Езѓан Алиоски
Езѓан Алиоски | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Езѓан Алиоски | ||
Роден на | 12 февруари 1992 | ||
Роден во | Прилеп | ||
Држава | Македонија | ||
Висина | 1.72 м (5 ст 8 ин) | ||
Позиција | крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 6 | ||
Младинска кариера | |||
–2010 |
![]() | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010–2013 |
![]() | 57 | (4) |
2013–2016 |
![]() | 77 | (4) |
2016–2017 |
![]() | 50 | (19) |
2017–2021 |
![]() | 161 | (21) |
2021– |
![]() | 28 | (6) |
2022– |
→![]() | 1 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2010–2011 |
![]() | 6 | (0) |
2013–2014 |
![]() | 10 | (0) |
2013– |
![]() | 60 | (12) |
** Ажурирано на: 19 ноември 2020 |
Езѓан Алиоски или Ѓани (р. 12 февруари 1992) — македонски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Ал Ахли и на македонската репрезентација. Има и швајцарски пасош.
Рани години
[уреди | уреди извор]Алиоски е роден во Прилеп во 1992 година. Неговото семејство е од прилепското село Црнилиште каде и Езѓан израснал. Заминал во Швајцарија уште како дете, каде ја започнал својата фудбалска кариера.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Рана кариера
[уреди | уреди извор]Алиоски ја започнал својата кариера во вториот тим на Јанг Бојс каде во периодот од 2010 до 2013 постигнал 4 гола на 57 натпревари. Во јануари 2013 година преминал во Шафхаузен како позејмен играч каде подоцна прави и целосен трансфер. За екипата на Шафхаузен постигнал 4 погодоци на 77 натпревари.
Лугано
[уреди | уреди извор]Во јануари 2016 година, Алиоски преминал во редовите на прволигашот Лугано на заем до крајот на сезоната 2015-2016. Своето деби за Лугано го направил на 13 февруари во поразот со 2-1 од Тун. Иако бил доведен како лев бек, тренерот на Лугано Зденек Земан увидел во него голем напаѓачки потенцијал и започнал да го користи понапред како десно крило па дури и како напаѓач до крајот на сезоната. Својот прв погодок за клубот го постигнал на 11 мај 2016, во победата со 4-0 над Цирих.
По завршувањето на заемот, Алиоски потпишал перманентен договор со Лугано во јуни 2016 откако претходно му истекол договорот со Шафхаузен. Во сезоната 2016-2017, Алиоски експлодирал и постигнал 16 гола и имал 14 асистенции (со што бил трет во првенството во двете категории) во 34 настапи за Лугано. Исто така бил избран во Идеалниот тим на сезоната во швајцарското првенство.
Лидс Јунајтед
[уреди | уреди извор]На 13 јули 2017, Алиоски потпишал четиригодишен договор со англискиот клуб член на Чемпионшип, Лидс Јунајтед.[1] Своето деби го направил на 6 август 2017, во победата со 3–2 против Болтон Вондерерс забележувајќи асистенција во тој натпревар за голот на Крис Вуд.[2] Својот прв погодок за Лидс го постигнал на 26 август 2017, во победата со 2-0 над Нотингем Форест, во која исто така бил избран за играч на натпреварот.[3] Голот подоцна бил избран за „Гол на месецот во Чемпионшип“.[4] Во ноември 2017 година, Алиоски постигнал гол на сите четири натпревари на Лидс Јунајтед и беше награден со наградата на клубот за играч на месецот. Во ноември 2017 година, Алиоски постигнал гол на сите четири натпревари на Лидс Јунајтед и бил награден со прогласување за играч на месецот на клубот.[5] На 16 април 2018 година, Алиоски бил номиниран како еден од четворицата играчи во конкуренција за добивање на наградата за Играч на годината на Лидс Јунајтед.[6] Пет дена подоцна, Алиоски го постигнал победничкиот гол, со својот седми за сезоната, во победата од 2–1 за Лидс во дербито на Јоркшир против Барнсли.[7] Првата сезона во англискиот клуб ја завршил со 7 гола и 5 асистенции.[8] На 5 мај 2018, неговиот гол кој го постигнал против Нотингем Форест порано во сезоната бил прогласен за „Гол на сезоната на Лидс Јунајтед“.[9]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]
Тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 11 октомври 2013 во натпреварот Велс-Македонија (1-0).[10] Својот прв погодок за македонската репрезентација го постигнал на 5 септември 2016, во поразот од Албанија со 2-1 во натпревар од Квалификациите за Светското првенство 2018 одигран во Скадар.[11]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 22 август 2018.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2012-2013 | ![]() |
3Л | 10 | 0 | КШ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 10 | 0 |
2013-2014 | ЧЛ | 26 | 2 | КШ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 28 | 2 | |
2014-2015 | ЧЛ | 35 | 2 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 36 | 2 | |
2015 | ЧЛ | 16 | 0 | КШ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 18 | 0 | |
Вкупно Шафхаузен | 87 | 4 | 5 | 0 | - | - | 92 | 4 | |||||||
јан.-јун. 2016 | ![]() |
ШСЛ | 16 | 3 | КШ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 18 | 3 |
2016-2017 | ШСЛ | 34 | 16 | КШ | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 36 | 17 | |
Вкупно Лугано | 50 | 19 | 4 | 1 | - | - | - | - | 54 | 20 | |||||
2017-2018 | ![]() |
ЧЛ | 42 | 7 | ФАКуп+ЛК | 0+3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 45 | 7 |
2018-2019 | ЧЛ | 4 | 1 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 5 | 1 | |
Вкупно Лидс Јунајтед | 46 | 8 | 4 | 0 | - | - | - | - | 50 | 8 | |||||
Вкупно во кариерата | 183 | 31 | 13 | 1 | - | - | - | - | 196 | 32 |
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]
Лидс Јунајтед
[уреди | уреди извор]- Чемпионшип : 1
- 2019–2020
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ALIOSKI BECOMES NUMBER NINE“ (англиски). Leeds United. 13 July 2017.
- ↑ „REPORT: BOLTON WANDERERS 2–3 LEEDS UNITED“. Leeds United Official Site. 6 August 2017.
- ↑ „Nottingham Forest 0–2 Leeds: Kemar Roofe and Ezgjan Alioski seal win“. Sky Sports. Посетено на 23 August 2017.
- ↑ „Winger Alioski nets August Goal of the Month award“. Yorkshire Evening Post. Посетено на 15 September 2017.
- ↑ „Louis Erard: Ezgjan Alioski named Player of the Month“. www.leedsunited.com (англиски). Архивирано од изворникот на 22 December 2017. Посетено на 20 December 2017.
- ↑ „Cast your vote for the Player of the Year awards“. www.leedsunited.com (англиски). Посетено на 16 April 2018.
- ↑ „Leeds United 2 Barnsley 1: Tom Pearce lights up Elland Road derby“. Yorkshire Post (англиски). Посетено на 23 April 2018.
- ↑ „Leeds United top scorers“. BBC Sport (англиски). Посетено на 17 May 2018.
- ↑ „Player of the Year 2018 winners“. Leeds United F.C. 5 May 2018. Посетено на 5 May 2018.
- ↑ (англиски) Galles-Macedonia 1-0 Eu-football.info
- ↑ „Алиоски израмни на 1:1, прекин поради невреме, доигрување и несреќен пораз“. ФФМ. 6 август 2016. Посетено на 22 август 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|