Дедебалци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дедебалци
Панорама на Дедебалци.jpg

Панорама на селото

Дедебалци is located in Македонија
Дедебалци
Местоположба на Дедебалци во Македонија
Координати 41°07′00″N 21°29′05″E / 41.11667° СГШ; 21.48472° ИГД / 41.11667; 21.48472Координати: 41°07′00″N 21°29′05″E / 41.11667° СГШ; 21.48472° ИГД / 41.11667; 21.48472
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Mogila Municipality.svg Могила
Област Пелагонија
Население 288[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7212
Повик. бр. 047
Надм. вис. 588 м
Дедебалци на општинската карта
Дедебалци во Општина Могила.svg

Атарот на Дедебалци во рамките на општината
Commons-logo.svg Дедебалци на Ризницата


Дедебалци — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селската чешма во Дедебалци

Селото се наоѓа во Пелагонија, во средишниот дел на Битолското Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Могила.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 592 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 24 километри.[2]

Ова е полско село, североисточно од градот Битола. Соседни села се Далбеговци, Радобор и Трап.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Еленчица, Стари Лозја, Бања, Грашишта, Бањски Ливади, Росулица, Белутраци, Папрас, Плоча, Дупен Камен, Пајчина Дупка, Бењоски Порој, Рогувчица, Коњарски Ливади, Шипо, Рупка, Клисури, Тврди Град, Широка Падина, Расје, Црвеница, Горни Чаир, Метилајца, Слатина, Круша, Потка, Браненица, Демирица, Арапски Гробишта, Коњарево и Бањево.[3]

Селото има збиен тип и е поделено на две маала: Горно и Долно.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Месностите Коњарево и Бањево се наоѓаат кон селото Црничани, во подножјето на возвишението Тврди Град. Таму сега се ливади и ниви. Биле пронаоѓани материјали и гробови.[3]

Традицијата наведува дека во минатото постоела голема населба на местото на денешното село. Од таа населба останале гробиштата, сега наречени Арапски Гробишта. Таа месноста сега се користи како пасишта, но уште може да се забележат забодени камења, кои мештаните во минатото ги користеле како градежен материјал.[3]

Денешното село, пак, не е многу старо. Го основале доселенички родови во текот на XIX век. Најголемиот број на родови се доселиле во текот на турското владение.[3]

Во XIX век, Дедебалци било село во Битолската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 13 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 939,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 203,8 хектари, додека шуми нема. Селото има исклучително полјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дедебалци живееле 250 жители, од кои 200 Македонци и 50 Турци.[4] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дедебалци имало 240 жители, егзархисти.[5]

Дедебалци е средно село по големина, но со намалување на бројот на жители. Во 1961 година броело 561 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 322 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Дедебалци живееле 288 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 250 240 420 523 561 509 474 454 322 288
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Дедебалци е македонско православно село, сите родови во селото се доселени.[3]

Родови во селото се: Љаковци или Доктуровци (9 к.), доселени се од Бучин. Таму живееле тројца браќа. Тие еднаш отепале Турчин и затоа се иселиле. Еден брат (Степан) дошол овде. Ја знаат следната генеологија Петре (жив на 33 год. во 1951 година) Анѓеле-Илија-Аце-Коте-Степан), вториот брат се населил во Алинци (родот Измировци), а третиот во Добрушево (родот Таировци); Измировци (2 к.), деленици од Љаковци; Бодловци (6 к.), доселени се од некое село во Мариово, од каде дошол некој Бодло. Ја знаат следната генеологија Димитрија (жив на 61 год. во 1951 година) Стојко-Ристе-Боше-Бодло кој се доселил, тогаш е основано денешното село; Емишковци (2 к.), гранка се од Бодловци; Курцовци (2 к.), и тие се доселени од Мариово; Зоњовци (10 к.), потекнуваат од предокот Петко, кој терал нешто по патот Прилеп-Солун, тогаш на поминување го запознал селото и останал во него, некои велат дека Петко бил по потекло од Бугарија; Багашовци (11 к.) од Будаково прешле во Добрушево, па од таму во Дедебалци; Секуловци (1 к.), доселени се однекаде; Ќосевци (6 к.), доселени се од Црничани; Гаштевци (2 к.), доселени однекаде; Домузовци (3 к.), доселени се од Долно Агларци, а таму биле доселени од Кајлари, Егејска Македонија; Пижаровци (1 к.), доселени се од прилепското село Вранче; Манаровци (2 к.), доселени се од Радобор; Чурлиновци (4 к.), и тие се доселени од Радобор; Будаковци (3 к.), доселени се 1925 година од селото Будаково; Беличани (3 к.), доселени се од селото Белица, Кичевско во 1936 година; Чифлигани (1 к.), доселени се 1936 година од Ношпал; Кочовци (1 к.), доселени се од Смилево, Железник; Тренга (1 к.), доселени се 1943 година од Путурус, таму припаѓале на Белевци; Куклата (1 к.), доселени се од Горно Агларци, таму припаѓале на родот Станчевци доселен од Преспа; Илинци (4 к.) и Илинци (5 к.), првите се доселени од селото Големо Илино, а вторите од Мало Илино во 1945/46 година.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поштата во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Дедебалци, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Арматуш, Дедебалци, Далбеговци, Горно Агларци, Долно Агларци и Црничани.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0214 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 211 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Воскресение Христово“
Археолошки локалитети[11]
  • Лудеј — населба и некропола од доцноантичко време;
  • Тумба — населба од неолитско време;
  • Градиште — населба и некропола од римско време;
  • Арматуш — населба од доцноантичко време;
  • Широка Падина — населба од доцноантичко време;
  • Шупуро — населба од доцноантичко време; и
  • Ритче — населба од доцноантичко време.
Цркви[12]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Велигден — селска слава[13]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Дедебалци

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следниве иселеници: Головодовци (6 к.) и Волканови (2 к.), кои живеат во Долно Агларци; Чекутковци (2 к.), живеат во Логоварди; Шутаковци (2 к.), живеат во Алинци и Мицевци (4 к.), живеат во Стрежево.[3]

Бројот на иселеници е над 200 лица. Најголем дел заминале во градовите Скопје, Битола и Демир Хисар, но и во прекуокеанските земји и Европа.[13]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 14 октомври 2019. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 93. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 14 октомври 2019 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345. https://www.worldcat.org/oclc/41961345. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 237.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. „Описи на ИМ“. конс. 15 октомври 2019. 
  10. „Претседателски избори 2019“. конс. 15 октомври 2019. 
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  13. 13,0 13,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. конс. 2019-10-15. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]