Портал:Спорт
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
СПОРТ


Спорт е поим под кој се подразбира нормална физичка активност или вештина изведена под јавно прифатени правила и со цел да рекреира: за натпреварување, за сопствено уживање, за усовршување, за развивање на вештина, или за комбинација од наведените. Она што го карактеризира секој спорт е јасната цел, комбинирана со впечатокот за поединечна (или тимска) вештина или способност.
Избрана статија

Летни олимписки игри 2008 — меѓународен спортски настан кој се одржал од 8-24 авуст 2008 година во Пекинг, Кина. Некои настани се одржале одржат надвор од Пекинг, меѓу кои биле фудбалските натпревари (во Квинхуангдао, Шангај, Шенјанг и Тјаижин), јавачките натпревари (во Хонгконг) и натпреварите во едрење (во Квингдао). Ова бил трет пат Олимписките игри да се одржат под јурисдикција на два различни олимписки комитета (Хонгконг и Кина се натпреварувале одделно).
Организацијата на Олимписките игри му била доделена на Пекинг по гласањето на Меѓународниот олимписки комитет на 13 јули 2001 година. Официјалното лого на игрите, со наслов „Разиграниот Пекинг“, прикажувал стилизиран кинески калиграфски симбол „жинг“ (京, со значење главен град), што претставува навод на градот домаќин. Маскотите на игрите биле пет „Фува“ (кинески:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), од кои секоја е обоена во една од боите на олимписките кругови. Олимпискиот слоган „еден свет, еден сон“ го повикувал светот да се обедини во олимпискиот дух. Спортистите се натпреварувале во 302 дисциплини во 28 спортови, што било за само еден натпревар повеќе од распоредот на претходните игри. Најуспешна земја била Кина со освоени 48 златни од вкупно 100 медали. Прочитајте повеќеДали знаете...
- ... дека првите Панамерикански игри се одржани во Буенос Аирес во 1951 година?
- ... дека фудбалската репрезентација на Бразил никогаш не го освоила златниот медал на Олимписките игри?
- ... дека спортовите ракомет, кошарка, ватерполо и шах се единствените тимски спортови во кои репрезентацијата на Македонија учествувала на некое големо натпреварување?
- ... дека женската кошаркарска репрезентација на Советскиот Сојуз на 22 учества на Европските првенства освоила 21 златен и 1 сребрен медал?
- ... дека Кошаркарскиот тим од НБА лигата Бостон Селтикс има освоено најголем број на титули (17)?