Прејди на содржината

Фудбалска репрезентација на Словачка

Од Википедија — слободната енциклопедија
 Словачка
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Репре[1]
Словачки соколи [2]
СојузФудбалски сојуз на Словачка
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторЈан Козак
КапитенМартин Шкртел
Најмногу настапиМирослав Карган (107)
Најдобар стрелецРоберт Витек (23)
Домашен стадионСтадион Антон Малатинскиј
ФИФА кодSVK
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално23 (април 2017)
Највисок14 (август 2015)
Најнизок150 (декември 1993)
Прв меѓународен натпревар
Прва Словачка Републука:
 Словачка 2–0 Германија Трет Рајх
(Братислава, Словачка; 27 август 1939)
Втора Словачка Република:
Неофицијален:
 Литванија 0–1  Словачка
(Вилнус, Литванија; 14 октомври 1992)
Официјален:
 ОАР 0–1 Словачка 
(Дубаи, ОАЕ; 2 февруари 1994)
Најголема победа
 Словачка 7–0 Лихтенштајн 
(Братислава, Словачка; 8 септември 2004)
 Словачка 7–0 Сан Марино 
(Дубница на Вах, Словачка; 13 октомври 2007)
 Словачка 7–0 Сан Марино 
(Братислава, Словачка; 6 јуни 2009)
Најлош пораз
 Аргентина 6–0 Словачка 
(Мендоса, Аргентина; 22 јуни 1995)
 Шведска 6–0 Словачка 
(Абу Даби, ОАЕ; 12 јануари 2017)
Светско првенство
Учества1
Најдобар резултатОсминафинале, 2010
Европско првенство
Учества1
Најдобар резултатОсминафинале, 2016

Фудбалската репрезентација на Словачка (словачки: Slovenské národné futbalové mužstvo) е национален машки фудбалски тим на Словачка раководен од фудбалскиот сојуз на Словачка. Од 2016 година, натпреварите на домашен терен, словачката репрезентација ги игра на реновираниот стадион Антон Малатинскиј[3] во Трнава, а селектор на репрезентацијата е Јан Козак. Словачката репрезентација го има еден од најмладите фудбалски репрезентации во светот, откако се раздели од репрезентацијата на Чехословачка по распадот на обединетата држава во 1993 година. Од тогаш, Словачка има сопствена фудбалска репрезентација која се натпреварува на сите големи професионални турнири.

Словачка се квалификувала на две големи првенства досега, на Светското првенство 2010 и на Европското првенство 2016. Словачка изборила пласман на Светското првенство 2010 кое се одржало во Јужна Африка завршувајќи на првото место во својата квалификациска група и покрај двата порази од Словенија. Во групната фаза од првенството, Словачка ремизирала со Нов Зеланд и забележала победа од 3–2 над Италија, со што се пласирала во осминафиналето, во кое била поразена од финалистот Холандија со 2–1. Тоа било првпат Словачка да се пласира на големо фудбалско натпреварување, откако играла во секој квалификациски циклус за Светско првенство од 1998 и секој квалификациски циклус за Европско првенство од 1996 година. Словачката репрезентација била на чекор до пласман на Светското првенство 2006, но во баражот била елиминирана од Шпанија. Словачка не успеала да се квалификува за Светското првенство 2014, но обезбедила пласман на Европското првенство 2016 во Франција под водство на селекторот Јан Козак, кој му помогнал на тимот да го постигне рекордното 14. место на ФИФА ранг листата.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првиот официјален натпревар на првата Словачка Република (1939–1945) бил одигран во Братислава против Германија на 27 август 1939 година и завршил со победа од 2–0 за Словачка. По втората светска војна, фудбалската репрезентација бил вклучен во репрезентацијата на Чехословачка, и повеќе од педесет години Словачка не одиграла натпревар како самостојна држава. Во текот на овој период, во чехословачката репрезентација играле неколку значајни словачки играчи, вклучувајќи го мнозинството од тимот кој го освоил Европското првенство 1976 (8 од 11 играчи во репрезентацијата на Чехословачка која ја победила Западна Германија во финалето биле словаци).

Репрезентацијата на Словачка пред 1945 година.

Откако станала незавсна држава, првиот официјален меѓународен натпревар Словачка го одиграла во Дубаи против Обединетите Арапски Емирати на 2 февруари 1994 година, каде забележала победа од 1–0. На првиот натпревар на домашен терен, Словачка забележала победа од 4–1 над Хрватска во Братислава на 20 април 1994 година. Најголемиот пораз по независноста, словачката репрезентација го доживеала на 22 јуни 1995 година, во Мендоса против Аргентина (6–0). Најголемите победи (7–0) Словачка ги остварила против Лихтенштајн во 2004 година и Сан Марино (двапати) во 2007 година.

Во квалификациски циклус за големо натпреварување, Словачка за првпат учествувала во квалификациите за Европското првенство 1996, завршувајќи на третото место во својата група, зад Романија и Франција, остварувајќи по две победи над Полска, Израел и Азербејџан. Во квалификациите за Светското првенство 1998, Словачка завршила на 4. место во својата група со пет победи, едно реми и четири порази.

Словачката репрезентација на натпреварот против Италија на Светското првенство 2010.

Словачка настапила на Светско првенство за првпат како независна држава во 2010 година откако завршила на првото место во својата квалификациска група пред Словенија, Чешка, Северна Ирска и Полска. На 14 октомври 2009 година, Словачка го изборила пласманот победувајќи ја Полска со 1–0.[4] На Светското првенство 2010, Словачка го освоила второто место во групата Ф благодарение на победата над бранителот на титулата Италија од 3–2. Со оваа победа Словачка се пласирала во осминафиналето и ја елиминирала Италија од натпреварувањето, која завршил последна во групата.[5] Резултатот од овој натпревар значел дека за првпат во историјата на светските првенства, двата финалисти од претходното првенство биле елиминирани во групната фаза, шампионот Италија и финалистот Франција.[6][7] Во осминафиналето, Словачка била поразена од Холандија со 2–1, а единствениот гол за Словачка го постигнал најдобриот словачки стрелец на првенството, Роберт Витек, од пенал во последните минути од натпреварот.[8]

Во квалификациите за Европското првенство 2012, Словачка била извлечена во група со Русија, Ирска, Ерменија, Македонија и Андора. Словачка ги започнала квалификациите одлично со две победи од 1–0 над Македонија на домашен терен и против Русија на гости. Следниот месец сепак Словачка била поразена во Ерменија (3–1) и одиграла реми од 1–1 на домашен терен против Ирска.

Во 2011 година Словачка забележала значително полоши резултати: во февруари, репрезентацијата била поразена со 2–1 во пријателски натпревар против Луксембург а потоа забележала две тешки победи од 1–0 над аутсајдерот Андора, кој во претходните четири натпревари примил 11 голови. Потоа во следните два натпревари, Словачка одграла реми без голови против Ирска и доживеала убедлив изненадувачки пораз на домашен терен од Ерменија од 4–0. Во последните два квалификациски натпревари, Словачка загубила од Русија на домашен терен (1–0) и ремизирала 1–1 во Македонија, завршувајќи на 4. место во групата со само седум постигнати голови. Исто така, за првпат во еден квалификациски циклус, Словачка имала негативна гол разлика.

Прослава на словачките играчи по победата над Русија на Европското првенство 2016.

Во квалификациите за Европското првенство 2016, Словачка била извлечена во група со Шпанија, Украина, Белорусија, Македонија и Луксембург. Словачка ги започнала квалификациите со победа од 1–0 над Украина во Киев. На 9 октомври 2014 година, Словачка остварила изненадувачка победа над Шпанија со 2–1 и го преземала првото место во групата. Со победата над Белорусија од 3–1, Словачка го потврдила првото место. Подоцна во квалификациите, Словачка забележала победа од 2–0 над Македонија на арената Филип II, го победила Луксембург со 3–0 во Жилина и повторно Македонија со резултат 2–1 исто така во Жилина. Потоа следел очекуван пораз од Шпанија со 0–2, реми без голови против Украина и изненадувачки пораз од 0–1 против Белорусија. Со победата над Луксембург на гостински терен од 4–2, Словачка го освоила второто место во групата и успеала за првпат да се пласира на едно Европско првенство.

Словачка била извлечена во групата Б на Европското првенство 2016 заедно со Русија, Англија и Велс. Словачка го започнала првенството со пораз од 2–1 од Велс, а потоа на вториот натпревар забележала победа од 2–1 над Русија со головите на Владимир Вајс и Марек Хамшик. Во последниот натпревар од групната фаза, Словачка изиграла реми без голови со Англија и се пласирала во осминафиналето како една од најдобропласираните третопласирани екипи. Во осминафиналето Словачка била поразена од Германија со резултат 3–0.

Традиционално во Словачка, словачката репрезентација скратено се нарекува Репре (кратко за репрезентација). Сепак, во 2016 година, пред првиот настап на Словачка на Европските првенства, фудбалскиот сојуз на Словачка вовел нов прекар за репрезентацијата. Репрезентацијата го добил прекарот словачки соколи. Помладите фудбалски државни репрезентации биле наречени словачки соколчиња. И покрај слабиот одзив на прекарот кај словачките навивачи, прекарот сепак се користел во текот на првенството и во подоцнежниот квалификациски циклус за Светското првенство 2018 и сега често се користи, посебно во медиумите, заедно со Репре, кој сѐ уште почесто се користи во неформален разговор.[9]

Меѓународни учества

[уреди | уреди извор]

Светски првенства

[уреди | уреди извор]
Резултати на светски првенства Резултати во квалификации за светски првенства
Година Резултат Место Из Поб Нер Пор ДадГол ПриГол Мес Из Поб Нер Пор ДадГол ПриГол
Франција 1998Не се квалификувала 4.105141814
Јужна КорејаЈапонија 2002 3.10523169
Германија 2006 2.146622614
ЈАР 2010Осминафинале16411257 1.107122210
Бразил 2014Не се квалификувала 3.103431110
Русија 2018Ќе биде утврдено НЕП5302103
ВкупноОсминафинале1/5411257 5929141610360

Европски првенства

[уреди | уреди извор]
Резултати на европски првенства Резултати во квалификации за европски првенства
Година Резултат Место Из Поб Нер Пор ДадГол ПриГол Мес Из Поб Нер Пор ДадГол ПриГол
Англија 1996Не се квалификувала 3.104241418
Белгија Холандија 2000 3.10523129
Португалија 2004 3.8314119
Австрија Швајцарија 2008 4.125163323
Полска Украина 2012 4.10433710
Франција 2016Осминафинале14.411236 2.10712178
Вкупно Осминафинале 1/6 4 1 1 2 3 6 602810229477

Олимписки игри

[уреди | уреди извор]
Земја домаќин / Година Резултат Из Поб Нер* Пор ДадГол ПриГол
САД 1996Не се квалификувала
Австралија 2000Групна фаза310236
Грција 2004Не се квалификувала
Кина 2008
Обединето Кралство 2012
Бразил 2016
Вкупно1/4310236

Европско првенство 2016

[уреди | уреди извор]

Групна фаза

[уреди | уреди извор]
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1. Велс 6320163+3
2. Англија 5312032+1
3. Словачка 43111330
4. Русија 1301226-4
11 јуни 2016 (2016-06-11)
18:00
Велс  2–1  Словачка Матмут Атлантик, Бордо
Гледачи: 37,831[10]
Судија: Свејн Одвар Моен (Норвешка)
Бејл гол 10'
Робсон-Кану гол 81'
Извештај Дуда гол 61'
15 јуни 2016 (2016-06-15)
15:00
Русија  1–2  Словачка Стад Пјер-Моруа, Вилнев д’Аск
Гледачи: 38,989[11]
Судија: Дамир Скомина (Словенија)
Глушаков гол 80' Извештај Вајс гол 32'
Хамшик гол 45'
20 јуни 2016 (2016-06-20)
21:00
Словачка  0–0  Англија Стад Жофроа-Гишар, Сент Етјен
Гледачи: 39,051[12]
Судија: Карлос Веласко Карбаљо (Шпанија)
Извештај

Елиминациона фаза

[уреди | уреди извор]

Осминафинале

[уреди | уреди извор]
26 јуни 2016 (2016-06-26)
18:00
Германија  3–0  Словачка Стад Пјер-Моруа, Вилнев д’Аск
Гледачи: 44,312
Судија: Шимон Марцинијак (Полска)
Боатенг гол 8'
Гомес гол 43'
Дракслер гол 63'
Извештај

Моментален состав

[уреди | уреди извор]

Следниве играчи беа повикани за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018 против  Малта на 26 март 2017 година.

Настапи и голови до 26 март 2017 година, по натпреварот против  Малта.

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Матуш Козачик (1983-12-27)27 декември 1983 (воз. 33) 26 0 Чешка Викторија П’лзењ
12 ГМ Јан Новота (1983-11-29)29 ноември 1983 (воз. 33) 4 0 Австрија Рапид Виена
23 ГМ Мартин Дубравка (1989-01-15)15 јануари 1989 (воз. 28) 3 0 Чешка Слован Либерец
3 ОД Мартин Шкртел (1984-12-15)15 декември 1984 (воз. 32) 89 6 Турција Фенербахче (капитен)
4 ОД Јан ЃурицаПОВ (1981-12-10)10 декември 1981 (воз. 35) 87 4 Турција Трабзонспор
2 ОД Петер Пекарик (1986-10-30)30 октомври 1986 (воз. 30) 74 2 Германија Херта
15 ОД Томаш Хубочан (1985-09-17)17 септември 1985 (воз. 31) 51 0 Франција Олимпик Марсеј
16 ОД Корнел Салата (1985-01-24)24 јануари 1985 (воз. 32) 40 2 Словачка Слован Братислава
5 ОД Норберт Ѓембер (1992-07-03)3 јули 1992 (воз. 24) 16 0 Русија Терек Грозњи
18 СР Ерик Сабо (1991-11-22)22 ноември 1991 (воз. 25) 12 0 Израел Беитар Ерусалим
14 ОД Милан Шкринијар (1995-02-11)11 февруари 1995 (воз. 22) 8 0 Италија Сампдорија
22 СР Јакоб Холубек (1991-01-12)12 јануари 1991 (воз. 26) 4 0 Словачка Жилина
17 СР Марек Хамшик (1987-07-27)27 јули 1987 (воз. 29) 96 20 Италија Наполи (вице-капитен)
7 СР Владимир Вајс (1989-11-30)30 ноември 1989 (воз. 27) 59 6 Катар Ал-Гарафа
19 СР Јурај Кучка (1987-02-26)26 февруари 1987 (воз. 30) 55 6 Италија Милан
20 СР Роберт Мак (1991-03-08)8 март 1991 (воз. 26) 35 9 Русија Зенит
13 СР Патрик Хрошовски (1992-04-22)22 април 1992 (воз. 24) 17 0 Чешка Викторија П’лзењ
6 СР Јан Грегуш (1991-01-29)29 јануари 1991 (воз. 26) 12 1 Данска Копенхаген
8 СР Филип Кис (1990-10-13)13 октомври 1990 (воз. 26) 11 0 Норвешка Хаугесунд
9 СР Матуш Беро (1995-09-06)6 септември 1995 (воз. 21) 3 0 Турција Трабзонспор
10 СР Алберт Руснак (1994-07-07)7 јули 1994 (воз. 22) 2 0 САД Реал Солт Лејк
18 СР Станислав ЛоботкаПОВ (1994-11-25)25 ноември 1994 (воз. 22) 1 0 Данска Нордсјиланд
21 НП Михал Ѓуриш (1988-06-01)1 јуни 1988 (воз. 28) 35 4 Русија Оренбург
11 НП Адам Немец (1985-09-02)2 септември 1985 (воз. 31) 28 9 Романија Динамо Букурешт

Статистика

[уреди | уреди извор]

Играчите напишани со задебелени букви се сѐ уште активни.

До 26 март 2017 година.

Најмногу настапи

Мирослав Карган
# Играч Кариера Настапи Голови
1. Мирослав Карган 1995–2011 107 14
2. Марек Хамшик 2007– 96 20
3. Мартин Шрктел 2004– 89 6
4. Јан Ѓурица 2004– 87 4
5. Роберт Витек 2001– 82 23
6. Петер Пекарик 2006– 74 2
7. Станислав Шестак 2004–2016 66 13
8. Филип Холошко 2005– 65 8
9. Владимир Вајс 2009– 59 6
10. Силард Немет 1996–2006 58 22

Најдобри стрелци

Роберт Витек
# Играч Кариера Голови Настапи Голови по натпревар
1. Роберт Витек 2001– 23 82 0.28
2. Силард Немет 1996–2006 22 59 0.37
3. Марек Хамшик 2007– 20 96 0.21
4. Марек Минтал 2002–2009 14 45 0.31
Мирослав Карган 1995–2011 14 107 0.13
6. Станислав Шестак 2004–2016 13 66 0.20
7. Петер Дубовски 1994–2000 12 33 0.36
8. Љубомир Реитер 2001–2005 9 28 0.32
Тибор Јанчула 1995–2001 9 29 0.31
Мартин Јакубко 2004–2015 9 41 0.22
Адам Немец 2006– 9 28 0.32
Роберт Мак 2013– 9 34 0.26
12. Филип Холошко 2005– 8 65 0.12
14. Филип Шебо 2006–2012 7 15 0.47
Јарослав Тимко 1994–1997 7 18 0.39
Душан Тител 1994–1998 7 44 0.16

Менаџери

1939–1944

Менаџер Датуми Пр Поб Нер Пор ДадГол ПриГол ГР ППН
Војтех Заводски1939 110020+13.00
Рудолф Ханак1939–1940 210154+11.50
Штефан Прибој1940–1941 4013510−50.08
Штефан Чамбал1941–1942 200216−50.00
Фердинанд Даучик1942–1944 71151024−140.19
Вкупно1632112344−210.69

1993–денес

Обновено на 26 март 2017
Менаџер Датуми Пр Поб Нер Пор ДадГол ПриГол ГР ППН
Словачка Јозеф Венглош6. 4. 1993 – 15. 6. 1995 165472130−91.19
Словачка Јозеф Јанкоч4. 7. 1995 – 23. 10. 1998 34186105133+181.76
Словачка Душан Радолски[13]10. 11. 1998 100113−20.00
Словачка Душан Галис1. 1. 1999 – 23. 2. 1999 00000000.00
Словачка Јозеф Адамец26. 2. 1999 – 30. 11. 2001 341311103831+71.47
Словачка Антон Драгуњ[14]17. 11. 1999 – 25. 11. 2001 410327−50.25
Словачка Станислав Грига[15]21. 6. 2001 – 25. 6. 2001 310223−11.00
Словачка Ладислав Јуркемик1. 2. 2002 – 31. 12. 2003 196582726+11.21
Словачка Душан Галис1. 1. 2004 – 12. 10. 2006 31121275336+171.55
Словачка Јан Коцијан2. 11. 2006 – 30. 6. 2008 173593028+20.82
Словачка Владимир Вајс7. 7. 2008 – 31. 1. 2012 40168165653+31.40
Словачка Михал Хип[16]29. 2. 2012110021+13.00
Словачка Станислав Грига
Словачка Михал Хип
26. 4. 2012 – 13. 6. 2013 123451114−30.92
Словачка Јан Козак2 јули 2013– 42229116142+191.78
Вкупно2541016489355307+481.44

Резултати против други репрезентации

Преглед на резултатите на словачката репрезентација со други репрезентации, до 26 март 2017 година по натпреварот против  Малта.
Југославија и Србија и Црна Гора повеќе не се активни.

Противник Одиграни Победи Нерешени Порази ДГ ПГ ГР
 Алжир1010110
 Андора220020+2
 Аргентина100106−6
 Ерменија200217−6
 Австралија1010000
 Австрија412134−1
 Азербејџан6501124+8
 Белорусија320172+5
 Белгија302134−1
 Боливија320132+1
 Босна и Херцеговина310245−1
 Бразил100105−5
 Бугарија7412105+5
 Камерун1010110
 Чиле210132+1
 Колумбија301202−2
 Костарика311156−1
 Хрватска132381733-16
 Кипар4301146+8
 Чешка103251021−11
 Данска210143+1
 Египет100101−1
 Англија501429−7
 Естонија220031+2
 Фарски Острови220051+4
 Финска321041+3
 Франција411226−4
 Грузија2101330
 Германија113081225−13
 Гибралтар1010000
 Грција511346−2
 Гватемала110010+1
 Унгарија422031+2
 Исланд5311106+4
 Иран2101660
 Ирска504156−1
 Израел431073+4
 Италија210135−2
 Јапонија301225−3
 Кувајт110020+2
 Латвија6330126+6
 Либан100112-1
 Лихтенштајн9720261+25
 Литванија523094+5
 Луксембург5401155+10
 Македонија8620163+13
 Малта7610183+15
 Мексико100125−3
 Молдавија320154+1
 Црна Гора110020+2
 Мароко100112−1
 Холандија200214−3
 Нов Зеланд1010110
 Северна Ирска421142+2
 Норвешка200203−3
 Парагвај100102−2
 Перу200213−2
 Полска84131213−1
 Португалија401317−6
 Романија111551220−8
 Русија9333880
 Сан Марино4400221+21
 Саудиска Арабија1010110
 Шкотска110030+3
 Србија и Црна Гора100102−2
 Словенија612346−2
 Јужна Кореја1010000
 Шпанија6114615−9
 Шведска5023110−9
 Швајцарија3201440
 Тајланд1010110
 Турција611438−5
 Уганда100113−2
 Украина5131550
 ОАР220031+2
 САД110010+1
 Узбекистан110041+3
 Велс3102880
 Југославија201113−2
Вкупно283107661103923920

Поврзано

Наводи

  1. „Prezývka slovenských reprezentantov? Suchá“. aktualne.sk. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 10 June 2010.
  2. „SLOVENSKÍ SOKOLI“. futbalsfz.sk. Архивирано од изворникот на 2016-08-09. Посетено на 1 June 2016.
  3. „Slovakia v Latvia, 25 March 2016“. 11v11.com. Посетено на 23 May 2016.
  4. „Thrilling win in the snow“. ESPN. 14 October 2009. Посетено на 15 October 2009.
  5. „Champions dumped out“. ESPN. 24 June 2010.
  6. „Italy eliminated from World Cup in 1st round“. AP. 24 June 2010.[мртва врска]
  7. „Italy and France make unwanted history“. AFP. 24 June 2010. Архивирано од изворникот на 2014-02-24. Посетено на 2017-04-21.
  8. „Robben rocks Slovakia“. ESPN Soccernet. 28 June 2010. Посетено на 18 August 2010.
  9. http://sportky.zoznam.sk/c/147984/fanusikov-poburil-symbol-reprezentantov-sokoli-skor-lacna-napodobenina-a-plagiat
  10. „Full Time Summary – Wales v Slovakia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 11 June 2016. Посетено на 11 June 2016.
  11. „Full Time Summary – Russia v Slovakia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 15 June 2016. Посетено на 15 June 2016.
  12. „Full Time Summary – Slovakia v England“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 20 June 2016. Посетено на 20 June 2016.
  13. Го предводел тимот против Полска на 10 ноември 1998 година како в.д. селектор
  14. Како асистент менаџер го предводел тимот за време на турнејата во Средна и Јужна Америка
  15. Го предводел тимот за време на Мердека турнирот во 2001 година во Куала Лумпур, Малезија.
  16. Го предводел тимот против Турција на 29 февруари 2012 година како в.д. селектор

Надворешни врски