Мусинци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мусинци
Панорама на Мусинци.jpg

Панорама на селото

Мусинци is located in Македонија
Мусинци
Местоположба на Мусинци во Македонија
Координати 41°09′59″N 21°32′17″E / 41.16639° СГШ; 21.53806° ИГД / 41.16639; 21.53806Координати: 41°09′59″N 21°32′17″E / 41.16639° СГШ; 21.53806° ИГД / 41.16639; 21.53806
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Mogila Municipality.svg Могила
Област Пелагонија
Население 302[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7215
Повик. бр. 047
Надм. вис. 630 м
Слава Мала Богородица
Мусинци на општинската карта
Мусинци во Општина Могила.svg

Атарот на Мусинци во рамките на општината
Commons-logo.svg Мусинци на Ризницата


Мусинци — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Панорамски поглед на селото

Селото се наоѓа во Пелагонија, во североисточниот дел на Битолското Поле, во источниот дел на територијата на Општина Могила.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 630 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 29 километри.[2]

Мусинци е вистинско полско село во североисточниот дел на Битолското Поле. Претставувало чисто турско село во минатото. Околни села се: Мојно, Подмол, Канатларци, Алинци и други.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Магури, Еленик, Сарајца, Завој, Садине, Корија, Даб, Дуриташ, Рудник и Пишеица.[3]

Селото има збиен тип. Куќите се групирани на три маала: Јокари, Орта и Аша Маало. Првото маало се наоѓа во горниот дел на селото и е најстаро.[3]

Селото се наоѓа во северниот дел на Битолското Поле, на границата на Пелагонија, пред почетокот на појасот на Мариовскиот регион, во подножјето на ридот Еленик, кој припаѓа на Селечка Планинa.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Остатоци од некогашната џамија во селото

Селото прв пат е споменато во турските дефтери од 1468 година, кога имало само 5 жители, христијани.[4]

Помеѓу мештаните се верува дека селата Алинци и Мусинци настанале во втората половина на XVIII век. На местото кое било „пустелија“ дошле двајца браќа, Алија и Мусо. Поради ова, порано во топографските карти селата биле именувани како Али Оба и Муса Оба. Турците во селото споменуваат дека тие потекнуваат од Коња, Мала Азија.[3]

Во време кога е создадено Мусинци, тукашното поле било слабо населено. Просторот околу денешното големо полско село Добрушево бил обраснат и единствено постоело мало село на ридот Еленик, каде порано можеле да се забележат остатоци од куќи и големи земјени ќупови.[3]

По основачот на селото, Мусо, дошле уште седум турски семејства. Од нив потекнуваат сите турски родови во селото. По 1950-тите, овие родови нагло започнале да се иселуваат во Турција. На нивно место се населиле етнички Македонци.[3]

Во XIX век, Мусинци било село во Прилепската каза, на Отоманското Царство.

Во непосредна близина на местото викано Еленик се наоѓала рововска линија од времето на Првата светска војна, што е забележително и денес.[4]

До средината на педесеттите години селото било населено скоро 98% со турско население и броело околу 150 домаќинства. По мигрирањето на ова население претежно во Турција, во селото се доселиле Македонци, претежно од мариовските села (Бонче, Бешиште, Зовиќ и други), а еден дел и од селото Ботун, Охридско. Во денешно време има останато само 2-3 турски семејства.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 11,5 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 943 хектари, на пасиштата отпаѓаат 132 хектари, а на шумите само 14 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Селото има идеални услови за одгледување жито.[3]

Населението се занимава претежно со земјоделско-сточарска дејност. Во изминативе десетина години регистрирани се неколку приватни фарми.

Во минатото (до 1990-тите години) имало околу 5.000 глави овци, а денес тој број е повеќе од преполовен. Во 2008 година имало околу триесетина сопственици на среден број на сточни грла; млечни крави (од 5 до 30 грла).

Население[уреди | уреди извор]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Мусинци е посочено како село со 74 домаќинства и 325 жители.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мусинци живееле 540 жители, од кои 450 Турци, 80 Македонци и 10 Роми.[6] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мусинци имало 80 жители, егзархисти.[7]

Мусинци е средно село по големина, но има негативен тренд. Така, селото во 1961 година имало 575 жители, од кои 480 биле Македонци, 90 Турци и четири жители Албанци, а во 1994 година бројот се намалил на 309 жители, од кои 284 Македонци, 24 Турци и 1 Албанец.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Мусинци живееле 302 жители, од кои 284 Македонци, 16 Турци, 1 Албанец и 1 Србин.[1]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Мусинци:

Години Македонци Албанци Турци Срби Ост. Вкупно
1948 1.042
1953 18 1 1.200 0 3 1.222
1961 480 4 90 1 0 575
1971 361 1 31 2 1 396
1981 353 0 21 1 13 388
1991 277 0 0 1 12 290
1994 284 1 24 0 0 309
2002 284 1 16 1 0 302

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови[уреди | уреди извор]

Мусинци е македонско-турско село.[3]

  • Турски родови се: Маршали (9 к.), Домазетлер (9 к.), Оџалар (16 к.), Рустемлер (16 к.), Меметлер (10 к.) и Алчелер (6 к.), сите овие родови се доселени од Мала Азија во XVIII век.
  • Македонски родови: Цветковци (1 к.) и Грујовци (1 к.), доселени се 1925 година, првите од Маково, Мариово, a вторите од Алинци (таму дошле од Добрушево). Во годините 1955-56 на имотите на иселените Турци се населиле Mакедонци од селата на Караорман- Дебарца (Ботун, Црвена Вода) (32 к.), Мариово (10 к.) и Железник (6 к.).

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на подрачното основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Мусинци, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Добрушево, во која влегувале селата Горна Чарлија, Долна Чарлија, Добрушево, Мусинци и Ношпал.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0220 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 245 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Археолошки локалитети[10]
Цркви[11]
Манастири
Џамии
  • Селото поседувало џамија изградена во 1924 година, која денес е во рушевина. Имало и постара џамија срушена во Првата светска војна.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото се знае за следниве иселени македонски родови: Бешлаковци (5 к.), живеат во селото Подмол; Русевци (2 к.), живеат во селото Добрушево; Божиновци (3 к.), Тасевци (1 к.) и Мамалиговци (1 к.), живеат во селото Мојно. Во периодот 1954-1956 се иселиле околу стотина турски домаќинства. Потполно се иселиле родовите Крапчелер, Фејзолар, Алиалар и Рајколар. Иселувањето од селото продолжило и во останатите години.[3]

Од селото Мусинци се имаат иселено околу 300 православни жители, во најголем дел во Австралија и САД, во 1970-тите години.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 10 август 2019. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 204. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 10 август 2019 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345. https://www.worldcat.org/oclc/41961345. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. конс. 2019-08-10. 
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 76-77.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 246.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  8. „Описи на ИМ“. конс. 10 август 2019. 
  9. „Претседателски избори 2019“. конс. 10 август 2019. 
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]