Фиренца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грб на Фиренца
Регион: Тоскана
Статистика
Површина: 102 km²
Население: 366.488
Географски координати: 43°47' сгш
11°15' игд
Веб страница
www.comune.firenze.it
Мапа
Положба на Фиренца во Италија

Фиренца (италијански: Firenze) е град во средна Италија на реката Арно со 366.488 жители. Фиренца е главен град на регионот Тоскана и покраината Фиренца. Заради културното и уметничкото значење често пати се нарекува и „Италијанска Атина“.

Фиренца е позната по својата историја. Центар на европската трговија и економија и еден од најбогатите градови на денешницата. Фиренца се смета за местото каде се родила ренесансата и била нарекувана Атина на средниот век. Во нејзината бурна политичка историја се вклучени периодите кога владеела силната фамилија Медичи и бројни религиозни и републикански револуции. Од 1865 до 1870 та година, градот бил исто така и престолнина на скоро основаното Кралство на Италија.

Историскиот центар на Фиренца привлекува милиони туристи секоја година и Euromonitor International му го додели на градот 72 место за посетеност во 2009 година, со 1.685.000 посетители. Беше прогласен за Светско културно наследство од страна на УНЕСКО во 1982 година. Поради нејзиното уметничко и архитектонско богатство, од страна на Форбс, Фиренца беше прогласена за една од најубавите градови во светот и градот е познат по својата историја, култура, ренесансната уметност и спомениците. Градот исто така има голем број на музеи и уметнички галерии, како што се галериите Уфици и Пити меѓу другите и сè уште има влијание во полето на уметноста, културата и политиката.

Фиренца исто така е важен град и за италијанската мода, рангиран меѓу првите педесет главни градови на модата во светот; а исто така е и водечки национален економски центар. Во 2008 та година, градот го имаше 17-тиот просечен приход во Италија.


ИСТОРИЈА[уреди | уреди извор]

Фиренца настанала како римски град и подоцна по периодот на напредок во трговската и банкарската средновековна комуна, таа станува родното место на италијанската ренесанса (или фиорентинската ренесанса). Според енциклопедијата Британика, била политички, економски и културен центар, еден од најважните градови во Европа и светот од 14 ти до 16 ти век. Јазикот кој бил зборуван во градот за време на 14-тиот век, и сè уште е, е прифатен како италијански јазик. Скоро сите писатели и поети од златното доба во италијанската литература, се на некој начин поврзани со Фиренца, водејќи се од посвојувањето на фирентинскиот дијалект, над сите други дијалекти, како избран литературен јазик.

Започнувајќи од доцните средни години, фирентинските пари во форма на златен флорин го финансираа развивањето на индустријата низ цела Европа, од Британија до Бриге, од Лион до Белгија. Фирентинските банкари ги финансирале англиските кралеви за време на Стогодишната војна, како и папството, вклучувајќи ја и конструкцијата на нивната привремена престолнина, Авињон, и по нивното враќање во Рим, реконструкцијата и подоцнежното ренесансно разубавување.

Фиренца беше дом на Медичи, една од најважните благороднички фамилии во историјата. Лоренцо де Медичи бил сметан за политички и културен генијалец на Италија во доцните години на 15-тиот век. Двајца членови од оваа фамилија, биле папи, Лео X и КлементVII, во раните години на 16-тиот век. Кетрин де Медичи, која била мажена за францускиот крал Хенри II, по неговата смрт во 1559 година, владеела како регент во Франција. Медичи владееја како Големите војводи на Тоскана, почнувајќи со Козмо I де Медичи во 1569 година, па си до смртта на Џан Гастон де Медичи во 1737 година.


Римско потекло[уреди | уреди извор]

Фиренца е основана од страна на Луциј Корнелиј Сула во 80 година пред нашата ера, како населба за неговите војници-ветерани и првично била именувана како Флуентиа, што се должи на фактот дека била изградена помеѓу две реки и која подоцна била корумпирана од страна на Флорентиа. Таа била изградена во стилот на војнички Piazza Della Repubblica. Лоцирана во Виа Касија, главниот пат меѓу Рим и северот и во рамките на долината Арно, населбата брзо станала важен трговски центар.

Се вели дека царот Диоклецијан ја направил Флорентиа, еписхописко седиште околу почетокот на 4 век од нашата вера, но тоа се чини невозможно бидејќи Диоклецијан бил забележан како прогонител на христијаните.

Во следните два века, градот доживеал турбулентни периоди под власта на Остроготите, при што градот често настрадувал од војните меѓу Остроготите и Византијците, кои предизвикале населението да се намали, на околу 1000 луѓе. Мирот се вратил под ломбардиското владеење во 6 тиот век. Фиренца во 774 година била освоена од страна на Карло Велики и станала дел од Војводството Тоскана, со главен град Лука. Населениото повторно почнало да се зголемува и трговијата била во подем. Во 854 година, Фиренца и Фисоле биле обединети во една област.

Вториот милениум[уреди | уреди извор]

Марграве Хуго ја избрал Фиренца како своја резиденција наместо Лука околу 1000 година. Златното доба на фирентинската уметност почнало во тоа време. Во 1013 година,започнала изградбата на базиликата Ди Сан Миниато Ал Монте. Надворешноста на баптистериумот била преработена во романски стил меѓу 1059 и 1128 година.


Средниот век и ренесансата[уреди | уреди извор]

Подемот на Медичи[уреди | уреди извор]

Со популација од околу 94.000 жители пред периодот на Црната смрт во 1348 година, се наведува дека околу 25.000 од нив биле издржувани од градската волнена индустрија. Во 1345 година, Фиренца била местото на обид на напад од страна на волнените chombri(ciompi), кои во 1378 година кренале краток бунт од револт против олигархискотото владеење на Ciompi. По нивното потиснување, Фиренца дошла под власта на семејството Албизи (1382-1434), кои биле жестоки соперници на Медичи.

Во 15 тиот век, Фиренца била меѓу најголемите градови во Европа и се сметала за богата и економски успешна. Меѓутоа, животот не бил идиличен за сите жители, меѓу кои имало и големите разлики во богатството. Козмо де Медичи, бил првиот член од семејството Медичи ,кој имал контрола над градот позади сцената. Иако градот технички имал повеќе видови на демократија, неговата сила потекнувала од огромната покровителска мрежа, заедно со неговиот сојуз на нови имигранти, Gente Nuova (нови луѓе). Фактот дека Медичи биле банкари на папата, исто така придонело за нивната доминација. Козмо бил наследен од страна на неговиот син Пјеро, кој бил наскоро наследен од внукот на Козмо, Лоренцо во 1469 година. Лоренцо бил голем покровител на уметноста, изложувајќи дела од Микеланџело, Леонардо да Винчи и Ботичели. Лоренцо бил докажан музичар и донел многу композитори и пејачи во Фиренца, вклучувајќи ги и Александар Агрикола, Јоханес Гизелн и Хајнрих Исак. Од современите, Флорентинес и од тогаш, тој бил познат како „“Лоренцо Величественот”.

По смртта на Лоренцо де Медичи во 1492 година, тој бил наследен од страна на неговиот цин Пјеро II. Кога францускиот крал Шарл VIII го нападнал северниот дел на Италија, Пјеро II решил да се спротистави на неговата војска. Но кога ја сфатил големината на француската армија на портите на Пиза, морал да ги прифати понижувачките услови на францускиот крал. Ова ги направи фирентинците бунтовни и го протерале Пјеро II. Со неговиот егзил во 1494 година, првиот период од владеењето на Медичи завршил со обновување на републиканската влада.

Савонарола и Макијавели[уреди | уреди извор]

Во текот на овој период, доминиканскиот монах Џироламо Савонарола станал игумен на манастирот Сан Марко во 1490 година. Тој бил познат по неговите покајанички проповеди, остро прекорувајќи го она што тој го гледал како широко распространет неморал и приврзаност кон матерјалните богатства. Тој го сметал прогонството на Медичи како дело на Бог, казнувајќи ги за нивната декадентност. Тој ја искористил можноста да спроведе политички реформи, што довело до зголемено демократско владеење. Но, кога Саванорола јавно го обвинил папата Александар VI за корупција, тој бил отстранет од зборување во јавност. Кога тој ја прекршил оваа забрана, бил исклучен. Фирентинците, изморени од неговите екстремни учења, се свртеле против него и го уапсиле. Тој бил осуден како еретик и изгорен на клада на Piazza della Signoria на 23 мај, 1498 година.

Втор поединец со необични предлози бил Николо Макијавели, чии предлози за преродба на Фиренца под цврсто водство, често се гледало како легитимирање на политичката целесообразност, па дури и злоупотреба. Нарачано од страна на Медичи, Макијавели исто така, ја напишал и историјата на Фиренца, односно историјата на градот. Фирентинците ја протерале фамилијата Медичи по втор пат и повторно била формирана републиката на 16-ти мај 1527 година. Вратени на тронот, по втор пат со поддршка од страна на царот и папата, фамилијата Медичи во 1537 година, станале наследни војводи на Фиренца и во 1569 година станале големи војводи на Тоскана и владееле два века. Во цела Тоскана, само републиката Лука (подоцна кнежество) и кнежеството Пјомбино, биле независни од Фиренца.

18-тиот и 19-тиот век[уреди | уреди извор]

Истребувањето на династијата Медичи и доаѓањето на Френсис Стефан, војводата од Лорен и сопруг на Марија Тереза од Австрија во 1737 година, довело до привремено вклучување на Тоскана во териториите на австриската круна. Таа потпаднала под власта на Хабсбуршката династија Лорен, кои подоцна во 1801 година биле сменети од страна на Бурбон Парма, а кои биле симнати од власт во декември 1807 година, кога Тоскана се приклучила кон Франција. Фиренца била префектура на француската администрација во Арно од 1808 година па си до падот на Наполеон во 1814 година. Хабсбуршката династија Лорен се вратиле на престолот на Тоскана по Конгресот во Виена, но конечно биле симнати од престолот во 1859 година. Тоскана станала покраина на Обединетото Кралство на Италија во 1861 година.

Фиренца го заменила Торино како главен град на Италија во 1865 година и во обид да се модернизира градот, стариот пазар на Piazza del Mercato Vecchio и многу средновековни куќи биле срушени и биле заменети со планови за поформални улици и понови куќи. Piazza (прво преименувана во Piazza Vitorio Emmanuele II, тогаш во Piazza della Repubblica, што е и сегашното име), била значително проширена и голем триумфален лак бил изграден на западниот крај. Ваквиот развој станал непопуларен и неговото продолжување било спречено од страна на неколку британски и американски жители кои живееле во градот. Снимки од уништувањето стојат во музејот кој се наоѓа во денешна близина на Piazza.

Вториот главен град на државата бил заменет од страна на Рим шест години подоцна, по повлекувањето на француските трупи.

20-тиот век[уреди | уреди извор]

По удвојувањето во 19-тиот век, населението во Фиренца било тројно зголемено во 20-тиот век, како резултат на порастот на туризмот, трговијата, финансиските услуги и индустријата.

Во текот на Втората светска војна градот доживеа едногодишна германска окупација (1943-1944 година) и бил прогласен за отворен град. Сојузничките војници кои што загинале возејќи ги Германците од Тоскана, се погребани во гробиштата надвор од градот (Американските околу девет километри јужно од градот, британските и федерациските војници на неколку километри источно од центарот, на десниот брег на реката Арно). Во 1944 година, повлекувајќи се, Германците ги срушиле мостовите долж Арно, кои ја поврзуваа областа Олтарно со остатокот од градот, правејќи го потешко преминувањето на британските војници. Како и да е, во последен момент Charle Steinhauslin, во тоа време конзул на 26 земји во Фиренца, го убедил германскиот генерал во Италија дека мостот Понте Векио не треба да биде разнесен поради неговата историска вредност.

Наместо тоа, исто таква историска област на улици непосредно јужно од мостот, вклучувајќи и дел од Corridoio Vasariano, била уништена со помош на мини. Оттогаш мостовите биле вратени во нивните првични форми, користејќи колку што е можно повеќе од останатите материјали, но зградите околу Понте Векио биле обновени комбинирајќи го стариот со модерниот дизајн. Кратко време пред да заминат од Фиренца, Германците бидејќи знаеле дека ќе мораат наскоро да се повлечат, на улиците и плоштадите на Пјаца Санто, вклучувајќи го и Спирито јавно убиле многу борци за слобода и политички противници.

На крајот на Втората светска војна во Европа, во мај 1945 година, информатичко едукативна филијала на американската војска наредила да се отвори странски универзитетски кампус за демобилизираните американски мажи и жени во Фиренца, Италија. Првиот американски универзитет за успуга на персоналот е основан во јуни 1945 година на Факултетот за аеронаутика во Фиренца, Италија. Околу 7.500 студенти-војници поминале низ универзитетот за време на нивната 4 месечна служба.

Во ноември 1966 година, од реката Арно биле поплавени делови од центарот, оштетувајќи многу уметнички богатства. Околу градот се наоѓаат мали плакати по ѕидовите истакнувајќи каде поплавата ја достигнала својата највисока точка. Во 1977 година, колеџот Флеминг во Фиренца беше затворен.

Во ноември 2002 година, градот беше местото на одржување на првото издание на Европскиот социјален форум.

Географија[уреди | уреди извор]

Фиренца е сместена во котлина меѓу Senese Clavey Hills, особено на ридовите Careggi, Fiesole, Settignano, Arcetri, Poggio Imperiale and Bellosguardo(Фиренца). Реката Арно и три помали реки течат низ неа.

Клима[уреди | уреди извор]

Фиренца е на границата меѓу влажната суптропска и медитеранската клима. Таа има жешки, влажни лета со умерени врнежи на дожд и ладни, влажни зими. Опкружена со ридови во долината на реката, Фиренца може да биде топла и влажна од јуни до август. Со оглед дека Фиренца има недостаток од ветер, летните температуре се повисоки од тие долж брегот. Врнежите од дожд во текот на летото се ретки, додека во текот на зимата доминираат врнежите од дожд, со малку снег. Највисоко евидидентирана температура била 42,6°C (108.7 °F) на 26 јули 1983 година, а најниска −23.2 °C (−9.8 °F) на 12 јануари 1985 година.

Поделби[уреди | уреди извор]

Традиционалната поделба на Фиренца на четири круга (кои денес го сочинуваат стариот дел од градот) датира од 14-тиот век : Санта Марија Новела

San Giovanni

Santa Croce

Santo Spirito

Модерните административни единици во пет оддели ги следеле границите на традиционалните кругови во надворешните области. Петте административни единици во нивните населби се:

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Фиренца е позната како „лулка на ренесансата” (la culla del Rinascimento) за нејзините споменици, цркви и згради. Најпозната градба во Фиренца е катедралата на градот, Санта Марија дел Фјоре, позната како Дуомо, чија купола била изградена од Филипо Брунолеши. Блиската Кампаниле (делумно дизајнирана од страна на Џото) и зградата на баптистериумот исто така се истакнуваат. Куполата, 600 години по нејзиното завршување, сè уште е најголемата купола која е изградена од тули и малтер. Во 1982 година, историскиот центар на Фиренца (италијански: centro storico di Firenze) беше прогласен за светско културно богатство од страна на УНЕСКО. Центарот на градот содржи средновековни ѕидови кои биле изградени во 14-тиот век за одбрана на градот. Во срцето на градот, во Piazza della Signoria, се наоѓа фонтаната Нептун на Бартоломео Аманати (1563-1565 година), која е ремек дело, мермерна скулптура чиј римски аквадукт сè уште функционира.

Изгледот и структурата на Фиренца, во многу нешта ни навраќа назад кон римската ера, кога била дизајнирана чуварската населба. Сепак поголемиот дел од градот бил изграден во текот на ренесансата. И покрај силното присуство на ренесансната архитектура во рамките на градот, може да се најдат траги од средновековна, барокна, неокласична и модерна архитектура. Палацо Векио, како и Дуомо, или катедралата во градот, се двете згради кои доминираат во панорамата на Фиренца.

Реката Арно, која го сече стариот дел од градот, е исто така и лик од историјата на Фиренца за луѓето кои живееле таму. Историски гледано, локалните жители имале однос љубов-омраза со Арно, кој наизменично го менувал хранењето на градот со трговија и уништувањето на истото тоа со поплави.

Еден од мостовите кој посебно се издвојува е Понте Векио (Стариот мост), чија највпечатлива карактеристика е мноштвото продавници кои се изградени врз неговите рабови, држејќи се на потпорници. Мостот исто така има издигнат коридор, Васари, кој го поврзува Уфици со резиденцијата на Медичи (Palazzo Pitti). Иако оригиналниот мост е изграден од страна на Етрурците, сегашниот мост бил повторно изграден во 14-тиот век. Тој е единствениот мост во градот кој останал непроменет за време на Втората светска војна. Тој е првиот пример во западниот свет на мостови кои се изградени со користење на сегментални арки, односно, арки помали од еден полукруг, да се намали и распонот но и зголеми коефициентот на бројот на столбови за да се овозможи помал товар во коритото на реката (во ова бил многу поуспешен од римскиот мост Алконетар).

Црквата Сан Лоренцо ја содржи капелата Медичи, мавзолеј на фамилијата Медичи, најмоќното семејство во Фиренца од 15-тиот до 18-тиот век. Во близина се наоѓа галеријата Уфици, еден од најдобрите уметнички музеи во светот, основана од страна на последниот член на фамилијата Медичи.

Уфици се наоѓа на аголот од Piazza della Signoria, важна локација за да биде во центарот на граѓанскиот живот и на власта во Фиренца со векови. The Palazzo della Signoria сè уште е дом на општинската власт. Loggia dei Lanzi сè уште ги подготвува сите јавни церемонии на републиканската влада. Многу значајни епизоди во историјата на уметноста и политичките промени биле извеени тука, како што се :

- Во 1301 година, Данте бил пратен во прогонство од тука (одбележано со натпис на еден од ѕидовите на Уфици),

- На 26-ти април 1478 година, Jacopo de' Pazzi и неговите поддржувачи се обиделе да го дигнат градот против Медичи, по заговорот познат како The congiura dei Pazzi (заговорот Pazzi), со убиството на Џулијано ди Пјеро де Медичи и ранувањето на неговиот брат Лоренцо. Сите членови на заговорот, биле приведени од страна на фирентинците и обесени на прозорците од палатата,

- Во 1497 година, тоа било местото за кладата на суетите, поттикнато од доминиканскиот монах и проповедник Џироламо Савонарола, - На 23-ти мај 1498 година, Савонарола и двајца следбеници биле обесени и запалени на клада (тркалезна плоча во земјата го означува местото каде што бил запален),

- Во 1504 година, Давид од Микеланџело (сега заменет со копија, бидејќи оригиналот бил префрлен во затворениот простор на академијата dell'Arte del Disegno) бил поставен на предниот дел на Palazzo della Signoria (исто така познат како Палацо Векио).

Piazza della Signoria е локацијата каде што има голем број на скулптури од други вајари, како што се Донатело, Аманати и Челини, иако некои се заменети со копии поради зачувување на оригиналите.


Споменици, музеи и верски објекти[уреди | уреди извор]

Фиренца содржи повеќе палати и згради од различни епохи. Палацо Векио (во превод Стара палата) е градското собрание на Фиренца и исто така е и музеј на уметноста. Оваа голема романична тврдина-палата која има поглед на Piazza della Signoria ја има копијата на скулптурата на Давид од Микеланџело, како и галеријата на скулптури во непосредна близина на Loggia dei Lanzi. Оригинално наречена Palazzo della Signoria, по Сигнориа од Фиренца, владејачкото тело на Република Фиренца, исто така и беа дадени и неколку други имиња: Palazzo del Popolo, Palazzo dei Priori, and Palazzo Ducale, во согласност со различната употреба на палатата за време на својата долга историја. Зградата го добила своето сегашно име кога војводската резиденција на Медичи била преместена преку Арно во Палацо Пити. Таа е поврзана со Уфици и Палацо Пити преку Corridoio Vasariano.

Palazzo Medici Riccardi, дизајнирана од страна на Michelozzo di Bartolomeo за Козмо Ил Векио,од фамилијата Медичи, е уште една голема градба, која е изградена помеѓу 1445 и 1460 година. Била позната по својата ѕидна конструкција, која вклучувала стреи и ѕидарски камења. Денес тоа е седиштето на покраината Фиренца и домаќин на музеите и библиотеката Riccardiana.

Palazzo Strozzi, е пример за граѓанска архитектура со своите камени коцки, инспирирани од Palazzo Medici, но со повеќе хармонични пропорции. Денес, палатата се користи за меѓународни изложби, како што се годишното античко шоу, (основано како the Biennale del'Antiquariato во 1959 година), модни ревии и уште многу други културни и уметнички настани. Оваа палата, исто така е и седиште на институтот Nazionale del Rinascimento и истакнатиот Gabinetto Vieusseux, со библиотека и читална.

Настрана од овие палати и згради,има и неколку други,вклучувајќи ги Palazzo Rucellai, дизајнирана од страна на Леон Батиста Алберти помеѓу 1446 и 1451 година и завршена барем делумно од страна на Bernardo Rossellino; the Palazzo Davanzati, во која се сместени музејот на Old Florentine House; the Palazzo delle Assicurazioni Generali, дизајнирана во стилот на нео ренесансата во 1871 година; Palazzo Spini Feroni во Piazza Santa Trinita, е историска приватна палата од 13-тиот век, од 1920-тите во сопственост на дизајнерот на чевли, Салваторе Ферагамо; како и разни други, вклучувајќи ги Palazzo Borghese, Palazzo di Bianca Cappello, Palazzo Antinori и кралската палата Santa Maria Novela.

Фиренца содржи бројни музеи и уметнички галерии каде што се чуваат некои од најважните дела во светот на уметноста. Градот е еден од најдобро сочуваните ренесансни центри на уметноста и архитектурата во светот и има висока концентрација на уметноста, архитектурата и културата. Во ранг листата на најпосетени италијански уметнички музеи, 2/3 застапени се музеите на Фиренца. Уфици е еден од овие, еден од најпознатите и најважните уметнички галерии во светот, која има многу голема колекција на меѓународна и фирентинска уметност. Во неа се сместени уметнички збирки на семејството Медичи низ вековите, сместени се уметнички дела од страна на разни сликари и уметници. Vasari Corridor е уште една галерија, која ги поврзува Палацо Векио со палатата Пити, поминувајќи низ Уфици и преку Понте Векио. Во Galleria dell' Accademia е сместена колекцијата на Микеланџело, вклучувајќи го и Давид. Во неа има и збирка на руски икони и дела од страна на разни уметници и сликари. Понатаму, во другите музеи и галерии се вклучени Баргело, кој се концентрира на скулптурните дела од уметниците, меѓу кои се Донатело, Giambologna и Микеланџело; Palazzo Pitti, која содржи дел од поранешната приватна збирка на семејството Медичи. Покрај колекцијата на Медичи, палатата исто така содржи и многу ренесансни дела, вклучувајќи и неколку од Рафаел и Тицијан, големи колекции на костими, церемонијални кочии, сребро, порцелан и галерија на современата уметност која датира од 18-тиот век. Палатата е споена со градините Боболи, богати со убавина и бројни скулптури.

Има неколку различни цркви и верски објекти во Фиренца. Катедралата е Санта Марија дел Фиоре. Таа е четврта по големина црква во Европа, нејзината должина е 153 метри (502 стапки) и нејзината висина е 116 метри (381 стапка). Баптистериумот Сан Џовани се наоѓа пред Катедралата на Фиренца и е декорирана од голем број на уметници, особено од страна на Lorenzo Ghiberti со вратите на Рајот. Други цркви во Фиренца се: базиликата Санта Марија Новела, која се наоѓа на плоштадот Санта Марија (во близина на железничката станица Санта Марија Новела), која содржи дела од Masaccio, Paolo Uccello, Filippino Lippi и Domenico Ghirlandaio; Базиликата на Санта Кроче, главната француска црква во градот, која се наоѓа на Piazza di Santa Croce, околу 800 метри југисточно од Дуомо и е место каде што се погребани некои од најпознатите познати Италијанци, како што се Микеланџело, Галилео, Макијавели, Фисколо, Џентиле, Росини, Маркони и поради тоа исто така е позната како, Храм на величествените Италијанци (Tempio dell'Itale Glorie); Базиликата Сан Лоренцо, која е една од најголемите цркви во градот, сместена во центарот на главниот пазар во Фиренца и е местото каде што се погребани сите главни членови на семејството Медичи, од Козмо Ил Векио до Козмо III; Санто Спирито во областа Олтарно, која се наоѓа на истоимениот плоштад; Orsanmichele, чија зграда била изградена на местото на кујнската градина на манастирот Сан Микеле, сега уништен; Santissima Annunziata, римокатоличка базилика; Огнисанти која била основана од страна на умилиатите и е меѓу првите примери на барокната архитектура во градот; Санта Марија дел Кармине, која се наоѓа во областа Олтарно, Фиренца, која е локацијата на капелата Brancacci, во која се наоѓаат извонредни ренесансни фрески од Masaccio and Masolino da Panicale, подоцна довршени од страна на Filippino Lippi; Капелата Медичи во Сан Лоренцо; како и неколку други, вклучувајќи ги Santa Trinita, San Marco, Santa Felicita, Badia Fiorentina, San Gaetano, San Miniato al Monte, Florence Charterhouse, and Santa Maria del Carminе. Во градот исто така се наоѓаат и Православната руска црква на христовото раѓање и Големата Синагога во Фиренца,која била изградена во 19-тиот век.

Покрај тоа, во Фиренца има и разновидни театри и кина. Киното Одеон кое се наоѓа на Palazzo dello Strozzino, е едно од најстарите кина во градот. Основано е 1920-1922(24) во крилото на Palazzo dello Strozzino и имало обичај да се нарекува Cinema Teatro Savoia (кино-театар Савој), но сепак подоцна бил наречен Одеон. Театарот де ла Пергола,кој се наоѓа во центарот на градот на истоимената улица, е оперска куќа изградена во 17-тиот век. Друг театар е Teatro Comunale (или Teatro del Maggio Musicale Fiorentino),првично изграден како отворен амфитеатар, Politeama Fiorentino Vittorio Emanuele, кој бил отворен на 17 мај 1862 година со помош на Donizetti's Lucia di Lammermoor и собирал 6000 луѓе. Има и други театри,како што се Saloncino Castinelli, Teatro Puccini, Teatro Verdi, Teatro Goldoni и Teatro Niccolini.


Плоштади, улици и паркови[уреди | уреди извор]

Покрај такви споменици, Фиренца содржи многубројни големи плоштади (piazze) и улици. Piazza della Repubblica е плоштадот во центарот на градот, локација на културни кафулиња и буржоаски тврдини.

Помеѓу кафулињата на плоштадот ( како што се Caffè Gilli, Paszkowski или the Hard Rock Cafè), кафулето Giubbe Rosse подолго време е место на средба на уметници и писатели,особено на тие од периодот на Футуризмот . На плоштадот Santa Croce има друг што доминира од страна на Basilica of Santa Croce, а тоа е правоаголен плоштад кој се наоѓа во центарот на градот каде што фудбалскиот клуб Фиорентина игра секоја година. Покрај тоа таму се наоѓа и плоштадот Santa Trinita, плоштад кој се наоѓа во близина на Арно со кој што се обележува крајот на улицата Via de' Tornabuoni.Исто така има и други плоштади како што се Piazza San Marco, Piazza Santa Maria Novella, Piazza Beccaria и Piazza della Libertà.

Во центарот исто така дополнително се содржани и некои други улици.Тие го вклучуваат Via Camillo Cavour, едно од главните места на историскиот центар во северната област.. Via Ghibellina е една од подолгите централни улици во Фиренца . Via dei Calzaiuoli е една од најцентралните улици која се наоѓа на историскиот центар која ги поврзува плоштадот Del Duomo со плоштадот Della Signoria, извиткани паралелно на via Roma и плоштадот Della Repubblica . Via de' Tornabuoni е луксузна улица која се наоѓа во центарот на градот што оди низ плоштадот Antinori на ponte Santa Trinita , преку плоштадот Santa Trinita , кој што е познат по постоењето на многубројни модни бутици.Преминот Viali ди Circonvallazione,6 булевари го опфаќа северниот дел од историскиот центар .Како и други улици,како што се Via Roma,Via degli Speziali, Via de' Cerretani и Viale dei Colli.

Во Фиренца исто така има и неколку парка и градини.Меѓу нив се Boboli Gardens, Parc Delle Cascine, Giardino Bardini и Giardino dei Semplici.

Демографија[уреди | уреди извор]

На 31 Октомври 2010 година,вкупниот број на население во градот изнесувало 370.702 жители, додека европската проценка е дека 696.767 луѓе живеат во урбаната средина на Фиренца.Поширокото градското подрачје на Фиренца,Прато и Ристоја,во 2000 година се простирало на површина од 4.800 квадратни километрии тоа е дом на 1,5 милиони луѓе .Во 2007 година во Фиренца точно 46.8 % од населението биле мажи и 53.2% биле жени .

Бројот на малолетниците (деца кои се на возраст до 18 години или помалку) вкупно изнесувал 14,10 проценти од населението во споредба со пензионерите чиј број изнесувал 25.95 проценти.Овие бројки можат да се споредат со просекот на жители во Италија каде што 18,06 проценти се малолетници,а 19,94 проценти од жителите се пензионери.Просечната возраст во Фиренца по жител е 49 години во споредба со просекот во Италија кој што изнесува 42 години.

Во последните пет години помеѓу 2002 и 2007 година,населението во Фиренца пораснало за 3,22 проценти,додека во Италија како целина се зголемило за 3,56 проценти.Стапката на наталитет во Фиренца е 7,66 раѓања на 1000 жители во споредба со просекот во Италија од 9,45 раѓања . Во 2009 година, 87.46% од населението било италијанско. Се предвидува дека 6000 Кинези живеат во градот.Најголемата имигрантска група дошла од другите европски земји (повеќето се Романци и Албанци) 3,52%,исто така дошле и од Источна Азија (повеќето биле Кинези и Филипинци) 2,17 % ,Американци (највеќе Перунци ) 1.41% и од Северна Африка ( највеќе Мароканци ) 0,9%.

ЕКОНОМИЈА[уреди | уреди извор]

Туризмот е една од најважните индустриска гранки и поголемиот дел од Фиренца зависи од парите која се создавааат од страна на меѓународните пристигнувања и туристи и од студентите кои што студираат во градот. Како и да е призводството и трговијата,сè уште претставуваат една од најважните работи.Фиренца,исто така е еден од 17-те најбогати градови во Италија во однос на просечните приходи на работниците, кои изнесуваат € 23,265 ( со тоа што целокупниот приход на градот е 6.531.204.473 €), со што доаѓаат по Манта и покрај ненадминливиот Болцано .

Индустрија , трговија и услуги[уреди | уреди извор]

Фиренца е еден од главните производствени и трговски центри во Италија, каде што во фиорентинските индустриски комплекси во приградските населби се произведуваат сите видови на добра, од мебел,производи од гума, хемикалии и храна.Покрај традиционалните и локалните производи , како што се антиквитети ,рачни изработки , прозводи од стакло стакло и кожа, уметнички копии, накит, сувенири, металните и железните изработки, чевли, додатоци и отмена модна облека исто така се застапени во големите сектори на фиорентинската економија.

Приходот на градот делумно зависи од трговските услуги и културните интереси,како што се годишните саеми,театарските и лирските обработки , ликовни изложби, фестивали и модни ревии , како што е Calcio Fiorentino.

Тешката индустрија и машинопроизводството исто така заземаатт дел од обезбедувањето на приход . Во Nuovo Pignone,покрај голем број на фабрики сè уште постојат и мали и средни индустриски бизниси.Во Florence-Prato-Pistoia, индустриската територија и област е позната како „ Трета Италија “ во 1900-тите , кое нешто се должи на извозот на високо квалитетни стоки и автомобили (особено Веспи) и напредокот и продуктивноста на претприемачите во Фиренца . Некои од овие индустрии дури и им конкурираат на високите профити и производство на традиционалните индустриски региони во Emilia-Romagna и Venetodue.

Туризам[уреди | уреди извор]

Туризмот е една од најзначајните индустрии во централна Европа .Од Април до Октомври ,туристите се помногубројни од локалното население . Билетите за галеријата Уфици и Академските музеи се редовно продадени и големи групи редовно ги посетуваат базилките Santa Croce и Santa Maria Novella, во кои се наплаќа влез. Во 2010 година читателите на списанието Travel + Leisure го рангираа градот како нивна трета омилена туристичка дестинација. Испитувачките студии од страна на Euromonitor International заклучија дека културниот и историско ориентираниот туризам предизвикува значително зголемена потрошувачка низ цела Европа .

Се верува дека Фиренца ја има најголемата концентрација на уметноста во светот. Како резултат на тоа,културниот туризам е значително јак,со светски познатите музеи, како што е Уфизи кои продаваат по 1,6 милиони влезници годишно . Просториите на собирниот центар беа преструктурирани во текот на 1990-тите години и била домаќин на изложби, конференции, состаноци, социјални форуми, концерти и други настани во текот на годината.

Фиренца има приближно околу 3.500 хотелски легла и 23.000 легла во други објекти за сместување ( кампови,куќи за гости,младински хостели и фарми ), што дава потенцијал за повеќе од 10 милиони ноќевања во текот на една година.Туристите исто така вклучуваат и илјадници еднодневни патувања, кои доаѓаат крастарејќи со брод ( до Ливорно ) и со патниот и железничкиот сообраќај. Во 2007 година,градот е рангиран како 59-ти најпосетуван град во светот,со над 1,729 милиони пристигнувања во годината.Се проценува дека само една третина од туристите се Италијанци,а остатокот се состои од Американци ( 20% ) , Германци ( 13% ) , Јапонци ( 8% ) , Британци ( 7,8% ), Французи ( 5,7% ) и Шпанци ( 5% ) .


Храна и вино[уреди | уреди извор]

Храната и виното подолго време се основни производи во економијата. Фиренца е најважниот град во Тоскана,еден од најголемите винарски региони во светот.Регионот Chianti се наоѓа јужно од градот ,и неговото грозје од сортата Sangiovese видно фигирирало не само во класичните Chianti вина,туку и во многу од неодамна развиените супер тоскански мешавини. Областа Carmignano која се наоѓа дваесет милји ( 32км ) јужно , исто така е дом на вкусните sangiovese црвени вина.Познатата област Chianti Rufina,која географски и историски е разделена од областа Chianti,исто така е на неколку милји источно од Фиренца . Во последно време , регионот Bolgheri ( околу 150 км југозападно од Фиренца ) стана познат по неговите "Супер тоскански" вина како што се Sassicaia и Ornellaia.

Kултура[уреди | уреди извор]

Уметност[уреди | уреди извор]

Фиренца има легендарно уметничко наследство. Чимабуе и Џото ,татковците на италијанското сликарство,живееле во Фиренца, исто како и Арнолфо и Андреја Писано,основачите на архитектурата и скулптурата,Брунелески, Донатело и Мазачо, предците на ренесансата,Гиберти и Дела Робиас,Филипо Липи и Анџелико,Ботичели,Паоло Учело и светските гении Леонардо да Винчи и Микеланџело .

Нивните дела,заедно со оние на другите генерации на уметници ,се собрани во неколку музеи во градот:галеријата Уфици,галеријата Платина со уметнички слики од „Златното доба“,во Барџело со скулптури од времето на ренесансата, исто така и музејот во Сан Марко со творбите на Фра Анџелико,на Академијата, капелата на Медичи,куќата на Буораноти со скулптури од Микеланџело,како и во следните музеи:Бардини ,Хорне,Штиберт,Романо,Корсини,Галеријата за модерната уметност како и Museo dell'Opera del Duomo, музејот за сребро и музејот за скапоцени камења.Големи споменици се белези на уметничката култура во Фиренца:крстилницата во Фиренца со своите мозаици, катедралата со своите мозаици,средновекновните цркви опкружени со фрески,јавните исто како и приватните палати:Палатата Векио,Палатата Пити,Палатата Медичи Рикарди, Палатата Даванзати исто како и манастирите,манастирските конаци , училишните кафитерии „ Цертоса “. Археолошкиот музеј содржи документи од етрурската цивилизација. Во суштина градот е толку богат со уметнички дела така што првото искуство кое го имале посетителите,бил Стендал синдромот кога се судриле за прв пат со уметноста.

Архитектите во Фиренца како што се Филипо Брунелески ( 1377 – 1466 ) и Леон Батиста Алберти ( 1405 – 1472 ) биле меѓу татковците на ренесансната и неокласичната архитектура .

Во соборниот храм, на врвот од куполата Бруналески , доминира панорамата на Фиренца. Жителите на Фиренца одлучиле да започнат со изградбата куполата кон крајот на 13 от век ,без нацрт за неа. Проектот кој бил предложен од страна на Бруналески во 14от век, бил еден од најголемите кои што некогаш биле изградени и станала прва најголема купола во Европа , по двете најголеми куполи кои биле изградени во Римската епоха – Пантеон во Рим и Аја Софија во Цариград.

Куполата во Санта Марија дел Фјоре останува најголемата конструкција со тула од нејзин вид во светот.На предната страна од неа се наоѓа средновековната крстилница.Двете градби во нивното декорирање вклучуваат премин од средниот век во ренесансата . Во последните години , повеќето од важните уметнички творби од двете градби и од блиската Giotto's Campanile се отстранети и се заменети со копии .Оригиналите сега се сместени во Музејот Dell'Opera del Duomo , кој што се наоѓа источно од Катедралата . Фиренца има голем број на art-filled цркви .како што се Сани Минијато ал Монте , Сан Лоренцо , Санта Марија Новела , Санта Тринита , Санта Марија дел Кармине , Санта Кроче , Санто Спирито , Анунзијата , Огнисанти и многубројни други . Уметници кои што се поврзани со Фиренца се Арнолфо ди Камбрио и Чимабуе, Џото , Ниани ди Банко и Паоло Учело , вклучувајќи ги и Лоренцо Гиберти , Донатело и Масачо и семејството Дела Робија , исто така вклучувајќи ги Фра Анџелико и Ботичели и Пиеро дела Франческа , како и Микеланџело и Леонардо да Винчи . Другите ги вклучуваат Бенвенуто Целини , Андреа дел Сарто , Бенозо Газоли , Доменико Гриландио , Филипо Липи , Бернардо Буонталенти , Оркагна , Полајло , Филипино Липи , Верочино , Бронзино , Десидеријо да Сетигнано , Мичелозо , Розели , Сандалос и Пантормо. Уметници кои доаѓале од други региони и кои работеле во Фиренца се : Рафаел , Андера Писано , Џиамбологна , Ил Содома и Петар Паул Рубенс .

Уфици и Пити Палас се две најпознати слики во галериите во светот . Двете извонредни колекции на скулптури се во Барџело и во Музејот во Дуомо . Тие се исполнети со креации на Донатело , Верочино , Десиреио да Сетигнамо , Микечанџело и други . Во Академијата го има и Давид од Микеланџело, можеби една од најпознатите творби во уметноста насекаде , исто така таму се наоѓаат и незавршените статуи на робови кој што Микеланџело ги создал за гробницата на папата Јулие II . Друга слика, вклучувајќи ја и средновековната градска сала , даваат и палатата Дела Сигнорија ( позната и како Палата Векио ) , Археолошкиот музеј , Музејот на историја на науката , палатата Даванзати , Музејот Стиберт , Ст.Маркс , капелата Медичи , Музејот на творби на Санта Кроче , Музејот на манастирски конаци на Санта Марија Новела , Зоолошкиот музеј ( „ Ла Спекола “ ) , Бардини и Музејот Хорне . Исто така постои и колекција на дела на модерниот вајар , Марино Марини , во музејот што е наречен по него . Палатата Стрози е место на специјални експонати .

Стил / Јазик[уреди | уреди извор]

Јазикот кој што го зборувале во Фиренца (Fiorentino) од страна на жителите на Фиренца и околината , е тосканскиот јазик и е моментален мајчин јазик во модерна Италија .Неговиот речник и изговор е голем и е идентичен со стандардниот италијански , иако тешкото c [k] помеѓу две самогласки ( како во дукато ) се изговара како фрикативот [h] , слично со англиската ч . Ова на народот што живее во Фиренца му дава високо препознатлив акцент ( таканаречен џорџија тоскана ).Друга карактеристика е употребата на конјуктивниот начин најчесто употребуван во средниот век , односно честа употреба на секојдневниот говор во модерниот конјунктив и скратено изговарање на определениот член , како замена на „ ил “ . Данте, Петрарка и Бокачо први воведуваат користење на мајчиниот јазик како замена на латинскиот кој е користен за повеќето литературни дела во тоа време .

Литература[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што латинскиот јазик бил најзначаен јазик во судовите и во црквите , писателите како што се Данте Алигиери и многу други го користеле нивниот јазик , Фиорентинскиот дијалект во пишувањето на нивните дела . Најстари литературни дела напишани на мајчин јазик се напишани дури во далечниот 13ти век . Литературата во Фиренца целосно се развила во 14 тиот век ,од кои не само Данте со неговата Боженствена комедија (1306-1321) и Петрарка, туку и поетите како што се Ѓидо Кавалканти и Лапо Џиани ги напишале своите најважни дела . Ремек делото на Данте е Боженствената комедија , која што главно се занимава со самиот себе земајќи алегорични и морални обиколки во пеколот , чистилиштето и на крајот рајот , во текот на тоа тој се запознава со многубројни митолошки или реални карактери на негова возраст или претходно . Тој е првиот водач од страна на римскиот поет Виргилиј , за чии не христијански верувања бил проколнат во пеколот . Подоцна ќе се приклучи и Беатриче , која ќе го води кон рајот . Во 14тиот век , Петрарка и Џовани Бокачо ја воделе литературната сцена во Фиренца по смртта на Данте во 1321 година . Петрарка бил сестран писател , автор и поет , но бил особено познат по неговото дело Канцониерот или Книга на песните , каде тој ја изразува непрекинатата љубов кон Лаура . Неговиот стил на пишување оттогаш е познато како Петрарцизам .

Бокачо бил познат по неговото дело Декамерон , мрачна приказна во Фиренца во текот на 1350 тата кога владеела епидемијата од чума , позната како Црна Смрт , кога некои луѓе го напуштиле опустошениот град и се преселиле во некоја изолирана вила, и го поминувале своето време раскажувајки приказни и новели вадени од средновековната и современата традиција . Сето тоа е напишано во серија од 100 различни новели .

Во 16тиот век , во текот на Ренесансата , Фиренца била роден град на политичкиот писател и филозоф Николо Макијавели , чии идеи за тоа како владетелите треба да владеат со земјата , опишано во Принц ,земале замав кој се проширил низ Европските судови и трајно уживал во својата популарност со векови . Овие принципи станале познати како Макијавелизми .

Музика[уреди | уреди извор]

Музиката во Фиренца[уреди | уреди извор]

Фиренца станала музички центар во текот на средниот век,музиката и изведувачките уметности станале важен дел од нивната култура . Во текот на ренесансата имало четири вида на музичко покровителство во градот со почит кон духовнате и световната музика : држава, корпорации , црква и приватни лица.Во средината на 16 век во Фиренца се собрала групта Фиорентинска камера која експериментирала со раскажување на приказни од грчката митологија преку музика – со други зборови кажано првите опери , поставувајќи ги основите на движењето,не само за понатамошниот развој на операта,туку и за подоцнежниот развој на одделните “класични” форми, како на пример симфонија.

Операта била создадена во Фиренца кон крајот на 16тиот век .

Композиторите и музичарите кои што живееле во Фиренца се Пјеро Строци (1550 – 1608 ) , Џулио Кацини ( 1551 -1618 ) и Мајк Францис ( 1961 – 2009 ) .


Кино[уреди | уреди извор]

Во Фиренца се поставени голем број на на фикции и филмови , вклучувајќи ги и романите претворени во филмови , како што се Светло во Пјаца , Калеми Циори , Ханибал , Соба со поглед , Чај со Мусолини и Чиста територија . Градот е дом на познатите италијански автори и актери , како што се Роберто Бенини , Леонардо Пиедациони и Виторија Пучини .

Храна[уреди | уреди извор]

Храната во Фиренца настанала од традиционалните селски јадења,а не од ретките високи готвења. Поголемиот дел од јадењата се на основа на месо . Во целина, традиционално од животните се јаде : шкембето , (trippa) и (lampredotto) кои што биле некогаш на менито и храната се сè уште продава на штандови низ градот . Во антипасти се вклучени и crostini toscani , леб на резанки покриени со chicken liver-based pâté, и парчиња месо ( главно пршута и салама , често сервирано со лубеница кога и е сезоната ) . Карактеристичниот токсански помалку зачинет леб , добиен со природен levain често е карактеристично во јадењето во Фиренца , посебно во нивните супи , ribollita и pappa al pomodoro, или во салатите од леб и свеж зеленчук, наречен panzanella кои се служат во лето. Bistecca alla fiorentina е со вообичаена тежина од околу 1200 грама и говедски стек од Чианина, готвен на врел ќумур и се служи многу ретко со своите гарнири и tagliata , ретко исечено говедско сервирано на подлога од arugula , и се служи со тенко сечен пармезан на врвот.Повеќето од овие јадења се готват со локално маслиново масло , што е главен производ користен за светски углед .

Истражувачка дејност[уреди | уреди извор]

Истражувачките институти и универзитетските оддели кои биле лоцирани во областа на Фиренца се во дватта универзитети Polo di Novoli иPolo Scientifico di Sesto Fiorentinoкако и во областа на истражувачката област на Consiglio Nazionale delle Ricerche .


Наука и откритие[уреди | уреди извор]

Фиренца била важен научен центар со векови , особено во текот на ренесансата со научниците како Леонардо да Винчи . Народите во Фиренца биле едни од движечките сили во доцните временски откритија . Банкарите во Фиренца биле финансирани од страна на Хенро Навигатор и португалските истражувачи кои први ја почнале маршутата околу Африка па се до Индија и Далечниот Исток.Постоела мапа нацртана од страна на Паоло дел Позо Тосканели од Фиренца , студент на Бруналески , која Колумбо ја искористил да ја продаде на неговата „ организација “ на шпанската морнарица , и која тој ја употребил на неговото прво патување.Проекцијата Меркатор е преработена верзија на Тосканели – земајќи ја во предвид Америка , која очигледно била важна за Фиренца . Галилео и другите научници биле пионери во истражувањето на оптиката , балистиката , астрономијата и така натаму . Пицо дела Мирандола , Леонардо Бруни , Маќијавели и многу други ги поставиле темелите за нашата наклонетост кон политичката наука .


Мода[уреди | уреди извор]

До 1300та година Фиренца станала центар на производство на текстил во Европа.Повеќето од богатите семејства во Ренесансата во околината на Фиренца биле најголемите купувачи на добро произведената облека и важноста на модата во економијата и културата во Фиренца во текот на тој период е често потценета .Фиренца е позната како родно место и најран центар на денешната ( особено по Втората Светска Војна ) модна индустрија во Италија . Вечерните седенки во Фиренца во раните педестти од дваесетиот век приредувани од страна на Батиста Џорџини биле настани каде неколку сега познати Италијански дизејнери учествувале во мноштво емисии и кои први освоиле меѓународно внимание . Фиренца служела како дом на италијанските модни компании какко Салваторе Ферагамо во 1928 година . Гучи , Роберто Кавали и Емилијо Пучи исто така се со главно седиште во Фиренца . Други важни исполнители во модната индустрија како што се Прада и Шанел имаат големи канцеларии и продавници во Фиренца или нивни предградија . Во Фиренца главна улица за купување е Via de' Tornabuoni , каде повеќето модни луксузни куќи и етикетираниот накит , како што се Армани и Булгари , имаат нивни елегантни продавници. Via del Parione и Via Roma се други улици кои исто така се познати по нивните врвно отмени модни продавници.


Историска Евокација[уреди | уреди извор]

Скопио дел Каро[уреди | уреди извор]

Скопио дел Каро( “експлозија на кошничката”) е прослава за Првата крстоносна војна. За време на Велигден,количката, која фиорентинците ја нарекувале Бринделоне и која е предводена од четири бели волови,внесувајќи ја на Piazza del Duomo,помеѓу крстилницата на Свети Јован Крстител (Battistero di San Giovanni) и фиорентинската катедрала (Санта Марија дел Фиоре). Количката е поврзана со јаже со внатрешноста на црквата. Во близина на количката има модел на гулаб, кој,според легендата, е симбол на среќа за градот,на крајот од велигденската маса, гулабот излегува од наосот на Дуамо и се активира огнометот од количката.

Калцио Сторико[уреди | уреди извор]

Калцио Сторико Фиорентино ( историски фиорентински фудбал), понекогаш нарекуван Калцио во носија, е традиционален спорт,кој се смета за претходник на фудбалот,иако вистинската игра најмногу наликува на рагби.Настанот потекнува од средниот век,кога најважните благородници на Фиренца се забавувале, а носеле светли носии. Најважниот натпревар бил одигран на 17 февруари 1530 година,за време на опседата на Фиренца.Тој ден,додека војниците на папата го опколиле градот,фиорентинците со непочитување кон непријателите,одлучиле да го играат натпреварот,без оглед на ситуацијата. Натпреварот бил одигран на Piazza di Santa Croce.Привремена арена е изградена,со непокриени седишта и полето за играње било прекриено со песок. Серија на натпревари помеѓу четири тима,од кои секој ја претставувал својата област,биле одржани од крајот на јуни до почетокот на јули. Постоеле четири тимови: Азури ( светло сини), Бјанки( бели), Роси( црвени) и Верди( зелени). Азури биле од областа Санта Кроче, Бјанки од областа Санто Спирито, Верди од областа Сан Џовани и Роси од областа Санта Марија Новела.


Традиции[уреди | уреди извор]

Третиот Коунтшип во Фиренца[уреди | уреди извор]

Четиритe грофа и четирите грофици од Фиренца имаат голема,но скриена традиција од почетокот на 20-тиот век,кога едно омилено тосканско семејство го напуштилo градот и се преселилo во Малта и најмаладата ќерка од семејтвото била прогласена за грофицата Морабито од Фиренца. До ден денес постојат осум членови на коунтшипот, шест живеат на Малта,еден во Англија и еден живее во Италија.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Главната мрежа за јавниот превоз во рамките на градот е водена од страна на aвтобуската компанија АТАФ и Ли-Неа, со билети кои ги има во локалните тобака, барови и трафики.Поединечни карти или слободна карта која се нарекува ефикасна карта со повеќе возења(10 или 21),може да се користи за автобуси. Откако си во автобусот,билетот мора да има печат,користејќи ја машината за откуцување,за ралика од билетите за возовите кои мора да бидат потврдени пред да се качите на возот. Главната автобуска станица е веднаш до железничката станица Санта Марија Новела. ТренИталија,управува со возовите помеѓу железничките станици во рамките на градот, како и до другите дестинации низ Италија и Европа. Централната железничка станица,Санта Марија Новела се наоѓа на околу 500 метри( 1600 стапки) северозападно од Piazza del Duomo. Постојат уште две важни станици: Campo Di Marte and Rifredi. Најмногу купувани повратни билети се за релациите Фиренца-Пиза, Фиренца- Виарегио и Фиренца- Арецо ( по должината на главната линија во Рим). Другите локални железници ја поврзуваат Фиренца со Борго Сан Лоренцо и Сиена.

Меѓуградските автобуси се управувани од страна на Сита, Копит,Кап и Лази компаниите. Транзит компаниите,исто така,ги префрлуваат патниците од аеродромот Америго Веспучи,кој што е на пет километри западно до градот и кој има договори со големите европски превозници,како што се Ер Франс и Луфтханза.

Центарот на градот е затворен за сообраќај,иако автобусите,такси службите и на жителите на градот со соодветни дозволи им е дозволен влез внатре. Оваа зона честопати се нарекува ЗТЛ (Zona Traffico Limitato),која е поделена во пет секции. Жителите на една секција, според тоа,се во можност да возат само во својот реон,а можеби и во некој од околните.На автомобилите без дозволи им е дозволен влез по 19.30 часот или пред 7.30 часот изутрина. Правилата се променуваат во текот на туристички исполнетите лета,за тоа каде може да се вози во и надвор.

Во обид да се намали загадувањето на воздухот и автомобилскиот сообраќај во градот, мулти-лајн трамвајската мрежа,наречена Трамвија е во изградба. Со работа на првата линија,започнале на 14 февруари 2010 година и ја поврзува главната железничка станица,Санта Марија Новела со југозападното предградие Скандичи. Оваа линија е 7,4 километри долга и има 14 постојки. Изградбата на втората линија започнала на 5 ноември 2011 година и се предвидува да биде завршена до 2014 година.Втората линија ќе го поврзува аеродромот со центарот на градот. Третата линија е одобрена од страна на владата,но допрва треба да започне со изградба.

Железничка Станица[уреди | уреди извор]

Фиренската Санта Марија Новела железничка станица е главна национална и интернационална железничка станица во Фиренца и е користена од страна на 59 милиони луѓе секоја година .Изградбата , дизејнирана од Џовани Михелучи , била проектирана во италијански рационалистички стил и е една од поголемите рационални градби во Италија .Се наоѓа во Пијаца дела Стационе , во близина на Фортеза да Басо и Виали ди Кирковалазионе , и пред Basilica of Santa Maria Novella's apse .

Нова експресна железничка станица е во изградба и е договорено да биде пуштена во употреба во 2015тата година . Планирано е да биде поврзано со аеродромот Америго Веспучи , железничката станица во Санта Марија Новела и од градскиот центар се гради линија од Florence's streetcar system Tramvia . Градежните фирми Фостер + Партнери и Ланчети Пасалева Џиордо и соработниците ја проектирале оваа нова железничка станица .

Другите станици ги вклучуваат :

-Фиренската железничка станица Рифреди, - Фиренската железничка станица Кампо ди Марте, - Фиренската железничка станица Белфиоре, - Фиренската железничка станица Каскине, - Фиренската железничка станица Ровезано, - Фиренската железничка станица Сан Марко Векио - Фиренската железничка станица Порта ал Прато, - Фиренската железничка станица Ле Пијаџе, - Фиренската железничка станица Салвијати, - Фиренската железничка станица Пијаца Пучини.

Аеродром[уреди | уреди извор]

„ Америко Веспучи “ во Фиренца е еден од двата најголеми аеродроми во Тосканскиот регион , а другиот е Интарнационалниот аеродром Галилео Галилеј во Пиза .

Спорт[уреди | уреди извор]

Фиренца е преставена од страна на АЦФ Фиорентина кои играат во серијата А , топ лигата на италијанскиот фудбал.Тие ги играат нивните натпревари на стадионот Артемио Франки . Градот е дом на Коверцијано , голем тренинг камп на Италијанскиот национален тим и техничкиот оддел на Италијанската Фудбалска Федерација . Фиренца била избрана да биде домаќин на 2013 UCI World Road Cycling Championships

Администрација[уреди | уреди извор]

Градоначалник на Фиренца е Матео Рензи ( член на Демократската партија , избран во Јуни 2009 година ) .

Меѓународни односи

Забратимени градови[уреди | уреди извор]

Фиренца е забратимена со :


Партнерства[уреди | уреди извор]

-Краков во Полска


Значајни жители[уреди | уреди извор]

- Сер Харолд Актон, автор и естет,

- Леоне Батиста Алберти, полимат,

- Данте Алигиери,поет,

- Џовани Бокачо, поет,

- Балдиасоре Бонаути, хроничар во 14ти век,

- Сандро Ботичели,сликар,

- Аурелино Брандолини,агром и научник,

- Роберт Браунинг и Елизабет Берет Браунинг,англиски поети од 19тиот век,

- Филипо Брунелески, архитект,

- Микеланџело Буанароти,вајар, сликар, автор на таванот на Сикстинската капела и Давид,

- Роберто Кавали, моден дизајнер,

- Енрико Ковери, моден дизајнер,

- Вирџинија Олдоини,грофицата од Кастиглионе, фотографски уметник, таен агент и куртизана,

- Леонардо да Винчи, полимат,

- Џото ди Бондоне,сликар,вајар и архитект од почетокот на 14тиот век,

- Донатело,вајар,

- Ориана Фалачи,новинар и автор,

- Салваторе Ферагамо, моден дизајнер и чевлар,

- Семејството Фрескобалди, познати банкари и производители на вино,

- Галилео Галилеј, италијански физичар,астроном и филозоф,

- Лоренцо Гиберти, вајар,

- Гучио Гучи, основач на марката Гучи,

- Пјетро Пачjни, земјоделец, кој игра на случајот со чудовиштето од Фиренца,

- Роберт Лоул,поет,

- Николо Макијавели,поет,филозоф и политички мислител,автор на Принцот и дискурси,

- Масачио,сликар,

- Фамилијата Медичи

- Антонио Меучи,изумител на телефонот,

- Флоренс Најтингејл,пионер на модерната медицинска сестра и статистичар,

- Мајк Френсис (музичар),роден Франческо,

- Пучиони, пејач и композитор

- Рафаел,сликар

- Џироламо Савонарола,

- Џорџо Вазари, сликар,архитект и историчар,

- Америго Веспучи, истражувач и картограф и пронаоѓач на Америка.