Лознани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Лознани е село во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Лознани
Loznani-Bitola.JPG

Поглед на селото Лознани

Лознани is located in Македонија
Лознани
Местоположба на Лознани во Македонија
Координати 41°12′28″N 21°24′13″E / 41.20778° СГШ; 21.40361° ИГД / 41.20778; 21.40361Координати: 41°12′28″N 21°24′13″E / 41.20778° СГШ; 21.40361° ИГД / 41.20778; 21.40361
Општина Општина Могила
Население 215 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 600 м
Commons-logo.svg Лознани на Ризницата
Лознанскиот манастир во зима

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Лознани се наоѓа во северниот дел на Битолското поле односно во средишниот дел на Пелагонија. Сместено е непосредно на десниот брег на Црна Река на надморска височина од 600 метри[1]. Од градот Битола Лознани е оддалечено 22 километри[2]. Лознани лежи во подножјето на возвишението Голем Врв (790 м.н.в.) кое е на запад од селото, додека на исток се пружа широката низина на Пелагониското поле[3]. Лознани е село од збиен тип, издолжено во правец север-југ. Поединечни делови се нарекуваат според имињата на родовите кои живеат во нив[3]. Во средината на селото има празен простор. Околни села се: Новоселани, Тополчани, Ивањевци и др. Недалеку од селото поминуваат магистралниот пат и железничката пруга Прилеп - Битола, на која постои железничкото стојалиште ЖС „Лознани“. Водата за пиење се добива од бунари. Има и заеднички бунари кои ги користат неколку куќи. Атарот зафаќа простор од 9 км², на него преовладува обработливото земјиште на површина од 563 ха, на пасиштата отпаѓаат 219 ха, а на шумите само 32 ха[4]. Околу Лознани се потезите и месностите: Мучеинци, Везоица, Мала Чука, Големи Ливади, Мост, Митеица, Околеш, Крушка, Пирало, Стари Лозја, Марков Камен, Ќерамидница, Киселачка, Брезоа, Липа, Врбје, Голем Врв, Јаглење, Широк Дол, Каракамен, Забел, Бучово Трло, Вакавско Нивче, Селиште, Под Црква, Огради, Чула Круша[3].

Историja[уреди | уреди извор]

Во полето, источно од селото е потегот Ќерамидница, сега под ниви. Селаните кажуваат дека таму наоѓале остатоци од куќи – камења и ќермиди[3]. Вангел Кралевски од Ќерамидница кренал и однел десет коли камен за изградба на својата куќа. Остатоци од стара населба се наоѓаат и покрај патот Битола – Прилеп. Јужно од Лознани, на повисоко издигнато земјиште, се наоѓа место кое се вика Мучеинци. Денешните жители од своите претци слушале дека таму „божем имало манастир“ на кого припаѓале потезите Вакавско Нивче и Забел[3]. На површината на земјата се гледаат и забележуваат остатоци од ѕидови. Во втората половина на XIX век, камењата од овој манастир биле употребувани за изградба на мостовите на патот Битола – Прилеп. Порано селаните го посетувале местото Мучеинци со литија. Можно е ова место да го носи името според името на манастирот кој веројатно бил посветен на светите маченици. Најстарото споменување на Лознани во пишаните извори потекнува од првата половина на XVII век, а најстариот род во селото се Марковци со своите деленици - Милевци[3]. За нив никој не знае со сигурност да каже дали се старинци – староседелци или стари доселеници. Останатите родови потекнуваат од доселени претци. Пред крајот на турското владеење Лознани е затечено како чифчиско село. Половина атар го држел муслиманот Ариф Џуглин кој живеел во Дебар. Неговата земја ја обработувале 20 македонски семејства[3]. Другата половина од атарот припаѓала на битолските турци: Амет Неџип, Мемет и Нури. После 1912 година некои од селаните купувале земја од турците. Еден дел од земјата селаните ја добиле во 1934 година преку аграрна реформа. Лознани има црква посветена на Свети Атанасиј. Жителите велат дека тоа е стара црква. Гробиштата се крај црквата. Црковна и селска слава е Атанасовден во месец мај. Бројот на домаќинства во Лознани низ годините изнесувал: 36 во 1921 г., 65 во 1948 г., 85 во 1961 г., 106 во 1971 г., а во 1955 година селото имало вкупно 69 домаќинства [3].

Економија и стопанство[уреди | уреди извор]

Како рамничарско село Лознани има исклучиво полјоделска функција[5]. Атарот зафаќа 9 км² од кои 563 ха се обработливо земјиште, 215 ха пасишта и само 32 ха се шуми. Од земјоделските култури најмногу се одгледува пченица, а доста застапени се и јачменот, пченката и др. Се одгледуваат и други поледелски култури како тутун, шеќерна репка, сончоглед од индустриските растенија, фуражните култури како луцерка, граор за сточна храна и компир, пиперки, кромид од градинарските растенија. Дел од населението се занимава и со сточарство, претежно овчарство, а во помал дел и краварство и одгледување на друг крупен и поситен добиток како волови, телиња, кози и живина. Во многу мали размери на ридскиот предел се одгледуваат и неколку лозја и овоштарници. Пред влезот на селото веднаш до железничкото стојалиште и магистралниот автомобилски пат има неколку големи силоси за жито, односно пченица како и стоваришта и други стопански објекти. Земјоделските производи од Лознани, најмногу се откупуваат и продаваат на пазарите во Битола и Прилеп, каде помал дел од населението остварува доходи занимавајќи се второстепени услужни дејности во производството и градежништвото.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Лознани живееле 300 жители, сите Македонци.[6]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лознани имало 192 Македонци, егзархисти.[7]

Според пописот од 2002 година, во Лознани живееле 165 жители, сите Македонци.[8]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[9]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 300[6] 192[7] 466 521 586 557 509 383 215 165

Според бројот на жителите Лознани преминало од средна населба во 1961 година кога броело 586 жители, во мала населба со 215 жители, сите Македонци во 1994 година[10].

Родови[уреди | уреди извор]

Лознани од секогаш било населено исклучиво со Македонци од православна христијанска вероисповед. Во селото живеат следните македонски родови: Милевци и Марковци слават Св. Архангел. Како што беше речено тие порано биле еден род и за нив се знае дали се старинци или стари доселеници. Најверојатно се староседелци. Ралевци (Петковден) доселени се од некаде. Основачот Раде „тука се збогатил“. Подоцна неговиот „син пијаница ја продал земјата на агаларите“. Корбевци (Митровден) дошле пред околу 210 години од сега пустото село Корбоец близу Ерековци[3]. Чивчиовци (Св. Пречиста) претходно се викале и Мустаќиновци. Се доселиле од некое село во демирхисарско. И сега имаат кумови во тамошното село Загориче. Овде во Лознани живеат пред околу 210 години (Коле жив на 30 години во 1955 – Божин-Гроздан-Никола-Стојан-Мечо кој се доселил)[3]. Нешковци (Петковден) за нив се вели дека „дошле одозгора“ т.е. од Демир Хисар. Пејовци (Митровден) потеклото им е од Мариово. Нивните претци таму убиле турчин па се доселиле тука[3]. Мечковци (Митровден) дошле од Логоварди во 1909 година. Пред тоа живееле како момоци во повеќе други села. Бошковци (Св. Пречиста) ги викаат и Вировци бидејќи дошле од демирхисарското село Вирово во 1943 година[3].

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[11]
Археолошки локалитети

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Секоја година на ден Духовден се одржуваат лознански средби. На овиe средби доаѓаат иселениците како од градовите, така и од странство.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото Лознани, постои и активно се натпреварува во А лига фудбалскиот клуб „Хајдук“.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Лознани има голем број на иселеници. Тоа се: Аџиовци живеат во прилепското село Бело Поле. Грујовци живеат во Долно Српци. Дивиновци живеат во Жабени кај Битола. Дрнковци живеат во Горно Оризари. Трајчевци живеат во Новоселани. Чапунковци и Зацевци живеат во Тополчани. Марковци, Китановски, Бошевци и Јошевски живеат во Ерековци. Од родот Марковци има иселени семејства во Битола[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.181
  2. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.181
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 140.  Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „jovantrifunoski“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.181
  5. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.48
  6. 6,0 6,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 238.
  7. 7,0 7,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
  8. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  10. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.48
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]