Скудето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на Скудетото, со трите бои на италијанското знаме: зелена, бела и црвена.

Скудето е карактеристична значка во облик на штит со боите на италијанското знаме, која се става на дресот на екипата која во претходната сезона го освоила италијанското првенство. Во проширена смисла на зборот "Скудетото" може да значи победа во најсилната италијанска лига или шампионска титула.

Скудетото било воведено во сезоната 1924-1925, кога за првпат оваа значка носена на дресот од страна на играчите на тогашниот првак на Италија Џенова.

Рекордер е екипата на Јувентус со освоени 35 скудета.