ФК Лидс Јунајтед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лидс Јунајтед
Leeds United F.C. logo.png
Целосно имеФудбал клуб Лидс Јунајтед
ДржаваАнглија Англија
Прекарбели
Основан17 октомври 1919; пред 101 година (1919-10-17)
ЛокацијаЛидс, Англија
Бои               бела, сина и жолта
СтадионЕланд Роуд
Капацитет37,792[1]
СопственикAser Group Holding (90%)
49ers Enterprises (10%)[2]
ПретседателИталија Андреја Радрицани
МенаџерАргентина Марсело Биелса
ЛигаПремиер лига Премиер лига
2019–20Чемпионшип лига, 1-ви (промоција)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

ФК Лидс Јунајтеданглиски фудбалски клуб со седиште во Лидс, Западен Јоркшир. Клубот во моментов се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот фудбал, откако избориле промоција во Чемпионшип за време на сезоната 2019-2020.

Клубот е основан во 1919 година, по распуштањето на Лидс Сити од Фудбалската лига, по што го презеле нивниот стадион Еланд Роуд. Поголемиот дел од својата историја Лидс Јунајтед го поминале натпреварувајќи се во првото ниво на англискиот фудбал. Нивниот најдолг континуиран престој во рамките на првото ниво бил период од 18 години помеѓу 1964 и 1982 година, додека нивниот најдолг период надвор од првото ниво траел 16 години помеѓу 2004 и 2020 година.

Лидс три пати бил шампион на Англија, а покрај тоа во својата историја имаат освоено и еден ФА куп, еден Лига куп, два Черити/Комјунити шилда и два Купа на саемските градови. Клубот, исто така, играл финале на Купот на шампионите, во кое загубиле од Бајерн Минхен, и полуфинале во Лигата на шампионите во сезоната 2000-2001.[3] Меѓу другите меѓународни успеси се вбројува и финалето на Купот на победниците на куповите во 1973. Најголемите успеси клубот ги остварил под раководството на менаџерот Дон Реви во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

Својте домашни натпревари клубот ги игра на Еланд Роуд уште од 1919 година, и до денес, тој е единствениот стадион кој клубот го користел низ целата своја историја. Првата комбинација на клубот вклучува комплетно бела опрема (бели дресови и бели шорцеви), па оттаму и прекарот бели. Лидс има големо соперништво со Манчестер Јунајтед и Челси, како и со локалните клубови како Хадерсфилд Таун, Брадфорд Сити, Шефилд Јунајтед и Шефилд Венздеј.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на ФК Лидс Јунајтед.

Почетоци[уреди | уреди извор]

„Првиот Лидс Јунајтед“, во сезоната 1920–1921

Пред формирањето на Лидс Јунајтед, англискиот град Лидс во фудбалската лига го претставувала друга формација, Лидс Сити, основан во 1904 година и разрешен од фудбалската лига во 1919 година поради некои незаконски плаќања направени за купување на некои играчи за време на Првата светска војна.

Затоа било одлучено да се формира нов клуб кој ќе го претставува градот, Лидс Јунајтед, кој започнал да игра во Мидленд лигата, англиска лига од второлигашко друштво во која често играле младинските тимови од прволигашките формации: на почетокот Лид Јунајтед го зазел слободното место оставено од резервната формација на стариот Лидс Сити.

Во 1920 година, Лидс Јунајтед бил признат од англиската фудбалска федерација и на тој начин бил во можност да учествува на домашните натпреварувања. Во истата година, клубот бил купен од Хилтон Кроутер, претседател на Хадерсфилд Таун.

1920-1960; Во фудбалската лига и годините на Џон Чарлс[уреди | уреди извор]

Џон Чарлс, ѕвездата на Лидс во 50-тите години.

На 31 мај 1920 година, Лидс Јунајтед бил избран во Фудбалската лига, започнувајќи ја сезоната 1920-1921 во Втората дивизија. Таму се натпреварувале до 1924 година, кога ја освоиле титулата во дивизијата и избориле промоција во Првата дивизија. Тие не успеале да се етаблираат таму и испаднале во сезоната 1926–1927. Во годините до почетокот на Втората светска војна, Лидс уште двапати претрпел испаѓање; во двата наврати тие повторно успевале да изборат промоција веќе во следната сезона. Во 1947 година, непосредно по војната, „белите“ испаднале и по трет пат, во најлошата сезона во нивната историја.

Лидс останал во Втората дивизија сè до сезоната 1955-1956, кога уште еднаш освоиле промоција во Првата дивизија, овојпат инспирирани од одличниот велшанец Џон Чарлс. Чарлс бил гладен за успех на највисоко ниво, а менаџерот Раих Картер не бил во можност да го убеди дека Лидс може да ги задоволи неговите амбиции. Како резултат на тоа, Чарлс бил продаден на Јувентус за тогашен светски рекорд од 65,000 фунти. Загубата на Чарлс резултирала со испаѓање на Лидс во Втората дивизија во сезоната 1959-1960.

1961-1974; Ерата на Дон Реви[уреди | уреди извор]

Дон Реви, тренерот на Лидс од 1961 до 1974.

Во март 1961, клубот го ангажирал еден од најважните тренери во својата историја: Дон Реви. Во својата прва сезона тој наишол на многу потешкотии, бидејќи клубот бил во многу лоша финансиска состојба. На крајот на сезоната 1961-1962, Лидс успеал да избегне испаѓање во Третата дивизија буквално во последните кола од сезоната. Сепак, само две години подоцна во сезоната 1963-1964, Реви успеал да го врати тимот во врвната дивизија во англиската лига. Од 1965 до 1974 година, Лидс на Реви никогаш не завршил една сезона под првите четири на табелата и постигнал низа успеси што го однеле клубот до врвот во Англија и Европа.

Белите во овој златен период за нив освоиле две шампионски титули во сезоната 1968-1969 и 1973-1974, потоа го освоиле ФА Купот во сезоната 1971-1972 и Лига купот во 1967-1968. Во истите години, тимот исто така успеал да најде потврда за својот добар момент на континентално ниво со освојување на Купот на саемските градови двапати, во 1968 и во последното издание на турнирот во 1971; на 22 септември истата година англичаните го одиграле суперфиналето што УЕФА го организирала за дефинитивно доделување на трофејот, против Барселона, клуб кој неколку пати претходно успеал да го освои купот. Сепак, Лидс не успеале да ги совладаат каталонците предавајќи им го трофејот по поразот со 2-1.

Во текот на годините на Реви, Лидс пет пати бил втор во поредокот; клубот исто така стигнал до неколку финалиња во кои не го освоиле трофејот, како ФА Купот (во 1965, 1970 и 1973), Купот на саемските градови во 1967 и Купот на победниците на куповите 1973 година, последниот го загубиле многу контроверзно. Последната сезона на кормилото на белите на Реви била сезоната 1973-1974, кога Лидс ја освоил својата втора титула во лигата, а веќе следната година менаџерот седнал на клупата на англиската репрезентација којашто штотуку не успеала да се квалификува за Светското првенство.

1974-1982; После Реви, финалето во Купот на шампионите и испаѓање[уреди | уреди извор]

Брајан Клаф, менаџер на Лидс Јунајтед само 44 дена.

На 20 јули 1974 година, Брајан Клaф, кој го напуштил Брајтон по само 8 месеци, ја презел клупата на Лидс од Дон Реви, кој бил назначен за селектор на Англија. Неговото доаѓање било остро критикувано од навивачите кои со години биле поврзани со тактичкиот пристап на стариот тренер. Под раководство на Клаф, Лидс започнал лошо со пораз во Черити Шилд од Ливерпул и тимот никогаш не успеал да покаже добра игра, обезбедувајќи перформанси на многу ниско ниво. Во биографскиот филм „Проклетиот Јунајтед“, авторот Дејвид Мир ги опишува Дон Реви и Брајан Клаф како лути соперници. Поради тоа, играчите на Лидс останале приврзани за Реви и никогаш не го прифатиле Клаф, обвинувајќи го дека тој отсекогаш го мразел нивниот тим и се обидува да да го деградира, со просечни тренинзи и избирање на најлошите играчи да ги започнуваат натпреварите. Главните промотори на бунтот биле Џо Џордан и Гордон Меквин. Така, Брајан Клаф не успеал да најде договор со околината и конечно, по четириесет и четири дена неуспех, тој бил отпуштен од фунцијата. На негово место бил ангажиран Џими Армфилд, поранешен капитен на англиската репрезентација.

Со доаѓањето на новиот менаџер, тимот добил воочлив полет особено во Купот на шампиони каде што Лидс триумфално стигнал до финалето на 28 мај 1975 каде на Паркот на принцовите во Париз ги одмериле силите со Бајерн Минхен: натпреварот завршил со резултат 2-0 во корист на германскиот тим по доста контроверзни околности.[4] Инцидентите предизвикани од приврзаниците на двата тима довеле до тоа УЕФА да му забрани на Лидс да игра натпревари од кое било натпреварување управувано од конфедерацијата за четири сезони до 1980 година,[4] кои последователно биле сведени на две, сепак, означувајќи го крајот на континенталниот циклус на белите, кој започнал кон крајот на 1960-тите.[5]

Во следните години Армфилд пробал да ги повтори претходните успеси на клубот потпирајќи се на истиот тим кој бил изграден од Реви, но иако повеќе не доминирале во англискиот фудбал, Лидс останал во првите десет на табелата и во следните сезони. Сепак, управниот одбор станал нестрплив за успех и го отпуштил Армфилд во 1978 година, заменувајќи го со Џок Штајн, кој исто како и Клаф претходно траел само 44 дена пред да замине за да ја преземе функцијата во шкотската репрезентација. Џими Адамсон го зазел неговото место на клупата, но неговиот придонес не успеал да го запре падот што започнал по финалето во Купот на шампионите. Во 1980 година, Адамсон бил заменет од поранешниот играч на клубот Алан Кларк. И покрај тоа што трошел слободно на играчи, тој не успеал да ја запре "водата која течела од браната" и клубот на крајот испаднал во понизок ранг на крајот од сезоната 1981–1982.

1982-1990; Осумдесеттите години[уреди | уреди извор]

Били Бремнер, една од најголемите ѕвезди на Лидс во ерата на Реви, и менаџер на клубот во периодот 1985-1988.

Веднаш по испаѓањето, Кларк бил заменет од својот некогашен соиграч Еди Греј. Со малку финанисиски средства на располагање, Греј се концентрирал на давање шанса на млади фудбалери од академијата на клубот, но во крајна линија оваа политика не му се исплатила на менаџерот и откако не успеал да освои промоција, во 1985 година тој бил отпуштен.[6]

По заминувањето на Греј, клубот за нов менаџер го назначил Били Бремнер, поранешен капитен и една од најголемите играчки ѕвезди на Лидс Јунајтед во периодот под водството на Реви. Во 1987 година, Бремнер успеал да го однесе тимот до плејофот за промоција каде белите биле поразени со 3-2 од Чарлтон Атлетик по продолженијата.

Во октомври 1988 година, кога Лидс се нашол на 21-вата позиција на табелата, Бремнер добил отказ и на негово место дошол Хауард Вилкинсон; откако го спасил клубот од испаѓање во уште понизок ранг во неговата прва сезона, токму Вилкинсон станал човекот кој по осум години пауза го вратил Лидс во Првата Дивизија во следната сезона 1989-1990. Големи заслуги за овој успех имало и новото засилување на клубот Гордон Страхан, кој дошол од Манчестер Јунајтед во март 1989 година и постигнал 16 гола за белите во сезоната на промоцијата. Покрај Страхан како архитекти на овој успех се сметаат уште неколку играчи коишто го засилиле Лидс по доаѓањето на Вилкинсон како Вини Џонс, Мел Стерланд, Ли Чапман и Крис Ферклаф. Овие важни засилувања додале дополнителен квалитет на тимот полн со таленти одгледувани во расадникот од кои пред сè се истакнале Дејвид Бати и Гари Спид.

1990-2000; Деведесеттите години[уреди | уреди извор]

Откако избориле промоција, Вилкинсон ја продолжил својата работа на консолидација на тимот, отфрлајќи ги играчите кои според него биле несоодветни за нивото на Првата Дивизија и на нивно место купил други од повисока класа, како што биле голманот Џон Лукиќ, едно од најскапите засилувања во историјата на белите, дефанзивецот Крис Вајт и шкотскиот играч за врска Гари МекАлистер. Во првата сезона по враќањето во највисокото фудбалско друштво во Англија, Лидс завршил на четвртото место. Одличната сезона го поттикнала раководството на клубот да му угоди на Вилкинсон и следната сезона биле купени дефанзивецот Тони Дориго, играчот за врска Стив Хоџ и талентираниот француски напаѓач Ерик Кантона, кој заедно со Род Валас формирале страшен напаѓачки тандем. Благодарение на овие важни засилувања, клубот успеал да ја освои својата трета титула во својата историја во 1992 година, а истата година триумфирале и во Черити Шилд, англискиот Суперкуп, совладувајќи го Ливерпул со 4-3. Интересно, сезоната 1991-1992 во која Лидс станал шампион воедно била и последната сезона во која Првата Дивизија била најсилната фудбалска лига во Англија, пред да биде заменета од Премиер лигата веќе во следната сезона.

Следната сезона, во дебито во Премиер лигата, Лидс завршил седумнаесетти, три места погоре од зоната за испаѓање. Тимот на Вилкинсон во следните години никако не успеал да се замеша посериозно во борбата за нова првенствена титула, но во 1996 година стигнале до финалето во Лига купот, каде сепак загубиле од Астон Вила. Откако сезоната 1995-1996 ја завршиле на 13-тото место, по убедливиот пораз од Манчестер Јунајтед на почетокот на следната сезона Вилкинсон бил отпуштен. Едно од големите наследства кое го оставил Вилкинсон и тренерот на младинските категории Пол Харт бил развојот на младинската академија на Лидс Јунајтед, која произвела бројни талентирани фудбалери низ текот на годините.

Алан Смит, од 1998 до 2004 во Лидс, има 172 настапи и 38 гола за клубот.

Во 1996 година Џорџ Греам го заменил Вилкинсон на клупата; неговото доаѓање било причина за неколку полемики од медиумите и навивачите. Греам претходно претрпел долга дисквалификација од федерацијата, поради некои незаконски плаќања направени на агенти на некои играчи. Новиот менаџер направил неколку остроумни засилувања, благодарение на што Лидс успеал да се пласира во Купот на УЕФА. Во октомври 1998 година, Греам ја напуштил функцијата и го преземал Тотенхем, а неговото место го заземал неговиот дотогашен асистент Дејвид О'Лири. Заедно со О'Лири во клубот се вратил и Еди Греј како негов помошник. Благодарение на оваа двојка, која вовела многу млади таленти во светот на англискиот фудбал какви што биле дефанзивецот Џонатан Вудгејт, напаѓачот Алан Смит и играчот за врска Стивен МекФејл, нивниот талент му помогнал на тимот да стигне до полуфиналето на Купот на УЕФА и до третото место во поредокот во Премиер лигата, благодарение на што Лидс се квалификувал во УЕФА Лигата на шампионите.

Слика од натпреварот помеѓу Лидс и Галатасарај од полуфиналето на Купот на УЕФА во сезоната 2000-2001.

Заедно со Мајкл Џонс, Смит до денес е најдобар стрелец (со 14 гола) на Лидс во европските фудбалски натпреварувања. Во истата сезона, клубот стигнал до полуфиналето на Купот на УЕФА, каде англичаните се соочиле со турскиот Галатасарај. Пред почетокот на првиот натпревар одигран во Турција, двајца навивачи на Лидс, Кристофер Лофтус и Кевин Спејт, ги загубиле своите животи, откако биле жртви на насилството на некои екстремни навивачи на турскиот тим.[7][8] На реваншот било забележано едноминутно молчење, кое оттогаш се повторува секогаш кога Лидс игра натпревар близу до датумот на трагедијата, 9 април 2000 година.

2000-2007; Финансиска криза и испаѓање во Лига Еден[уреди | уреди извор]

Во јануари 2000 година, имиџот на Лидс бил нарушен од инцидент во кој учествувале двајца играчи, Џонатан Вудгејт и Ли Бојер, кои нападнале индиски студент во центарот на градот.[9]

По важната европска сезона, Питер Ридсдејл, претседателот на клубот, решил да побара финансиски средства преку бројни позајмици кои ги искористиле во трансфер кампањата, со можност за враќање на готовината со средствата добиени од ТВ-правата и наградите од квалификациите во Лигата на шампионите. Во сезоната 2000-2001, О'Лири го водел Лидс до полуфиналето во Лигата на шампионите, против Валенсија на Ектор Купер: во првиот натпревар одигран на Еланд Роуд белите ремизирале со шпанците играјќи 0-0, но на реваншот во Валенсија биле тешко поразени со 3-0. Сепак, и покрај добрата европска сезона на Лидс, во лигата клубот не успеал да стигне до областа што носела пристап до најсилното континентално натпреварување, завршувајќи 4-ти во Премиер лигата. Неуспехот клубот да се квалификува во Лигата на шампионите ги расипал плановите на претседателот, па клубот не можел да добие доволно пари за да ги исплати своите долгови тонејќи во финансиска криза.

Рио Фердинанд, од 2000 до 2002 во Лидс.

Финансиската криза го принудила раководството да продаде некои од најрепрезентативните играчи, како Рио Фердинанд, кој бил продаден на Манчестер Јунајтед за 30 милиони фунти. О’Лири, за разлика од претседателот, се повлекол од функцијата во 2002 година и бил заменет со Тери Венеблс. Со новиот менаџер, клубот не успеал да постигне добро разбирање, откако биле продадени и други играчи со цел да се затворат долговите, како Џонатан Вудгејт, за кого Ридсдејл му ветил на Венеблс дека нема да биде продаден. Под водството на Венеблс Лидс се претставувал многу под своето вообичаено ниво од претходните сезони, што кулминирале со отпуштање на менаџерот во март 2003. На неговото место дошол Питер Рид,[10][11] а неколку дена подоцна и претседателот Ридсдејл поднел оставка и бил заменет на функцијата од професорот по економија на универзитетот во Лидс, Џон Мекензи. Во тоа време Лидс се наоѓал во опасната зона за испаѓање, но под водството на Рид резултатите се стабилизирале и во конечниот пласман успеале да избегнат испаѓање во претпоследниот натпревар во сезоната, совладувајќи го Арсенал со 2-3 на Хајбери благодарение на доцниот гол на Марк Видука.

На Рид му бил доделен перманентен договор во летото 2003, но лошиот почеток на сезоната 2003-2004 го принудила клубот на нова промена на клупата, улога што повторно му била доверена на Еди Греј, додека во истата година дојде и до нова промена на претседателството, каде Џералд Краснер ја презел функцијата. Сезоната завршила со испаѓање на Лидс, по четиринаесет години во елита, откако клубот завршил на претпоследното место на првенствената табела.

По испаѓањето во Чемпионшип, помошникот на Греј, Кевин Блеквел, бил назначен за нов менаџер. Повеќето од преостанатите играчи биле продадени или ослободени со бесплатни трансфери за понатамошно намалување на буџетот за високи плати; Блеквел бил принуден да го обнови скоро целиот состав преку бесплатни трансфери.[12][13] Лидс, исто така, биле принудени да ги продадат своите корпоративни недвижнини и имотот Еланд Роуд, нивниот стадион, за 4,2 милиони фунти во есента 2004 година. Одборот конечно го продал клубот на Кен Бејтс за 10 милиони фунти.[14] Под водство на Блеквел, Лидс стигнал до финалето на плејофот на Чемпионшип, во кое загубиле од Вотфорд. Сепак, следната сезона била многу поразлична за клубот и Лидс се нашол близу до дното од табелата, по што Блеквел бил отпуштен, а со неговата замена Денис Вајс, работите станале уште полоши, па Лидс претрпел ново испаѓање во понизок ранг.

Хронологија[уреди | уреди извор]

Хронологија на ФК Лидс Јунајтед
  • 1920 - Од пепелта на Лидс Сити се раѓа нов клуб ФК Лидс Јунајтед.
  • 1920-1921 - Втора Дивизија: 14. место.
  • 1921-1922 - Втора Дивизија: 8. место.
  • 1922-1923 - Втора Дивизија: 7. место.
  • 1923-1924 - Втора Дивизија: 1. место. Green Arrow Up.svg Промоција во Прва Дивизија.
  • 1924-1925 - Прва Дивизија: 18. место.
  • 1925-1926 - Прва Дивизија: 19. место.
  • 1926-1927 - Прва Дивизија: 21. место. Red Arrow Down.svg Испаѓање во Втора Дивизија.
  • 1927-1928 - Втора Дивизија: 2. место. Green Arrow Up.svg Промоција во Прва Дивизија.
  • 1928-1929 - Прва Дивизија: 13. место.
  • 1929-1930 - Прва Дивизија: 5. место.
  • 1930-1931 - Прва Дивизија: 21. место. Red Arrow Down.svg Испаѓање во Втора Дивизија.
  • 1931-1932 - Втора Дивизија: 2. место. Green Arrow Up.svg Промоција во Прва Дивизија.
  • 1932-1933 - Прва Дивизија: 8. место.
  • 1933-1934 - Прва Дивизија: 9. место.
  • 1934-1935 - Прва Дивизија: 18. место.
  • 1935-1936 - Прва Дивизија: 11. место.
  • 1936-1937 - Прва Дивизија: 19. место.
  • 1937-1938 - Прва Дивизија: 9. место.
  • 1938-1939 - Прва Дивизија: 13. место.
  • 1939/1946 - Активноста била суспендирана од воени причини.
  • 1946-1947 - Прва Дивизија: 22. место. Red Arrow Down.svg Испаѓање во Втора Дивизија.
  • 1947-1948 - Втора Дивизија: 18. место.
  • 1948-1949 - Втора Дивизија: 15. место.
  • 1949-1950 - Втора Дивизија: 5. место.
  • 1950-1951 - Втора Дивизија: 5. место.
  • 1951-1952 - Втора Дивизија: 6. место.
  • 1952-1953 - Втора Дивизија: 10. место.
  • 1953-1954 - Втора Дивизија: 10. место.
  • 1954-1955 - Втора Дивизија: 4. место.
  • 1955-1956 - Втора Дивизија: 2. место. Green Arrow Up.svg Промоција во Прва Дивизија.
  • 1956-1957 - Прва Дивизија: 8. место.
  • 1957-1958 - Прва Дивизија: 17. место.
  • 1958-1959 - Прва Дивизија: 15. место.
  • 1959-1960 - Прва Дивизија: 21. место. Red Arrow Down.svg Испаѓање во Втора Дивизија.
  • 1960-1961 - Втора Дивизија: 14. место.
  • 1961-1962 - Втора Дивизија: 19. место.
  • 1962-1963 - Втора Дивизија: 5. место.
  • 1963-1964 - Втора Дивизија: 1. место. Green Arrow Up.svg Промоција во Прва Дивизија.
  • 1964-1965 - Прва Дивизија: 2. место.
  • 1965-1966 - Прва Дивизија: 2. место.
  • 1966-1967 - Прва Дивизија: 4. место.
  • 1967-1968 - Прва Дивизија: 4. место.
UEFA - Inter-Cities Fairs Cup.svg Победник на Купот на саемските градови (1. титула).
Carling.png Победник на Лига купот на Англија (1. титула).
  • 1968-1969 - Premier league trophy icon.png Шампион на Англија (1. титула).
  • 1969-1970 - Прва Дивизија: 2. место.
CommunityShield.png Победник на ФА Черити Шилд (1. титула)
  • 1970-1971 - Прва Дивизија: 2 место.
UEFA - Inter-Cities Fairs Cup.svg Победник на Купот на саемските градови (2. титула).
  • 1971-1972 - Прва Дивизија: 3. место
FA Cup.png Победник на ФА Купот (1. титула).
  • 1972-1973 - Прва Дивизија: 3. место.
  • 1973-1974 - Premier league trophy icon.png Шампион на Англија (2. титула).
  • 1974-1975 - Прва Дивизија: 9. место.
  • 1975-1976 - Прва Дивизија: 5. место.
  • 1976-1977 - Прва Дивизија: 10. место.
  • 1977-1978 - Прва Дивизија: 9. место.
  • 1978-1979 - Прва Дивизија: 5. место.
  • 1979-1980 - Прва Дивизија: 11. место.
  • 1980-1981 - Прва Дивизија: 9. место.
  • 1981-1982 - Прва Дивизија: 20. место. Red Arrow Down.svg Испаѓање во Втора Дивизија.
  • 1982-1983 - Втора Дивизија: 8. место.
  • 1983-1984 - Втора Дивизија: 10. место.
  • 1984-1985 - Втора Дивизија: 7. место.
  • 1985-1986 - Втора Дивизија: 14. место.
  • 1986-1987 - Втора Дивизија: 4. место.
  • 1987-1988 - Втора Дивизија: 7. место.
  • 1988-1989 - Втора Дивизија: 10. место.
  • 1989-1990 - Втора Дивизија: 1. место. Green Arrow Up.svg Промоција во Прва Дивизија.
  • 1990-1991 - Прва Дивизија: 4. место.
  • 1991-1992 - Premier league trophy icon.png Шампион на Англија (3. титула).
  • 1992-1993 - Премиер лига: 17. место.
CommunityShield.png Победник на ФА Черити Шилд (2. титула).
  • 1993-1994 - Премиер лига: 5. место.
  • 1994-1995 - Премиер лига: 5. место.
  • 1995-1996 - Премиер лига: 13. место.
  • 1996-1997 - Премиер лига: 11. место.
  • 1997-1998 - Премиер лига: 5. место.
  • 1998-1999 - Премиер лига: 4. место.
  • 1999-2000 - Премиер лига: 3. место.
  • 2000-2001 - Премиер лига: 4. место.
  • 2001-2002 - Премиер лига: 5. место.
  • 2002-2003 - Премиер лига: 15. место.
  • 2003-2004 - Премиер лига: 19. место. Red Arrow Down.svg Испаѓање во Чемпионшип.
  • 2004-2005 - Чемпионшип: 14. место.
  • 2005-2006 - Чемпионшип: 5. место, пораз во финалето од плејофот против Вотфорд.
  • 2006-2007 - Чемпионшип: 24. место. Red Arrow Down.svg Испаѓање во Лига Еден.
  • 2007-2008 - Лига Еден: 5. место, пораз во плејофот од Донкастер Роверс.
  • 2008-2009 - Лига Еден: 4. место, пораз во плејофот од Милвол.
  • 2009-2010 - Лига Еден: 2. место: Green Arrow Up.svg Промоција во Чемпионшип.
  • 2010-2011 - Чемпионшип: 7. место.
  • 2011-2012 - Чемпионшип: 14. место.
  • 2012-2013 - Чемпионшип: 13. место.
  • 2013-2014 - Чемпионшип: 15. место.
  • 2014-2015 - Чемпионшип: 16. место.
  • 2015-2016 - Чемпионшип: 13. место.
  • 2016-2017 - Чемпионшип: 7. место.
  • 2017-2018 - Чемпионшип: 13. место.
  • 2018-2019 - Чемпионшип: 3. место, пораз во плејофот од Дарби Каунти.
  • 2019-2020 - Green Arrow Up.svg 1. во Чемпионшип. Промоција во Премиер лига.
  • 2020-2021 - во Премиер лигата.

Бои, амблеми и химна[уреди | уреди извор]

Бои[уреди | уреди извор]

Ли Бојер во традиционалната опрема на Лидс Јунајтед.

За време на првите петнаесет години од основањето на клубот, опремата на Лидс се состоела од сино-бел пругаст дрес со вертикални ленти - сличен на дресот на екипата на Хадерсфилд Таун -, со бели шорцеви и темносини чорапи. Во 1934 Лидс се префрлил во сини и жолти дресови, бели шорцеви и сини чорапи со жолти врвови. Оваа опрема за првпат ја носеле на 22 септември 1934 година; истата година клубот го усвоил својот прв амблем, истиот кој го имал и нивниот претходник Лидс Сити. Во 1950 клубот се префрлил на жолти дресови со сини ракави и јаки, црно-бели шорцеви и сини и златни чорапи. Во 1955 година Лидс повторно се променил: сега носеле сини дресови со златни јаки, бели шорцеви и сини и жолти чорапи со кругови, со што ја повториле опремата на оригиналниот Лидс Сити. Во 1961 година, под водството на легендарниот Дон Реви бил претставен целосно белиот дрес во кој клубот игра и денес.

Амблеми[уреди | уреди извор]

Амблемот на Лидс Јунајтед се карактеризира со нивните дресови уште од 1964. Кон крајот на 60-тите и раните 70-ти, Лидс ја користел скратеницата „LUFC“, која сè уште е присутна на логото, но ова било повеќе претставено дијагонално отколку вертикално. Во 1977 година амблемот бил опкружен со жолто и сино, а следната година тој повторно бил жолт, но затворен во круг со зборовите Лидс Јунајтед АФК кои го опкружувале. Во 1978-79 година, било украсено ново лого, кое било слично на претходното, но имало дизајн на паун. Во 1984, бил воведен нов беџ, кој траел до 1998, што го прави најдолговечен во модерната ера. На овој амблем биле присутна карактеристичната роза со топка на неа, во традиционалните сина, златна и бела боја, и тој претставува инкорпорирање на Белата роза од Јорк заедно со името на клубот. Во сезоната 1998-1999 година, сегашното лого било официјално усвоено, со некои модификации на последното, како на пример Белата роза од Јорк била во сина, златна и бела боја, а натписот „LUFC“ бил поставен вертикално по центарот.

Химна[уреди | уреди извор]

Химната на Лидс Јунајтед ги вклучува следниве стихови во спомен на историскиот играч Били Бремнер.

Таа гласи:

Little Billy Bremner is the captain of the crew
For the sake of Leeds United he would break himself in two
His hair is red and fuzzy and his body's black and blue
As Leeds go marching on.

Стадион[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Еланд Роуд.
Панорама на Еланд Роуд.

Лидс ги игра своите домашни натпревари на Еланд Роуд (Old Peacock Ground). Изграден во 1897 година и реновиран во 1994 година, тој е домаќин на домашните натпревари на белите од 1919 година.

Плацот на кој е изгаден стадионот се наоѓа во областа Бестон. Еланд Роуд е најголемиот стадион во Јоркшир и 11-ти по големина во Англија. Тој е вечен дом на Лидс Јунајтед почнувајќи уште од 1919 година, а за кратко време пред тоа тој бил домот и на нивните претходници: Лидс Сити.

Има капацитет од над 39.000 места, а теренот е со димензии 105 х 68 метри. Еланд Роуд бил домаќин на полуфинале од ФА купот неколку пати како неутрален терен, а исто така, бил избран како еден од стадионите на кои се играло на Европското првенство 1996, што се одржало во Англија.

Надвор од стадионот има статуи на две лица кои се наоѓаат во историјата на белите: Били Бремнер, историски капитен (а подоцна и тренер) на Лидс кој играл 17 години во клубот, и Дон Реви најтрофејниот тренер (меѓу другите и на самиот Бремнер) во историјата на клубот, кон крајот на 60-тите и 70-тите години.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Франција ГМ Илан Мејлие
2 Англија ОД Лук Ејлинг
4 Англија СР Адам Форшо
5 Германија ОД Робин Кох
6 Шкотска ОД Лиам Купер Captain sports.svg
7 Англија СР Ијан Поведа
9 Англија НП Патрик Бамфорд
10 Македонија ОД Езѓан Алиоски
11 Велс НП Тајлер Робертс
13 Шпанија ГМ Кико Касиља
14 Шпанија ОД Диего Љоренте
15 Северна Ирска ОД Стјуарт Далас
17 Португалија СР Елдер Коста
18 Бразил СР Рафиња
Бр. Позиција Играч
19 Шпанија СР Пабло Ернандес
20 Шпанија НП Родриго
21 Холандија ОД Паскал Струјик
22 Англија СР Џек Харисон
23 Англија СР Калвин Филипс
24 Англија ОД Лиф Дејвис
25 Италија ГМ Елија Каприле
28 Швајцарија ОД Гаетано Берарди
30 Англија НП Џо Гелхарт
35 Англија ОД Чарли Кресвел
43 Полска СР Матеуш Клих
46 Англија СР Џејми Шаклтон
49 Англија ОД Оливер Кејси

Рекордери[уреди | уреди извор]

Најмногу настапи[уреди | уреди извор]
Мес. Играч Настапи Период
1 Англија Џек Чарлтон 773 1952 - 1973
2 Шкотска Били Бремнер 772 1960 - 1976
3 Англија Пол Рини 748 1962 - 1978
4 Англија Норман Хантер 726 1962 - 1976
5 Англија Пол Мадели 725 1963 - 1980
6 Шкотска Питер Лоример 703 1962 - 1979
1983 - 1985
7 Шкотска Еди Греј 577 1963 - 1983
8 Ирска Гари Кели 531 1992 - 2007
9 Ирска Џони Џајлс 527 1963 - 1975
10 Англија Гари Спарк 507 1962 - 1973

Најдобри стрелци[уреди | уреди извор]
Мес. Играч Голови Период
1 Шкотска Питер Лоример 238 1962 - 1979
1983 - 1985
2 Велс Џон Чарлс 157 1949 - 1957
3 Англија Алан Кларк 151 1969 - 1978
4 Англија Том Џенингс 117 1925 - 1931
5 Шкотска Били Бремнер 115 1960 - 1976
6 Ирска Џони Џајлс 114 1963 - 1975
7 Англија Мик Џонс 111 1967 - 1975
8 Англија Чарли Китли 110 1927 - 1934
9 Англија Џек Чарлтон 96 1952 - 1973
10 Англија Расел Вејнскоут 93 1925 - 1931

Статуа пред Еланд Роуд на Били Бремнер, еден од најистакнатите фудбалери во историјата на Лидс.

Познати играчи[уреди | уреди извор]

Лукас Радебе, капитен на Лидс од 1998 до 2001

Подолу е списокот на стотте најдобри играчи на клубот составен во 2000 година и објавен на официјалното мрежно место на клубот.[15].

Менаџери[уреди | уреди извор]

Leeds United F.C. logo.png
Менаџери на ФК Лидс Јунајтед

Титули[уреди | уреди извор]

Домашни натпреварувања[уреди | уреди извор]

1968-1969, 1973-1974, 1991-1992
1923-1924, 1963-1964, 1989-1990, 2019-2020
1971-1972
1967-1968
1969, 1992

Регионални натпреварувања[уреди | уреди извор]

  • Централна лига: 2
1937, 1938
  • Источна дивизија на централната лига: 2
2009, 2010

Меѓународни натпреварувања[уреди | уреди извор]

1967-1968, 1970-1971 (англиски рекорд)

Младински натпреварувања[уреди | уреди извор]

1992-1993, 1996-1997

Останати пласмани[уреди | уреди извор]

Второ место: 1964-1965, 1965-1966, 1969-1970, 1970-1971, 1971-1972
Трето место: 1972-1973, 1999-2000
Вторто место: 1927-1928, 1931-1932, 1955-1956
Трето место: 2018-2019
Финалист на плејофот: 2005-2006
Второ место: 2009-2010
Финалист на плејофот: 2007-2008
Финалист: 1964-1965, 1969-1970, 1972-1973
Полуфиналист: 1966-1967, 1967-1968, 1976-1977, 1986-1987
Финалист: 1995-1996
Полуфиналист: 1967-1968, 1977-1978, 1978-1979, 1990-1991
Финалист: 1974
Полуфиналист: 1990-1991
Полуфиналист: 2009-2010

Финалист: 1974-1975
Полуфиналист: 1969-1970, 2000-2001
Финалист: 1972-1973
Финалист: 1966-1967
Полуфиналист: 1965-1966
Финалист: 1971
Полуфиналист: 1999-2000
1994-1995

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Premier League Handbook 2020/21“ (PDF). Premier League. стр. 20. Архивирано (PDF) од изворникот 25 September 2020. Посетено на 25 September 2020.
  2. „San Francisco 49ers Enterprises Become Minority Investor“. Leeds United Football Club. 24 May 2018. Архивирано од изворникот на 24 May 2018. Посетено на 24 May 2018.
  3. „Leeds United F.C. History“. Leeds United.com.
  4. 4,0 4,1 "Welcome To Elland Road", Les Rowley & James Brown (1999), IFG Publishing, ISBN 0-9536338-0-2
  5. England told: more rioting and you're out
  6. „1983–84“. Tony Hill. ozwhitelufc.net.au. Посетено на 26 November 2006.
  7. Навивачи на Лидс убиени во дуелот со Галатасарај
  8. Турчин признал дека избодел двајца англиски навивачи
  9. „I calciatori razzisti del Leeds“ (италијански).
  10. Thomas, Russell; Cassy, John (21 March 2003). „Venables heads for Leeds exit door“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 14 August 2019.
  11. „Leeds turn over new leaf with Reid“. The Guardian (англиски). 21 March 2003. ISSN 0261-3077. Посетено на 14 August 2019.
  12. „Leeds hopeful over new investors“. BBC Sport. BBC. 24 October 2004. Посетено на 31 October 2006.
  13. „Leeds sell ground after bid fails“. BBC Sport. BBC. 12 November 2004. Посетено на 31 October 2006.
  14. „Bates completes takeover of Leeds“. BBC Sport. BBC. 21 January 2005. Посетено на 31 October 2006.
  15. Leeds United (2000) 100 Greatest Leeds Players Archived 2004-08-31 на Wayback Machine, LeedsUnited.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]