Гостиражни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гостиражни
Gostirazhni-MK-zoom.JPG

Поглед на Гостиражни во подножјето на планинската падина на Бабуна кај преслапот со Даутица

Гостиражни is located in Македонија
Гостиражни
Местоположба на Гостиражни во Македонија
Координати 41°33′15″N 21°25′50″E / 41.55417° СГШ; 21.43056° ИГД / 41.55417; 21.43056Координати: 41°33′15″N 21°25′50″E / 41.55417° СГШ; 21.43056° ИГД / 41.55417; 21.43056
Општина Општина Долнени
Население 108 жит.
(поп. 2002)
Слава Св. Атанасиј Летен
Commons-logo.svg Гостиражни на Ризницата

Гостиражни е село во Општина Долнени, северозападно од градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Глетка кон Гостиражни и неговата околина

Селото Гостиражни се наоѓа на крајниот северен дел на Прилепското Поле и воопшто на котлината Пелагонија, веднаш покрај железничката станица на пругата Велес-Прилеп-Битола. Во таа насока тоа е сместено на крајниот северен дел на Општина Долнени на границата со Општина Чашка, а на северозападните ограноци на планината Бабуна. Околни села се: Стровија, Црнилиште и Слепче. Од градот Прилеп е оддалечено 35 километри.

Селото е ридско на надморска височина од 740 метри. Вода за пиење се добива од две чешми и десет бунари со длабочина од 12 до 18 метри. Над селото избиваат извори наречени Горни, Средни и Долни[1]. Гостиражни е село од збиен тип. Се дели на Секулоско, Милошевско, Коческо и Момировско маало[1].

Атарот зафаќа простор од 13,4 км2 на кои преовладуваат шумите на површина од 608,4 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 333,7 ха, а на пасиштата 189,9 хектари. Според ова селото има полјоделско-шумарска функција. Потезите на атарот ги носат следните називи: Јаричиште, Старо Гостиражни, Криви Рид, Плитка Осојница, Кукулајца, Ѓанои Ливади, Сув Даб, Шабаница (воденица купена од соседното албанско село Црнилиште), Трска, Мицеа Ливада, Лозја, Бели Орници, Кале, Чука, Преслап, Браненица (шума која не се сече), Буниште, Рудина, Бачилиште, Катуниште, Белутина, Утов Дол, Пештера, Поклопка, Црн и Ж’лт Камен.

Во Гостиражни работи основно училиште, има продавници, услужни објекти и споменик на НОБ.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото е спомнато во Трескавечкиот поменик од XVI-XVII век како Гостиражда и Гостиражни.

На границата на атарот со велешкото село Богомила е месноста Кале. Таму имало некоја тврдина од која останале урнатини од ѕидините – бедеми. Околу урнатините израснала шума. Покрај ова возвишение води патот од околината на Прилеп за долината и сливот на Бабуна. Овој пат бил многу познат уште од античките македонски и римски времиња, средновековниот и подоцнежниот период сѐ до крајот на XIX и изградбата на пругата во 30-тите години на ХХ век бидејќи преку Велешко тој директно водел за Скопје.

Ѓорче Петров го запишал следното за пештерата со извори позната како „езерото“ над Гостиражни[2]. Некогаш тоа било откриено, но откако во него се удавило некое момче околните селани го затрупале со земја. На тоа место и сега земјата е тињеста. Водата му истекува во селото Гостиражни. На сретсело има повремени извори, кои протекуваат од тоа езеро. Во определен ден од годината во изворите се јавува вода и протекува надолу како река. Бидејќи по неа селаните имаат ги имаат своите воденици, а надолу со неа ги вадат нивите, тој ден го сметаат за празник и сите излегуваат на изворот[3]. Во случај да не излезе вода во определениот ден, што се случува во сушните години, на местото излегуваат на молебен.

Народното предание наведува дека Гостиражни се наоѓало на потезите кои сега се викаат Старо Гостиражни и Јаричиште. Тие се наоѓаат на околу 1.000 метри југоисточно од денешното село. Таму има ниви во кои се изорувале делови од куќни ѕидови, гробови и еден бунар. Каменот од некогашните ѕидови бил употребуван за време на градењето на денешниот задружен дом. Не се знае кога и зошто пропаднало селото во Старо Гостиражни.

Денешното село Гостиражни настанало од седум куќи. Од нив потекнува голем број на стари родови. Кога Гостиражни имало седум куќи тогаш него го заорале двајца браќа близнаци со два вола исто така близнаци. На горната страна на селото е црквата посветена на Свети Атанасиј која е изградена во втората половина на XIX век. Селските гробишта се околу црквата. „Панаѓурот“ во Гостиражни е на денот на Свети Атанасиј „летен“.

Бачилиште е предел на планината над селото. Селаните кажуваат дека таму летно време напасувале овци „Качауни“ или „Власи Каракачани“. Тие на Бачилиште доаѓале и некое време во XIX век. За Качауните се наведува дека зборувале „како грчки“. На планината е и потегот Катуниште, кој според името укажува дека таму летно време престојувале сточари со стада. За време на турското ропство, во Гостиражни не биле формирани чифлизи, а жителите биле рајати.[1] Селото многу настрадало за време на Првата светска војна во 1915 година, кога бугарската војска стрелала 80 жители.[1]

Гостиражни многу настрадало за време на Првата светска војна. Во 1915 година бугарската војска стрелала 80 жители на селото меѓу кои имало и жени, па дури и деца стари еден месец. Таква несреќа тогаш доживеале и други соседни села – Стровија, Долгаец и Маргари. Селаните на Гостиражни и Стровија за време на турското владеење биле „рајати“ односно живееле на своја сопствена земја.

Бројот на домаќинства во текот на ХХ век изнесувал: 53 во 1921 г., 75 во 1948 г., 77 во 1961 г., 66 во 1971 г. Во 1954 година селото имало вкупно 60 домаќинства.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото Гостиражни е со потекло и значење на македонски јазик. Не се точно познати неговиот настанок и потекло, но може јасно да се протолкува дека тоа доаѓа од зборовите гости и ражни. Ако се има предвид местоположбата на селото како прво во котлината на Пелагонија веднаш после Богомилскиот Преслап преку кој во минатото оделе познатите скопско-прилепски и прилепско-велешки патишта, можно е тука патниците и гостите да застанувале за одмор и преноќување при што се гоштавале со јагниња, јариња или друго месо кое се печело на ражни.

Економија и стопанство[уреди | уреди извор]

Според составот на атарот селото има полјоделско-шумарска функција. Населението се занимава главно со земјоделство и шумарство. Од полјоделството најмногу се одгледува тутун, жито - пченица, јачмен и пченка, грав, кромид, лук, компир (особено од жители доселени од Јаболчиште каде што многу се одгледува компир). Сточарството во помали размери опфаќа одгледување на крупен добиток како крави, телиња, волови и поситен како овци и кози, чие млеко се продава сурово или преработено во сирење. Поради изобилството од квалитетна и густа, дабова, букова и борова шума, доста е развиено и шумарството односно сечата на дрво за огрев и градежништво. Крај самото село води сечата и земјениот дрварски пат кон Богомила. Голем проблем за селото претставуваат дрвокрадците. Некои од жителите се занимаваат и со надничарство и други наемни работи во Црнилиште или на пазарот во Прилеп.

Население и демографија[уреди | уреди извор]

Селото Гостиражни во минатото било населено само со Македонци од православна христијанска вероисповед. Меѓутоа од педесеттите години на ХХ во селото се населило албанско семејство кое побегнало заради крвна одмазда од велешките села Горно и Долно Јаболчиште на Јакупица. Со текот на времето, поради иселување на Македонците и природниот прираст на Албанците денес селото е со етнички мешан карактер. Во 1961 година во Гостиражни живееле 431 жител од кои 403 Македонци, а 23 Турци. Во 1994 бројот се намалил на 110 жители, од кои 60 Македонци, 34 Албанци и 16 Турци, додека во 2002 година Гостиражни имало 108 жители од кои 45 Македонци и 63 Албанци, со што тие станале мнозинство во помал размер.

Родови[уреди | уреди извор]

Гостиражни е македонско село.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Староседелски: Велковци (15 к.), Секуловци (10 к.), Милошевци (10 к.), Кочевци (10 к.), Момировци (6 к.) и Ѓеновци (1 к.) потекнуваат од некогашните седум куќи кои постоеле во селото.
  • Доселеници: Божиновци (3 к.) доселени се од Мијачкото село Ореше во Азот; Чановци (2 к.) доселени се од некое село во дебарско; Панџовци (3 к.) доселени се од соседното село Секирци.[1]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[4]
Археолошки локалитети

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Три семејства од родот Секуловци и две семејства од родот Милошевци се иселиле во соседното Црнилиште. Гостирашци живеат во Ропотово. Аризановци живеат во Браилово. Нешковци живеат во Мажучиште[1]. Од Гостиражни се иселени околу 15 семејства во Прилеп и Скопје. Значајно иселување е извршено помеѓу 1961 и 1971 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 382-383.  Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.62
  3. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.62
  4. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  5. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286. 
  6. 6,0 6,1 6,2 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоња, Београд 1998

Надворешни врски[уреди | уреди извор]