1951
1951-1952
1952-1953
1953-1957
1957-1958
1958-1959
1959-1960
1960-1961
1961-1962
1962-1965
1965-1966
1966-1967
1967-1968
1968-1970
1970
1970-1972
1972-1974
1974-1975
1975-1976
1976-1977
1977-1978
1978-1979
1979-1980
1980-1981
1981-1982
1982-1983
1983-1984
1984-1985
1985-1986
1986-1987
1987-1989
1989-1990
1990-1991
1991-1994
1994-1995
1995-1996
1996-1997
1997-1998
1998-1999
1999-2000
2000-2001
2001-2002
2002-2003
2003-2004
2004-2005
2005-2006
2006-2007
2007-2008
2008-2009
2009-2010
2010-2011
2011-2012
2012-2013
2013-2014
2014-2015
2015-2016
2016-2017
2017-2018
2018-2019
2019-2020

Втор дрес[уреди | уреди извор]

1941-1942

1945-1950

1950-1951

1951-1952

1952-1953

1953-1954

1954-1957

1957-1961

1961-1962
(1ª versione)
1961-1962
(2ª versione)
1962-1963
1963-1965
1965-1966
1966-1967
1967-1968
1968-1971
1971-1972
1972-1974
1974-1976
1976-1977
1977-1979
1979-1980
1980-1981
1981-1982
1982-1983
1983-1984
1984-1985
1985-1986
1986-1987
1987-1989
1989-1990
1990-1991
1991-1992
1992-1994
1994-1995
1995-1996
1996-1997
1997-1998
1998-1999
1999-2000
2000-2001
2001-2002
2002-2003
2003-2004
2004-2005
2005-2006
2006-2007
2007-2008
2008-2009
2009-2010
2010-2011
2011-2012
2012-2013
2013-2014
2014-2015
2015-2016
2016-2017
2017-2018
фinco
2018-2019
фinco
2019-2020

Стадиони[уреди | уреди извор]

Грешка во Lua: too many expensive function calls

Во првите две години од постоењето, Јувентус настапувал на Парко дел Валентини и Парко Цитадела стадионите. Потоа сè до 1908 година натпреварите ги играле на Пјаца Д'Арми Стадионот освен во 1905 (годината на освојување на првото Скудето) и 1906 година кога екипата играла на Корсо ре Умберто.

Подоцна, од 1909 до 1922 местото за натпревари бил Корсо Себастополи додека во следните 11 години тоа бил Стадион ди Корсо Марсиљија. Во 1933 клубот се сели на Стадионот Бенито Мусолини (подоцна Стадион Олимпико) кој бил изграден за потребите на светското првенство 1934 година во Италија. Во следните 45 години на него биле одиграли 890 лигашки натпревари сè до 1990 година. Тогаш клубот добива нов стадион, кој исто така бил изграден за потребите на Светско првенство, овојпат 1990 година, а стадионот го добил името Деле Алпи.

Тука сите домашни натпревари Јувентус ги играл од сезоната 1990-91 па сè до сезоната 2005-06. Во август 2006 Јувентус се враќа на Олимпико кој половина година порано бил реновиран за отворањето на Зимските олимписки игри кој 2006 година се одржале во Торино.

На 11 септември 2011 бил одигран првиот официјален натпревар на новоизградениот Јувентус Стадион, кој бил изграден во летото 2011 година наместото на дотогашниот стадион Деле Алпи. Јувентус така станал првиот клуб во Италија кој игра на стадион кој е во потполна сопственост на клубот. [49]

Навивачи[уреди | уреди извор]

Една од трибините со навивачите на Јувентус

Јувентус е убедливо најпопуларниот италијански клуб барем кога се во прашање навивачите, со преку 12 милиони навивачи само во Италија и скоро 200 милиони во светот.

Првите вистински навивачки групи на навивачите на Јувентус почнале да се организираат во средината на 1970-тите, а првите две такви ги носеле имињата Venceremos' и Autonomia Bianconera и двете биле лево политички настроени. Како минуваат годините сè повеќе групи се формираат па така во 1976-тата настануваат Fossa dei Campioni и Panthersi.


Само една година подоцна се основани таканаречените Fightersi од страна на Бепе Роси кој по својата смрт станува симбол на навивачите на Јувентус. Две екстремни навивачки групи кој и денес постојат, Nucleo Armato Bianconero' и Viking се основани во 1985-та, и 1986 година. Многу навивачи на другите клубови во Италија и во Европа имаат голема почит према овие две навивачки групи..

Најголемата група на навивачи на Јувентус во тоа време, Gruppo Storico Fighters се распаѓа после конфликтот со навивачите на Фјорентина во Фиренца во 1987 година. Многу поранешни членови на фајтерсите и другите навивачки групи којшто се распаднале одлучиле да основаат нова навивачка група под името Arancia Meccanica (мак. Пеколен портокал), инспирирани од популарниот филм на Стенли Кјубрик, но во краток временски период го менуваат името на групата во Drughi. Drughi станува најважната навивачка група на Јувентус и во периодот од 1988 до 1996 година веќе имаат преку 10.000 членови. Денес важат за една од најдобрите Ултрас групи во Италија, а посебни се по тоа што претставуваат единствена навивачка група на Апенинскиот Полуостров која не е политички определена.

По неколку обиди за повторно основање на навивачката група Fighters 2005-тата година е одлучено оваа навивачка група да го промени името во Tradizione Bianconera под кое е денес позната.

Навивачите на Јувентус во 2006 година

Во периодот додека Јувентус настапува на Деле Алпи, клубот има многу ниска посетеност на домашните, а и во европските натпревари, па така стадионот со капацитет од скоро 70,000 места во повеќето натпревари бил полупразен. На тоа не влијаела само лошата видливост на стадионот, туку и тоа што голем број на навивачи доаѓаат од југот на Италија, од островите Сицилија, Сардинија како и од градови како што се Неапол, Бари, Лече, Палермо, а и од оние кој се по насевер како Рим и Болоња. Во Италија се многу познати и придружниците на навивачката група Drughi, а некој од нив се Drughi Roma (Рим), Drughi Sicilia итн. Во самиот град Торино Јувентус нема мнозински број на навивачи во однос на градскиот соперник ФК Торино, и поради тоа Јувентус на гостинските натпревари секогаш бил повеќе пратен, а во многу случаи имал и повеќе навивачи отколку домаќинот против кого тогаш играл.

Јувентус во периодот од 2006-та до 2011 година играше на Олимпискиот стадион во Торино, но во септември 2011-та е отворен Јувентус стадион, новоизграден стадион кој има помал капацитет од Деле Алпи, но за разлика од него просечната гледаност на новиот стадион е скоро максимална, а се случувало во текот на сезоната и да бидат распродадени сите карти за само неколку часа и тоа за многу понеатрактивен противник од дното на табелата.

Најважно за сите обични навивачи и оние навивачи на Ултрас групите е тоа што освен високата посетеност, е тоа што сите навивачки групи на новиот стадион одлучиле да бидат на иста трибина (Curva Sud-во превод. јужна трибина) и заедно да навиваат што претходно не беше случај на стадионот Олимпико. Тогаш помалите групи беа на Север, а поголемиот број на Ултрас групи на Југ и често доаѓаше до несогласувања што се однесува до навивањето.

Играчи[уреди | уреди извор]

Грешка во Lua: too many expensive function calls

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Полска ГМ Војќех Шченсни
2 Италија ОД Матија Де Шиљо
3 Бразил ОД Глеисон Бремер
4 Италија ОД Федерико Гати
5 Италија СР Мануел Локатели
6 Бразил ОД Данило
7 Италија СР Федерико Кјеза
9 Србија НП Душан Влаховиќ
10 Франција СР Пол Погба
11 Србија СР Филип Костиќ
12 Бразил ОД Алекс Сандро
14 Полска НП Аркадиуш Милик
15 Турција НП Кенан Јилдиз
16 САД СР Вестон Мекени
Бр. Позиција Играч
17 Англија СР Самуел Илинг-Џуниор
18 Италија НП Моизе Кен
20 Италија СР Фабио Мирети
21 Италија СР Николо Фаџоли
22 САД СР Тимоти Веа
23 Италија ГМ Карло Пинсољо
24 Италија ОД Даниеле Ругани
25 Франција СР Адријан Рабио
26 Аргентина СР Карлос Алкарас
27 Италија ОД Андреја Камбијасо
33 Португалија ОД Тијаго Џало
36 Италија ГМ Матија Перин
41 Италија СР Ханс Николуси Кавиља

Рекордери[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 21 јули 2018

Играчи со најмногу одиграни натпревари за Јувентус[50]
Поз Име на играчот Во клубот Натпревари Во Серија А
1 Италија Алесандро Дел Пјеро 1993-2012
705
478
2 Италија Џанлујџи Буфон 2001-2018
656
472
3 Италија Гаетано Ширеја 1974–1988
552
377
4 Италија Џузепе Фурино 1969-1984
528
361
5 Италија Роберто Бетега 1970-1983
481
326
6 Италија Дино Ѕоф 1972-1983
476
330
7 Италија Џорџо Кјелини 2005-денес
472
326
8 Италија Џампјеро Бониперти 1946-1961
459
443
9 Италија Сандро Салвадоре 1962-1974
450
331
10 Италија Франко Каузио 1970-1981
447
305

Играчи со најмногу постигнати голови за Јувентус[51]
Поз Име на играчот Во клубот Голови Во Серија А
1 Италија Алесандро Дел Пјеро 1993-2012
290
188
2 Италија Џампјеро Бониперти 1946-1961
182
178
3 Италија Роберто Бетега 1970-1983
178
129
4 Франција Давид Трезеге 2000-2010
171
123
5 Аргентина / Италија Омар Сивори 1957-1965
167
135
6 Италија Феличе Борел 1932-1941
1942-1946
161
125
7 Италија Пјетро Анастаси 1968-1976
131
78
8 Данска Џон Хансен 1948-1954
124
124
9 Италија Роберто Баџо 1990-1995
115
78
10 Италија Федерико Мунерати 1923-1933
114
111

Џанлујџи Буфон, втор по бројот на настапи за Јувентус во историјата на клубот

  • играчите во болд сè уште се активни и играат за Јувентус.

Капитени[уреди | уреди извор]

Улогата на капитен во италијанскиот фудбал се појавила во почетокот на 1920-тите години.[52]

Карло Бигато I, бил првиот капитен во историјата на Јувентус и победник во италијанската Серија А како фудбалер и како тренер со Јувентус
Фудбалер Позиција Период
Италија Карло Бигато I среден ред 1922–1929
Италија Вирџинио Росета одбрана 1929–1935
Аргентина/Италија Луис Монти среден ред 1935–1938
Италија Марио Варлјен I среден ред 1938–1942
Италија Пјетро Рава одбрана 1942–1949
Италија Карло Парола одбрана 1949–1954
Италија Џампјеро Бониперти напаѓач 1954–1961
Италија Флавио Емоли среден ред 1961–1963
Аргентина/Италија Омар Сивори напаѓач 1963–1965
Италија Ернесто Кастано одбрана 1965–1970
Италија Сандро Салвадоре одбрана 1970–1974
Италија Пјетро Анастаси напаѓач 1974–1976
Италија Џузепе Фурино среден ред 1976–1984
Италија Гаетано Ширеја одбрана 1984–1988
Италија Антонио Кабрини одбрана 1988–1989
Италија Серџо Брио одбрана 1989–1990
Италија Стефано Такони голман 1990–1992
Италија Роберто Баџо напаѓач 1992–1995
Италија Џанлука Вијали напаѓач 1995–1996
Италија Антонио Конте среден ред 1996–2001
Италија Алесандро Дел Пјеро напаѓач 2001–2012
Италија Џанлујџи Буфон голман 2012–2018
Италија Џорџо Кјелини одбрана 2018–

Најдобри стрелци во Серија А[уреди | уреди извор]

До јули 2018, постојат десет играчи кои носејќи го дресот на Јувентус станале најдобри стрелци во лигата (таканаречени во Италија како Капоканониери). Покрај тоа, Јувентус имал најдобар стрелец во италијанската лига во вкупно 13 сезони, со што е втор клуб по успешност (зад Милан, кој има 8 најдобри стрелци во италијанската лига, но во вкупно 17 сезони нивен играч бил најдобар стрелец).[53]

Давид Трезеге е најдобриот странски стрелец на Јувентус во моментов, бил најдобар стрелец во Серија А во сезоната 2001-2002.
М Играч сезона голови
1 Унгарија Ференц Хирцер 1925-1926
35
2 Италија Феличе Борел 1932-1933
29
3 Италија Феличе Борел 1933-1934
31
4 Италија Џампјеро Бониперти 1947-1948
27
5 Данска Џон Хансен 1951-1952
30
6 Велс Џон Чарлс 1957-1958
28
7 Аргентина/Италија Омар Сивори 1959-1960
27
8 Италија Роберто Бетега 1979-1980
16
9 Франција Мишел Платини 1982-1983
16
10 Франција Мишел Платини 1983-1984
20
11 Франција Мишел Платини 1983-1984
18
12 Франција Давид Трезеге 2001-2002
24[54]
13 Италија Алесандро Дел Пјеро 2007-2008
21
14 Португалија Кристијано Роналдо 2020-2021
29

Најдобри стрелци во Серија Б[уреди | уреди извор]

М Играч сезона голови
1 Италија Алесандро Дел Пјеро 2006-2007
20

Освојувачи на титули[уреди | уреди извор]

Светски шампиони

1934
1938

1982
1998

2006
2018

Европски шампиони

1964
1968
1984
2020

Победници на Копа Америка

2015
2019

Победници на Купот на конфедерации

2003
2005

Моментален тренерски штаб[уреди | уреди извор]

Масимилијано Алегри, моментален тренер на клубот

Тренерски штаб за сезоната 2021-2022:

Функција Име
Главен тренер Италија Масимилијано Алегри
Помошник тренер Италија Марко Ландучи
Технички соработници Италија Алдо Долчети
Италија Маурицио Тромбета
Италија Симоне Падоин
Тренер на голманите Италија Клаудио Филипи
Главен за атлетска подготовка Италија Симоне Фолети
Атлетски тренер Италија Енрико Мафеи
Италија Андреја Петрусио
Италија Лучија Франческо
Главен анализатор Италија Рикардо Ширеја
Клупски доктор Италија Клаудио Риго

Тренерска историја[уреди | уреди извор]

Џовани Трапатони, најуспешниот тренер во историјата на Јувентус со 14 трофеи.

Има 44 тренери до денес кој го воделе Јувентус, 10 од нив служеле како привремени.

До втората деценија на XX век имало детален систем на тренинг за натпреварите во лигата. Во пракса, играчите - студенти и работници - се наоѓале неколкупати неделно на Стадионот Велодром Умберто I за да тренираат, а тренингот се состоел од меѓусебен тренинг-натпревар, одмерување на брзина со тркање и отпор, секогаш под координација на капитенот на екипата.[55]

Првиот тренер на Јувентус во историјата е унгарецот Јено Кароли, избран од страна на претседателот Едоардо Ањели во 1923 со цел да се воведе иновации во смисла на тактика и стратегија во екипната игра. Кароли ја водел екипата на 70 натпревари сè до неговата смрт во 1926.

Во неговиот подолг тренерски мандат Џовани Трапатони , наречен Трап (превод на мак. Стапица), останал на чело на клубот за тринаесет сезони, вклучувајќи и десет по ред, во периодот од 1976-1977 до 1985-1986 и 1991-1992 до 1993-1994. Бројот на последователни сезони во кој Трапатони го водел Јувентус е рекорд меѓу тренерите во италијанскте клубови, ниту еден друг тренер не останал подолго на оваа функција во некој италијански клуб. Трап, исто така, може да се пофали со најмногу натпревари севкупно во кој го водел Јувентус (596) и со бројот на трофеи кој ги освоил со клубот (14, рекорд кај италијанскиот тренери).

Исто така, треба да се спомене и Карло Каркано, тренер на клубот во триесеттите години кој успеал да освои четири последователни првенства, во периодот од 1931 до 1934. Неговиот рекорд подоцна бил надминат од Масимилијано Алегри, кој освоил 5 последователни првенствени титули со Јувентус во периодот 2014-2019.

Моментален тренер на првиот тим е Маурицио Сари, кој дошол на функцијата во летото 2019.[56]

Марчело Липи, го водел Јувентус 8 сезони и освоил 5 скудета.
Масимилијано Алегри, освоил 5 последователни скудета со Јувентус, во периодот 2014-2019.

Подолу е список на тренери на Јувентус од 1923 година, кога семејството Ањели ја презеле власта на клубот до денес.[57]

 
Име Националност Години
Јено Кароли Унгарија 1923–1926
Јозеф Виола Унгарија 1926(при.)
Јозеф Виола Унгарија 1926–1928
Вилијам Ејткен Шкотска 1928–1930
Карло Каркано Италија 1930–1935
Карло Бигато
Бенедето Гола
Италија
Италија
1935(при.)
Вирџинио Розета Италија 1935–1939
Умберто Калигарис Италија 1939–1941
Федерико Мунерати Италија 1941(при.)
Џовани Ферари Италија 1941–1942
Луис Монти Аргентина / Италија 1942(при.)
Феличе Борел Италија 1942–1946
Ренато Чезарини Италија 1946–1948
Били Чалмерс Шкотска 1948–1949
Џеси Карвер Англија 1949–1951
Лујџи Бертолини Италија 1951(при.)
Ѓерг Шароши Унгарија 1951–1953
Алдо Оливиери Италија 1953–1955
Сандро Пупо Италија 1955–1957
Љубиша Брочиќ Социјалистичка Федеративна Република Југославија 1957–1958
Теобалдо Депетрини Италија 1959(при.)
Карло Парола Италија 1959–1961
Јулиус Коростелев
Гунар Грен
Чехословачка
Шведска
1961(при.)
Карло Парола Италија 1961–1962
Пауло Амарал Бразил 1962–1964
 
Име Националност Години
Ералдо Монѕељо Италија 1964(при.)
Ериберто Ерера Парагвај 1964–1969
Луис Карнилја Аргентина 1969–1970
Ерколе Рабити Италија 1970(при.)
Армандо Пики Италија 1970–1971
Честмир Вицпалек Чехословачка 1971–1974
Карло Парола Италија 1974–1976
Џовани Трапатони Италија 1976–1986
Рино Марчези Италија 1986–1988
Дино Ѕоф Италија 1988–1990
Лујџи Мајфреди Италија 1990–1991
Џовани Трапатони Италија 1991–1994
Марчело Липи Италија 1994–1999
Карло Анчелоти Италија 1999–2001
Марчело Липи Италија 2001–2004
Фабио Капело Италија 2004–2006
Дидје Дешан Франција 2006–2007
Џанкарло Корадини Италија 2007(при.)
Клаудио Раниери Италија 2007–2009
Чиро Ферара Италија 2009–2010
Алберто Ѕакерони Италија 2010
Лујџи Делнери Италија 2010–2011
Антонио Конте Италија 2011–2014
Масимилијано Алегри Италија 2014–2019
Маурицио Сари Италија 2019–2020
Андреја Пирло Италија 2020–2021
Масимилијано Алегри Италија 2021–

Легенда:
(при.) Тренери на привремена должност.

Погледнете исто така : Список на претседатели на ФК Јувентус

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Домашни[уреди | уреди извор]

1905, 1925-1926, 1930-1931, 1931-1932, 1932-1933, 1933-1934, 1934-1935, 1949-1950, 1951-1952, 1957-1958 10 титули
1959-1960, 1960-1961, 1966-1967, 1971-1972, 1972-1973, 1974-1975, 1976-1977, 1977-1978, 1980-1981, 1981-1982 10 титули10 титули
1983-1984, 1985-1986, 1994–1995, 1996–1997, 1997–1998, 2001–2002, 2002–2003, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014 10 титули10 титули10 титули
2014-2015, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019, 2019-2020
Вицешампиони (20) : 1903; 1904; 1906; 1937–1938; 1945–1946; 1946–1947; 1952–1953; 1953–1954; 1962–1963; 1973–1974; 1975–1976; 1979–1980; 1982–1983; 1986–1987; 1991–1992; 1993–1994; 1995–1996; 1999–2000; 2000–2001; 2008–2009.
1937–1938, 1941–1942, 1958–1959, 1959–1960, 1964–1965, 1978–1979, 1982–1983, 1989–1990, 1994–1995, 2014-2015 10 титули
2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2020-2021
Вицешампиони (5) : 1972–1973; 1991–1992; 2001–2002; 2003–2004; 2011–2012.
1995, 1997, 2002, 2003, 2012, 2013, 2015, 2018, 2020
Вицешампиони (6) : 1990; 1998; 2005; 2014, 2016, 2017
2005-2006.

УЕФА Европски[уреди | уреди извор]

Слика од Ј-Музеј, местото на кое што се наоѓаат сите титули на Јувентус освоени низ историјата на клубот.
1984–1985, 1995–1996
Вицешампиони (7) : 1972–1973, 1982–1983, 1996–1997, 1997–1998, 2002-2003, 2014-2015, 2016-2017.
1983-1984.
1976–1977, 1989–1990, 1992–1993.
Вицешампиони (1) : 1994–1995.
1984, 1996.
1985, 1996.
Вицешампиони (1) : 1973.
1999.

Спонзори на клубот[уреди | уреди извор]

Заради својата успешност, клубот секогаш привлекувал моќни спонзори. Последен од нив е американскиот производител на џипови Jeep, кој склопил договор со клубот во 2012 испишувајќи го името на компанијата на предната страна на дресовите на Јувентус.[58] Вредноста на договорот изнесува 35 милиони евра.[58]

Период Произведувач на дресови Спонзор
1979 - 1989 Kappa Ariston
1989 - 1992 Upim
1992 - 1995 Danone
1995 - 1997 Sony
1997 - 1998 Sony MiniDisc
1998 - 1999 D+Libertà digitale / Tele+
1999 - 2000 CanalSatellite / D+Libertà digitale / Sony
2000 - 2001 Lotto Sportal.com / Tele+
2001 - 2002 Fastweb / Tu Mobile
2002 - 2003 Fastweb / Tamoil
2003 - 2004 Nike
2004 - 2005 Sky Sport / Tamoil
2005 - 2007 Tamoil
2007 - 2010 New Holland
2010 - 2012 BetClic / Balocco
2012 - 2015 Jeep
2015 - Adidas

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. или Мадама на пиемонтски јазик.
  2. „Juventus F.C.: nasce l'Associazione Piccoli Azionisti“ (италијански). Borsa Italiana S.p.A. 24 September 2010. Посетено на 23 October 2010.
  3. Најдобри европски клубови за 20. век
  4. 4,0 4,1 4,2 „European Footballer of the Year ("Ballon d'Or")“. The Record Sport Soccer Statistics Foundation. Посетено на 8 June 2007.
  5. Лига на шампиони 1995/96
  6. „Јувентус-Trophy Room“. Архивирано од изворникот на 2013-06-07. Посетено на 2013-05-31.
  7. Лига на шампиони 1996/97
  8. „È il quarto Agnelli presidente“. juventus.com. 19 мај 2010. Посетено на 8 август 2010.
  9. „Juve, bilancio in rosso al 31 март“. La Stampa. 11 мај 2011.
  10. „Juve, ecco l'aumento di capitale da 120 milioni“. Corriere dello Sport. 17 октомври 2011. Архивирано од изворникот на 2015-07-21. Посетено на 2016-02-29.
  11. Marco Iaria (18 јули 2015). „Juventus: nuovi contratti sponsor e tv, fatturato verso 350 milioni. E adesso il merchandising è gestito in casa“. La Gazzetta dello Sport.
  12. Alberto Mauro (2 мај 2015). „Juventus. Agnelli, Marotta e Paratici: l'intuizione della rivoluzione dolce“. La Gazzetta dello Sport.
  13. Antonino Milone (20 октомври 2015). „Nedved e la nuova era: la Juve agli juventini“. Tuttosport.
  14. Davide Chinellato (8 септември 2011). „Juve, la notte dell'orgoglio, il nuovo stadio emoziona“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 7 мај 2012.
  15. „È il giorno di Juventus Museum“. juventus.com. 16 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2014-02-19. Посетено на 16 мај 2012.
  16. „Apre lo Juventus Museum, 115 anni di storia bianconera“. Tuttosport. 16 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 мај 2012.
  17. Matteo Brega (7 мај 2012). „Agnelli: «Gli scudetti sono 30. Terza stella? Sarà una sorpresa»“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 9 мај 2012.
  18. „Juventus return to the summit“ (англиски). Fédération Internationale de Football Association. 14 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-16. Посетено на 14 мај 2012.
  19. Paolo Menicucci (21 мај 2012). „Riepilogo stagione: Italia“. Union des Associations Européennes de Football. Посетено на 24 мај 2012.
  20. Riccardo Pratesi (3 ноември 2012). „Milito implacabile, l'Inter rimonta. La Juve non è più imbattibile“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 19 мај 2014.
  21. Gaetano De Stefano (25 ноември 2012). „Robinho rilancia il Milan. Juve al secondo k.o stagionale“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 19 мај 2014.
  22. Riccardo Pratesi (5 мај 2013). „Juventus, scudetto bis: 1-0 sul Palermo. Conte sale ancora sul tetto della Serie A“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 19 мај 2014.
  23. Mario Sconcerti (5 мај 2013). „Vidal, Pogba, difesa e ricambi efficaci. Così la Juve di Conte ha costruito il bis“. Corriere della Sera. Посетено на 19 мај 2014.
  24. Maurizio Nicita (18 август 2013). „Supercoppa, Juventus super: 4-0 alla Lazio con gol di Pogba, Chiellini, Lichtsteiner e Tevez“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 19 мај 2014.
  25. Armando Ossorio (11 декември 2013). „Galatasaray-Juventus 1-0, Sneijder fa fuori i bianconeri“. la Repubblica. Посетено на 19 мај 2014.
  26. Riccardo Pratesi (1 мај 2014). „Europa League, Juventus-Benfica 0-0: portoghesi in finale“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 19 мај 2014.
  27. Timothy Ormezzano (4 мај 2014). „La Juve è campione d'Italia. Lo scudetto arriva in tv“. la Repubblica. Посетено на 19 мај 2014.
  28. Max Cristina (18 јануари 2014). „Serie A, Juventus-Sampdoria 4-2: sono dodici vittorie consecutive“. Sport Mediaset. Посетено на 19 мај 2014.
  29. 29,0 29,1 „La Juventus chiude con il record: 102 punti“. Lega Nazionale Professionisti Serie A. 18 мај 2014. Архивирано од изворникот на 2014-05-18. Посетено на 19 мај 2014.
  30. „Juventus bring up century, Parma back in Europe“ (англиски). Union des Associations Européennes de Football. 18 мај 2014. Посетено на 19 мај 2014.
  31. „Il Club dei 100“. Union des Associations Européennes de Football. 19 мај 2014. Посетено на 19 мај 2014.
  32. „Supercoppa argentina: Tevez- Higuain 2-2, ma ai rigori gioisce solo il Pipita“. 22 декември 2014.
  33. Fédération Internationale de Football Association, уред. (6 мај 2015). „Captains, creators and domestic dominance“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2015-05-18. Посетено на 2017-01-03.
  34. Jacopo Gerna (20 мај 2015). „Juve infinita, vince la 10ª Coppa Italia: Matri piega la Lazio ai supplementari“.
  35. Paolo Menicucci (6 јуни 2015). Union des Associations Européennes de Football (уред.). „Tris Barcellona, la Juve deve inchinarsi“.
  36. „Allegri: «Una sfida stimolante»“.
  37. Stefano Cieri (8 август 2015). „Juventus-Lazio 2-0: Mandzukic-Dybala, Allegri fa festa con i nuovi“.
  38. „L'ultima volta che la Juventus perse le prime due giornate di campionato“. 31 август 2015.
  39. Giorgio Crico (18 декември 2015). „Il rischio calcolato della Juventus“.
  40. Alfredo Giacobbe (11 ноември 2015). „Dybala vs Tévez“.
  41. Andrea Sorrentino (18 јануари 2016). „Sfida scudetto a ritmo di tango: è Higuain contro Dybala“.
  42. Cesare Zanotto (25 април 2016). „Juve campione d'Italia, la stella è Dybala“.
  43. Timothy Ormezzano (25 април 2016). „Dall'imbattibilità alla rimonta: una stagione da record“.
  44. Alberto Mauro (25 април 2016). „Juventus, uno scudetto thrilling: dalla crisi iniziale al record di vittorie“.
  45. Matteo De Santis (21 мај 2016). „La Juve si prende anche la Coppa Italia, Milan battuto 1-0 ai supplementari“.
  46. „I numeri di un'ennesima impresa“. 22 мај 2016.
  47. Во доигрувањето подобар бил Удинезе
  48. Аферата Калчополи. На Јувентус му се одземени двете титули од сезоните 2004-05 и 2005-06 и клубот е исфрлен во Серија Б со негативни бодови, парична казна и казна за тогашните челници на клубот
  49. Отворен новиот стадион на Јувентус
  50. Presenze Giocatori Juventus — Myjuve.it
  51. Reti Segnate Giocatori Juventus — Myjuve.it
  52. „Juventus Football Club: The History“. Juventus FC Official Website.
  53. The Record Sport Soccer Statistics Foundation (уред.). „Italy – Serie A Top Scorers“ (англиски). Посетено на 4 јануари 2009.
  54. David Trezeguet (Juventus) e Dario Hübner (Piacenza) furono i capocannonieri del campionato italiano di Serie A nella stagione 2001-2002.
  55. „Шампиони во минатото: Тренери“. Архивирано од изворникот 2012-02-14. Посетено на 15 февруари 2009.
  56. „ОФИЦИЈАЛНО: Маурицио Сари е нов тренер на Јувентус!“. 16 јули 2019. Посетено на 20 јуни 2019.
  57. „Список на тренери на Јувентус“. MyJuve.it (италијански). Посетено на 25 July 2007.
  58. 58,0 58,1 „Juve sign €35m Jeep deal“. Архивирано од изворникот на 2014-03-10. Посетено на 2013-05-13.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „ФК Јувентус“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).