Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Лознани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Кирил и Методиј
Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Лознани 2.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Ивањевска
Местоположба
Координати 41°12′06.7″N 21°24′01.3″E / 41.201861° СГШ; 21.400361° ИГД / 41.201861; 21.400361Координати: 41°12′06.7″N 21°24′01.3″E / 41.201861° СГШ; 21.400361° ИГД / 41.201861; 21.400361
Населено место Лознани
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Кирил и Методиј
Свети Ѓорѓи
Завршено 1990
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Кирил и Методиј или Свети Ѓорѓи[1] — манастирска црква на Лознанскиот манастир.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1990 година.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна и осумаголна купола. Куполата содржи по една монофора на секоја од четирите страни со поголема површина. Црквата е изградена наизменично од камени и црвени тули, а покриена е со кров од ќерамиди. Влезот е сместен на западната страна и над него има две ниши, од кои првата е полулружна и содржи фреска на Свети Кирил и Методиј, додека втората над неа е кружна и содржи фреска на Богородица Марија. Северната и јужната страна од храмот содржат по една монофора. Внатрешноста на црквата е живописана, а на крајниот лев дел од иконостасот се наоѓа икона на која се прикажани Свети Кирил и Методиј и Свети Ѓорѓи.

Камбанаријата на црквата е сместена во манастирскиот двор. Таа има квадратна основа со по две вертикално поставени монофори на секоја страна. Изградена е од камен и тули, а покриена е со пирамидален кров од ќерамиди.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Според кажување на домаќините во манастирот, забележале Кирил Симеоновски, Тони Ристовски, Нино Богдановски и Деан лазаревски на 08.06.2019.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  3. Лознани“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]