Црнилиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црнилиште
Поглед на Црнилиште 2.jpg

Поглед на Црнилиште

Црнилиште is located in Македонија
Црнилиште
Местоположба на Црнилиште во Македонија
Координати 41°31′50″N 21°24′52″E / 41.53056° N; 21.41444° E / 41.53056; 21.41444Координати: 41°31′50″N 21°24′52″E / 41.53056° N; 21.41444° E / 41.53056; 21.41444
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Dolneni Municipality.svg Долнени
Област Прилепско Поле
Население 1.765[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7516
Повик. бр. 048
Надм. вис. 662 м
Црнилиште на општинската карта
Црнилиште во Општина Долнени.svg

Атарот на Црнилиште во рамките на општината
Commons-logo.svg Црнилиште на Ризницата


Црнилиште — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Црнилиште се наоѓа во Прилепско Поле и во северниот дел од територијата на Општина Долнени, северозападно од градот Прилеп, на северозападното подножје на планината Бабуна. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 662 м. Од Прилеп е оддалечено 33 км. Неговиот атар зафаќа површина од 12,5 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Црнилиште било формирано од страна на христијанско словенско население. Албанците се доселиле во селото кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделска функција. Во неговиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 711 ха, пасиштата зафаќаат површина од 202 ха, а на шуми отпаѓаат 147 ха.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Чрнулште и имало 25 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[4]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Црнилиште е посочено како село со 60 домаќинства и 200 жители муслимани, 40 Македонци и 7 Роми.[5]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црнилиште имало 60 Македонци, 580 Албанци и 80 Роми.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 60 жители Македонци.[7] Според Димитар Гаџанов, во Црнилиште во 1916 година живееле 738 жители Албанци.[8]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 1.765 жители, од кои 1.704 Албанци, 31 Македонец, 26 Турци, 1 Бошњак и 3 други.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[9] 1905[10] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 720 / 949 1.045 1.118 1.108 1.303 1.456 1.486 1.765
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Црнилишта е македонско-албанско село.

Албански родови во селото село: Гачевци (40 куќи), Велиовци (12 куќи), Усовци (4 куќи), Аировци (5 куќи), Реџовци (12 куќи), Џемаиловци (10 куќи), Шабановци (9 куќи), Ликовци (8 куќи), Качниковци (6 куќи), Ламевци (6 куќи), Манчевци (6 куќи), Стајчевци (6 куќи), Рамчевци (4 куќи), Речковци (4 куќи) и Мале-Станевци (4 куќи) сите овие родови се доселени од дебарска страна кон крајот на XVIII век и почеток на XIX век. Највише брачни врски одржувале со селаните од селата Пешталево, Дебреште и Житоше, и затоа жителите на селото добро го владеат македонскиот јазик. Во родот Гачевци се знае следната генеологија Јусуф (жив на 56 г. во 1950-тите) Амет-Јусуф-Алија-Ганија, основачот на родот кој се доселил. Родовите Велиовци и Усовци потекнуваат од двајца браќа, во родот Усовци се знае следната генеологија Рамадан (жив на 57 г. во 1950-тите) Џабир-Селман-Усеин, основачот на родот.

Македонски родови доселени после турското владеење се: Џарковци (6 куќи), Симоновци (3 куќи), Шоповци (2 куќи), Савевци (2 куќи) и Малезановци (1 куќи) доселени се од селото Стровија; Дрндаревци (4 куќи) и Размовци (3 куќи) доселени се од селото Маргари; Секуловци (3 куќи) и Церовци (2 куќи) доселени се од селото Гостиражни; Солуновци (1 куќа) доселени се од селото Костинци; Камчевци (1 куќа) и Влаинковци (1 куќа) доселени се од селото Богомила.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото работи основното училиште „Исмаил Ќемали“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[13] Освен тоа, во него има и амбуланта и услужни објекти.[2]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[14]
Џамии[15]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат изборните места бр. 1475 и 1476 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.544 гласачи.[17]

Личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 април 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 314.
  3. Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 374.
  4. Соколоски, М. и Стојановски, А. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ, кн. 4. Скопје. стр.68.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 72-73.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 244.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  8. Црнилиште“. OldPrilep. 19 октомври 2014.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика.
  12. Trifunoski F., Jovan (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  13. Образование“. Општина Долнени.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 83. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. "Описи на ИМ" (PDF). Посетено на 3 ноември 2019.
  17. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]