Бело Поле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бело Поле
Бело Поле is located in Македонија
Бело Поле
Местоположба на Бело Поле во Македонија
Координати 41°24′38″N 21°23′45″E / 41.41056° СГШ; 21.39583° ИГД / 41.41056; 21.39583Координати: 41°24′38″N 21°23′45″E / 41.41056° СГШ; 21.39583° ИГД / 41.41056; 21.39583
Регион Прилепско поле
Општина Општина Долнени
Население 197 жит.
(поп. 2002)
Бело Поле на општинската карта
Бело Поле во Општина Долнени.svg

Атарот на Бело Поле во рамките на општината

Бело Поле е село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Бело Поле е сместено во Прилепско Поле, северозападно од градот Прилеп.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Во XIX век Бело Поле било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Бело Поле (Bélopolé) е посочено како село со 21 домаќинства и 94 жители христијани.[1]

При избувнувањето на Балканската војна, петмина од Бело Поле биле доброволци во Македонско-одринската доброволна чета.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Бело Поле живееле 150 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бело Поле имало 120 Македонци, егзархисти.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 197 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 150[2] 120[3] 433 546 549 481 329 234 210 197

Родови[уреди | уреди извор]

Бело Поле е македонско православно село, родовите во селото се доселенички.

Родови во Бело Поле се:

Доселеници: Аџијовци (5 куќи) доселени се од Лознани во 19ти век; Мочаревци (7 куќи) доселени се во турско време од Лажани; Јакофовци (4 куќи) доселени се од селото Сарандиново, таму припаѓале на родот Дашковци кој порано живеел во селото Бурилово, сега раселено; Чораповци (4 куќи) од Горно Коњари се населиле во Новоселани, а од таму овде; Маневци (1 куќа) доселени се од Врбјани, и таму се однекаде доселени; Бардаковци (3 куќи) доселени се од Средорек, таму припаѓале на родот Шамаковци доселен од Житоше; Кулевци (2 куќи) доселени се од Големо Коњари, во Големо Коњари род им се Пацановци; Думбаловци (2 куќи) доселени се 1913 година од Прилеп; Мартиновци (2 куќи) и Трајковци (2 куќи) доселени се 1926 година од Врбјани, Дебарца; Стојановци (1 куќа) доселени се 1926 година од Лактиње, Дебарца; Кутурџиовци (2 куќи) доселени се од селото Турско во 1927 година, таму имаат роднини доселени од Мало Илино, Железник; Слабаковци (5 куќи) доселени се 1927 година од Дабјани, таму се доселени од Заполжани; Србиновци (1 куќа) доселени се од селото Селци, Малесија; Ковиловци (2 куќи), Ристевци (1 куќа), Димовци (1 куќа) и Рувчевци (1 куќа) доселени се од селото Дабјани. Ковиловци и Рувчевци подалечно потекло имаат од селото Могилец, Порече. А родот Ристевци таму се доселени од селото Црешнево, Порече, за Димовци не се знае од каде се доселени таму. Во североисточниот дел од Бело Поле има ново маало. Таму живеат 36 фамилии од Егејска Македонија, Порече и раселеното село Дабјани.[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[7]
Археолошки локалитети[8]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 74-75.
  2. 2,0 2,1 Шаблон:МЕС
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. 6,0 6,1 6,2 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоњо, Београд 1998
  7. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]