Тихомир Костадинов
| Тихомир Костадинов | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Роден на | 4 март 1996 | ||
| Роден во | Валандово, Македонија | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,78 м | ||
| Позиција | среден ред | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб |
| ||
| Број | 26 | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
| 2014 |
| 7 | (0) |
| 2015 |
| 8 | (0) |
| 2015-2016 |
| 25 | (4) |
| 2016-2017 |
| 21 | (1) |
| 2017-2022 |
| 109 | (11) |
| 2022-2025 |
| 50 | (2) |
| 2025- |
| 12 | (0) |
| 2026- |
→ | 11 | (0) |
| Репрезентација | |||
| 2012 |
| 2 | (0) |
| 2014 |
| 3 | (0) |
| 2015-2019 |
| 17 | (4) |
| 2019- |
| 36 | (0) |
Тихомир Костадинов (роден на 4 март 1997, во Валандово) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Словачко, на заем од Сигма Оломоуц, и на македонската репрезентацијата.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Роден во Валандово, својата кариера ја започнал во соседна Србија во екипата на Моравац Мрштане, за која дебитирал како професионалец во второто ниво на земјата во сезоната 2014-2015.[1] Сепак, тој се вратил во Македонија за вториот дел од сезоната, каде играл за Тетекс од Тетово.
Во летото 2015 година, се преселил во Словачка, каде ги поминал следните шест ипол години играјќи во првенството на таа земја за три различни екипи Дукла Банска Бистрица (2015-2016), Злате Моравце (2016-2017) и на крајот за Ружомберок, каде се задржал и најдолго од 2017 до 2022 година. Својот прв гол за Ружомберок го постигнал во победата со 3-0 на гостувањето против Сеница.[2]
На 23 декември 2021, Костадинов потпишал за полскиот клуб Пјаст Гливице.[3] Своето деби во полската Екстракласа го направил на 26 февруари 2022, во натпреварот на домашен терен против Гурник Забже што завршил 0-0, заменувајќи го Рауно Сапинен во 65-тата минута. На 9 април 2022, во победата со 1-0 над Гурник Лечна, Костадинов претрпел тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено;[4] десеттина дена подоцна, тој бил успешно опериран во Барселона, по што неговата прва сезона во Полска завршила предвреме со само 6 настапи за Пјаст Гливице.[5]
Откако целосно ја пропуштил сезоната 2022-2023, Костадинов го направил долго чеканото враќање на терените за Пјаст Гливице на 24 ноември 2023, влегувајќи во игра како доцна замена во ремито 0-0 против Јагелонија Бјалисток, само неколку дена подоцна откако претходно настапил за репрезентацијата на Македонија против Англија.
На 4 август 2024, Костадинов го постигнал својот прв гол во дресот на Пјаст, во првенствената победа со 1-2 на гостувањето кај Легија Варшава;[6] тој се појавил во игра од клупата за резерви во 79-тата минута при резултат 1-1, а шест минути подоцна го постигнал голот со кој и донел победа на својата екипа. Следниот месец, тој го постигнал својот прв гол и во Купот на Полска против нисколигашот Хутник Краков во првото коло од натпреварувањето.[7] Сезоната ја завршил со вкупно 29 настапи помеѓу првенството и купот и 3 постигнати гола.
На 17 јуни 2025, потпишал за чешкиот клуб Сигма Оломуц.[8]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Своето деби за сениорската репрезентација на Македонија го направил во ноември 2019 во квалификациите за Европското првенство 2020 против Австрија.[9]
Во 2021 година, бил повикан да настапи за Македонија на Европското првенство 2020.[10] Таму тој забележал два настапи, и двата влегувајќи како замена од клупата во првиот (против Австрија) и третиот натпревар (против Холандија) од групната фаза, по која неговата репрезентација била елиминирана од турнирот.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Тихомир Костадинов на Soccerway
- ↑ „Костадинов го постигна деби-голот за Ружомберок“. gol.mk. 24 октомври 2017. Посетено на 22 април. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=(help) - ↑ „Костадинов се сели во Полска“. vesti.mk. 23 декември 2021. Архивирано од изворникот на 2021-12-23. Посетено на 12 април 2022.
- ↑ „Тихомир Костадинов ги скина лигаментите на коленото“. MakFax. 11 април 2022. Посетено на 22 април. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=(help) - ↑ „Старт на долгиот процес: Костадинов успешно опериран по тешката повреда (Фото)“. derbi.mk. 22 април 2022. Посетено на 22 април. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=(help) - ↑ „Момент кој ќе го памети: Костадинов влезе и ја реши Легија во Варшава (ВИДЕО)“. derbi.mk. 5 август 2024. Посетено на 30 март 2025.
- ↑ „Тихо Костадинов стрелец за неговиот Пјаст во Купот на Полска (ВИДЕО)“. 25 септември 2025. Посетено на 30 март 2025.
- ↑ Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломуц (ФОТО), ekipa.mk, 17 јуни 2025, Посетено на 17 јуни 2025
- ↑ „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 2020-04-15.
- ↑ „Иго Ангеловски го објави списокот за ЕУРО 2020“. ФФМ. 20 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-06-02. Посетено на 22 април 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Тихомир Костадинов“ на Ризницата ? |
| ||||||||
| ||||||||