Портал:Велосипедизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
уреди   

Велосипедизам

Cappiello Jacquelin Le Rire 1903.jpg

Велосипедизам — употреба на велосипеди за сообраќај, рекреација или за спорт. Лицата кои возат велосипеди се нарекуваат „велосипедисти“. Покрај вообичаените велосипеди со две тркала, во велосипедизмот се вбројуваат и возењето на моноцикли, трицикли, квадрицикли и слични возила.

Велосипедите се појавиле во XIX век и моментално се проценува дека има над една милијарда велосипеди во светски рамки. Првите велосипеди во Македонија се претпоставува дека се појавиле исто така во XIX век. Велосипедите се користат како основно средство за превоз во многу делови на светот.

Велосипедизмот нашироко се цени како многу ефективен и ефикасен модел за превоз идеален за кратки или умерени растојанија. Велосипедите обезбедуваат бројни користи во споредба со моторните возила, вклучувајќи значајна фискултура со возењето велосипед, меѓу кои се вбројуваат намалената потрошувачка на фосилни горива, помало загадување на воздухот и помала бучава во градовите, помали сообраќајни гужви, полесно паркирање и полесно управување. Во предности влегуваат и намалените финансиски трошоци како за корисникот, така и за општеството во целина (занемарливо оштетување на патиштата, помала зафатнина на патишта). Со можноста за закачување на велосипеди на автобусите, сообраќајните претпријатија можат значајно да ги зголемат областите кои ги опслужуваат. Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана статија

200px-Union Cycliste Internationale.svg.png

Меѓународен велосипедистички сојуз (англиски: International Cycling Union; француски: Union Cycliste Internationale; кратенка: UCI) — светско управно тело за велосипедизмот кое ги надгледува меѓународните велосипедистички натпреварувања. Сојузот има седиште во Егл, Швајцарија.

UCI издава лиценци за натпреварување на возачите и применува дисциплински мерки во врски со допингот. Исто така, UCI ги одредува видовите трки и системот на бодирање во различни велосипедистички дисциплини, вклучувајќи ги планинскиот, друмскиот и велодромскиот велосипедизам, било за мажи и за мажи, било аматерски или професионален. Исто така ги надгледува светските првенства.

Била основана на 14 април 1900 година во Париз од националните велосипедистички организации на Белгија, САД, Франција, Италија и Швајцарија. Ја заменила Меѓународната велосипедистичка асоцијација кога се поставила на спротивната страна во врска со проблемот на Велика Британија, дали треба да биде застапена само со една екипа на Светските првенства или посебни екипи кои ќе ги претставуваат Англија, Ирска, Шкотска и Велс. Британија се почувствувала надитрена и не се приклучила на UCI — под условите кои ги наметнала UCI — до 1903 година. Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана слика

уреди   

Категории

Изберете за да ги погледнете поткатегориите
уреди   

Избрана биографија

Alberto Contador Tour 2010 team presentation (cropped-2).jpg

Алберто Контадор Веласко (шпански: Alberto Contador Velasco; р. 6 декември 1982) — шпански професионален друмски велосипедист и еден од петте возачи кои имаат победено на сите три големи трки во друмскиот велосипедизам. Тој бил победник на Тур де Франс 2007 со екипата Дискавери Канал. Со екипата Астана ги освои Џиро д’Италија 2008, Вуелта а Еспања 2008 и Тур де Франс 2009. Исто така, првично го освоил и Тур де Франс 2010 со оваа екипа и Џиро д’Италија 2011 со екипата Саксо Банк-СанГард, но овие титули му биле одземени откако се покажал виновен по обвинувањата за допинг. Потоа, повторно ја освоил Вуелта а Еспања во 2012 и во 2014 година.

Контадор често е сметан како најдобриот специјалист за искачување и најдобар возач на етапни трки во светот. Познати завршници на етапи на нагорнина се победите на Алто де Ел Англиру на Вуелта, Плато де Бел на Тур и Етна на Џиро. Откако се очекувало да го изгуби неговото мало водство на Тур де Франс 2007 на завршниот индивидуален хронометар, Контадор станал подобар на хронометрите, со неколку победи во оваа дисциплина. Тој ја заработил оцената како универзален возач, велосипедист кој посветил внимание на сите делови од етапното тркање, кои се потребни за остварување високи пласмани во генералните пласмани.

Кариерата на Контадор е обележана со неколку обвинувања за допинг. Случајот „Операција Пуерто“ ја довела неговата екипа ONCE (целосно неповрзана екипа со моменталната екипа Астана) да се откаже од Тур де Франс 2006 пред тој да започне. На крајот било одлучено дека тој немал никаква врска со случајот, но бил повторно обвинет за допинг по неговата победа на трката следната година. Во септември 2010, Контадор објавил дека бил позитивен на кленбутерол на контрола одржана на Тур де Франс 2010, каде завршил како победник, но иако бил суспендиран во текот на истрагата, тој бил прогласен за чист од Кралската шпанска велосипедска федерација. Истрагата од Арбитражниот суд за спорт првично закажана за јуни 2011 била неколку пати одложувана до февруари 2012, кога судот одлучил дека на Контадор ќе му бидат одземени сите резултати постигнати на Тур де Франс и подоцна, што значело дека ја губи и титулата на Џиро д’Италија 2011. Исто така, бил суспендиран до 5 август 2012 и неговиот договор со Тим Саксо Банк бил раскинат. По завршувањето на неговата суспензија, Контадор повторно му се приклучил на преименуваниот Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк. Прочитајте повеќе


уреди   

Дали знаете дека...

Лого на трката Тур Даун Андер

  • ... дека „Тур Даун Андер“ е втората по посетеност велосипедска трка во светот, веднаш по „Тур де Франс“?
  • ... дека „Волта а Каталуња“ е третата најстара велосипедска етапна трка во светот?
  • ... дека Роан Денис поставил нов часовен рекорд од 52,491 километар во февруари 2015 година?
  • ... дека Филип Жилбер е првиот Белгиец во историјата, кој победил на трите Арденски класици во една година?
  • ... дека Алберто Контадор четири пати ја освојува наградата Златен велосипед, рекорд за еден велосипедист?