Европско првенство во фудбал 2020
Европско првенство во фудбал 2020 Европско првенство во фудбал 2020 | |
---|---|
![]() | |
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | |
градови | 11 |
стадиони | 11 |
Период на одржување | 11 јуни — 11 јули 2021 |
Број на учесници | 24 |
Распределба на медалите | |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() ![]() |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 1.099.278 (21.554 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 51 |
Дадено голови | 142 (2.78 по натпревар) |
Најдобар стрелец | ![]() ![]() |
Најдобар играч | ![]() |
Најдобар млад играч | ![]() |
← 2016 2024 →
|
Европско првенство во фудбал 2020 (УЕФА Евро 2020) — 16-то Европско фудбалско првенство, меѓународно европско фудбалско натпреварување кое се одржува еднаш на секој четири години во организација на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА).[1]
Турнирот, се одржал во 11 различни градови во 11 различни земји членки на УЕФА, а првично бил закажан да се одигра од 12 јуни до 12 јули 2020 година. Сепак, истиот бил одложен поради пандемијата на КОВИД-19 во Европа и презакажан за периодот од 11 јуни до 11 јули 2021 година. Натпреварувањето било одложен за да се намали притисокот врз јавните служби во земјите погодени од вирусот и да се овозможи завршување на домашните лиги кои биле суспендирани неколку месеци.[2] И покрај промената на календарската година на одигрување, турнирот сепак го задржал името „Европско првенство во фудбал 2020“ или „УЕФА Евро 2020“.[3]
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, во 2012 година изјавил дека турнирот требало да биде организиран од повеќе нации како „романтичен“ еднократен настан за прослава на 60-тиот „роденден“ на натпреварувањето - Европско првенство во фудбал.[4] Со поголем капацитет од кој било друг стадион пријавен како организатор на настанот, стадионот Вембли во Лондон треба да биде домаќин на полуфиналето и финалето по вторпат во својата историја, откако на него претходно било одиграно финалето на првенството во 1996, но на поранешна инкарнација на стадионот. Стадионот Олимпико во Рим, пак ќе биде домаќин на воведниот натпревар на турнирот, во кој ќе играат репрезентациите на Турција и еден од домаќините Италија.
Првенството го освоила Италија, која во финалето ја победила Англија по изведување пенали, откако во регуларниот дел и продолженијата натпреварот завршил нерешено 1-1.[5]
Избор на домаќини[уреди | уреди извор]
Некои земји веќе изразиле интерес за поднесување на кандидатура за добивање на домаќинство на турнирот,[6][7][8][9][10][11][12][13] но тогашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, предложил за време на прес-конференција на 30 јуни 2012 година - на еден ден пред финалето на Европското првенство 2012 - наместо да има една земја домаќин (или заедничко домаќинство на две или повеќе земји), турнирот да може да се рашири низ „12 или 13 градови“ низ целиот континент.[14] Во тоа време, УЕФА веќе користела сличен систем за одигрување на Елитната рунда на Европското првенство за играчи под 17 години, каде секоја од седумте групи имала различна земја-домаќин.
На 6 декември 2012 година, УЕФА објавила дека турнирот ќе се одржи во повеќе градови низ Европа по повод 60-годишнината од одржувањето на турнирот.[15][16] Изборот на градовите домаќини не гарантирало автоматски пласман на репрезентацијата на таа земја. УЕФА образложила дека пан-европското поставување на турнирот е логична одлука ако се има предвид времето на финансиски потешкотии низ цела Европа.[17][18] Планот на УЕФА бил дочекан со помешани реакции.[19] Критичарите навеле дека проширениот формат (од 31 натпревар со 16 репрезентации на 51 натпревар со 24 репрезентации) и неговите дополнителни трошоци биле решавачки фактор само една нација (Турција) да претстави сериозна понуда за организирање на првенството.[20]
Кандидатури[уреди | уреди извор]
Конечниот список на понуди за организаторство бил објавен од УЕФА на 26 април 2014 година, а одлуката за домаќинство била донесена од Извршниот комитет на УЕФА на 19 септември 2014 година. Имало две понуди за финалниот пакет (од кои едната била успешна, обележана со виолетово за полуфинале и финале) и 19 понуди за стандарден пакет (од кои 12 првично биле успешни, обележани со зелена боја за четвртфинале и групна фаза, и жолта за осминафинале и групна фаза); Брисел, обележан со црвена боја, првично бил избран, но подоцна бил отстранет од списокот на места за одржување на првенството од страна ан УЕФА на 7 декември 2017 година.[21][22][23] Истото важи и за Даблин, исто така обележан со црвена боја, кој бил избришан од списокот на 23 април 2021 година. Истиот ден, УЕФА исто така објавила дека натпреварите во Шпанија ќе бидат преместени од Билбао во Севиља.
Држава | Град | Стадион | Капацитет | Пакет | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
![]() |
Баку | Олимписки стадион | 68,700 | Стандарден пакет | Групна фаза и четвртфинале |
![]() |
Лондон | Вембли | 90,000 | Финален пакет | Полуфинале и финале Групна фаза и осминафинале (подоцна додадени) |
![]() |
Брисел | Евростадион (нов национален стадион) | 50,000 (62,613 потенцијално) | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале (подоцна откажан) |
![]() |
Минск | Стадион Динамо | 34,000 (да се прошири на 39,000) | Стандарден пакет | Одбиено |
![]() |
Софија | Национален стадион Васил Левски | 43,000 (да се прошири на 50,000) | Стандарден пакет | Одбиено |
![]() |
Кардиф | Милениум | 74,500 | Стандарден пакет | Елиминирано |
![]() |
Минхен | Алијанц Арена | 70,000 | Стандарден пакет, Финален пакет | Групна фаза и четвртфинале |
![]() |
Копенхаген | Паркен | 38,065 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
![]() |
Ерусалим | Стадион Теди | 34,000 (да се прошири на 53,000) | Стандарден пакет | Одбиено |
![]() |
Даблин | Авива | 51,700 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале (подоцна откажан) |
![]() |
Рим | Олимпико | 70,634 | Стандарден пакет | Групна фаза и четвртфинале |
![]() |
Скопје | Филип Втори Арена | 33,460 | Стандарден пакет | Одбиено |
![]() |
Букурешт | Арена Национала | 55,600 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
![]() |
Санкт Петербург | Крестовски | 68,134 | Стандарден пакет | Групна фаза и четвртфинале |
![]() |
Будимпешта | Пушкаш Арена | 56,000 (предложен нов стадион 67,215) | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
![]() |
Амстердам | Амстердам Арена[б 1] | 54,990 (да се прошири на околу 56,000) | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
![]() |
Солна, Стокхолм | Френдс Арена | 54,329 | Стандарден пакет | Елиминирано |
![]() |
Глазгов | Хемпден Парк | 51,866 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
![]() |
Билбао | Сан Мамеш | 53,289 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале (подоцна преместено на Ла Картуха во Севиља) |
- ↑ Преименувана во Јохан Кројф Арена во 2018 година.
Квалификации[уреди | уреди извор]
Овојпат немало екипи кои автоматски се квалификувале за натпреварувањето, и сите 55 репрезентации членки на УЕФА, вклучувајќи ги и 12-те репрезентации во чии земји се наоѓаат стадионите кои биле избрани да организираат натпревари, морале да се натпреваруваат во квалификациите за 24-тите места на завршниот турнир.[24][25] Бидејќи градовите домаќини биле назначени од УЕФА во септември 2014 година, пред квалификациите, било можно репрезентациите од градовите домаќини да не се квалификуваат на завршниот турнир.
Ждрепката за квалификациите била извлечена на 2 декември 2018 година, во Даблин, Ирска.[26]
Главниот квалификациски процес започнал во март 2019 година, наместо веднаш во септември 2018 година по Светското првенство, и завршил во ноември 2019 година. Форматот останал главно ист, иако само 20 од вкупно 24 места за финалниот турнир биле решени од главниот квалификациски процес, оставајќи уште четири места слободни кои требало да се определат подоцна. По приемот на Косово во УЕФА во мај 2016 година, било објавено дека 55-те членови во тоа време ќе бидат поделени во десет групи по завршувањето на УЕФА Лигата на нации (пет групи од пет екипи и пет групи од шест екипи, со тоа што четирите репрезентации кои учествувале во завршницата на УЕФА Лигата на нации, загарантирано ќе бидат извлечени во групи од по пет екипи), каде што пласман на Евро 2020 ќе изборат најдобрите две екипи во секоја група. Квалификациите се играа во двојни кола во месеците март, јуни, септември, октомври и ноември 2019 година.[27]
Со создавањето на УЕФА Лигата на нации почнувајќи од 2018 година,[27][28][29][30] ова натпреварување било директно поврзана со квалификациите за Европското првенство, давајќи им на екипите уште една шанса да се пласираат на турнирот. Четири екипи од секоја дивизија кои веќе не беа квалификувани на Европското првенство се натпреварувале во баражот за секоја дивизија. Победниците во баражите за секоја дивизија, играни во полуфиналиња на еден натпревар (најдобро рангирана екипа против најслабо рангирана екипа, и второ најдобро рангирана екипа против трето рангираната екипа, играни на домашен терен на повисоко рангираните екипи) и финале исто така во еден натпревар (со однапред извлечено место каде ќе се игра меѓу двете победнички екипи во полуфиналето), им се придружиле на дваесетте екипи кои веќе се квалификувале на турнирот.[30]
Квалификувани репрезентации[уреди | уреди извор]
Од 24 екипи кои се пласирале на турнирот, 19 се истите од изданието во 2016. Меѓу нив биле Белгија и Италија, двете забележале максимален учинок во квалификациски кампањи (10 победи во 10 натпревари),[31][32] бранителот на титулата европски шампион Португалија, светскиот шампион Франција, како и Германија, која исто така се квалификувала, за нивното рекордно 13-то по ред Европско првенство.[33] Финска и Македонија биле репрезентациите кои дебитирале на Европското првенство во ова издание, тие никогаш претходно не се квалификувале за некој голем турнир.[34][35] Шкотска, како една од земјите домаќини на првенството, се квалификувала на прв голем меѓународен турнир уште од Светското првенство 1998 и првото Европско првенство од 1996.[36] Холандија и Данска се вратиле во завршните турнири на Европското првенство откако го пропуштиле првенството во 2016 година, а за холанѓаните ова било прво појавување на голем турнир уште од Светското првенство 2014 на кое освоиле бронзен медал.[37][38] За прв пат во историјата на првенствата, Австрија, Велс, Словачка и Унгарија се квалификувале последователно на две Европски првенства едноподруго.[39][40] Репрезентацијата на Грција, победник на Европското првенство 2004, била единствената репрезентација поранешен шампион која не успеала да се квалификува, пропуштајќи го своето второ по ред Европско првенство и третиот последователен голем турнир.[41] Во однос на претходниот завршен турнир во 2016, на овој ги немало ниту Албанија, Ирска, Исланд, Романија и Северна Ирска кои исто така не успеале да се квалификуваат.[42]
Од единаесетте земји домаќини, седум успеале да се пласираат директно на турнирот, додека Унгарија и Шкотска се пласирале преку баражот. Романија била елиминирана во полуфиналето од плејофот,[43] додека Азербејџан ги загубиле шансите по квалификациската групна фаза.[44] Ирска, првично избрана за домаќин на турнирот, исто така била елиминирана во полуфиналето од баражот,[43] но подоцна им биле одземени правата за домаќинство.
Екипа | Начин на квалификување | Дата на квалификување | Претходни првенства1 2 |
---|---|---|---|
![]() |
Победник на групата И | (5) (1972, 1980, 1984, 2000, 2016) | |
![]() |
Победник на групата Ј | (9) (1968, 1980, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
![]() |
Второпласирани во групата И | (5) (1996, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
![]() |
Победник на групата Г | (3) (2008, 2012, 2016) | |
![]() |
Победник на групата Б | (2) (2012, 2016) | |
![]() |
Победник на групата Ф | (10) (1964, 1980, 1984, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
![]() |
Победник на групата Х | (9) (1960, 1984, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
![]() |
Второпласирани во групата Х | (4) (1996, 2000, 2008, 2016) | |
![]() |
Победник на групата А | (9) (1968, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2012, 2016) | |
![]() |
Второпласирани во групата А | (6) (1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
![]() |
Второпласирани во групата Ј | (0) (дебитант) | |
![]() |
Второпласирани во групата Ф | (6) (1992, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
![]() |
Победник на групата Е | (5) (1996, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
![]() |
Второпласирани во групата Г | (2) (2008, 2016) | |
![]() |
Победник на групата Ц | (12) (1972, 1976, 1980, 1984, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
![]() |
Второпласирани во групата Ц | (9) (1976, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
![]() |
Второпласирани во групата Б | (7) (1984, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
![]() |
Победник на групата Д | (4) (1996, 2004, 2008, 2016) | |
![]() |
Второпласирани во групата Д | (8) (1964, 1984, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2012) | |
![]() |
Второпласирани во групата Е | (1) (2016) | |
![]() |
Победник во баражот (Пат Д) | (0) (дебитант) | |
![]() |
Победник во баражот (Пат А) | (3) (1964, 1972, 2016) | |
![]() |
Победник во баражот (Пат Б) | (1) (2016) | |
![]() |
Победник во баражот (Пат Ц) | (2) (1992, 1996) |
|
|
Ждрепка[уреди | уреди извор]
Ждрепката за завршниот турнир се одржала на 30 ноември 2019 година, во 18:00 часот CET (19:00 часот по месно време, EET) во Ромекспо во Букурешт, Романија.[44][45][46][47] Така 24 екипи биле извлечени и распоредени во шест групи од по четири екипи. Бидејќи победниците на баражите за време на ждрепката не биле познати тие биле означени и влечени како "победници на баражите од A до Д".[48] Доколку постоеле групи кои што не би можеле да се склопат за време на оваа ждрепка, би се одржало уште едно извлекување на 1 април 2020 година,[1] но УЕФА потврдила дека дополнителното ждребање нема да биде потребно откако бил познати 20-те директно квалификувани репрезентации и 16-те учесници во баражите.
Следното на репрезентациите по шешири при извлекувањето (напомена: две репрезентации од ист шешир не можат да се паднат во иста група) изгледал вака:
Тим | Ранг |
---|---|
![]() |
1 |
![]() |
2 |
![]() |
3 |
![]() |
4 |
![]() |
5 |
![]() |
6 |
Тим | Ранг |
---|---|
![]() |
7 |
![]() |
8 |
![]() |
9 |
![]() |
10 |
![]() |
11 |
![]() |
12 |
Тим | Ранг |
---|---|
![]() |
13 |
![]() |
14 |
![]() |
15 |
![]() |
16 |
![]() |
17 |
![]() |
18 |
Тим | Ранг |
---|---|
![]() |
19 |
![]() |
20 |
Победник во баражот Пат A | Н/П |
Победник во баражот Пат Б | |
Победник во баражот Пат Ц | |
Победник во баражот Пат Д |
Со ждрепката биле извлечени следниве групи:
Поз. | Репрезентација |
---|---|
А1 | ![]() |
А2 | ![]() |
А3 | ![]() |
А4 | ![]() |
Поз. | Репрезентација |
---|---|
Б1 | ![]() |
Б2 | ![]() |
Б3 | ![]() |
Б4 | ![]() |
Поз. | Репрезентација |
---|---|
Ц1 | ![]() |
Ц2 | ![]() |
Ц3 | ![]() |
Ц4 | ![]() |
Поз. | Репрезентација |
---|---|
Д1 | ![]() |
Д2 | ![]() |
Д3 | ![]() |
Д4 | ![]() |
Поз. | Репрезентација |
---|---|
Е1 | ![]() |
Е2 | ![]() |
Е3 | ![]() |
Е4 | ![]() |
Поз. | Репрезентација |
---|---|
Ф1 | ![]() |
Ф2 | ![]() |
Ф3 | ![]() |
Ф4 | ![]() |
- Позициите (1, 2, 3 или 4) се извлечени и не го одразуваат бројот на шеширот од кои се извлечени репрезентациите.
- Со закосени букви се репрезентациите кои се пласирале на првенството по извлекувањето на ждрепката, преку баражите.
Промена на правила[уреди | уреди извор]
На 31 март 2021 година, Извршниот комитет на УЕФА одобрил употреба на максимално пет замени на натпреварите на турнирот (со дозволена и шеста ако се играат продолженија), наместо досегашните три.[49] Сепак, секоја екипа ќе има само три можности да ги направи петте замени, а четврта ќе биде дозволена доколку се играат продолженија: исклучок претставуваат замените направени на полувремето, пред почетокот на продолжението и на паузата меѓу двете продолженија.[50] Употребата на пет замени била дозволена претходно за време на појавата на пандемијата од КОВИД-19 поради метежот што се создал со густиот распоред на одигрување на натпреварите, што создало поголем товар за играчите.[51]
На почетокот на април 2021 година, УЕФА исто така објавила дека размислуваат да дозволат проширување во составите пријавени за турнирот од вообичаените 23 играчи, по барање на раководните лица на репрезентациите во случај на можна епидемија на КОВИД во екипата, како и да се намали заморот на играчите предизвикан од тешката претходната сезона одиграна во многу густ распоред..[52] На 27 април, било објавено дека Националниот комитет за натпреварувања на УЕФА го одобрил проширувањето на составите на 26 играчи, што претставувало предмет на потврда и од Извршниот комитет на УЕФА. Сепак, секој селектор за еден натпревар на располагање повторно ќе треба да избере 23 играчи од кои тројца мораат да бидат голмани, што значи дека за секој натпревар тројца играчи ќе бидат исклучени од можноста да играат во даден натпревар.
Стадиони[уреди | уреди извор]
![]() |
![]() |
![]() | ||
---|---|---|---|---|
Вембли | Олимпико | Алијанц Арена | ||
Капацитет: 90,000 | Капацитет: 70,634 | Капацитет: 70,000 | ||
![]() |
![]() |
![]() | ||
![]() |
![]() |
![]() | ||
Олимписки стадион | Крестовски | Пушкаш Арена | ||
Капацитет: 68,700 | Капацитет: 68,134 | Капацитет: 67,215 | ||
![]() |
![]() | |||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Ла Картуха | Арена Национала | Јохан Кројф Арена | Хемпден Парк | Стадион Паркен |
Капацитет: 60,000 | Капацитет: 55,600 | Капацитет: 54,990 | Капацитет: 51,866 | Капацитет: 38,065 |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Групна фаза[уреди | уреди извор]
Позициите на табелата се одредуваат на следниов начин:
- Освоени бодови во сите одиграни натпревари од групната фаза (3 бода за победа, 1 за нерешено, 0 за пораз);
- Гол-разлика во сите одиграни натпревари од групната фаза;
- Број на постигнати голови во сите натпревари од групната фаза;
- Меѓусебен скор помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
- Гол-разлика помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
- Вкупен број на постигнати голови помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
Ако и понатаму екипите се изедначени тогаш се следат следниве параметри:
- Гол-разлика во сите одиграни натпревари од групната фаза;
- Поголем број на постигнати голови во сите одиграни натпревари од групната фаза;
- Поголем број на победи во сите одиграни натпревари од групната фаза;
- Ако се работи за две екипи кои се изедначни и играат меѓу себе во последното коло тогаш може да се изведуваат пенали. Доколку не играат меѓу себе, тогаш се следат следните параметри.
- Фер плеј бодови во сите одиграни натпревари од групната фаза (само едно одземање на бодови за фер плеј листата може да се примени на еден играч на еден натпревар):
- Жолт картон: −1 бод;
- Индиректен црвен картон (втор жолт картон): −3 бода;
- Директен црвен картон: −3 бода;
- Жолт картон, а потоа директен црвен картон: −4 бода;
- Повисока позиција во квалификациите.
Од секоја група понатаму одат првопласираната и второпласираната репрезентација, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.
Група A[уреди | уреди извор]
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | ![]() |
9 | 3 | 3 | 0 | 0 | 7 | 0 | +7 |
2. | ![]() |
4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 2 | +1 |
3. | ![]() |
4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 4 | 5 | -1 |
4. | ![]() |
0 | 3 | 0 | 0 | 3 | 1 | 8 | -7 |
11 јуни 2021 | Турција ![]() |
0–3 | ![]() |
Рим |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Турција - Италија |
Извештај | Стадион: Олимпико Гледачи: 12,916[53] Судија: ![]() |
12 јуни 2021 | Велс ![]() |
1–1 | ![]() |
Баку |
---|---|---|---|---|
15:00 (17:00 UTC+4)![]() Велс - Швајцарија |
|
Извештај |
|
Стадион: Олимписки стадион Гледачи: 8,782[54] Судија: ![]() |
16 јуни 2021 | Турција ![]() |
0–2 | ![]() |
Баку |
---|---|---|---|---|
18:00 (20:00 UTC+4)![]() Турција - Велс |
Извештај |
|
Стадион: Олимписки стадион Гледачи: 19,762[55] Судија: ![]() |
16 јуни 2021 | Италија ![]() |
3–0 | ![]() |
Рим |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Италија - Швајцарија |
Извештај | Стадион: Олимпико Гледачи: 12,445[56] Судија: ![]() |
20 јуни 2021 | Швајцарија ![]() |
3–1 | ![]() |
Баку |
---|---|---|---|---|
18:00 (20:00 UTC+4)![]() Швајцарија - Турција |
Извештај |
|
Стадион: Олимписки стадион Гледачи: 17,138[57] Судија: ![]() |
20 јуни 2021 | Италија ![]() |
1–0 | ![]() |
Рим |
---|---|---|---|---|
18:00![]() Италија - Велс |
|
Извештај | Стадион: Олимпико Гледачи: 11,541[58] Судија: ![]() |
Група Б[уреди | уреди извор]
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | ![]() |
9 | 3 | 3 | 0 | 0 | 7 | 1 | +6 |
2. | ![]() |
3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 5 | 4 | +1 |
3. | ![]() |
3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 1 | 3 | -2 |
4. | ![]() |
3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 7 | -5 |
12 јуни 2021 | Данска ![]() |
0–1 | ![]() |
Копенхаген |
---|---|---|---|---|
18:00![]() Данска - Финска |
Извештај |
|
Стадион: Паркен Гледачи: 15,200[59] Судија: ![]() |
12 јуни 2021 | Белгија ![]() |
3–0 | ![]() |
Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
21:00 (22:00 UTC+3)![]() Белгија - Русија |
Извештај | Стадион: Крестовски Гледачи: 26,264[60] Судија: ![]() |
16 јуни 2021 | Финска ![]() |
0–1 | ![]() |
Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
15:00 (16:00 UTC+3)![]() Финска - Русија |
Извештај |
|
Стадион: Крестовски Гледачи: 24,540[61] Судија: ![]() |
17 јуни 2021 | Данска ![]() |
1–2 | ![]() |
Копенхаген |
---|---|---|---|---|
18:00![]() Данска - Белгија |
|
Извештај | Стадион: Паркен Гледачи: 23,395[62] Судија: ![]() |
21 јуни 2021 | Русија ![]() |
1–4 | ![]() |
Копенхаген |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Русија - Данска |
Извештај |
|
Стадион: Паркен Гледачи: 23,644[63] Судија: ![]() |
21 јуни 2021 | Финска ![]() |
0–2 | ![]() |
Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
21:00 (22:00 UTC+3)![]() Финска - Белгија |
Извештај | Стадион: Крестовски Гледачи: 18,545[64] Судија: ![]() |
Група Ц[уреди | уреди извор]
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | ![]() |
9 | 3 | 3 | 0 | 0 | 8 | 2 | +6 |
2. | ![]() |
6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 4 | 3 | +1 |
3. | ![]() |
3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 5 | 6 | -1 |
4. | ![]() |
0 | 3 | 0 | 0 | 3 | 2 | 8 | -6 |
13 јуни 2021 | Австрија ![]() |
3–1 | ![]() |
Букурешт |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3)![]() Австрија - Македонија |
|
Извештај |
|
Стадион: Арена Национала Гледачи: 9,082[65] Судија: ![]() |
13 јуни 2021 | Холандија ![]() |
3–2 | ![]() |
Амстердам |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Холандија - Украина |
Извештај |
|
Стадион: Јохан Кројф Арена Гледачи: 15,837[66] Судија: ![]() |
17 јуни 2021 | Украина ![]() |
2–1 | ![]() |
Букурешт |
---|---|---|---|---|
15:00 (16:00 UTC+3)![]() Украина - Македонија |
|
Извештај |
|
Стадион: Арена Национала Гледачи: 10,001[67] Судија: ![]() |
17 јуни 2021 | Холандија ![]() |
2–0 | ![]() |
Амстердам |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Холандија - Австрија |
Извештај | Стадион: Јохан Кројф Арена Гледачи: 15,243[68] Судија: ![]() |
21 јуни 2021 | Македонија ![]() |
0–3 | ![]() |
Амстердам |
---|---|---|---|---|
18:00![]() Македонија - Холандија |
Извештај | Стадион: Јохан Кројф Арена Гледачи: 15,227[69] Судија: ![]() |
21 јуни 2021 | Украина ![]() |
0–1 | ![]() |
Букурешт |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3)![]() Украина - Австрија |
Извештај |
|
Стадион: Арена Национала Гледачи: 10,472[70] Судија: ![]() |
Група Д[уреди | уреди извор]
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | ![]() |
7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 2 | 0 | +2 |
2. | ![]() |
4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 4 | 3 | +1 |
3. | ![]() |
4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 2 | +1 |
4. | ![]() |
1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 5 | -4 |
13 јуни 2021 | Англија ![]() |
1–0 | ![]() |
Лондон |
---|---|---|---|---|
15:00 (14:00 UTC+1)![]() Англија - Хрватска |
|
Извештај | Стадион: Вембли Гледачи: 18,497[71] Судија: ![]() |
14 јуни 2021 | Шкотска ![]() |
0–2 | ![]() |
Глазгов |
---|---|---|---|---|
15:00 (14:00 UTC+1)![]() Шкотска - Чешка |
Извештај |
|
Стадион: Хемпден Парк Гледачи: 9,847[72] Судија: ![]() |
18 јуни 2021 | Хрватска ![]() |
1–1 | ![]() |
Глазгов |
---|---|---|---|---|
18:00 (17:00 UTC+1)![]() Хрватска - Чешка |
|
Извештај | Стадион: Хемпден Парк Гледачи: 5,607[73] Судија: ![]() |
18 јуни 2021 | Англија ![]() |
0–0 | ![]() |
Лондон |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1)![]() Англија - Шкотска |
Извештај | Стадион: Вембли Гледачи: 20,306[74] Судија: ![]() |
22 јуни 2021 | Хрватска ![]() |
3–1 | ![]() |
Глазгов |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1)![]() Хрватска - Шкотска |
Извештај |
|
Стадион: Хемпден Парк Гледачи: 9,896[75] Судија: ![]() |
22 јуни 2021 | Чешка ![]() |
0–1 | ![]() |
Лондон |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1)![]() Чешка - Англија |
Извештај |
|
Стадион: Вембли Гледачи: 19,104[76] Судија: ![]() |
Група Е[уреди | уреди извор]
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | ![]() |
7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 4 | 2 | +2 |
2. | ![]() |
5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 6 | 1 | +5 |
3. | ![]() |
3 | 3 | 1 | 0 | 3 | 2 | 7 | -5 |
4. | ![]() |
1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 4 | 6 | -2 |
14 јуни 2021 | Полска ![]() |
1–2 | ![]() |
Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3)![]() Полска - Словачка |
|
Извештај | Стадион: Крестовски Гледачи: 12,862[77] Судија: ![]() |
14 јуни 2021 | Шпанија ![]() |
0–0 | ![]() |
Севиља |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Шпанија - Шведска |
Извештај | Стадион: Ла Картуха Гледачи: 10,559[78] Судија: ![]() |
18 јуни 2021 | Шведска ![]() |
1–0 | ![]() |
Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
15:00 (16:00 UTC+3)![]() Шведска - Словачка |
Извештај | Стадион: Крестовски Гледачи: 11,525[79] Судија: ![]() |
19 јуни 2021 | Шпанија ![]() |
1–1 | ![]() |
Севиља |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Шпанија - Полска |
|
Извештај |
|
Стадион: Ла Картуха Гледачи: 11,742[80] Судија: ![]() |
23 јуни 2021 | Словачка ![]() |
0–5 | ![]() |
Севиља |
---|---|---|---|---|
18:00![]() Словачка - Шпанија |
Извештај | Стадион: Ла Картуха Гледачи: 11,204[81] Судија: ![]() |
23 јуни 2021 | Шведска ![]() |
3–2 | ![]() |
Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3)![]() Шведска - Полска |
Извештај |
|
Стадион: Крестовски Гледачи: 14,252[82] Судија: ![]() |
Група Ф[уреди | уреди извор]
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | ![]() |
5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 4 | 3 | +1 |
2. | ![]() |
4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 6 | 5 | +1 |
3. | ![]() |
4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 7 | 6 | +1 |
4. | ![]() |
2 | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 6 | -3 |
15 јуни 2021 | Унгарија ![]() |
0–3 | ![]() |
Будимпешта |
---|---|---|---|---|
18:00![]() Унгарија - Португалија |
Извештај | Стадион: Пушкаш Арена Гледачи: 55,662[83] Судија: ![]() |
15 јуни 2021 | Франција ![]() |
1–0 | ![]() |
Минхен |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Франција - Германија |
Извештај | Стадион: Алијанц Арена Гледачи: 13,000[84] Судија: ![]() |
18 јуни 2021 | Унгарија ![]() |
1–1 | ![]() |
Будимпешта |
---|---|---|---|---|
15:00![]() Унгарија - Франција |
|
Извештај |
|
Стадион: Пушкаш Арена Гледачи: 55,998[85] Судија: ![]() |
18 јуни 2021 | Португалија ![]() |
2–4 | ![]() |
Минхен |
---|---|---|---|---|
18:00![]() Португалија - Германија |
Извештај | Стадион: Алијанц Арена Гледачи: 12,926[86] Судија: ![]() |
23 јуни 2021 | Португалија ![]() |
2–2 | ![]() |
Будимпешта |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Португалија - Франција |
Извештај | Стадион: Пушкаш Арена Гледачи: 54,886[87] Судија: ![]() |
23 јуни 2021 | Германија ![]() |
2–2 | ![]() |
Минхен |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Германија - Унгарија |
Извештај | Стадион: Алијанц Арена Гледачи: 12,413[88] Судија: ![]() |
Поредок на третопласираните екипи во групите[уреди | уреди извор]
Поз. | Група | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Ф | ![]() |
4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 7 | 6 | +1 |
2. | Д | ![]() |
4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 2 | +1 |
3. | А | ![]() |
4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 4 | 5 | -1 |
4. | Ц | ![]() |
3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 4 | 5 | -1 |
5. | Б | ![]() |
3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 1 | 3 | -2 |
6. | Е | ![]() |
3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 7 | -5 |
Нокаут фаза[уреди | уреди извор]
Во нокаут фазата, ако натпреварот заврши нерешено по регуларните 90 минути игра, ќе се играат продолженија (двапати по 15 минути), каде што секоја екипа има право да направи шеста замена.[49] Ако резултатот остане изедначен и по продолженијата, натпреварот ќе биде решен по изведување пенали.
Како и на секој претходен турнир почнувајќи од Европското првенство 1984, и на ово првенство нема да се игра натпревар за трето место.
Наведените времиња се според Средноевропско летно време (UTC+2). Ако местото на одигрување се наоѓа во друг часовен појас, во заграда ќе биде прикажано и месното време.
Резултати[уреди | уреди извор]
Осминафинале | Четвртфинале | Полуфинале | Финале | |||||||||||
27 јуни 2021 – Севиља | ||||||||||||||
![]() | 1 | |||||||||||||
2 јули 2021 – Минхен | ||||||||||||||
![]() | 0 | |||||||||||||
![]() | 1 | |||||||||||||
26 јуни 2021 – Лондон | ||||||||||||||
![]() | 2 | |||||||||||||
![]() | 2 | |||||||||||||
6 јули 2021 – Лондон | ||||||||||||||
![]() | 1 | |||||||||||||
![]() | 1 (4) | |||||||||||||
28 јуни 2021 – Букурешт | ||||||||||||||
![]() | 1 (2) | |||||||||||||
![]() | 3 (4) | |||||||||||||
2 јули 2021 – Санкт Петербург | ||||||||||||||
![]() | 3 (5) | |||||||||||||
![]() | 1 (1) | |||||||||||||
28 јуни 2021 – Копенхаген | ||||||||||||||
![]() | 1 (3) | |||||||||||||
![]() | 3 | |||||||||||||
11 јули 2021 – Лондон | ||||||||||||||
![]() | 5 | |||||||||||||
![]() | 1 (3) | |||||||||||||
29 јуни 2021 – Глазгов | ||||||||||||||
![]() | 1 (2) | |||||||||||||
![]() | 1 | |||||||||||||
3 јули 2021 – Рим | ||||||||||||||
![]() | 2 | |||||||||||||
![]() | 0 | |||||||||||||
29 јуни 2021 – Лондон | ||||||||||||||
![]() | 4 | |||||||||||||
![]() | 2 | |||||||||||||
7 јули 2021 – Лондон | ||||||||||||||
![]() | 0 | |||||||||||||
![]() | 2 | |||||||||||||
27 јуни 2021 – Будимпешта | ||||||||||||||
![]() | 1 | |||||||||||||
![]() | 0 | |||||||||||||
3 јули 2021 – Баку | ||||||||||||||
![]() | 2 | |||||||||||||
![]() | 1 | |||||||||||||
26 јуни 2021 – Амстердам | ||||||||||||||
![]() | 2 | |||||||||||||
![]() | 0 | |||||||||||||
![]() | 4 | |||||||||||||
Осминафинале[уреди | уреди извор]
26 јуни 2021 | Велс ![]() |
0–4 | ![]() |
Амстердам |
---|---|---|---|---|
18:00![]() Велс - Данска |
Извештај | Стадион: Јохан Кројф Арена Гледачи: 14,645[89] Судија: ![]() |
26 јуни 2021 | Италија ![]() |
2–1 (прод.) | ![]() |
Лондон |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1)![]() Италија - Австрија |
Извештај |
|
Стадион: Вембли Гледачи: 18,910[90] Судија: ![]() |
27 јуни 2021 | Холандија ![]() |
0–2 | ![]() |
Будимпешта |
---|---|---|---|---|
18:00![]() Холандија - Чешка |
Извештај | Стадион: Пушкаш Арена Гледачи: 52,834[91] Судија: ![]() |
27 јуни 2021 | Белгија ![]() |
1–0 | ![]() |
Севиља |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Белгија - Португалија |
|
Извештај | Стадион: Ла Картуха Гледачи: 11,504[92] Судија: ![]() |
28 јуни 2021 | Хрватска ![]() |
3–5 (прод.) | ![]() |
Копенхаген |
---|---|---|---|---|
18:00![]() Хрватска - Шпанија |
Извештај |
|
Стадион: Паркен Гледачи: 22,771[93] Судија: ![]() |
28 јуни 2021 | Франција ![]() |
3–3 (прод.) (4–5 пен.) |
![]() |
Букурешт |
---|---|---|---|---|
21:00 (22:00 UTC+3)![]() Франција - Швајцарија |
Извештај |
|
Стадион: Арена Национала Гледачи: 22,642[94] Судија: ![]() | |
Пенали | ||||
29 јуни 2021 | Англија ![]() |
2–0 | ![]() |
Лондон |
---|---|---|---|---|
21:00 (22:00 UTC+3)![]() Англија - Германија |
Извештај | Стадион: Вембли Гледачи: 41,973[95] Судија: ![]() |
29 јуни 2021 | Шведска ![]() |
1–2 (прод.) | ![]() |
Глазгов |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1)![]() Шведска - Украина |
|
Извештај | Стадион: Хемпден Парк Гледачи: 9,221[96] Судија: ![]() |
Четвртфинале[уреди | уреди извор]
2 јули 2021 | Швајцарија ![]() |
1–1 (прод.) (1–3 пен.) |
![]() |
Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3)![]() Швајцарија - Шпанија |
|
Извештај | Стадион: Крестовски Гледачи: 24,764[97] Судија: ![]() | |
Пенали | ||||
2 јули 2021 | Белгија ![]() |
1–2 | ![]() |
Минхен |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Белгија - Италија |
Извештај | Стадион: Алијанц Арена Гледачи: 12,984[98] Судија: ![]() |
3 јули 2021 | Чешка ![]() |
1–2 | ![]() |
Баку |
---|---|---|---|---|
18:00 (20:00 UTC+4)![]() Чешка - Данска |
|
Извештај | Стадион: Олимписки стадион Гледачи: 16,306[99] Судија: ![]() |
3 јули 2021 | Украина ![]() |
0–4 | ![]() |
Рим |
---|---|---|---|---|
21:00![]() Украина - Англија |
Извештај |
|
Стадион: Олимпико Гледачи: 11,880[100] Судија: ![]() |
Полуфинале[уреди | уреди извор]
6 јули 2021 | Италија ![]() |
1–1 (прод.) (4–2 пен.) |
![]() |
Лондон |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1)![]() Италија - Шпанија |
|
Извештај |
|
Стадион: Вембли Гледачи: 57,811[101] Судија: ![]() |
Пенали | ||||
7 јули 2021 | Англија ![]() |
2–1 (прод.) | ![]() |
Лондон |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1)![]() Англија - Данска |
Извештај |
|
Стадион: Вембли Гледачи: 64,950[102] Судија: ![]() |
Финале[уреди | уреди извор]
11 јули 2021 | Италија ![]() |
1–1 (прод.) (3–2 пен.) |
![]() |
Лондон |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1)![]() Италија - Англија |
|
Извештај |
|
Стадион: Вембли Гледачи: 67,173[103] Судија: ![]() |
Пенали | ||||
Победник[уреди | уреди извор]
Победник на Европското првенство во фудбал 2020![]() Италија 2. титула |
Статистика[уреди | уреди извор]
Листа на стрелци[уреди | уреди извор]
На првенството беа постигнати 142 голови на 51 натпревари, просечно 2.78 голови по натпревар.
Со неговите голови на ова првенство, Кристијано Роналдо станал најдобар стрелец во историјата на Европските првенства со 14 голови.[104]
Source: UEFA[105]
|
- 4 гола
- 3 гола
- 2 гола
- 1 гол
- автоголови
|
|
|
Награди[уреди | уреди извор]
УЕФА Тим на првенството
Техничката комисија на УЕФА ги изберала најдобрите единаесет играчи на првенството кои го претставуваат тимот на турнирот. Пет играчи во тој тим доаѓаат од победничката репрезентација на Италија.[107]
Голман | Одбрана | Среден ред | Напад |
---|---|---|---|
![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() |