Прејди на содржината

Бостон Селтикс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бостон Селтикс
Бостон Селтикс лого
Бостон Селтикс лого
КонференцијаИсточна Конференција
ДивизијаАтлантска дивизија
Основан1946
ИсторијаБостон Селтикс
(1946–сегашност)
АренаТД Банкнорт Гарден
ГрадБостон, Масачусетс
Тимски боиСетлик зелена, Бела, Црна, Златна
                   
Сопственик/циВиклиф „Вик“ Грузберг
Стефан Паљука
Ирвинг Грузберг
Генерален менаџерДени Ејнџ
ТренерИме Удока
Шампиони17 (1957, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965, 1966, 1968, 1969, 1974, 1976, 1981, 1984, 1986, 2008)
Конференциски титули21 (1957, 1958, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965, 1966, 1968, 1969, 1974, 1976, 1981, 1984, 1985, 1986, 1987, 2008, 2010)
Дивизиски титули21 (1957, 1958, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965, 1972, 1973, 1974, 1975, 1976, 1980, 1981, 1982, 1984, 1985, 1986, 1987, 1988, 1991, 1992, 2005, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012)
Пензионирани броеви21 (00, 1, 2, 3, 6, 10, 14, 15, 16, 17, 18, LOSCY, 19, 21, 22, 23, 24, 25, , 31, 32, 33, 35, MIC)
Мрежно местоceltics.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Бостон Селтикс (англиски: Boston Celtics) е кошаркарски клуб од Бостон кој настапува во НБА лигата, во Атлантската дивизија. Домашен терен на Селтикс е „ТД Бенкнорт Центар“ во Бостон, Масачусетс. Селтикс се најуспешниот тим/организација во НБА лигата со 17 освоени титули.[1] Второто место го заземаат Лос Анџелес Лејкерс со 16.

Селтикс се основани во 1949 и после една сезона во Кошаркарска Асоцијација на Америка (БАА), настапуваат 59 години во НБА лигата. Предводени од легендарниот тренер Ред Оербах, првата титула ја освоија во 1957. Од 1959 до 1969, во тек беше првата династија на Селтикси, и со легендарни играчина чело со Бил Расел, освоија 11 титули во 13-те сезони што Расел ги одиграл. Втората династија беше во 80-те, со играчи како Лери Брд, Кевин Мекхјел и Роберт Париш, освоија титули во 1981, 1984 и 1986, во луто соперништво со Лејкерси предводени од Меџик Џонсон.[2] Двете династии беа поврзани со млад тим, предводен од Дејв Кавенс, кои освоија титули во 1974 и 1976.

Во НБА сезоната 2007/08, Селтикс ја вратија титулата во Бостон после 22 години. Тој преоден рок во тимот била доведена „големата тројка“ сочинета од Реј Ален, Пол Пирс и Кевин Гарнет. Во почетната петорка играле уште Кендрик Перкинс и Рејџон Рондо, кој подоцна прераснал во најголема ѕвезда на екипата. Во НБА финалето 2008 ги победиле лутите соперници ЛА Лејкерс со резултат 4-2. Во сезоната 2009/10 овие два тима повторно играле во финалето, но овој пат Лејкерс славеле со 4-3 во последната серијата.

Име Години Држава Височина Позиција
Џејлен Браун25 САД1.98мбек/крило
Сам Хаузер24 САД2.01мкрило
Ал Хорфорд35Доминиканска Република Доминиканска Република2.06мЦентар/Крилен Центар
Лук Корнет26 САД2.18мЦентар
Ерон Несмит22 САД1.96мбек/крило
Пејтон Причард24 САД1.85мплејмејкер
Маркус Смарт27 САД1.93мплејмејкер/бек
Џејсон Тејтум23 САД2.03мкрило/Крилен Центар
Даниел Таис29 Германија2.06мКрилен Центар
Бродрик Томас25 САД1.96мбек
Дерик Вајт27 САД1.93мбек/плејмејкер
Грeнт Вилијамс23 САД1.98мкрило
Роберт Вилијамс24 САД2.06мЦентар/Крилен Центар
  1. Team Index Архивирано на 1 мај 2012 г., basketball-reference.com. Проверено на 25 август 2009.
  2. „Most Valuable Player Award Winners“ Архивирано на 12 јануари 2012 г. basketball-reference.com. Проверено на 16 јули 2009.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]