Џанкарло Берчелино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џанкарло Берчелино
Giancarlo Bercellino, Juventus.jpg
Лични податоци
Роден на 9 октомври 1941 (1941-10-09) (78 г.)
Роден во Гатинара, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 1970 (30 години) - како играч
Младинска кариера
Боргосезија Боргосезија
Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1960–1969 Јувентус Јувентус 154 (10)
1960–1961Алесандрија Алесандрија 36 (2)
1969–1970 Бреша Бреша 22 (0)
Репрезентација
1963 Италија Италија 21 6 (1)
1965–1968 Италија Италија 6 (0)
Раководител на екипите
1978 Bianco e Nero.svg Гатинара
1978–1980 Боргосезија Боргосезија
1980–1982 Flag blue HEX-539ADE.svg Косатезе
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 октомври 2019.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 21 октомври 2019

Џанкарло Берчелино (италијански: Giancarlo Bercellino; роден на 9 октомври 1941, во Гатинара) е поранешен италијански фудбалски тренер и фудбалер, играч од одбраната.

Тој бил Европски шампион со италијанската репрезентација на првенството во 1968 година.

Џанкарло Берчелино понекогаш се среќава и како Берчелино I за да се разликува од неговиот брат Силвино, кој исто така бил фудбалер.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој е син на Терезио Берчелино, фудбалер кој играл во Серија А кон крајот на 1930-тите години.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Берчелино во дресот на Јувентус во сезоната 1965-1966.

Тој ја започнал својата кариера под водството на неговиот татко Терезио, кој во тој период бил тренер на Боргосезија. Сепак, три години подоцна тој бил забележан од скаути на Јувентус, и бил ангажиран од страна на клубот од Торино. Својата професионална кариера ја започнал на позајмица во Алесандрија, во Серија Б, во сезоната 1960-1961, додека веќе следната година се нашол во стартната постава на Јуве во Серија А, забележувајќи го своето деби на 27 август 1961 година во ремито 1-1 со Мантова.

Тој останал во Јувентус до 1969 година, правејќи впечатливо партнерство во центарот на одбраната заедно со Ернесто Кастано. Во август 1965 година, тој го освоил својот прв трофеј со клубот, Купот на Италија. Две години подоцна, на крајот на сезоната 1966-1967 тој го освоил своето прво и единствено скудето.

Во 1969 година Берчелино се преселил во Бреша, а во ноември 1970 година клубот се договорил со Лацио за позајмица на играчот, кој сепак никогаш не го облекол "бјанкочелестиот" дрес заради разни договорни проблеми и проблеми со членството; тој се посветил на семејниот бизнис и ја завршил својата фудбалска кариера на возраст од 30 години.

Потоа, сепак тој се вратил во фудбалот и бил тренер на неколку аматерски клубови во Пиемонт.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Своето деби за италијанската репрезентација, Берчелино го направил на 1 мај 1965 година во победата со 4-1 над Велс во пријателски натпревар. Потоа тој одиграл неколку натпревари во квалификациите за Европското првенство 1968. Конечно, тој бил меѓу играчите повикани од страна за селекторот Валкареџи за самото Европско првенство 1968 година на кое Италија била шампион. Тој одиграл само еден натпревар на турнирот во полуфиналето против СССР кое по 120 минути игра без постигнат гол (0-0) на крајот Италија го добила после фрлање на паричка.

Хронологија на репрезентативни настапи[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

1966-1967
1964-1965

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Италија Италија[уреди | уреди извор]

1968

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Marco Sappino (novembre 2000). Dizionario del calcio italiano. 1. Baldini & Castoldi. стр. 69. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]