Википедија:Избрани портали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

2007 година[уреди извор]

Декември 2007, Портал Биографија, чии главни уредувачи досега беа корисниците Виктор Јованоски и brest
Лице

Поимот биографија (грчки bios (βίος) = живот и graphin (γράφειν) = да се пишува) е одомаќинет во речиси сите европски јазици. Означува животопис, или опис на нечиј животен пат. Истовремено, се однесува на секое литературно или филмско остварување што ги презентира најинтересните моменти од нечиј живот. Иако може да се однесува и на непостоечка, најчесто биографиите ги обработуваат деталите од животот на некоја реална и историски важна личност.

Дознајте повеќе за биографиите на неколку важни личности на порталот посветен на биографијата воопшто.

Ноември 2007, Портал Географија, чии главни уредувачи досега беа корисниците Виктор Јованоски и brest
Глобус

Географијата — чие што име доаѓа од старогрчките зборови γεω -земја и γραφία -опишува, е дескриптивна наука која своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја. Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и опишува сите форми на земјината површина и сите природни појави што настануваат на неа и во атмосферата од една, и населението (како дел од Земјата) и неговата стопанска дејност, од друга страна. Исто така, географијата ја опишува и проучува разместеноста на природните богатства, растителниот и животинскиот свет на Земјата. Во буквален превод, зборот географија значи земјопис.

Човекот отсекогаш се интересирал за светот околу себе. Токму тоа е и причината што зачетоците на географијата како наука се појавиле уште во античко време. Обично таа се развивала со развојот на трговијата и морепловството, а уште поинтензивно се развива подоцна, во времето на големите географски откритија. Во антиката, многу народи ја развивале географијата, како античките Грци, Арабјаните, античките Римјани и други. Од последниве, најистакнати географи биле Птоломеј и Страбон. Птоломеј е и еден од првите географи кои ја опишале територијата на Македонија.

Дознајте повеќе за географијата на порталот посветен на неа.

Октомври 2007, Портал Историја, чии главни уредувачи досега беа корисниците Виктор Јованоски и brest
Биста на Александар Македонски.

Историја е поим што означува информација за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е сѐ што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет.

Историографски гледано, историјата започнува по појавата на писмото. Периодот пред појавата на пишаните документи е наречен праисторија - во Европа праисториската археологија ги опфаќа палеолитот, мезолитот, неолитот, енеолитот бронзеното и железното доба. Самата историја е поделена на стар, среден и нов век.

Големиот германски философ Карл Маркс, приврзаник на теоријата дека движечка сила на напредокот е постојаната борба меѓу класите, смета дека историјата треба да започне во мигот кога ќе завршат сите војни. А дотогаш, според Маркс, ние живееме во праисторија.

Дознајте повеќе за историјата на порталот посветен на неа.

Септември 2007, Портал Археологија, чиј главен уредувач до сега беше корисникот brest
Разни орудија од бронзеното доба.
Археологија е наука која ги изучува материјалните остатоци, односно сите видливи траги на човечката дејност заради запознавање на нивната содржина во одредено време и простор, како и заради нивното значење во одредено социјално, економско и историско опкружување. Иако оваа наука вообичаено се поврзува со ,,старите работи", односно со дамнешното минато, со неа се опфаќа временски период од најстарите материјални остатоци па се до нашето совремие.

Каменото доба е најстариот период во праисторијата. Според основниот материјал од кој биле направени орудијата - каменот, овој период од праисторијата се нарекува камено доба или камено време. Каменото доба, пак, од своја страна се дели на старо камено доба или палеолит и ново камено доба или неолит.

Бронзеното доба е период на пресвртница, кога човекот станува свесен за улогата и значењето на металот во неговиот живот. Особено тоа се однесува на користењето на бронзата, која е легура на бакар и калај, чиј квалитет од своја страна ќе овозможи и поинтензивен економски живот.

Дознајте повеќе за археологијата на порталот посветен на неа.

Август 2007, Портал Уметност, чиј главен уредувач до сега беше корисникот Виктор Јованоски
Nefertiti 30-01-2006.jpg
Иако денес под поимот уметност обично се подразбира визуелна уметност, концептот за тоа што е уметност се има менувано постојано низ вековите. Можеби најконцизна дефиниција е најопштата - поимот уметност се однесува на сите креативни човечки дејствија, со исклучок на дејствата директно врзани за опстанок и репродукција. Од поширока перспектива, уметност е едноставно изведен поим за било кој производ на креативен импулс, од кој произлегле сите други човечки активност, како наука преку алхемија, и религија преку шаманизам.

Дознајте повеќе за уметноста на порталот посветен на неа.


Јули 2007, Портал Класична музика, чиј главен уредувач до сега беше корисникот Bjankuloski06
FHM-Choir-Orchestra-mk2006-04.jpg
Класична музика е термин кој се употребува за музичката традиција која е непроменета и речиси дијаметрално спротивна на популарната музика на современатна култура. Ова музика ги евоцира класичните традиции, се фокусира на формални стилови, се занимава со детална деконструкција и критика, и бара особено конценрирано вимание од слушателот. Ова музика е во сродство со, и често споредувана со, фините уметности и високата култура. Фактот што многи класични дела ја задржуваат својата популарност низ времето и се популарни и ден денес сведочи за неодминливиот квалитет на оваа музика. И порај тоа, неоспорно дека јавниот вкус за посветеноста и ценењето на ваквата музика има избледнето низ годините. Затоа класичната музика со себе носи и носталгичен квалитет.


Јуни 2007, почеток на изборот на портали. Амбицијата е да се избира најдобар портал секој месец. За овој месец избран е порталот Математика, чиј главен уредувач до сега беше корисникот Filipgd
ПорталМатематика.gif

Портал математика, јазолот на сите статии поврзани со математиката. Статиите се детални, разбирливи, но во себе носат математичка тежина.