Пешталево
Пешталево | |
Сретселото во Пешталево | |
Координати 41°27′48″N 21°23′46″E / 41.46333° N; 21.39611° EКоординати: 41°27′48″N 21°23′46″E / 41.46333° N; 21.39611° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Прилепско Поле |
Население | 486[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7505 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20078 |
Надм. вис. | 610 м |
![]() |
Пешталево — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Пешталево се наоѓа во северниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 610 м. Неговиот атар зафаќа површина од 8,3 км2. Од Прилеп е оддалечено 24 км, а од патот Прилеп-Македонски Брод 2,5 км.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Во рамки на селскиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 730 ха, па оттука селото има полјоделска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Пешталево се споменува како село со 53 домаќинства и 136 жители муслимани и 83 Македонци.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Пешталево имало 320 жители Македонци-муслимани.[5] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 439 Македонци-муслимани.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Пешталево живеат 486 жители, од кои 280 Македонци, 144 Албанци, 44 Турци, 12 Бошњаци, 1 Србин и 5 останати.[1] Голем дел од жителите кои се изјасниле како Турци или Албанци се всушност Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се изјасниле како такви.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[7] | 1905[8] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 320 | — | 520 | 607 | 438 | 500 | 500 | 461 | 448 | 486 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Пешталево е торбешко село, а има и Македонци православни доселено во селото.
Родови во селото се: Суљовци (23 к.), Абдуловци (20 к.) и Синановци (20 к.) потекнуваат од тројца браќа Суљо, Абдула и Синан кои биле основачи на селото, доселени се од некое торбешко село во Дебарско, во Синановци се знае следното родословие: Фејзо (жив на 54 г. во 1950-тите) Осман-Фејзо-Осман-?-Синан, основачот на родот кој се доселил во XVIII век; Севовци (11 к.) и Зеновци (8 к.) доселени се од раселеното село Бурилово, кое постоело помеѓу селата Жабјани и Сарандиново, и во близина на Пешталево. Земјата од тоа раселено село ја поседуваат жителите на селата Пешталево и Жабјани. таму биле староседелци; Селимовци (2 к.) и Метковци (1 к.) доселени се од албанското село Црнилиште, таму биле доселени од северна Албанија; Абазовци (1 к.) доселени се од селото Браилово, таму биле доселени од северна Албанија. После 1954 година голем број на торбешки родови се иселиле и на нивно место дошле Македонци од областа Порече.[10]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Во селото работи подрачното основно училиште „Ѓорче Петров“, каде што се изведува настава до петто одделение.[11] Освен тоа, во селото има и услужни објекти.[2]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1484 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 381 гласачи.[13]
Културни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Цркви[14]
- Црква „Пресвета Богородица“ - главната селска црква, изградена 1965 година;
- Црква „Св. Недела“ - најновата селска црква;
- Џамии[15]
- Стара џамија - старата селска џамија;
- Нова џамија - новата селска џамија.
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Пешталево
- Најдо Пешталевец (? - 1904) — македонски револуционер;
- Трајко С. Војнески — македонски поет.
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 јули 2020.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 233-234.
- ↑ „Пешталево“. OldPrilep. 18 октомври 2014.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 72-73.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 245.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
- ↑ „Образование“. Општина Долнени.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 14 јули 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 83. ISBN 978-608-65143-2-7.