Егзон Бејтулаи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Егзон Бејтулаи
Лични податоци
Роден на 7 јануари 1994(1994-01-07)(30 г.)
Роден во Тетово, Македонија
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција Десен бек или среден бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Шкендија
Број 4
Младинска кариера
0000–2011 Тетекс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2013 Тетекс 52 (9)
2013–2019 Шкендија 165 (7)
2020 Хелсингборгс 0 (0)
2020– Шкендија 36 (2)
Репрезентација
2012–2014 Македонија до 19 години 7 (0)
2014–2017 Македонија до 21 година 8 (0)
2018– Македонија 26 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 1 април 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 22 ноември 2022

Егзон Бејтулаи (албански: Egzon Bejtullai; роден на 7 јануари 1994 година) ― македонски професионален фудбалер кој игра за ФК Шкендија и фудбалската репрезентација на Македонија како одбранбен играч.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Егзон Бејтулаи својата кариера ја започнал во младинците на Тетекс од Тетово. Службемптп деби за екипата го имал во 2011 година. За време на својот престој во екипата во периодот од 2011 до 2013 година настапил на 52 натпревари и постигнал 9 голови. Во 2013 година преминал во тимот на Шкендија од Тетово. За тимот настапил во периодот од 2013 до 2019 година и забележал 165 настапи, постигнувајќи 7 голови. Во 2020 година преминал во екипата на Хелсингборгс од Шведска, каде не забележал настап, по што истата година се вратил во екипата на Шкендија.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Бејтулаи е од албанска народност. Бејтулаи бил редовен во репрезентацијата на Македонија до 21 година и настапил на Европското првенство во фудбал за играчи до 21 година 2017 во Полска, каде што бил прв избор на десен бек.[1]

Во мај 2016 и март 2017 година, тој исто така добил повици за Македонија на пријателските натпревари против Азербејџан,[2] Иран и Белорусија, но дебитирал дури на 6 септември 2018 година за време на првото коло од Лигата на нации Д на УЕФА 2018/19, кога влегол во игра против Гибралтар во 85. минута.[3][4]

За време на воведниот натпревар на Македонија на турнирот против Австрија, веднаш откако напаѓачот Марко Арнаутовиќ (кој е половина Србин) постигнал гол, Арнаутовиќ налутено извикувал кон Бејтулаи и соиграчот Езѓан Алиоски – и двајцата од албанска народност – што се верувало дека се антиалбански навреди. Фудбалската федерација на Македонија со соопштение ја повикала УЕФА да дејствува.[5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UEFA Euro 2017 match report against Spain“. UEFA.com.
  2. „Match report against Azerbaijan“. MacedonianFootball.com.
  3. „Match report against Gibraltar“. UEFA.com. Egzon Bejtulai
  4. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 31 март 2023.
  5. „North Macedonia call on Uefa to investigate Marko Arnautović remarks“. the Guardian (англиски). 14 јуни 2021. Посетено на 31 март 2023.
  6. „I'm not a racist, says Arnautović“. BBC Sport (англиски). Посетено на 31 март 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]